
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Класика заедничка и за машкиот и за женскиот плакар – безвременската црна ролка или како што би кажале Италијанците, „долчевита". Иако Dolce vita во превод од италијански е термин за „убав, сладок живот", кога овие два збора ќе се спојат го добиваат значењето на едно од омилените парчиња кое никогаш не изгубило од својата популарност. Ако претходно, ролки претежно носеле службени лица, војници, членовите на екипажите на подморниците или ...
Кога три легенди ќе се спојат во едно тоа мора да биде совршено. Две големи имиња од светот на модата Џими Чу и Жан Пол Готје, заедно со музичката икона Кајли Миног ги здружија силите и креираа одлична кампања. Врвна спојка на париски шмек, лондонска естетика и префинета заводливост преточени во маестрално изработени чевли. За Џими Чу доволно е да се каже дека е еден од омилените брендови на Лејди Гага, Сара Џесика Паркер, Кендал Џенер, Ема ...
Љубителите на животни и следбениците на веганската мода како и многу поддржувачи на оваа цел неодамна имаа чест да бидат дел на петтата по ред Веганска модна недела која што се одржа во Лос Анџелес. Зад организацијата стои активистката за права на животните Емануел Риенда која успеа да ја одржи и во времето на пандемијата. Целта на самиот настан е да се поттикнат системски промени во индустријата, односно залагање за еколошки импакт во ...
Моментално една од најпопуларните пејачки на глобално ниво е Тејлор Свифт. Таа има цела армија следбеници кои себе си се нарекуваат swifties. Поп сензацијата е периодов актуелна со нејзината Eras турнеја, што е шеста по ред, а значајна е по тоа што таа е досега најголема и најскапа и ги обединува сите нејзини музички периоди. Турнејата вклучува вкупно 146 настапи на пет континенти, а за сите оние кои не успеале а сакале да бидат дел од неа, во ...
По успешните пет години на Мажи на Годината во Македонија, организаторите од Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации го најавија и 6-то издание на официјалниот избор на најуспешните мажи во Македонија за 2023 година кој ќе се одржи на 29.11.2023 година. Настанот кој има за цел да ги награди успешните мажи во Македонија, да ги мотивира да се развиваат како на личен, така и на професионален план, кој ги поттикнува да излезат од својата комфор зона, ...
"Кога ќе се спојат жената и креацијата тоа изгледа токму вака, блескаат како едно. ЕЛЕНА ЛУКА креираше уникатна креација за Ирена, убавина која остава без зборови, уникатна креација за уникатни моменти." Ирена Спировска е дама која вистински ја дефинира елеганцијата. Таа е секогаш со беспрекорен стајлинг, а тоа го потврди и со последното свое појавување носејќи креација на ЕЛЕНА ЛУКА. Викендов во Крушево на Гумење, се одржа концерт насловен „Со ...
Една од најдобрите комбинации кога станува збор за есен, па и за зима е фустан и чизми. Моќна спојка, која дава чувство на женственост и самодоверба, сигурен чекор и беспрекорна елеганција. Токму затоа ви подготвивме неколку одлични стајлинзи со фустан и чизми, кои што можете да ги надополните со блејзери, мантили, јакни и соодветни модни додатоци. Миди фустан + кожна јакна + чизми со потпетица Мини фустан + блејзер + каубојски чизми Кариран ...
Доколку сте љубители на зеленилото, цвеќињата и рустикалните елементи, овој дом ќе биде ваша инспирација. Во мало село во Даблин се наоѓа стогодишна куќа со уникатен шарм, обвиткана со зеленило, дрвени елементи и умешно одбрани детали. Некогашниот семеен дом, сега е живеалиште на уметницата Ивон Парсел. Таа негува посебен однос кон природата, а тоа може да се види од уредувањето на домот. Секое катче има свое зеленило кое одлично се надополнува ...
Есента е погодна сезона за деловни комбинации, затоа што преку слоевитото комбинирање се овозможуваат лепеза на опции како истите парчиња облека за на работа, да ги комбинирате во неколку различни варијанти. Иако секогаш е посакувано во деловниот имиџ дозирано да внесеме карактерност, сепак повеќето се одлучуваат за побезбедни деловни комбинации во смирени, неутрални тонови. Но, дури и кога бирате ваква палета, секогаш може да ѝ дадете шанса на ...
Компанијата Adobe го претстави својот најнов проект наречен Primrose - фустан што интерактивно го менува својот дизајн само со притискање на копче. Честа да го претстави овој револуционерен дизајн ја имаше Кристин Диерк која е истражувач и научник во Adobe Research. Присутните на настанот беа шокирани од тоа како тесниот миди фустан без прерамки го менуваше изгледот како да е екран на којшто работат дизајнери. Освен тоа фустанот самиот го ...
Џенифер Лопез секогаш знае да привлече внимание. Латино дивата, која важи за една од најсексипилните жени во светот, блесна во креација на Скијапарели на отворање на новиот продажен салон на модната куќа во Беверли Хилс. Ѕвездата се одлучи за долг фустан без прерамки во златно-кремова нијанса што ги истакнуваше нејзините облини. Гламурозната тоалета одлично прилегаше на нејзиниот убав тен и извајаното тело. Покрај Џеј Ло, која беше една од ...
Стефанија Алексов од Штип, студентка на петта година на Медицински факултет, е среќната добитничка на ексклузивниот Giveaway ваучер во вредност од 1000 евра, што модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА го организираше минатиот месец. Оваа исклучително вредна награда вклучува изработка на уникатна, „custom made" креација во вредност од 1000 евра која што ЕЛЕНА ЛУКА ќе ја креира специјално за среќната добитничка. Нашата драга ЕЛЕНА ЛУКА, на почетокот на месецот ...
Никој не претпоставуваше дека едни "грди" чевли ќе станат модна сензација. Birkenstock не беа создадени за модниот пиедестал. Тие се широки, рамни, целосна спротивност на елеганција и изгледаат гломазно. Компанијата што стои зад нив е основана далечната 1774 од страна на германскиот производител на чевли Јохан Адам Биркенсток. Неговата цел беше да се изработат удобни и комфорни обувки. Чевлите од плута, велур и јута беа за прв пат дизајнирани ...
Иако можеби не е некој нов тренд, комбинацијата од мини здолниште (фустан) и чорапи со рамни чевли наоѓала место низ годините. Иако првенствено изгледа како естетика за млади, тоа е еден микро тренд, којшто го прифаќаат дами од различни генерации, а доказ за тоа е 61 годишната модна новинарка Ана дело Русо. Ако ги погледнеме објавите на популарните Инстаграм инфлуенсерки, но и уличната мода од скорашните модни недели ќе забележиме дека овој ...
На само час и половина возење од Рим, во селото Вињанело се наоѓа дворецот Русполи. Зданието е импресивно, но она што навистина го одзема здивот е неговата ренесансна градина, за којашто можеме да кажеме дека е една од најубавите во Европа. Благодарение на градината дворецот е идеален за венчавки и романтични прошетки. Првиот дел од градбата датира уште од 847-ма година кога бил дел од одбрамбена тврдина што го штитела селото. Во 1531-ва ...
Откако започна да се прикажува документарецот Beckham популарноста на семејството дополнително се зголеми. Викторија и Дејвид низ годините постојано беа под медиумското будно око, а секоја нивна заедничка појава беше празник за папараците. Уште од почетокот на врската покрај нивната љубов, интересни беа и комбинациите во коишто се појавуваа. Неретко парот одбираше одговарачки стајлинг, од глава до пети, а можеме да кажеме дека овој тренд се ...
Според компанијата Lyst која покрај другото се занимава и со истражувања Miu Miu е модниот бренд којшто е моментално на челната позиција во однос на популарноста и заработката. Новиот Lyst Index којшто во секое тримесечје објавува статистика за најпопуларни брендови, за последниот квартал ја издвои токму модната куќа Miu Miu. За успехот заслужни се нивните вирални ревии, но и специјфичните креации како кристалните гаќички со неверојатна цена од ...
Есента и зимата се одлични за експериментирање со повеќеслојна облека. Тогаш можеме максимално да ја искористиме облеката во нашиот гардеробер. Тоа одлично знае да го направи блогерката Наташа Петровиќ која креира одлична модна содржина на Инстаграм. Покрај нејзините интересни стајлинзи таа преку видео записи дава и совети за тоа како да комбинирате различни парчиња. На нејзиниот профил @natasa.rocks ќе наидете на одлични спојки што ќе може да ...
Од низата документарци следен на листата е тој за кланот Кардашијан-Џенер. Според најавите пред неколку месеци, главната улога ќе ја има Кејтлин Џенер, односно екс-сопругот на Крис Џенер, Брус, кој пред неколку години го промени полот. Кејтлин ќе открие работи за семејството што можеби досега не биле спомнати. View this post on Instagram A post shared by Kris Jenner (krisjenner) Документарецот од три епизоди, ќе биде насловен House of ...
Моника Белучи е дефинитивно лик кој сакаме да го гледаме. Нејзиниот италијански шарм, заводливите облини и неоспорниот актерски талент дише од секоја пора и ја прави допадлива за сите генерации. Во последната фотосесија која што заедно со интервју ја направи за германското списание Icon таа изгледа подобро од било кога. Сигурна во себе, со одмерена доза на сексипил и безвременска убавина таа позира пред објективот во црн фустан од Валентино и ...
Во последната кампања за брендот на Ким Кардашијан, SKIMS, главна улога имаат две добро познати дами – фамозната Саманта, односно Ким Катрал и Нели Фуртадо, пејачката позната по својот уникатен глас. Кланот Кардашијан-Џенер знаат како да направат добар маркетинг ставајќи ја поп културата во преден план. Тоа го направија и овој пат искористувајќи ја актуелноста на двете дами, на најдобар можен начин. Идеологијата на брендот е да се промовираат ...
Ако нешто навистина ни треба во домот тоа е топлина во секоја смисла на зборот. Топлината која ја прават луѓето, а ентериерот нежно ја дополнува. Иако есента знае да биде студена, сепак боите што ја одбележуваат не греат. Токму такви топли нијанси заедно со мала игра на светлина го прават домот на дизајнерката Теодора прекрасно место. Теодора Mелник покрај тоа што одлично уредува ентериери таа и фотографира создавајќи мали ремек дела од топлите ...
По повод денешниот ден на менталното здравје (10.10), сакаме да ве потсетиме колку е важно да го чуваме умот и да се фокусираме на позитивното. Неколку пријателски совети во продолжение. Дружба со пријателите Кога велиме дружење со пријателите, не мислиме на онлајн конверзација. За да биде поврзаноста ефективна потребна е средба во живо. Не ги одбегнувајте средбите со пријателите и луѓето што ви значат. Трудете се што повеќе да се сретнувате ...
Чизмите и официјално добија статус на чевли што ги носиме речиси во секое годишно време, дури и во лето кога сакаме да оставиме поголем впечаток со нашиот невообичаен стил. Токму ова ни дава слобода да експериментираме и со моделите, па кога станува збор за тренд многу дизајни доаѓаат во комбинација. Од бајкерски и каубојски модели, до набрани елегантни чизми, како и оние од велур и кожа, кратки, над глужд или над колена, се зависи од вашиот ...
Продуцентот на емисијата „Лица и дела" која се емитува на Тв Сонце, Симе Младеновски е добитник на две награди за мир и хуманост: „Мајка Тереза" и „Цветинова награда" кои му беа врачени деновиве на платото пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. „Наградата „Мајка Тереза" посебна ми е драга затоа што е награда за мир и хуманост и сите знаеме што правела мајка Тереза и колку работела колку била хумана и колку посакувала мир во светот. Драго ...
Појадокот е најважен оброк во денот и затоа треба да му посветиме малку повеќе внимание. Ако по утрото денот се познава, тогаш да го започнеме здраво. Ако сакате да сте сигурни дека појадокот ви е полн погодок вклучете ги следниве намирници. Леб, лосос и авокадо Хранлив појадок содржи јаглехидрати од цело зрно. Тоа подразбира интегрален леб, најчесто ржан, којшто во комбинација со лосос е одличен избор. Додаваме пире од авокадо и свежо цеден ...
Ако нијансите на сиво ве асоцираат на монотонија, размислете два пати... Всушност, со сива може да постигнеме супер забавен стилски ефект, кога ќе ја искомбинираме на „вистинскиот начин". Есента ни дава можност за безбројни варијации во слоевитото и деликатно миксање на парчиња облека, ткаенини и дезени, а сето тоа ги зголемува и шансите за што поатрактивен стајлинг во сиво. Овие комбинации особено ги обожуваат минималистите, но секогаш може да ...
Месецот на модата заврши, а тоа што го видовме во Париз беше јаготката на шлагот. Ова воопшто и не е чудно со оглед на тоа што метрополата е дом на некои од најголемите модни куќи и ги постави темелите на индустријата. На модната недела, токму во Париз, Dior, Chanel, Mugler, Saint Laurent, Balmain, Balenciaga и уште многу имиња ја покажаа својата замисла за претстојната сезона, секој во свој препознатлив моден израз и шарм. Лојалните модни ...
Креативниот директор на модната куќа Баленсијага, Демна Гвасалија, се враќа на корените. Како што и самиот изјави по завршувањето на модното шоу во Париз, каде ги видовме моделите за следната пролет – ова е колекцијата со која што најмногу се поврзува досега. Не е далеку од вистината со оглед на тоа ревијата ја отвори неговата мајка Ела, а помеѓу останатите модели се најдоа луѓе кои се блиски со дизајнерот и од кои црпи инспирација за своите ...
Едноставно насловен Бекам, документарецот кој ја раскажува приказната за Дејвид Бекам, веќе привлече големо внимание кај јавноста. И покрај тоа што речиеи 30 години, беше во центарот на случувањата и постојано под будното око на јавноста, како фудбалска ѕвезда и поп икона, сепак некои работи за Дејвид останаа невидени и нечуени. Токму таа задача ја има сега документарецот кој ги изнесува на виделина како убавите така и лошите моменти од животот ...