Горан Трајковски објави нежна семејна фотосесија со своите најмили. Докторот, кој веќе неколку години живее и работи во Германија, ја сподели првата фотосесија со новородениот син Константин. Со него позираат и братчето Себастиан, како и сопругата Александра. „Најдобрите подароци од Господ“ – напиша популарниот доктор кој на Инстаграм има речиси 60 илјади следбеници. Трајковски, кој секојдневно споделува медицински совети и инспиративни пораки ...

Димитар Атанасовски ѝ го честиташе 35-тиот роденден на својата сопруга, Сара Мејс, со забавни фотографии и видеа, придружени со слатка порака на социјалните мрежи. Македонскиот водител сподели моменти од нивниот семеен живот со ќеркичката Илина и синот Кирил, полни со смеа, авантури и љубов, а во описот напиша: „Среќен роденден кралица наша, најсекси и најжестока мама, мојата сродна душа, најинспиративната партнерка за цел живот“ – напиша ...

Радосна вест одекна од Клиниката за детски болести во Скопје. Јунакот Амир ја доби битката со тешката болест и победнички заѕвони на ѕвончето. Тој беше испратен со силен аплауз од вработените, малите пациенти кои се лекуваат таму и нивните родители. „Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Амир му посакуваме ...

Влатко Лозаноски го чува личниот живот далеку од очите на јавноста и ретко открива детали од неговата приватност. Досега, 40-годишниот пејач го немаше покажано лицето на синчето Марко, но сега одлучи да сподели преслатки фотографии од роденденот и крштевката во Марков Манастир. Марко пред три дена наполни една година. „(18.10) Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“ – напиша Лозано во описот. ...

Невеста стана хит на социјалните мрежи откако вчера отиде на гласање во венчаница. Сандра Матеска од Скопје сподели видео и фотографии од моментот кога го оствари своето избирачко право во невестинско издание. Заедно со неа беше и нејзиниот сакан Денис, кој исто така беше облечен свечено, во елегантен костум. „Гламурозна за гласање“ – напиша Сандра со доза на хумор под објавата, која брзо се прошири по социјалните мрежи и доби бројни коментари. ...

Пред неколку дена се навршија 18 години од смртта на нашиот славеј Тоше Проески. Во негова чест, пејачот Денис Димоски и неговата ученичка, 7-годишната Ива Пауновиќ, ја отпеаја песната „Немир“, која Тоше ја сними со Каролина Гочева. Талентираното дуо доби бројни пофалби и комплименти на социјалните мрежи. „Во чест на нашиот Тоше, ви ја претставуваме нашата изведба на ‘Немир’, заедно со една од моите најмлади ученички ИВА“ – напиша Денис. Еве ја ...

Џиџи и Бела Хадид со ангелски крилја дефилираа на шоуто на Victoria’s Secret на огромна радост на нивните фанови. Двете сестри имаа по два ауфита на ревијата која синоќа се одржа во Њујорк. Бела изгледаше како фатална заводничка во црвена долна облека од брендот и како карневал кралица со грандиозни бели крилја. Џиџи чекореше на пистата во розова долна облека од чипка со палто од цветови, како и во бел свилен комплет надополнет со ефектни бели ...

Стерули Штерјоски никогаш нема да го преболи својот пријател Тоше Проески и веќе 18 години секој ден го чува во своето срце. Другарот на прерано починатиот ангел со емотивни фотографии и објави на социјалните мрежи се потсети на него на 18-годишнината од неговата смрт. „Те чувам секој ден 365 дена во годината. И така веќе 18 години. Ќе те чувам сé додека сум жив. Многу фалиш братче“ – напиша тој на една од објавите. Стерули со уште неколку ...

Роднините, пријателите и колегите попладнево го испратија Владимир Блажев – Панчо во вечноста. На денот на погребот, многумина му оддадоа почит со пораки полни со тага и болка. Антониа Гиговска се наврати на нивната заедничка песна „Ванила“ и вети дека секогаш ќе ги пее песните на ДНК, за да го одржи жив споменот за прерано починатите македонски ѕвезди. Што и да напишам премалку ќе биде... Беше тука за мене од самиот почеток, веруваше во мене, и ...

Елена Ристеска со многу емоции и трогателни зборови се присети на дружењето со нејзиниот пријател Панчо и ја опиша болката по неговата смрт. Македонската пејачка потенцираше дека го сакала како роден брат и дека не може да се помири со помислата дека веќе го нема на овој свет. Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина!!! Останаа недоречени многу работи! Не знаев дека волку ќе боли како за роден ...

Смртта на Владимир Блажев – Панчо наврати многумина на најубавите спомени со него и на неговите изјави и пораки за животот. Една од Instagram објавите на популарниот музичар одново се споделува, затоа што на силен начин го доловува неговиот светоглед. Во продолжение е лекцијата која секој треба да ја прочита: На овој свет сите сме дошле сами и ќе си отидеме сами. Си дошол гол. Ќе си отидеш гол. Си дошол слаб. Ќе си отидеш слаб. Твоето прво ...

Македонската јавност е потресена од трагичната загуба на уште еден живот од пожарот во Кочани. Почина Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК. Популарниот пејач настапуваше вечерта кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ и штом го забележа пламенот и чадот, на микрофонот ги советуваше сите да излезат надвор. Иако имаше информации дека неговата состојба е подобрена, за жал, тој не успеа да преживее. Панчо беше татко на две деца - Андреја и ...

Илирјана Салиу деновиве престојува во Бангкок, Тајланд, каде ја претставува нашата земја на Miss Grand International. Нашата претставничка се појави во црвен костим од Натапант Лаксанавонг украсен со мониста и циркони кои блескаа додека таа се движеше на сцената. Илирјана сподели видео од овој момент и напиша: „Ова е остварување на сон“. View this post on Instagram A post shared by ilirjana (@ilirjanasaliu) Претходно, натпреварувачките се ...

Северина ја „раздрма“ втората вечер на велешка „Питијада“ со впечатлив настап. 53-годишната хрватска пејачка својот изглед повторно му го довери на познатиот шминкер Дадар, кој на социјалните мрежи сподели фотографии од подготовките, пишувајќи: „Убава одвнатре и однадвор. Го работам она што најмногу го сакам - шминка и насмевка за најдобрата балканска ѕвезда, Северина.“ Облечена во црна кожена комбинација составена од атрактивен корсет и ...

Кети Пери и Џастин Трудо повеќе не ја кријат својата врска. 40-годишната пејачка и 53-годишниот поранешен премиер на Канада беа фотографирани од папараците додека се бакнуваа и прегрнуваа на нејзината јахта во Санта Барбара. Парот за првпат ги разгори гласините за врска еден месец по нејзиното раскинување на веридбата со Орландо Блум со кого има една ќерка. Тие беа видени заедно на прошетка во Монтреал. Канадскиот политичар се разведе во 2023 ...

Денес се одбележува Светскиот ден на менталното здравје, кој има за цел да нé потсети на значењето на грижата за себе и за другите. Во фокусот сè почесто се става една група која во минатото беше во сенка, а тоа се децата. Токму нивниот емоционален и психички развој ја поставува основата за личноста во која ќе прераснат, за тоа какви возрасни ќе станат, како ќе се носат со предизвиците и какви односи ќе градат со другите. Раните искуства на ...

Мурат Јилдирим има посебна причина за славење. Неговата ќеркичка Мирам наполни три години. 46-годишниот турски актер, кој кај македонската публика остана запаметен по улогата на Саваш Балдар во хит-серијата „Љубов и казна“, и неговата сопруга Иман Елбани, роденденот на ќеркичката го одбележаа со весела прослава. Иако Мурат ретко споделува детали од приватниот живот, овој пат на Instagram објави фотографија од роденденската забава со Стич и ...

Од 6 октомври Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банката направи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area). Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на СЕПА кредитните трансфери, овозможувајќи им на клиентите, физички и правни лица, да вршат и да примаат плаќања во евра под ...

Северина беше вистинска ѕвезда на концертот одржан во Франкфурт, Германија. 53-годишната хрватска пејачка ја разигра публиката која не престануваше да ги пее нејзините хитови. Популарната музичарка изгледаше неверојатно во проѕирна креација со ѕвезди создадена специјално за неа од Zigman. Својот изглед, го надополни со чокер со циркони. Во описот на албумот споделен на Instagram, Северина го најави концертот во Велес, кој ќе се одржи на 11 ...

Мина Блажев измами воздишки во долга елегантна тоалета. 22-годишната пејачка, која во 2017 година ја претставуваше Македонија на детската Евровизија, на својот Instagram профил објави серија фотографии на кои блеска во црн фустан со струкиран корсет со нагласено деколте и впечатливо светкаво здолниште. Својот моден избор, Мина го надополни со чокер изработен од истиот материјал како здолништето, како и со гламурозна шминка и елегантно ...

Џулија Робертс ги врати своите фанови низ времето. За гостувањето во „Late Show“ во Менхетн, 57-годишната актерка пресоздаде свој изглед од пред 35 години и привлече големо внимание. Џулија носеше костум од Живанши сличен на оној од Армани во кој шармираше на Златен Глобус во 1990 година. Сивиот костум, ѕвездата од „Убава жена“ го комбинираше со сива кошула и тегет вратоврска. Џулија имаше само 20 години кога со сличен изглед се појави на ...

Оваа сабота, Градски парк – Школка ќе се претвори во место полно со смеа, игри и весела енергија за најмладите. На „Волшебен ден со ВИНКО и Винер Лајф“, децата ќе можат да се забавуваат со интерактивни анимации, да создаваат нови пријателства и да уживаат во малите магични моменти кои го прават детството посебно. Настанот е идеален за целото семејство – заедно ќе се смеете, ќе играте и ќе уживате во секој момент. Секое дете ќе се врати дома со ...

Меган Маркл неочекувано се појави на Модната недела во Париз, каде присуствуваше на ревијата на Balenciaga на покана на нејзиниот пријател и креативен директор Пјерпаоло Пичоли. На ревијата во Градот на светлината и љубовта, Меган блескаше во елегантен бел комплет од брендот, надополнет со црни високи потпетици и црна чанта. Сепак, тоа не беше единствената комбинација на Меган за вечерта. Фотографите ја уловија додека ја напушташе хотелската ...

Ријана за првпат беше видена во јавност неполн месец по раѓањето на третото дете, а поводот беше роденденската прослава на нејзиниот партнер, раперот Ејсап Роки, кој наполни 37 години. 37-годишната музичарка, која на 13 септември ја роди својата прва ќерка, беше фотографирана додека се возеше во ретро Ролс-Ројс облечена во црна кожена јакна заедно со среќниот славеник. Двојката беше фотографирана во Вест Холивуд, каде што беше организирана ...

Антониа Гиговска заведуваше и мамеше погледи на роденденската забава на Бекстејџ. 24-годишната пејачка ја прими наградата Најдобра пејачка на годината во бела креација како пајажина којашто е дело на модната куќа SIDOR. За време на својот говор, Гиговска рече: „Многу, многу пробаа да ме срушат како домино, но јас сум силна жена, фала ви од срце“. Антониа наградата ја посвети на своето семејство и својот тим, кои, како што рече, никогаш не ја ...

Роберт Спасенцовски – Џокер го прослави својот 28-ми роденден во семејна атмосфера. Македонскиот пејач и неговата сопруга, Антониа Гиговска, споделија фотографии од специјалниот ден. Роберт доби торта со ликот на Џокер и позираше со малото синче Киан, кое со Антониа го добија во јули 2023 година. „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ – напиша Роберт на една од фотографиите со Киан. Антониа и Роберт се верија во јануари 2023 година, кога ја ...

Октомври е месец на пресврти и длабоки промени. Се движиме низ период кога полната месечина во огнениот Овен го разгорува внатрешниот пламен и нè тера да преземеме храбри чекори, додека младата месечина во шармантната Вага отвора врати за нови сојузи, љубовни почетоци и обновени односи. Директното движење на Плутон во Водолија ја враќа моќта на трансформацијата, па време е да ги оставиме зад себе стравовите. Ретроградното движење на Нептун во ...

Селена Гомез сподели дел од свадбениот албум со своите фанови. На фотографиите, 33-годишната пејачка романтично танцува со својот сакан, позира со едноставната свадбена торта и покажува скриен детаљ на својот фустан со специјална посвета на нејзиниот сопруг Бени Бланко. 33-годишната пејачка носеше три венчаници од Ралф Лорен во кои изгледаше неверојатно. Меѓу сите 300 рачно извезени цветови на вториот фустан, кој Селена го облече за својот ...

Тања Кочовска и Предраг Павловски ја прославија 30-тата годишнина од бракот. Како и секоја година, така и оваа, 58-годишната актерка со хумористична објава го одбележа овој специјален ден за нив како пар. Тања сподели две фотографии: на првата нејзиниот сакан сопруг ѝ носи приготвени риби, a на втората таа лежи на болнички кревет и прима инфузија. Објавата на Тања измами многу насмевки кај нејзините следбеници. „Нема поголема легенда“, „Секогаш ...

Игор Џамбазов постојано им оддадава почит на родителите и се обидува да го одржи споменот за нив жив. На 28-годишнината од смртта на мајка му, легендарната македонска актерка Анче Џамбазова, тој сподели заедничка црно-бела фотографија со краток текст од кој извираат големи емоции. Македонскиот актер и шоумен напиша: „28 години без тебе мајчичке...“, а додаде дел од стиховите на песната „Кога те нема“ од Хелена Благне. „Те нема, а секаде те има, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
87%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
82%
1017
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
56%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.18
88%
1019
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
58%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
77%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
93%
1019
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
72%
1019
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
77%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793