Голем е бројот на холивудски мајки и ќерки кои зачекориле по нивните стапки, без разлика дали станува збор за актерство, музичка кариера или моделинг. Можеби и со самиот факт што славата ја осетиле уште од мали нозе, одбирањето на шоубизнисот за младите дами не е ништо ново и неочекувано. Од Ава Филип и Зои Кравиц, до Каја Гербер и Блу Ајви, погледнете кои славни двојки на мајки и ќерки се најдоа на нашата листа. Синди Крафорд и Каја Гербер ...

За колекцијата есен 2023 американскиот дизајнер Кристијан Сириано се инспираше од легендарната Одри Хепберн. Класичниот стил повторно е во фокусот ресорт колекцијата, а овој пат инспирација е уште една стилска икона – принцезата Дијана. Сириано започна да работи на колекцијата кога беше во посета на Англија и Ирска, за да присуствува на изложби во музеи. Кралско сини, макси тоалети што слободно паѓаат и смарагден фустан на долги ракави се ...

Двете холивудски актерки и долгогодишни пријателки Скарлет Јохансон и Марго Роби уште еднаш воодушевија со својот стајлинг. На премиерата на филмот Asteroid City во Њујорк, двете дами се појавија во синхронизирани креации. Скарлет, 38, се одлучи за бела тоалета со мал ретро вајб, дело од ресорт колекцијата 2024 на Каролина Ерера. Монохроматскиот макси фустан со голем бел цвет на горниот дел, беше комплетиран со бисерни обетки и PVC потпетици со ...

Како би изгледале елементи од традиционалната македонска носија во футуристички Баленсијага дизајни? Одговорот го има Инстаграм профилот @surrealpineapple, зад кој стои креативецот Петар Антевски – Дигитален креатор кој имено ја користи вештачката интелегенција (AI) за да создава фантастична дигитална уметност. Првата објава на овој релативно нов Инстаграм профил, е токму 3Д дизајн во кој се спојуваат минатото и иднината, односно ...

Клои Роуз Маутер е модна блогерка со беспрекорен и префинет стил. Покрај креирањето на дигитална содржина на Инстаграм, таа обожува да уредува и ентериери и да дава совети за мода, нега и убавина на своите следбеници. Нејзините комбинации се дефиниција за класика со модерна нота, а омилени бои и се белaта и нијансите на беж. Од макси фустани до класични панталони и блејзери, нејзиното модно портфолио е вистинска инспирација за дамите што го ...

Запознајте го DOMINIUM ALFA 58m² Dominium Alfa е едно сосема поинакво доживување. Со своите 58m² совршено испланирани во простран дневен простор, широка и комфорна спална соба и балкон со одличен поглед. Ентериерот на овој стан е комбинација од елементарни бои, фини светли дрвени површини преку разни текстури и детали. Топлите нијанси на бела боја и акцентирањето на текстурите на ѕидовите и секако завршно осветлувањето го прави ALFA смирен и ...

Дали се сеќавате на трендот со маички на врзување од 2000-те? Сега, 20 години подоцна повторно ги гледаме овие модни парчиња низ улиците и по социјалните мрежи. Многумина од вас ќе се присетат на комбинациите што ги вклучуваа токму овие маички и на тогашните ИТ девојки кои ја диктираа модата. Парис Хилтон, Бритни Спирс, но и Сара Џесика Паркер, како култната Кери Бредшно во Сексот и градот, се само неколку од дамите што го прошетаа овој тренд ...

Летните фустани со ситни отвори или „перфорирани" фустани, се интересен спој на романтика и функционалност. Таквиот дизајн овозможува телото и кожата природно да „дишат" што во лето особено е добредојдено, а истовремено овој тип на фустани се женствени и сензуални па може да ги носите и за време на топлите летни денови и за навечер во поелегантни изданија, со високи потпетици. Од белите памучни фустани со перфорирани флорални детали до плетените ...

Првиот семеен дом на легендарниот Волт Дизни, во Лос Анџелес, каде што помина голем дел од својот живот со сопругата и двете ќерки изгледа навистина бајковито. Волт со своето семејство живееше во двокатната куќа од 1932 до 1950. Зданието изгледа како да е излезено од некој од неговите добро познати цртани. Се вели дека токму детали од домот го инспирирале да создаде некои од најпознатите ликови, како Снежана, Вини Пу и Мери Попинс. Куќата што се ...

Предимензионираните блејзери и одела, односно oversized облеката има свој посебен моден шмек доколку правилно се носи. Холивудската џебна Венера,Ева Лонгорија, може слободно да држи лекции на оваа тема. Ѕвездата од Очајни домаќинки, навистина умее да носи oversized, и што и да облече секогаш изгледа беспрекорно. Очигледно ваквите блејзери и одела совршено им прилегаат на дамите со поситна градба, а Ева е доказ за тоа. Предимезионираните одела ...

Холивудската актерка со австралиско потекло, Наоми Вотс, се омажи за својот колега актер Били Крудап. И додека повеќето ѕвезди одбираат гламурозна венчавка, Вотс и Крудап, 54, се одлучија за интимна, тајна, венчавка во една судница во Њујорк. Невестата за приликата одбра романтична венчаница од тантела и гипур, безвременски избор за летна венчавка. Венчаницата на Вотс е дело на њујоршкиот дизајнер Оскар де ла Рента. Цветниот мотив беше во ...

Хрватската пејачка Нина Бадриќ е дама која што одлично ја разбира модата. На нејзиниот Инстаграм профил ја гледаме во секакви комбинации, од колоритни до класичните црно бели тонови, но она што ги обединува сите е начинот на кој Нина ги носи. Воедно таа на социјалната мрежа објави и дека на претстојниот фестивал Melodije Jadrana ќе пее заедно со колегата Петар Грашо. Нумерата е насловена Немој, а и двајцата се воодушевени што конечно ќе отпеат ...

Познатиот екс-супермодел Клаудија Шифер е очигледно воодушевена од убавините на грчките острови, Годинава, како и лани, го одбра нашиот јужен сосед за летна посета, поточно островот Спетсес, близу Атика. Таа овој пат е во друштво на нејзината блиска пријателка Ута Хјуз. Двете дами, на фотографијата што Шифер ја сподели на Инстаграм, изгледаат видно расположени. Пријателките се потрудиле да го усогласат и стајлингот за прошетка и шопинг, па ги ...

Можеби еден од најубавите острови во Хрватска е токму Ластово. Се наоѓа на само 14 километри од Корчула, а од 2006-та е прогласен за Национален парк. Доколку го посетите овој остров ќе можете спокојно да уживате во густи борови шуми, да се восхитувате на куќи во венецијански стил или да ги искористите благодетите на бистрото море. Гурманите ќе можат да се насладуваат со прекрасните специјалитети во рестораните, а оние кои сакаат шопинг ќе ...

Роузи Хатингтон Вајтли може слободно да ни држи лекции по деловен стил. Моделот, 36, која е мајка на две дечиња, секогаш изгледа беспрекорно, без разлика за каква прилика станува збор. Од величенствени вечерни тоалети до кежуал парчиња за дневна прошетка Роузи го има вистинското модно решение. Кога станува збор за деловен стил, нејзините комбинации се полн погодок. Ја сака белата боја и речиси секогаш е дел од нејзиниот аутфит. Класичните ...

Со својот рационален распоред, модерно и функционални уредениот ентериер од 55м2 – DOMINIUM Beta е совршениот дом што ќе одговори на сите потреби на современиот човек. Контрастната комбинација на дрвени и мермерни декоративни елемнети, прават баланс меѓу топлината што еден дом треба да ја понуди и чувството на современ, модернистички израз. Изобилството на дневна светлина дава дополнително чувство на спокој и пријатен амбиент во сите простории ...

Како секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна. Skopje Street Food Festival ќе се одржува за прв пат од 14.06 до 18.06.2023 во центарот на градот, односно на паркингот на „Театар Комедија", со почеток во 17:00 часот за време на работната недела и во 13:00 часот за време на викендот. Skopje Street Food Festival ги собра сите најдобри ресторани и бистроа за улична храна во Скопје на едно ...

Хипи, бохо здолништата се едно од летните парчиња без кое што не можеме да го замислиме ова годишно време. Годинава трендовско друштво им прават макси тексас здолништата, и што и да одберете нема да згрешите. Бохо верзијата ја гледаме често по социјалните мрежи и улиците и тоа во секаква варијанта - од класичниот бел модел до ултра шарените дезени во хипи стил, што потсетуваат на 60-те и 70-те. Одлично се вклопуваат во дневна варијанта, но можат ...

Модата и тенисот одат рака под рака, па така навикнати сме да гледаме еден вид на тенис-кор стил на трибините додека натпреварувачите на теренот, напорно се борат за секој поен. Вчера Новак Ѓоковиќ испиша историја со рекордната 23-та Грен слем титула во машка конкуренција, престигнувајќи го Рафаел Надал и стана првиот човек кој ги освоил сите четири главни турнири најмалку три пати. Помеѓу познатите ликови кои во неделата се најдоа на трибините ...

Како што е безвременска во секојдневната мода, класиката е исто толку безвременска и на плажа. Летната сезона на плажа веќе започна, а доколку се двоумите околу избор на нов костим за капење, една сигурна опција нека ви биде класиката – односно едноделен црн костим за капење. Зошто? Пред сѐ поради неговата практичност и функционалност: замислете во колку различни комбинации може да го споите не само на плажа, туку и во секојдневни и вечерни ...

Летото не асоцира на море, а морето од секогаш било инспирација за пишаниот збор, филмот, сликањето, па дури модата. Почнувајќи од сината боја и школките па сè до морнарските пруги, дезенот со сидро и морската флора и фауна, секој од овие елементи си наоѓал свој простор и време во модата. Ова лето повторно се актуелни ригите во секое модно парче, а оние што ги сакаат ги одбираат независно од сезоната, токму поради нивната безвременост. Сонце, ...

Џенифер Лопез знае како и кога да привлече внимание и никогаш тоа не го прави случајно. Со својата последна објава на Инстаграм, каде на неколку фотографии позира во сензуален црвен фустан кој патем одлично ѝ прилега, таа всушност направи вирална реклама за својата нова линија кокетли „Делола" што ги промовираше за првпат во април, годинава. Оваа бизнис дама, додека позира во провокативниот асиметричен црвен фустан, во раце држи чаша егзотичен ...

Црвениот килим на Тони наградите не заостанува многу зад оскаровскиот. Тука нема задолжителни дрес код моменти, па театарските ѕвезди можат малку повеќе да експериментираат со изгледот. Тони наградите секоја година им оддаваат чест на најдобрите бродвејски изведувачи, а присутните покрај церемонијата, уживаат на уште едно модно дефиле. Годинава домаќин е Ариана Дебос, а наградите се доделуваат во театарот United Palace во Њујорк. Доза на стар ...

Адриана Лима е еден од најпознатите ангели на Викторија Сикрет и се вбројува во најуспешните модели на глобално ниво. Бразилката, која е родена на денешен ден пред 42 години, работеше за познатиот бренд за долна облека од 1999 до 2018, односно најдолго од сите останати модели. Токму поради тоа во 2017 ја прогласија за највредниот модел на Викторија Сикрет. Убавицата со темна коса и сини очи, како дете не ни помислувала да се занимава со ...

Cine Society е кино на отворено на кров на зграда, кое нуди фантастичен поглед на пастелниот пејсаж на Лисабон. Многумина кои имале прилика таму да уживаат во проекција на некои од филмските класици, го опишуваат како едно од најубавите искуства и едно од најубавите кина на отворено во светот, директно под ѕвезденото небо. Започнало со работа во 2017 година, а сместено е во срцето на Лисабон, во населбата наречена Чиадо, која важи за центар на ...

Иконата на Блонди, 77-годишната артистка Деби Хари е заштитно лице на кампањата за новите чанти на Марк Џејкобс. Главната протагонистка од њујоршкиот нов бран, на сцената од 70-те, позира во за неа препознатлив стил, бунтовнички и неконвенционално. Додека ги промовира новите Марк Џејкобс чанти, на себе носи неколку различни комбинации, меѓу кои и црно-бел мини фустан, како илустрација на тоа дека во модата не постојат правила или поконкретно, ...

Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Миранда Хобс (Синтија Никсон) и Шарлот Јорк (Кристин Дејвис) вчера се обединија на специјален настан во Њујорк, организиран во чест на 25-годишнината од „Sex and The City" – култната серија која испиша своја историја во американската телевизиска продукција. Трите хероини од серијата, позираа пред специјално дизајнираната реплика од познатиот апартман на Кери Бредшо во серијата, а воедно настанот вклучуваше и ...

Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија - Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал - " Ohrid Wine Festival". Од 22 Јуни до 24 Јуни на Кеј Македонија, поточно на платото пред Хотел Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации. Во деновите кои следат ќе ги објавиме сите учесници, листата на винарии како и музичката програма за ...

Ако си правите концепт како претстојната сезона ќе изгледа вашиот плакар, а притоа преферирате урбана енергија во вашиот стил, ве упатуваме на Инстаграм профилот @la.attraversiamo, што ќе ви помогне во вашата „модна стратегија" за ова лето. Тука ќе наидете на одлични модни летни предлози, кои балансираат меѓу елеганција, лежерност и женственост, а за кои е задолжена далматинката Михаела Мудронја. Неутралната палета на бои, а во исто време ...

Доколку сте во фаза на одбирање на кујна веројатно ги следите моменталните трендови во внатрешното уредување. Иако боите доминираат оваа сезона, доколку не сте фан на колоритот секогаш има опција за нешто понеутрално. Во случај белата боја да е премногу класична за вас, ви предложуваме кујна во песочни нијанси. Песочните или земјените тонови секогаш изгледаат елегантно. Пријатни се за очите и полесни се за одржување во однос темните опции. A ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
23%
1007
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
3.09
27%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
74%
1006
weather icon

Софија

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1009
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.27
18%
1006
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.87
89%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
47%
1011
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
6.69
40%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
5.14
27%
1010
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
26%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
78%
1007
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641