Во болницата „Плодност“ повторно одекна детската смеа и радоста. Три деца, зачнати со вонтелесно оплодување во битолската болница, повторно се вратија таму каде што започна нивната животна приказна. Децата на возраст од 16, 8 и 5 години се сретнаа со тимот заслужен за нивното раѓање. Фотографиите ги објавија од „Плодност“ на социјалните мрежи и напишаа: НЕ НÈ ЗАБОРАВИЈА И ПОВТОРНО НИ ЈА ДОНЕСОА СВОЈАТА НАСМЕВКА И РАДОСТ Три деца зачнати со ИВФ ...

Бредли Купер беше фотографиран во Њујорк додека поминуваше квалитетно време со својата ќеркичка Леа. 50-годишниот холивудски актер уживаше во прошетката со 7-годишното девојче кое изгледаше преслатко во розова комбинација. Бредли ја почести Леа и со сладолед. Во исто време, поранешната партнерка на Купер, супермоделот Ирина Шајк, привлече големо внимание на трибините на УС Опен. Облечена во смел, проѕирен фустан од Alaïa, Ирина стана мета на ...

Марио Јовановски и Софија Манчева викендов беа гости на свадба на нивни блиски, каде што привлекоа внимание во креации од модната куќа „Митрофф“. Атрактивната Софија изгледаше како занесна убавица во небесно син долг фустан со корсет. Нежниот аутфит таа го надополни со минималистички сребрен накит, чантичка и елегантни потпетици во истата нијанса. „Се чувствував како принцеза во бајка“ – напиша таа под фотографиите од свеченоста. Марио избра ...

Димитар Андоновски викендов имаше големи поводи за славење – неговиот 40-ти роденден и 10-годишнината од бракот. Славеникот свеќичките ги дувна покрај сопругата Христина и нивните синчиња Михаил и Гаврил. На заедничката фотографија, неговата животна сопатничка напиша: „Смислата на животот. Желбата ни е секој ден истата, живи и здрави, да се радуваме заедно на животот.“ Честитки упати и сестрата на Димитар, Маја Андоновска, која на социјалните ...

Семејството на Кристијан Станковски се прошири. Бомбакис сподели дека доби уште една ќерка која ја крстија Јована. Како за првото дете, така и за второто, Кристијан ја објави веста со свој стил со натпис на картон, но овој пат покрај него беше и едногодишната Бисера. „Богатство не се пари, богатство е ова. Жена ми е херојот што ми го подари најубавото нешто во животот. Бисера ме научи што значи да си татко, а Јована го направи светот уште ...

Македонскиот документарец „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои Cinema & Arts Award (Наградата МУЗА) на 82-рото издание на Филмскиот фестивал во Венеција. Филмот триумфираше во конкуренција од 20 наслови и беше прогласен за најинспиративен на Биеналето. Иако беше вон главната конкуренција за Златен лав, „Силјан“ како спој на фолклор, магија и визуелна сила успеа да се наметне и да го добие едно од најретките признанија. „Ова е мојот најважен ...

Тамара Калиниќ пристигна на црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал, каде со огромна насмевка позираше како вистинска дива. Познатата српска блогерка избра гламурозна бела тоалета налик на невестински фустан, дело на луксузниот украински бренд за венчаници и вечерни фустани Milla Nova. „Година на бели фустани за мене“, напиша таа, потсетувајќи дека токму во светли тоалети се појавуваше на повеќе значајни настани во изминативе месеци и ...

„Оркански височини“ од Емили Бронте добива нова филмска верзија со Марго Роби и Џејкоб Елроди во главните улоги. За филмот режиран од Емералд Финел беше објавен првиот тизер, кој им дозволи на фановите да ѕирнат што ги очекува, а коментарите не се многу позитивни. Многумина коментираат дека прикажаното воопшто не ги потсетува на книгата и дека видеото е премногу сензуално и провокативно. „Оркански височини“ е единствениот роман на Емили Бронте, ...

Марјана Станојковска и годинава беше дел од „Охрид фест“. Убавата водителка, која сите ја знаме од „Лото 7“, сподели фотографии направени пред Интернационалната вечер на фестивалот на „Долни Сарај“. Таа заводливо позираше додека во позадина се гледаше Охридското Езеро. Марјана носеше бисерен фустан од NANA, а на Instagram напиша: „Поздрав од бисерниот Охрид, градот каде што музиката и емоциите се испреплетуваат во едно, место каде минатата вечер ...

Роузи Хантингтон-Вајтли во моментов престојува во Венеција по повод Филмскиот фестивал кој се одржува таму. 38-годишната манекенка изгледаше како ангел на црвениот тепих пред премиерата на филмот „Frankenstein“. Всушност, убавата Англичанка е навикната на ангелскиот статус, бидејќи во минатото беше дел и од ангелите на Victoria’s Secret. Фустанот со кристали во горниот дел од Armani Privé ѝ ги истакна стомачните мускули и одличната фигура која ...

Има моменти кои се врежуваат засекогаш во срцата. Билјана од Србија несомнено ќе го памети мигот кога Петар Грашо се појави на нејзината свадба за да ја изненади. Додека го играше првиот танц со саканиот Лазар, убавата девојка не ни помислуваше дека песната ја пее нејзиниот омилен пејач, но откако танцот заврши, остана без зборови. Изненадувањето беше подарок за невестата од младоженецот. View this post on Instagram A post shared by Proslave na ...

Дац и Александар снимија нова песна, насловена „4 страни“. Музичкото дуо го објави спотот за синглот со заразен ритам, а во него главните улоги ги имаат Клара Кокев и Давид (Јанг Дади). „Светот има 4 страни, а јас само една - ти” – пеат Дац и Александар во песната, која можете да ја слушнете тука: За музиката, текстот и аранжманот заслужен е Александар Митевски, а како музички продуценти покрај него, се потпишуваат и Aндреј Николов (AndrejNik) и ...

Калиопи не пропушти да го одбележи роденденот на поранешниот сопруг Ромео Грил, кој со децении е нејзин верен соработник и пријател. Македонската пејачка сподели видео во кое заедно сечат роденденска торта, а потоа се редат стари фотографии од нивните заеднички моменти низ годините. „Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, нека секој ден ти свири во најубав ритам – со хармонија на здравје, мелодија на среќа и ...

Септември пристигнува како месец на судбински промени и космички предизвици. Сатурн ретрограден од 1 септември ќе нè натера да расчистиме со стари емотивни товари и да ги видиме сопствените слабости во ново светло. Ни претстојат две еклипси. Целосното затемнување на Месечината на 7 септември ќе осветли што треба да завршиме и од што треба да се ослободиме, па многу вистини ќе излезат на површина и ќе нè натераат да гледаме подлабоко во себе. ...

Селена Гомез со најблиските пријателки отпатува во сончевиот Кабо Сан Лукас по повод моминската забава. Славната актерка и пејачка сподели фото-албум од забавните мигови со кои прославува пред да заплива во брачните води. Многу балони, бело фустанче со вел на кој пишуваше „Bride to be“ (идна невеста), весели здравици, музика во живо, танци и песни до зори... Прославите наликуваа на сцени од романтичен филм со свадбена тематика. Селена се ...

Некои чуда бараат повеќе време и трпение за да се случат. Жена стана мајка на 50 години благодарение на тимот од битолската болница „Плодност“ и Прим. д-р Таше Трпчевски кој ја објави убавата вест и сподели фотографии од бебенцето. Новата мајка ја роди малата ќеркичка по многу безуспешни обиди за бременост, благодарение на успешното вонтелесно оплодување во „Плодност“. Еве ја објавата на д-р Таше: НА 50 ГОДИНИ СТАНА МАЈКА СО ИН ВИТРО На свет ...

Катарина Ивановска го прослави 37-миот роденден со своите две дечиња. Убавиот модел сподели фотографии од слатките моменти кога синчето Вања и ќерката Кира ја бакнуваат за да ѝ посакаат „Среќен роденден“. Катарина со широка насмевка позираше со своите малечки. „37“ – напиша во описот во кој додаде и торта и срце. Вања и Кира се деца на Катарина со поранешниот партнер Цобе. Таа сега е во врска со Стефан Ханџиски, кој не пропушти да ѝ го честита ...

Латералното кинење на менискусот е повреда на коленото која влијае на ‘рскавицата на надворешната страна од зглобот на коленото. Оваа ‘рскавица всушност делува како еден вид амортизер и помага во стабилизирањето на коленото. Кинењата може да се појават поради ненадејни движења на извиткување, извртување, особено при спортување. Но, може да биде и од абење поврзано со стареењето. Симптомите вклучуваат: болка на надворешната страна на коленото, ...

Ријана беше фотографирана во Беверли Хилс додека се шеташе со мајка си Моника Фенти и со своите синови Риза и Рајот. 37-годишната пејачка гордо го покажа трудничкото стомаче во последниот триместар од третата бременост облечена во широки панталони со риги и бел топ со шари во весели бои. Додека Риза ја држеше мајка си за рака, Рајот беше носен од бабата Моника. Ријана и Ејсап Роки објавија дека го очекуваат третото дете на овогодишната МЕТ гала, ...

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал привлекоа внимание со својот елегантен изглед при пристигнувањето во Венеција, каде што ќе присуствуваат на годинешното издание на Филмскиот фестивал. Пред премиерата на неговиот филм „Jay Kelly“, 64-годишниот оскаровец беше фотографиран со 47-годишната адвокатката за човекови права, која блескаше во елегантен жолт фустан од Balmain. Нивното доаѓање во Венеција следи по семејниот престој во ...

Тејлор Свифт и Тревис Келси се верија. Поп-ѕвездата со романтична фотосесија им ја соопшти среќната вест на фановите. „Вашата професорка по англиски јазик и вашиот професор по физичко воспитување ќе стапат во брак“ – напиша таа и сподели фотографии од моментот кога славниот спортист клекна на колено за да ја побара за жена. 35-годишните партнери веднаш добија илјадници честитки на социјалните мрежи и многумина коментираат дека предлогот личи на ...

Тамара Тодевска летните денови ги живее со полни гради, посветувајќи ги на одмор и моменти исполнети со љубов и хармонија. Заедно со своите две деца и партнерот Лука Радовиќ таа ужива во безгрижната летна атмосфера. На социјалните мрежи, музичарката и нејзиниот сакан споделија фотографии и видеа кои овековечуваат многу насмевки и искрени радости. Хана и Дарен се во центарот на вниманието, а нивните весели лица уште еднаш потсетуваат дека ...

Ѕвездите од проектот „Македонијо во срце те носиме“ снимија нова верзија на песната „Нема друга Македонија“ на Војо Стојановски. Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска, Мина Блажев и Зуица Лазова се дел од екипата заслужна за преработката на оваа безвременска песна. Музиката е на Милан Завков, текстот е на Томислав Которчевиќ, новата ...

Сузана Спасовска и во седмата деценија од животот зрачи со харизма, енергија и позитивност како од почетоците на нејзината кариера. Познатата македонска пејачка наполни 61 година, а на својот Facebook профил се пошегува со годините на забавен начин, но не пропушти и да сподели дека се чувствува благословено. Сузана објави неколку фотографии со роденденската торта и напиша: Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, ...

Ким Кардашијан се соочува со жестоки критики откако нејзината 12-годишна ќерка се појави облечена во корсет. 44-годишната риалити ѕвезда предизвика лавина коментари откако беше фотографирана со Норт Вест на семеен одмор во Рим. Норт носеше смела комбинација, која вклучуваше црн корсет, мини здолниште со чипка и чизми на висока платформа. На социјалните мрежи, многумина ја осудија Ким со коментари како: „Многу непристојно, Ким. Таа има 12 ...

Елена Најдоски максимално ги искористи летните денови. По авантурата на француската ривиера, русокосата водителка на емисијата „Живот со стил“ уживаше и во Грција. „Драго лето, ти ми си омилено“ – напиша таа. Од стилски аутфити со впечатливи модни додатоци, вкусна храна и егзотични места до дружби и релаксација... Елена и нејзиниот сопруг Бојан несомнено можат да се пофалат со супер спомени од лето 2025 година. Елена и Бојан стапија во брак во ...

Тамара Тодевска со фотографии и пораки ѝ го честиташе 37-миот роденден на својата другарка Катарина Ивановска. Македонската пејачка на Instagram Story сподели заеднички моменти со убавиот модел, а на секоја од „приказните“ напиша краток текст. Еве што стои на нив: „Роденденке? Те сакаме. Биди здрава и жива. Остани таква каква што си. Згодна, убава. Супер мајка. И супер другарка“. Тамара и Катарина со години се многу добри пријателки. Тие со ...

„Пиј млеко - потребно ти е за да имаш цврсти коски“ - често пати ова беше фразата со која нашите родители во детството ја придружуваа секоја чаша млеко. Факт е дека млекото содржи калциум кој е еден од клучните елементи за цврсти коски. Во детството и адолесценцијата се оформува коскеното ткиво, но здравјето и цврстината на коските нам ни се потребни во текот на животот, па оттука можеме да заклучиме дека за коските треба да продолжиме да се ...

Таско ужива во заслужен одмор со своето семејство откако објави дека 15 години пиел алкохол, но е трезен веќе осум месеци. Македонскиот рапер и неговата сопруга Наташа летово избраа мирна дестинација за да поминат квалитетно време со двете мали деца Лукијан и Кирјана. Од фотографиите и видеата споделени на социјалните мрежи, може да се забележи дека тој е среќен и дека со гордост стои зад својата одлука да направи животна промена. „8 месеци сум ...

Александра Радовиќ беше специјална гостинка на синоќешниот концерт во чест на Тоше Проески. Српската ѕвезда шармираше на сцената во Домот на млади во Штип. Шармантната пејачка се појави на сцената во елегантен кафеав фустан кој совршено ѝ ја истакна фигурата и ја потврди нејзината ненаметлива женственост. Со раскошниот вокал и топлината, таа успеа да ја освои салата уште со првите ноти. Гласните аплаузи што следеа беа доказ за тоа дека нејзиниот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
82%
1017
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
56%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.18
88%
1019
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
58%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
77%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
93%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
72%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
77%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793