
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



За Наоми нема потреба од претставување. Таа е можеби најлегендарниот супермодел што некогаш чекорел на модните писти. Извајаната фигура, впечатливиот од, совршените црти на лицето ја одбележаа како моден симбол на 90-те. Но, Наоми не застана, таа е сè уште активна и воодушевува со секое нејзино појавување. Затоа музејот Викторија и Алберт во Лондон, од 22 јуни ќе ги отвори вратите за сите посетители во чест на Кемпбел со ексклузивна изложба ...
Без разлика за која нијанса на црвена боја ќе се одлучите, само мала доза од истата може многу да направи за вашиот стајлинг. Модните блогерки веќе го следат тој тренд па на социјалните мрежи можеме секогаш да најдеме дополнителна инспирација. Црвената е бојата на страста и енергичноста, на заводливоста и секако љубовта. И да не сте љубител на оваа нијанса, сосема мала доза од неа во вашиот аутфит ќе направи да го смените мислењето. Тоа може да ...
За неа можеме да кажеме дека е икона на едно време, лик кој одбележа добар дел од 90-те. Долга руса коса, продорни сини очи, сочни усни, јака шмника, облека која открива многу и тетоважи... така ја паметиме Памела во времето на Baywatch и турбулентните љубовни врски. Нејзиниот моден израз прикажа една рокенрол естетика со барби елементи, а таков беше и нејзиниот начин на живот. Но, актерката како да се замори од сето тоа и реши да сврти нов ...
Ева Живковска е наша млада оперска пејачка со голем талент и светла иднина. Таа неодамна се врати од Хрватска со позитивни импресии и наше задоволство ни раскажа за одличниот настап каде што пееше заедно со еминенти оперски имиња од Италија и регионот. Ева изгледаше светски во две ексклузивни креации на ЕЛЕНА ЛУКА во кои што ни позираше и пред нашиот објектив, стилизирана лично од г-ѓа Елена Пандева, генерален менаџер и сопственик на ЕЛЕНА ...
Спалната соба е вашето интимно катче, место создадено за убав сон, романтични моменти со партнерот, дел од домот што буди спокој. Белата боја е помалку здодевна, а силните тонови носат доза на "ризик". Затоа сезоната што следи ќе доминираат пастелните тонови, поточно следниве пет нијанси. Маслинесто зелена Освежувачка боја што ја носи природата во вашата спална соба. Оваа нијанса одлично ќе се спои со бојта на дрвото, доколку имате таков мебел. ...
За време на модното шоу на британскиот дизајнер Кристијан Кауан во Париз, модел облечен како крзнена топка предизвика големо внимание. Видеото кое стана вирално покажува како моделот се судрува со гостите во првите редови, неконтролирано се движи кон Сем Смит кој настапува на ротирачка платформа, за на крај да изгуби контрола во скалите пред да биде "спасена". View this post on Instagram A post shared by Diet Prada (diet_prada) Последната ...
Групацијата Керинг која ја поседува модната куќа Александар Меквин објави кој е новиот креативен директор. Сара Бартон која го имаше своето последно модно шоу пред само неколку дена, ќе ја замени ирскиот дизајнер Шон Мекгир. View this post on Instagram A post shared by KERING (kering_official) Иако е можеби непознат за пошироката јавност, тој зад себе има големо искуство. Има дипломирано моден дизајн на престижниот лондонски колеџ Central Saint ...
Модерни и целосно реконструирани спортски терени добија учениците од ООУ„Партенија Зографски" во Општина Кисела Вода, како донација од општествено одговорната компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ која на нивната реконструкција работеше интензивно изминатиот период. Повеќенаменското и кошаркарското игралиште во рамки на основното училиште, официјално беа ставени во функција завчера со што не само учениците, туку и сите рекреативци во општината ќе може да ги ...
Ревиите на Шанел се едни од најочекуваните во модниот свет, како со дизајните така и со сценографијата каде се одвива модното шоу. За тоа да биде така особено заслужен е легендарниот Карл Лагерфелд, кој од своите ревии правеше вистински моден спектакл. За колекцијата пролет/лето 2024 Вирџинија Вард создаде 72 креации, во коишто се чувствува влијанието на Карл, но со доза на модерен твист. Шарена палета, мноштво светки и цветни мотиви беа само ...
Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија од свечен настан на којшто присуствуваше со своето семејство. Таа за оваа прилика облече креација на ЕЛЕНА ЛУКА, сет од наметка и панталони во флорален принт од колекцијата White flower. Тијана и нашиот докажан бренд имаат долгогодишна соработка и токму затоа таа неретко се одлучува да се појави во некој интересен дизајн со потпис на модната куќа. Покрај синоќешниот настан, Тијана ...
Кејт Винслет е една од најпознатите холивудски актерки која зад себе има извонредни филмски остварувања и многу признанија за исклучителниот талент. За прв пат на малите екрани се појавува на 15 годинишна возраст, во британска телевизиска серија. Винслет е препознатлива по улогите во драми, портретирајќи комплексни и силни жени. Таа доби оскар за својата изведба во The Reader и номинации за улогите во Sense and Sensibility, Titanic, Iris, ...
На Инстаграм наидуваме на секакви ентериери, од луксузни до ултра минималистички, секој со своја приказна и шарм. Домот што денес ни привлече внимание е навистина посебен, а тоа е поради белата боја која буквално е распослана насекаде. Освен белата боја и деталите се во неутрални тонови давајќи му на местото еден бајковит изглед. Она што прво се забележува во станот, тоа е светлината и пространоста. Неговата сопственичка Вања успеала да создаде ...
Кафените тонови имаат посебна топлина и ни даваат чувство на кофмор. Потсетуваат на есен, на променливото време и токму затоа се одличен избор за сезоната пред нас. Темни или светли нијанси, што и да одберете нема да погрешите, а добрата работа е што можете да комбинирате различни тонови во ист аутфит. Монохроматските комбинации ќе ви дадат доза на софистицираност. Кафената боја одлично се спојува со неутрални бои како беж, сива и бела, а ние ...
Изабела Роселини е пример за неверојатен талент и природна убавина, а тоа успешно го докажува и на стартот на осмата декада. Актерката која се има појавено на насловната на италијанскиот Вог дури 38 пати, позираше уште еднаш без филтер, покажувајќи дека е горда на своите брчки. За прв пат Роселини го разубави популарниот магазин на 27 годишна возраст, а сега на 71 година повторно ги восхити сите со нејзиниот безвременски продорен поглед. Покрај ...
Ивана Кнез со „драма" од А до Ш го затвори третото издание на Скопскиот Моден фестивал... По неколку години пауза, Ивана Кнез се врати под рефлекторите на модната писта и во нејзини стил, со „драма" од А-Ш го затвори третото издание на Скопскиот Моден фестивал што викендов се одржуваше во диксотеката „Pure" во градскиот парк. „Од А-Ш! Не е модна ревија, туку костимски концепт на нејзината работа. Трендот има рок на траење, а дизајнерката е ...
Домот во којшто порасна покојната принцеза Дијана, Althorp House, којшто е лоциран во Нортхемптоншир е отворен за посетители. Имотот нуди можност за престој и шанса за гостите да научат нешто повеќе за фамилијата Спенсер, а воедно и да уживаат во луксузниот дом. На гостите им се нуди одлична услуга и секако максимална приватност. Домот вклучува повеќе од 26 спални соби, библиотека и батлерска услуга. Покрај луксузната внатрешност, надворешниот ...
Алек Бимбиловски е македонски дизајнер со потекло од Охрид чиишто плетенини повторно го најдоа своето место и на светските модни писти. Откако мега популарната Аријана Гранде минатата година се пофали со џемпер на „Loewe", од Бимбилоски, плетенините на дизајнерот добија уште поголема популарност. Еднобојниот бел волнен џемпер на кој со црн вез од плетенина е рачно извезен ликот на девојчето од јапонскиот анимиран филм Spirited Away беше хит на ...
Октомври ни ја носи есента во нашиот плакар, а заедно со неа и нова палета на бои, текстури, мириси, ново расположение и енергија... Заедно со октомври, исто така, слоевитото облекување ни станува дел од секојдневието, а со тоа и безброј опции за комбинирање исти парчиња облека. Токму затоа овој месец е особено инспиративен од моден аспект. Како нишка меѓу топлите и не толку топлите денови, ни дава шанса да ги комбинираме омилените парчиња од ...
Најавеното заминување на Сара Бартон од модната куќа Александар Меквин дојде заедно со нејзина последна колекција. По цели 26 години работа за Меквин, Бартон ја остави публиката и сите присутни со воодушевување и по некоја солза. Последното шоу на Бартон ќе биде запишано во историјата како емотивно збогување, пред кое што ни самата Наоми Кемпбел не можеше да ги скрие емоциите кога чекореше во извонредната сребрена креација. Сара не ја копираше ...
Во знакот на белата боја и цветниот деликатен дезен, низ коишто се проткајуваа и елегантни фустани со различна должина како и џинс решенија помина колекцијата пролет/лето 2024 со потпис на Валентино. Пјер Паоло Пиколи овој пат сакаше да стави акцент на насилството на жените во Италија што покрена жестока јавна дебата откако самите жртви беа претставени како виновници. Според Пиколи жените треба да бидат ослободени од било какви стеги и да можат ...
Скопскиот моден викенд го заврши своето 27-мо издание, оставајќи зад себе ехо од трансформативни дискусии, еклектични дизајни и иновативни одржливи концепти. Спој на уметност и мода беа трите денови на овој настан, а во тој правец беше и заокружувањето во последниот ден со моќни интеракции. Прво стартуваше работилницата "Redesign" by SIEC и гардеробé, која е некој интересен спој на традициите и новото време, а потоа се отвори клучната јавна ...
Ана Винтур уредничката на Вог е позната по својата строгост и цврстина. Таа е железната дама во модната индустрија и не трпи однесување што за неа е неприфатливо. За време на модното шоу на Викторија Бекам во Париз, кога дизајнерката ја претстави својата колекција пролет/лето 2024-та, Ана и Ким Кардашијан се најдоа во незгодна ситуација. Имено Ким која е чест гостин на модните случувања, доцнеше на ревијата на Викторија, па кога пристигна ...
Вториот ден на Скопскиот моден фестивал, на распоредот беа две модни ревии: беше презентирана свечена колекција на етикетата Bianka Sposa и заедничка модна ревија на единаесет студенти по моден дизајн на Меѓународниот Балкански универзитет Скопје. Вечерта беше отворена со модна ревија на која фокусот беше на свечените тоалети, изработени од светкави материјали, во варијации на различни силуети и должини. Користена е широка палета на бои која ...
Синоќа, втората вечер на Моден викенд Скопје започна со работилницата „Редизајн" од SIEC i garderobé. Учесниците навлегоа длабоко во уметноста на везење, трансформирајќи ја застарената облека во единствени ремек-дела, покажувајќи го потенцијалот за обновување во доменот на одржливата мода. Емилија Славкова ја наслика ноќта со нејзината 3Д модна презентација „СМИЛЈАНА", прецизно изработена со помош на софтверот Style 3D. Колекцијата на Славкова ...
Под слоганот „Улогата на заедницата во свесен дизајн и мода", Моден викенд Скопје (FWSK), синоќа го стартуваше своето 27-мо издание, преку кое продолжува да ја истакнува одржливоста како централна тема. Настанот оди подалеку од обичните прикази на најновите колекции на сезоната од страна на новите дизајнери. Тоа е внимателно куриран сет од работилници, уметнички инсталации, филмски проекции и проникливи дијалози, сите прецизно вткаени околу ...
Без разлика дали сакате да добиете модерен изглед за во канцеларијата или за вечерна забава, фустанот е секогаш е одлично решение. Тој е спој на кофморт и елеганција, и сам по себе е доволен за да го добиете посакуваниот изглед. Од работното утро па се до вечерната прошетка, фустанот може да стане ваше омилено парче облека. Тој е дефиниција на софистицираност и ве инспирира да го комбинирате на различен начин. Од патики и балетанки, па се до ...
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес во светската филмска уметност, во рамки на 44. издание ИФФК „Браќа Манаки", вчера во битолското кино одржа мастерклас. Тој зборуваше за неговите почетоци, почнувајќи од неговото детство, па до соработката со врвни режисерски имиња. Пораснав во мал ...
ЕЛЕНА ЛУКА како специјална гостинка, со атрактивно модно шоу, вчеравечер го отвори третото издание на Скопскиот моден фестивал. Луксузната модна куќа која е од суштинско значење за домашната модна сцена и е заслужна за нејзиниот прогрес и созревање, ни прикажа врвен „моден коктел" од уникатни дизајнерски парчиња од повеќе нејзини препознатливи колекции и линии што оставиле силен моден печат. Од париски шик до луксузни свечени тоалети, дводелни ...
Јасмин Фурмие е вљубеничка во модата и инспирација за сите со својот разигран и младешки стил. Нејзината насмевка и ведар дух покажува како годините не значат ништо. Со интересните комбинации што ги носи таа е поборник за рушење на нормите и очекувањата. За нејзините спојки можеме да кажеме дека се микс на шик и еклектичен стил, а кратката фризура во разни бои дополнително ја разигрува модната игра на Јасмин. Асиметрични кроеви, облекување во ...
Иако првично асоцираат ан топли денови, белите панталони можат да се носат и наесен. Стилската игра малку се менува, но панталоните остануваат. Единствено што треба да направите е место маички на кратки да облечете интересна кошула, а доколку е постудено додадете џемпер. Сандалите се менуваат во патики,чизми или мокасинки, а со боите можете да експериментирате колку сакате, белите панталони дозволуваат сè. Модните додатоци како шешир и шал, ...