Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук. Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во во просторот за резервна гума, информираат денеска од Царинската управа. На прашање на царинските службеници ...

Црна Гора се соочува со сериозни пожари кои беснеат на повеќе локации низ земјата, вклучително и околу главниот град Подгорица, во приморските општини Будва, Бар, Чањ и Буљарица и во внатрешноста Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Состојбата е најтешка во Подгорица, каде што во текот на ноќта пламенот го обиколил градот. Ново жариште утрово избувна на планината Какарица, само неколку километри од центарот, што предизвика вознемиреност кај жителите. ...

Времето денеска (среда) ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Гостивар максималната ќе биде 35 степени. Според најавите на УХМР, слично време ќе се задржи и во наредните денови – сончево, многу топло и со умерена облачност ...

Околу 350 лица денеска ќе полагаат за лиценца за работа за воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори која обрска е задолжителен предуслов за вработување во детските градинки. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска присуствуваше на полагањето на стручниот испит на Филозовскиот факултет кој процес беше блокиран од 2023 година. -Денес сакам да ве информирам дека конечно го одблокиравме ...

Изминатите денови дел од граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ се соочија со проблем, односно неможност да ги скенираат фискалните сметки. УЈП попладнево даде насоки дека за да го надминат проблемот корисниицте треба да ја преземат најновата верзија на апликацијата. „Корисниците на апликацијата МојДДВ, кои во изминатиот период се соочија со потешкотии при скенирање, треба да ја преземат најновата верзија на апликацијата преку: Google ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе ја продолжи иницијативата „Мобилен кабинет“ со посета на Општа болница Гостивар. Како што информираат од Министерството за здравство, во периодот од 14:15 до 15:15 часот Алиу ќе одржи средби со граѓани, кои ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем. За учество на овие средби, потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен ...

СВР Тетово регистрира две пријави за семејно насилство вчера (11 август) на подрачје на Гостивар со напади од деца врз родители. Како што информира полицијата, во 22 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода В.Д.(28), постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.45 часот, додека биле на гости кај роднини, физички ги нападнал неговите мајка и татко. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно ...

Иако долго време се веруваше дека тн. „вечни хемикалии“ (PFAS) не можат да се елиминираат од човековото тело, ново истражување покажува дека со помош на одредени растителни влакна, нивната концентрација може да се намали. Станува збор за бета-глуканските растворливи влакна, кои природно се наоѓаат во овес, јачмен, лековити печурки (шитаке, маитаке, реиши, кордицепс) и квасец. Истражување спроведено од Институтот „Сајлент спринг“ и Школата за ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека онколошките амбулантски терапии веќе се дисперзирани и наскоро ќе се почне со нивна примена во Тетово, во Битола, Штип и во ГОБ „8 Септември“. -Прво почнавме во овие центри затоа што таму имаме онколози, професионалци, кои соработуваат и работат заедно со експертите од Клиничкиот центар, и еднаш неделно нашите колеги од тука одат во Битола, во Тетово и во Штип, најверојатно следната недела ќе ...

Албанската влада ја продолжува големата акција за уривање на дивоградби, која е дел од планот за членство во Европската Унија до 2030 година. Денеска во туристичката зона Радим, во Валона, беше урната трикатна зграда без градежна дозвола, користејќи 32 килограми експлозив. Акцијата ја спроведе Државниот инспекторат за урбанизам во соработка со Министерството за одбрана, инженерските сили и државната полиција. Премиерот Еди Рама на социјалните ...

Македонското еколошко друштво (МЕД) на 17 август во 12 часот во хотел „Неда“ во Галичник ќе ја отвори изложбата на фотографии од таинствениот балкански рис. Поставката содржи селекција на фотографии од најпретставителните единки на овој редок вид кои досега се регистрирани со камери во Македонија, Албанија и Косово – единствените држави каде што рисот сè уште опстојува. Според координаторката за комуникации во МЕД, Искра Манојлоска, изборот на ...

Објавен е оглас за субвенции за инвертор клима уреди за граѓани од ранливи категории кој ќе трае 60 денови за таа цел се обезбедени 170 милиони деанари, информира премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека со тоа се реализира уште едно предзборно ветување. И таа политика паралелно ја туркаме. Огласот е објавен, трае 60 дена, а отприлика 170 милиони денари се обезбедени токму за оваа намена. Сите оние кои ги исполнуваат условите може да се ...

Сите, или барем повеќето, сме слушнале за режим наречен „инкогнито“. Тоа е режим кој најчесто се користи во веб-прелистувачите и ви овозможува да пребарувате на интернет поанонимно. Но, што точно е режим „инкогнито“ и што се случува со вашиот уред кога го користите? Инкогнито режимот, познат и како приватно прелистување, е функција во веб-прелистувачите која овозможува пребарување на интернет без зачувување на историјата на прелистување, ...

Општина Гостивар соопшти дека вечерва, 11 август ќе се спроведе терестрична дезинсекција за уништување на возрасни комарци и други штетници на гостиварската територија. „Дезинсекцијата ќе се изврши во вечерните часови по 23:00 часот до раните утрински часови, само при поволни атмосферски услови. Во случај на дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот ден или за друг ден со поповолни услови. Ќе бидат опфатени локации врз ...

Во јуни годинава во земјава престојувале 126 415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 отсто странски, кои оствариле вкупно 243 157 ноќевања. Од ноќевањата 26,7 отсто се реализирани од домашните, а 73,3 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од странските туристи во јуни – 34 366 се од Турција, по што следи Србија со 8 897, Германија со 8 011 и Холандија со 3 604 туристи. Во првите ...

Од денес, во живописното село Галичник, започнува шестото издание на Галичник Филм Фестивал, што ќе трае до недела, 3 август. Под отворено небо, на планината Бистра, публиката ќе има можност да проследи 35 кратки филмови од Македонија, регионот и светот, распределени во три категории: краток игран, краток документарен и краток анимиран филм. Програмата става акцент на смели авторски визии што го преиспитуваат светот, нудејќи нови перспективи и ...

Мрзеливоста, според психолозите, претставува недостаток на волја за вложување напор или енергија во постигнувањето на одредена цел. Оваа особина уште од детството се поврзува со вродени темпераментни карактеристики и со недостиг на работни навики, кои се стекнуваат низ воспитување. Мрзеливоста најчесто се јавува периодично и може да биде последица на внатрешни и надворешни фактори, како што се страв од неуспех, недостаток на самодоверба, ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за еден денар по литар. Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува за 1,5 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68,50, а Екстра лесното 1 ...

Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар ќе биде домаќин на првата историско спортска изложба посветена на кариерата на олимпискиот шампион во борење Шабан Трстена. Изложбата ќе биде отворена во среда (13 август) во 20 часот, а посетителите ќе имаат можност да погледнат 40 носталгични спортски фотографии кои опфаќаат 20 години од животот на шампионот Трстена на светските спортски арени. Легендата на македонскиот спорт, кој роден 1965 година во ...

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година. -Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал ...

Летната школа за основци која изминатиот период се одржуваше во Гостивар, беше заокружена претпладнево со завршен настан во спортската сала „Младост“. Во рамки на школата, беа организирани спортски, едукативни и креативни активности со стручни ментори. На дечињата учесници и менторите кои ги водеа низ активностите, денес им беа доделени благодарници. На завршниот настан присуствуваше и градоначалникот Ваљбон Лимани. „Имавме активности во ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 17 до 36 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот на целата седмица времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Поголемо наоблачување се очекува во петок. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а ...

Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој број е нешто понизок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат). Како што се наведува, жените живеат 5,3 години подолго од мажите – просекот кај жените во ЕУ е 84, а кај мажите речиси 79. Кога станува збор за години здрав живот кај мажите – првото место го заземаат жителите на ...

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август. Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански ...

Вчера (9.08.2025г.) во 15:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Р235 во Маврово, околу езеро до Бунец, 37-годишниот А.К. од Гостивар, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар.“, информира СВР Тетово. Извршен бил увид од ...

Одмрзнувањето на месото не е само прашање на практичност, туку е и прашање на безбедност. Неправилно одмрзнатото месо може да стане бојно поле за бактерии, а резултатите можат да бидат многу полоши од потрошен ручек. Сепак, со вистинските техники, можете да го претворите вашето замрзнато месо во совршен оброк за само неколку минути. Зошто правилното одмрзнување на месото е толку важно? Можеби се прашувате зошто не можете само да го оставите ...

Врската на луѓето со природата е намалена за 60 проценти во изминатите два века, што се потврдува со исчезнувањето на зборови како „река“, „мов“ и „цвет“ од голем број книги, покажува најново истражување на професорот Мајлс Ричардсон од Универзитетот во Дерби, објави „Гардијан“. Студијата, објавена во списанието „Earth“, предупредува дека постои ризик од „губење искуство во природниот свет“ доколку не се преземат мерки. Компјутерски модели ...

Коалицијата ВРЕДИ вчеравечер во Гостивар го претстави Себаедин Даути како свој кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Од ВРЕДИ порачаа дека со оваа одлука го нудат „најдостојниот кандидат“ и ја гарантираат изборната победа во секој дел од градот. Даути, роден и израснат во Гостивар, е дипломиран правник на Универзитетот во Приштина и има долгогодишно искуство во правосудството и јавната безбедност. Бил судија и ...

Важно е да се следи развојот на бебето по месеци, ова им овозможува на родителите и педијатрите да го следат нормалниот раст и развој на бебето, рано да ги забележат потенцијалните проблеми, да овозможат навремена интервенција, да обезбедат соодветна стимулација и да поттикнат емоционална безбедност. Секое бебе поминува низ одредени развојни фази (моторни, говорни, емоционални и социјални) кои се очекуваат во одредени месеци, а со следење на ...

Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска го празнува споменот на свети Климент Охридски, најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, упокоен на овој ден во 916 година. Тој е основач на Охридската книжевна школа – првиот словенски универзитет, и има значајна улога во развојот на словенската писменост и просвета. Имал голем број ученици коишто ги препишувале книгите со словенски букви за словенскиот народ. Вршел ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1022
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
84%
1025
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
85%
1027
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
8.23
60%
1021
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.37
72%
1021
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
89%
1028
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.79
90%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
88%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
8.75
71%
1021
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.02
82%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
78%
1024
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
100%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225