Скопје
                                    9ᴼ /
                                    9ᴼ
                                
                                Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ синоќа започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Фестивалот официјално го отвори претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а се обрати и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос. Свечената церемонија го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на ...
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека во периодот од 1 јануари до 31 јули 2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и недвижни предмети, беа наплатени даночни долгови од физички и правни лица во износ од 19.419.411 денари (приближно 314.230 евра), кои беа префрлени во државниот буџет. Во наведениот период преку е-аукција беше продаден недвижен имот со вкупна површина од 302 м², меѓу кои: стан од 72 м² во Охрид, деловен ...
Водата е основа на животот. Tаа е неопходна за правилно функционирање на телото и треба да се пие во текот на целиот ден. Доволното внесување вода помага во заштитата на ткивата, ‘рбетот и зглобовите, му овозможува на телото полесно да ги исфрла токсините, го подобрува варењето на храната, овозможува оптимално функционирање на мозокот, придонесува за здравјето на кардиоваскуларниот систем и ги прави кожата и косата поубави. Јапонска навика што ...
Во Прилеп и во месноста Карпалак денска беа одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Повеќе делегации ги посетија вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а беше посетена и месноста Карпалак, каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа ...
Русија и САД се согласија за средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков, според руските медиуми. Локацијата на средбата е договорена и ќе биде објавена подоцна, објасни претседателскиот советник. Два извори вчера за „Њујорк тајмс“ изјавија дека Трамп има намера да се сретне лично со Путин следната недела, а потоа да организира тристрана средба со украинскиот претседател Володимир ...
Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена. Како што соопшти владината прес-служба, со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии. -Имено, поради висок ...
Прашањето колку често да го исклучувате мобилниот телефон е за многумина дискутабилно. Додека некои веруваат дека неговото секојдневно исклучување може да помогне во заштедата на енергија и продолжување на траењето на батеријата, други речиси никогаш не ги исклучуваат своите уреди – освен кога го ажурираат системот. Според упатствата за најдобри практики за мобилни уреди објавени од Националната безбедносна агенција на САД (NSA), се препорачува ...
Гостивар и регионот на Полог ги очекува исклучително топол викенд, соопштуваат метеоролошките служби. Денес, петок 8 август, дневната температура ќе достигне до 33°C, со претежно сончево и магловито време. За утре се очекува пораст на температурите до 35°C, додека во недела максималната ќе се искачи до 36°C. Ноќните температури во регионот ќе се движат меѓу 17 и 18°C. Слични временски услови се предвидуваат и за поширокиот Полог, каде ...
Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, по добиена согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, информира дека се отворени 37 нови работни места за различни здравствени и технички профили. Овој чекор претставува дел од заложбите за подобрување на кадровската структура и зајакнување на капацитетите на болницата. Вработувањата опфаќаат: Од болницата информираат дека покрај медицинскиот кадар, особено е ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) започна со реализација на мерка за поддршка на ранливите потрошувачи на енергија, предвидена во Програмата за 2025 година. Преку јавен оглас што е веќе активен, ќе се распределуваат енергетски ефикасни инвертер клима-уреди на домаќинства кои ги исполнуваат утврдените услови. Право на учество имаат: Домаќинства со ниски приходи, чии месечни нето-приходи во 2024 година не го ...
Министерството за здравство денеска го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот, информира министерот Азир Алиу. Модулот е изработен од Управата за електронско здравство во соработка со Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд и Институтот за медицина на трудот. Со новиот систем се воведува електронска евиденција на здравствените прегледи кои досега се воделе ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади и синдикатите на УПОЗ и СОНК потпишаа нов колективен договор со кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, информира министерот Фатмир Лимани. Тој на својата фејсбук страница пишува дека денеска со Синдикатот на УПОЗ и СОНК, го потпишале новиот Колективен договор кој, како што нагласува, им носи заслужено зголемување ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ информира дека од 6.30 часот на ГП Блаце поточно кај бензинската пумпа „Дизел“, товарниот сообраќај е пренасочен. Од АМСМ ...
С.Б.(81) од Гостивар, кој моментално живее во Франција, на 6 август пријавил во ОВР Гостивар дека дознал оти неговиот имот бил префрлен на име на неговата ќерка без негово знаење. Според пријавата, С.Б. околу 13:30 часот се обратил во полиција по добивање на имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности во Гостивар, во кој како сопственик на имотот била наведена неговата ќерка Н.Б.(55). Тој навел дека не дал согласност за преносот и дека ...
На 5 август 2025 година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово е спроведена акциска контрола на возила и возачи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 24 возачи (17 во Тетово и 7 во Гостивар) за непрописно паркирање. Од нив, 13 возила во Тетово биле отстранети со специјално возило „пајак“. Во рамките на акцијата, биле санкционирани и 105 други видови сообраќајни прекршоци (83 во Тетово и 22 во Гостивар). Од СВР ...
На денешен ден, 6 август, светот го одбележува Денот на Хирошима, ден на сеќавање на жртвите од првата атомска бомба и симбол на глобалната борба против нуклеарното оружје. На 6 август 1945 година, во 8:15 часот наутро, САД фрлија атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима, со што започна нуклеарната ера во човечката историја. Бомбата со назив „Малото момче“ експлодирала на околу 600 метри над градот, при што веднаш загинале меѓу 70.000 и 80.000 ...
Во петок или сабота се очекува претседателот на Собранието да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември. Граѓаните ќе избираат градоначалници и членови на совети во 80 општини и Градот Скопје. Овие избори се сметаат за најмасовни, поради бројот на учесници, избирачки одбори и ангажирана изборна администрација. Според Изборниот законик, изборите мора да се одржат најрано 70, а најдоцна 90 ...
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година. Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина од банкоматите на банките, како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денес, 6 август 2025 година. Од МТСП ...
Вештачката интелигенција повеќе не е иднина – таа е сегашност. Од автоматизирање на секојдневните задачи до поддршка на креативните процеси, вештачката интелигенција го менува начинот на кој работиме. Но, иако менаџерите веќе во голема мера усвоија алатки како ChatGPT, Copilot или Claude, многу вработени сè уште не знаат од каде да почнат. Според анкетата, 63% од испитаниците веруваат дека вештачката интелигенција може да го подобри балансот ...
Од 1 август во Бугарија стапија на сила новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои значително се заоструваат казните за прекршителите. Новите мерки предвидуваат воведување на скриени полициски контроли, драстично зголемени глоби за возење под дејство на алкохол и дрога, како и строги правила за користење електрични тротинети. Властите ја оправдуваат реформата со потребата од намалување на сообраќајните незгоди и зголемување на ...
На 5 август 2025 година, во 14:45 часот, во Полициската станица Гостивар, 50-годишен жител на гостиварско пријавил дека неговата поранешна сопруга Л.Б. противправно го одзела нивниот малолетен син и заминала со него во нејзиниот дом во Република Србија. Според пријавата, поранешната сопруга ја прекинала секоја комуникација со него и не дозволува контакт со детето, откако тој одбил таа да се врати кај него. Како што е наведено во пријавата, ...
За многумина е очигледно, без разлика дали имаат браќа и сестри или не, дека децата од исти родители често се многу различни едни од други. Генетиката во голема мера ги предвидува разликите меѓу браќата и сестрите. Експертите објаснуваат дека, иако вие и вашиот брат делите 50 проценти од гените, тоа истовремено значи дека сте и подеднакво различни. Да беше толку едноставно, браќата и сестрите би биле полу-слични, полу-различни. Но, генетиката не ...
Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. Во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани се бележи ...
Само околу еден од шест Германци велат дека би се бореле без двоумење во случај на воен конфликт, според нова анкета цитирана од ДПА. Анкетата, спроведена од германскиот институт Форса, покажува дека 16 посто од испитаниците „дефинитивно“ би се бореле, додека други 22 отсто рекле дека „веројатно“ би го сториле тоа. Јасно мнозинство од 59 проценти велат дека „веројатно не“ или дефинитивно не би биле подготвени да ја бранат Германија со оружје ...
Со црковно-народен собир, во гостиварското село Печково и годинава ќе се одбележи празникот посветен на преподобната маченичка Параскева, позната како летна Света Петка. „Петковден“ е селска слава за Печково, која секоја година собира бројни верници и жители од селото и поширокиот гостиварски регион. Одбележувањето ќе започне на 7 август, во 18:30 часот, со водосвет и благослов на кумските лепчиња, по што ќе биде осветена и новата црковна ...
Пушењето со години остава штетни последици врз белите дробови – наталожен никотин, катран и токсини кои го нарушуваат дишењето и го зголемуваат ризикот од тешки заболувања. Но, добрата вест е дека телото има способност за опоравување. Престанувањето со пушење е првиот и најважен чекор, а постојат и природни начини како да му помогнете на организмот да се исчисти. Што се случува со белите дробови по пушење? Никотинот брзо влегува во крвотокот, а ...
На 4 август 2025 година во 23:45 часот и на 5 август 2025 година во 01:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле две лица поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на улицата „Илинденска“ во Гостивар. Приведени се Б.А. (43) од село Форино, гостиварско и М.О. (40) од Скопје. Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. ...
Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15 004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици. Околу 3 ...
Земјотрес со епицентар во подрачјето Тетово – Гостивар, 39 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.7, е регистриран попладнево во 16 часот и 14 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка ...
Во земјава нема активни пожари на отворен простор. Сите, вкупно 11 што биле регистрирани во текот на ноќта, се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 07:00 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – с. Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка – с. Богомила (мешана шума), Општина Македонски Брод – с. Грешница ...