Сонце, ведрина, свежина, позитивна енергија, слобода... Тоа е лето, сезона што ја сакаме, месеци на кои им се радуваме. А сега е вистинското време да се освежиме, но овој пат со боја во разиграни летни комбинации. Бидете храбри и покажете ја својата креативност преку боите. Зелена, сина, жолта, портокалова, розова, црвена и виолетова, можете слободно да ги комбинирате и да создавате колор блок комбинации, или пак да ги спојувате со неутрални ...

На југозападниот дел на грчкиот остров Крит, се наоѓа едно мало, живописно село наречено Лутрo. Природата умешно го сокрила рибарско местенце, во кое што нема улици и за да одите од едниот до другиот крај треба да пропешачите само 400 метри. Импресивни карпи коишто ги чуваат белите куќи, бистро тиркизно море, низ коe што мирно пловат рибарски бротчиња. Тука ќе го добите мирот што сте го посакувале, далеку од преполните плажи. Автомобили нема, ...

Марија Грација Кјури ги претстави своите 65 божици на париската недела на висока мода. Есенската колекција 2023/2024 на Кристијан Диор донесе една визуелно смирувачка атмосфера преку макси тоалети, извајани силуети кои што ја спојуваат едноставноста на римската и грчката култура. Чисти, долги линии што дефинираат минимализам, но проткаен со една грандиозна софистицирност и беспрекорност. Фустани што асоцираат на нимфа, позлатена тантела и ...

Секогаш своја, слободна во својата стилска експресија, а покрај сето тоа и забавна – Дајан Китон дефинитивно беше една од највпечатливите гостинки на модното шоу на Том Браун, што се одржа вчера во рамки на актуелната Недела на висока мода во Париз. Костумите се базичен сегмент на нејзиниот моден идентитет, па така и за оваа прилика носеше троделно одело – односно сет од сако, панталони и елек во пруги. Панталоните се со висок струк, нагласени ...

Париската недела на висока мода е настан кој многумина со нетрпение го очекуваат. Помеѓу присутните честопати гледаме и холивудски ѕвезди, па така беше и на вчерашниот почеток. Вниманието ни го привлече оскаровката Натали Портман која остана верна на модната куќа Диор со која што соработува веќе 12 години. Портман, 42 ги крадеше погледите, во романтичен фустан на Диор со апстрактен флорален дезен, без прерамки, којшто совршено одговараше на ...

Стартуваше париската недела на висока мода есен-зима 2023/2024, моментот каде Скијапарели секогаш воодушевува со своите ултра креативни дизајни. Кога ќе се спомене висока мода се нетрпение се очекува што ќе биде презентирано под палката на Даниел Розбери. Уште се сеќаваме на животинскиот магнетизам и огромните препарирани глави на лав и волк од неговата претходна колекција. Овој пат сè е во знакот на уметноста и поврзаноста на модната куќа со ...

Тој е еден од најпознатите и најплатените актери на денешницата, а денес ја раситнува седмата деценија. Том Круз е роден на денешен ден 1962-ра година, во Њујорк, а интересно за неговото детство е што постојано менувал училишта поради селење. Круз има добиено три Златни глобуси, почесна Златна палма во Кан и четири номинации за најпрестижната филмска награда Оскар. Неговата плодна кариера започнува во 80-те, со улогите во комедијата 1980s Risky ...

Откако модната куќа Пако Рабан го смени името и стартуваше со линија на декоративна козметика, многумина се прашуваа дали токму основачот, кој почина пред пет, месеци бил против промените. Која и да е приказната за сето ова, ништо немаше да постои да не беше големиот дизајнер, кој е роден како Франциско Рабанеда Куерво. Пако Рабан е роден на 18 февруари 1934 година во Пасаја, Баскија. Неговиот татко бил републикански полковник, кој ќе биде ...

Поради својата функционалност и удобност, фустаните изработени од лен се вечни фаворити во летниот плакар на жените. Ленот е совршен одговор на високите летни температури, па поради таа негова карактеристика важи за класика за време на летната сезона. Помеѓу елеганцијата и тенденциите, фустаните изработени од лен се најчесто во едноставен и универзален дизајн, флексибилни во однос на комбинирањето со остатокот на парчиња од летниот гардеробер. ...

Летото и апостолките се неразделни. Едноставно не можеме да ги замислиме топлите летни денови, па и ноќи без апостолки. Тие не се резервирани само за на плажа. Модата ни дозволува да ги носиме и на прошетка во градот, доколку го пронајдеме соодветниот модел и боја што ќе одговара на стајлингот. Апостолките можат одлично да се вклопат со здолништа и фустани, и да бидат дел од ноќна забава на отворено. Тие се супер решение кога сакате да одморите ...

Францускиот моден бренд Пако Рабан, на 60 годишниот јубилеј од своето постоење, објави голема вест –го менува името и стартува своја мејкап колекција. Отсега ќе биде именуван само како Рабан и ќе ги обедини модата и убавината во едно. Рабан е веќе добро познат во индустријата со парфеми, па влегувањето во мејкап секторот е можеби и логичен чекор. Првата колекција ќе понуди сенки за очи, кармини, маскари и ред други производи за беспрекорна ...

Хрватскиот остров Паг крие една интересна плажа наречена Беритница, која што е создадена за авантуристи и сите оние кои сакаат да побегнат од вообичаните гужви. Самиот остров е познат по прекрасните плажи и кристално чистата вода. До плажата Беритница се стигнува пешки или со брод, а она што таму ќе ве дочека е глетка за паметење – ќе се почувсвувате како да сте на Марс. Тука дарежливата природа создала три големи карпи во бистро и плитко море, ...

Денешниот први јули е за Лејди Ди. Принцезата Дијана, која што трагично загина на само 37 важеше за вистинска дама и модна икона. Принцезата на срцата, како што неретко ја нарекуваа, умееше со еден поглед и насмевка до допре до секој, да даде надеж на неутешните, да ги охрабри слабите. Несебично даваше љубов, која за жал не ја пронајде кога беше во брак со принцот Чарлс. Можеби не се вклопи во кралските протоколи, но беше прекрасна мајка за ...

Бохо ентериерите се како создадени за лето. Нивната лежерност е идеална за уредување на домовите кои се наоѓаат на море, а еден таков е и домот на Инстаграм блогерката Тајана од Пула. Овој стил на уредување носи чувство на топлина, удобност и безгрижност и прави да мислите дека сте на одмор и кога не сте. Уредувањето во бохо стил е микс на природни материјали, текстури и бои. Доминираат земјените тонови како беж нијансите, зад кои што стои ...

Лето во полн ек и уште 31 ден од јули пред нас. Одговорот на прашањето: што да облечам? ќе ви го олесниме со избор на 31 шик комбинација за секој ден од месецот во кој најголемиот дел од вас го поминуваат на летен одмор. Лежерни, ама истовремено романтични и женствени, комбинации во кои е доловена летната егзотика, а пријатното чувство во сопствената кожа се постигнува со избор на природни материјали. Сламени шешири и чанти, лесни сандали, ...

Марк Џејкобс тоа го прави поинаку. Дизајнерот кој годинава ќе наполни 60 години, трет пат по ред приредува ревија во јуни, што е недвор од сите рамки на формалниот распоред. Сепак, шоуто кое траеше само три минути испрати моќна порака од јавната библиотека во Њујорк. Џејкобс останува едно од највлијателните имиња на светската модна сцена, токму поради ваквите неконформирачки изведби и модни решенија. На сцената се појавија вкупно 29 модели, кои ...

Доколку сè уште не сте се одлучиле каков костим за капeње да купите, црно-белата комбинација е секогаш во тренд. Иако годинава имаме барбикор каде што доминираат розови нијанси и тренд се костими за капење во јаки бои, сепак црно-белата класика е безвременска. Без разлика дали ќе одбрете едноделен, дводелен, на риги, зебра дезен или нешто сосема поинакво овие две бои секогаш ќе изгледаат убаво на вашиот костим. Издвојуваме неколку интересни ...

Помеѓу густата шума на планината Беласица од една страна и прекрасниот поглед кон Струмичката Котлина од друга, во источниот крај на селото Банско е сместен хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил" уште познат и како Бања Банско. Лековитата вода, идеалната клима, чистиот воздух и одличната географска местоположба која што вклучува и бројни археолошки и природни атракции, ја праваат бањата привлечен медицински и туристички центар со големо ...

Еден од најпознатите супермоделите во светот Наоми Кемпбел, на свои 53 години стана мајка по втор пат. Семејството се зголеми за уште еден член, овој пат момче, откако Кемпбел во 2021 стана мајка на девојче. Таа ја сподели веста на Инстаграм со преслатка фотографија на која го држи новороденчето во прегратка. Покрај бебето Наоми ја држи и раката на нејзината ќеркичка, која јавноста многу ретко ја гледа на социјалните мрежи. Пред две години ...

Еден од најпознатите супермоделите во светот Наоми Кемпбел, на свои 53 години стана мајка по втор пат. Семејството се зголеми за уште еден член, овој пат момче, откако Кемпбел во 2021 стана мајка на девојче. Среќната мајка ја сподели веста на Инстаграм со преслатка фотографија на која таа го држи новороденчето во прегратка. Покрај бебето Наоми ја држи раката и на нејзината ќеркичка, која јавноста многу ретко на гледа на социјалните мрежи. Пред ...

Новиот начин на кампување наречен глампинг, вклучува мала доза на луксуз, односно технолошки и други претдности коишто порано беа незамисливи за еден камп. Токму поради тоа глампингот станува се попопуларен. Камповите се состојат од потполно опремени монтажни дрвени куќички или големи шатори коишто пружаат комфор и удобност на еден класичен апартман. Она што е добро е што истовремено можете да уживате во недопрена природа. Еден таков глампинг ...

Утре, петок 30 јуни во 10:00 часот официјално започнува Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен музички фестивал во земјава кој по тринаесетти пат ќе се одржува во Дојран. Првите посетители на фестивалот веќе пристигнуваат и го исполнуваат дојранското крајбрежје, а уште денеска, ден пред официјалниот почеток се поставуваат и првите шатори во Д кампот кој ќе биде домаќин на илјадници најпозитивни фестивалски луѓе здружени преку музиката и славењето на ...

Дамите од кралските семејства секогаш имаат префинет вкус кога станува збор за облеката. Принцезата Кејт Мидлтон од Велс е една од нашите фаворитки, а овој пат нејзиниот стајлинг го делеше уште една принцеза – Мери од Данска. И двете за посебни прилики одбраа ист миди фустан, кој што се разликуваше само по бојата. Токму оваа должина на фустани и здолништа е чест избор на благородничките, а покрај Кејт и Мери, тука ја вбојуваме и кралицата ...

Откако била пронајдена без свест, Мадона итно е пренесена на ургентно во болница во Њујорк. Според изјавите на нејзиниот менаџер, во саботата вечер, 64 годишната кралица на поп музиката, била веднаш интубирана, и дури вчера се разбудила. Причината за хоспитализирањето е сериозна бактериска инфекција на која што ќе ѝ треба дополнителен третман. Со оглед на новонастанатите околности, Мадона ја одложува светската турнеја "Celebration" која што ...

Талент шоуто „Пат до ѕвездите" стигна и до првото полуфинале. Како и секогаш нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА којшто воедно е и партнер на шоуто, ги стилизираше водителките Криси и Верица. Со оглед на тоа дека шоуто се приближува до големото финале, така и стајлингот станува погламурозен. Двете водителки, кои што секоја емисија носат креации со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА, и овој пат блеснаа во вечерни тоалети. За полуфиналната вечер девојките беа ...

Никол Шерцингер, која пред некој ден ја објави својата свршувачка, денес слави роденден. Американската пејачка, текстописец, танчарка, актерка и водителка е родена пред точно 45 години, во Хонолулу, Хаваи, а поголемиот дел од својот живот го поминала во Кентаки. Никол на 14 години започнува со глума и се запишува на музички театар. Желбата за шоубизнис ја има уште од најрана возраст и на различни начини се обидува да се пробие на големата сцена. ...

Кога станува збор за уредување на домот постојат различни стилови како тоа да се изведе и притоа да одговара на замислата на домаќинот. Од максималистичка естетика и еклектичен стил, до минимализам и футуристички решенија, трендови имало и ќе има, а вкусови уште повеќе. Она што е важно е во домот да се чуствувате свои, ралаксирано и среќно. Понекогаш кога не сме сигурни што сакаме, едноставноста е најдобро решение, а кога размислуваме во таа ...

Оваа недела во рамки на Скопско лето има голем избор на настани од различни области. Вчера во Чифте амам се отвори изложбата на Михаил Корубин „Визуелна Артикулација" која предизвика голем интерес кај присутните. Корубин на публиката и се претстави со 13 големи платна кои ги насликал годинава како и со минијатурни графики арт токен за кои допрва ќе се пишува бидејќи самиот тој е иноватор на овој стил. Денес во Музејот на македонската борба за ...

И додека фановите ја бараа Саманта да се врати на екраните во продолжението на Sex and the City, And Just Like That, Ким Катрал реши дека сака да биде дел од друга серија, наречена Glamorous. Како што беше најавено Катрал се очекува да се појави во втората сезона на продолжението, но тоа нема да биде заедно со девојките. Саманта ќе ја видиме само како зборува на телефон, наводно со Кери (Сара Џесика Паркер). Сцената е снимена на посебна ...

Некогашната членка на Pussycat Dolls, Никол Шерцингер, му кажа да на својот сакан. По тригодишна врска рагбистот Том Еванс, 38, го постави прашањето за време на заедничкиот одмор во Хаваи, а Никол имаше само еден одговор ДА! Таа пресреќна сподели романтична фотографија на Инстаграм каде Том клечи на едно колено со прстенот во рака, а Никол не може да ја скрие својата возбуда. Парот се запозна пред три години кога Том се појави на X Factor: ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
23%
1007
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
27%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1006
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.27
18%
1006
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.87
89%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
47%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
40%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
26%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641