
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Прецизното бирање на бои е клучен момент во стајлингот. Доколку паметно ги искомбинирате добивате тренди look без многу вложувања. Годинава беше наклонета кон неутралната палета, со исклучок на црвената боја која што им се приклучи на црната, крeмавата, кафената, сивата, како и розовата која се најде во гардероберите благодарение на филмот Barbie. Зимава нема да биде поразлична, а ова се петте комбинации на бои што ќе доминираат. Црвена + црна ...
Најпознатата италијанска блогерка Кјара Ферањи ги отвори вратите од својот нов дом. Нејзините 29,7 милиони следбеници имаат можност да погледнат како изгледа новиот луксузен пентхаус, којшто воедно е и првата купена недвижнина на семејството Ферањи. Нејзината модна и козметичка линија дополнително придонесоа за уште поголема популарност на Кјара низ годините, која што кулминираше со ријалити шоу The Ferragnez. Кјара на Инстаграм сподели ...
Барселона важи за град со исклучителна архитектура, импозантни ремек дела, особено кога станува збор за модерната архитектура. Каталонската престолнина изобилува со градби коишто меѓусебно се разликуваат по стилот и заедно ја создаваат уникатната панорама на градот. Една таква градба е библиотеката наречена Габриел Гарсија Маркез, која воедно е прогласена и за најдобра јавна библиотека во светот. Зданието се наоѓа во населбата Сант Марти, а ...
Зина Чаркоплија е модна блогерка која што поседува и своја туристичка агенција. Оваа дама е позната на Инстаграм по тоа што креира совршени деловни комбинации, особено за зимските денови. Во нејзиниот гардеробер преовладуваат топли, земјени тонови, а омилено парче облека и се долгите капути, елегантните одела и кожните здолништа. Зина е голема инспирација за оние кои сакаат да покажат самодоверба со софистициран стајлинг. Кожните здолништа ...
Откако пред неполна година соопшти дека стана мајка за прв пат, Парис Хилтон повторно ја изненади јавноста со веста дека со сопругот добиле уште едно бебе. Ќеркичката парот ја доби од сурогат мајка, исто како и синчето Феникс пред 11 месеци. View this post on Instagram A post shared by Paris Hilton (parishilton) Наследничката на империјата Хилтон веста ја објави на Инстаграм споделувајќи фотографија од розова бебешка облека на која е испишано ...
Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените го одбележува почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство", која завршува на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Оваа година е под мотото „Обединете се! Инвестирајте за да го спречите насилството врз жените и девојчињата!" Секоја трета жена во светот, барем еднаш во животот била изложена на физичко или сексуално насилство од интимен ...
Модните ентузијасти денес повеќе придаваат значење на неконвенционални и автентични стилови кои ни ги презентираат познатите дами. Одличен бенефит од дигиталниот свет е што можеме да погледнеме во гардероберите на модните инфлуенсерки и да украдеме по некоја идеја која што ќе ја прилагодиме на нашиот буџет. Социјалните мрежи се секогаш тука за инспирација, па така и денес одвоивме неколку улични стајлинзи на некои од познатите дами кои важат за ...
Познатата стоковна куќа Сакс, која се наоѓа на Петтата Авенија во Њујорк и француската модна куќа за оваа празнична сезона создадоа неверојатна инсталација. За да се создаде овој магичен декор наречен Вртелешка од соништата, потребни беа 10 месеци и 100 работници. Ова е досега најголемата украсна инсталација во историјата на стоковната куќа. Декорациите беа изработени во Италија и донесени специјално за оваа прилика во Њујорк. Свеченото ...
Од зимските бајковити дестинации денес ја извојуваме Алта Бадија. Станува збор за живописен ски-центар сместен во покраината Јужен Тирол на Доломитите во северна Италија. Местото воодушевува со природна убавина, свеж воздух и има прекрасна понуда за сите вкусови. Алта Бадија зрачи со автентичен алпски амбиент од типот на колиби и изобилува со сончеви денови, дури 300 годишно. Се состои од шест мали села, огромно пространство ливади, пасишта, ...
Новогодишните и божиќните празници се одлична можност да се подарат прекрасни и уникатни ракотворби, призводи од македонски занаети, уметности и креации. По тој повод на 9-ти декември во Public Room ќе се одржи DMWC Бaзар под наслов "Во ритамот на македонски традиционални занаети и креации". На базарот ќе бидат изложени рачно плетени производи за деца и возрасни, рачно плетени дамски чанти, персонализирани чанти и шапки, плетени детки играчки, ...
Долгонајавуваниот филм за дизајнерот Александар Меквин конечно ќе се реализира. За прв пат биопикот беше најавен во 2016-та година. По седум годишен молк од страна на продуцентот Демијан Џонс, неодамна протекоа информации дека биографскиот филм за Меквин ќе биде прикажан на големото платно. Филмот ќе го покаже дизајнерот во она светло како што навистина и беше. Првобитната замисла на продуцентот за филмот не е променета, а она што за овие ...
Џемперите не можеме да ги заобиколиме во зима, па како и сите претходни, така и оваа што следи ќе посегнеме по оние најмеките, најтоплите и најубавите плетените парчиња. Еднобојните секогаш доминираат, а годинава тие ќе бидат и нешто пошироки и поопуштени. Сепак тоа не значи дека нема да се носат и потесни модели. Пастелните тонови ќе бидат најзастепени, а по нив секако ќе следи хит бојата за сезонава – црвената. Сивите тонови се исто така во ...
Машничките или панделките секогаш се во служба на женственоста, но со мала доза на детинест шарм. На некој начин сезонава овој мал но моќен моден детаљ повторно се враќа на сцената. Ги гледавме на ревиите на Валентино и Џембатиста Вали во чиишто креации е и честопати главен мотив, но застапени беа и на раскошните фустани од Нина Ричи, на блузите од Сан Лоран, на мини здолништата на Балман... View this post on Instagram A post shared by ...
Ice Castles е прекрасен зимски феномен во форма на снежни кралства кои навечер светат во сите бои. Изгледаат навистина бајковито и примамуваат посетители од секоја возраст. Постојат од 2011 и секоја година имаат по некоја нова зимска авантура. Овие кралства ги има во Минесота, Њу Хемпшир, Њујорк и Висконсин, а идејата за нив дошла сосем случајно. Зад нивната приказна стои Брент Кристенсен, кој за прв пат направил ледена креација во дворот за да ...
Ice Castles е прекрасен зимски феномен во форма на снежни кралства кои навечер светат во сите бои. Изгледаат навистина бајковито и примамуваат посетители од секоја возраст. Постојат од 2011 и секоја година имаат по некоја нова зимска авантура. Овие кралства ги има во Минесота, Њу Хемпшир, Њујорк и Висконсин, а идејата за нив дошла сосем случајно. Зад нивната приказна стои Брент Кристенсен, кој за прв пат направил ледена креација во дворот за да ...
Полека се наближуваме до периодот од годината кога се собираме да ги прославиме достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на мажите кои навистина направија разлика во нашата заедница. Титулата „ Маж на годината" често се поврзува со престижни награди или признанија доделени на поединец кој има направено значајни придонеси или достигнувања во одредена област или на поширок план. Па додека се наближуваме до 6тиот избор „ Мажи на ...
Анин Бинг, во модниот бизнис позната како кралица на минимализмот, во својата актуелна зимска колекција ја користи добро познатата и воедно успешна формула – црно, бело и едноставно. Минималистичката естетика е нејзина препознатливост, која и самата одлично ја носи. Нејзината актуелна зимска колекција „изложена" и на нејзиниот Инстаграм профил, е допадлива од повеќе аспекти: парчињата меѓусебе може лесно да се комбинираат, што е функционално, а ...
Откако за прв пат почна да се прикажува документарецот за животот на Дејвид Бекам, истиот привлече големо внимание кај јавноста. Меѓу разните сцени и приказни за Бекамови, еден момент беше прилично интересен, а тоа е кога Викторија зборува за тоа дека потекнува од "работничка" класа. На ова се надоврзува и Дејвид и ѝ вели да биде искрена со изјавите. Викторија се обидува да докаже дека не ѝ било од секогаш лесно, но Дејвид инсистира таа да ...
Еден од најголемите изведувачи на сите времиња, Стинг, доаѓа во Загреб. Добитникот на 17 Греми награди ќе одржи посебен концерт во рамки на својата светска турнеја во загрепската Арена на 27 мај следната година. На сцената на музичарот ќе му се придружи и неговиот рок бенд со којшто заедно ќе ги изведат најголемите хитови од неговата кариера како дел од бендот The Police, но и како соло артист. Стинг на концертот меѓу другото ќе ги испее ...
Славните потпетици со црвен ѓон, ремек делото на Кристијан Лобутин прославија 30 години. Многу познати дами се поклонуваат пред неговиот легендарни лобутинки како на пример Памела Андерсон, Лејди Гага и Блејк Лајвли. Низ годините чевлите се појавија во многу серии и филмови – Кери ги носеше во Sex and the City, а еден пар специјално беше дизајнеиран за Мис Пиги од филмот The Muppets во 2011-та. Тејлор Свифт носеше верзија со кристали на ...
Таа е една од дамите која што храбро и насмеано ги прегрнува своите години и чекори напред како времето да не ѝ може ништо. Голди Хоун иако вчера наполни 78, сè уште ја имаа онаа енергија како пред неколку децении. Оскаровката е токму поради тоа една од омилените актерки, а заедно со долгогодишниот партнер, актерот Курт Расел, важат за еден од најдолговечните парови во Холивуд. Уште од почетокот на нејзината кариера Голди ја забавува публиката ...
Суки Вотерхаус го чека своето прво дете со партнерот Роберт Патисон. Суки, 31 која е модел, пејачка и актерка повеќе од пет години е во врска со ѕвездата од Бетмен. Двојката ја започна својата романса во јули 2018 година и оттогаш како што вели пејачката не биле разделени повеќе од два месеци. Суки официјално објави дека е бремена додека настапуваше на концерт во Мексико, а за оваа прилика одбра краток, светкав, розов фустан дополнет со розова ...
Мис Универзум годинава беше настан за паметење - 72. издание на изборот за убавина испиша историја славејќи ги жените во сите облици и форми. За прв пат се појави plus-sized модел, Џејн Дипика, преставничката од Непал гордо чекореше на пистата во името на сите жени со облини и ги размрда стереотипите за мисиците. Taa е активист за ментално здравје и позитивен став кон телото. Освен тоа се појавија и две трансродови преставнички. Дамите од ...
Кога е во прашање соработката на Дани и ЕЛЕНА ЛУКА, резултатот е секогаш беспрекорен! Викендов, на претпразничен музички настап, Дани освен што очекувано владееше на сцена, исто така и изгледаше: моќно, а истовремено женствено во фантастичен црн дизајнерски сет од ЕЛЕНА ЛУКА. ЕЛЕНА ЛУКА е бренд кој создава врвна мода со карактер, а Дани е рок дива која знае како таа дизајнерска препознатливост да ја носи и да ја интерпретира на вистинскиот ...
Ненадминлива зимска класика што нуди безброј опции за комбинирање – доволна причина за „камел" капутите да се додадат на листата омилени и есенцијални зимски парчиња. Неутралната естетика е нивната предност, поради што лесно може да се адаптираат во сечиј имиџ и за различна пригода – од деловни до свечени. Последниве неколу сезони, во модниот фокус се предимензионираните модели што може лесно да ги комбинирате во слоевити аутфити, во спој со ...
Шалот едноставно не можеме да го заобиколиме кога температурите ќе паднат. Овој практичен додаток освен тоа што не грее, може да биде и делчето што недостасува за да добиеме полн моден погодок. За малку да ја освежиме и разиграме облеката, која најчесто е во наутрални нијанси, предложуваме шал во боја. Добра вест е што ги има во секоја нијанса, од двобојни дезени па се до ултра шарени. Оние кои се држат до својата минималистичка естетика, ...
Дора Калмус или како што самата се нарекуваше Мадам Д'Ора ја имаше ретката привилегија да ги фотографира големите уметници, луѓето од елитата и да биде главен фотограф на модните дизајнери. Таа успеа со својот објектив да го долови животот во два големи града Париз и Виена, местата каде се случуваа најголемите настани во светот на модата и уметноста. Дора преку своите фотографии ни ја прикажа Виена кон крајот на 19 век и Париз во 20-те и 30-те ...
Конечно се случи тоа што многумина со нетрпение го очекуваа - Раде Врчаковски - Врчак и официјално се „врати" на македонската музичка сцена. Вчера на сите социјални мрежи и музички платформи беше објавена заедничката песна на Врчак и момците од ДНК со наслов „Посреќна" , а според коментарите на публиката, вредело што чекале толку долго време за повторно да се случи овој музички спој. Автори на музиката на оваа песна се Панчо и Лазар Цветковски, ...
Ако барате минималистичка алтернатива на традиционалниот црвено-зелен празничен декор, ние ќе ви предложиме една интересна опција: црно-бело. Инспирација може да најдете на различни платформи, како Пинтерест и Инстаграм каде постои ризница од идеи како со игра на црна и бела може да направите фантастичен новогодишен декор во вашиот дом. Овој монохроматски спој може да го акцентирате со златни или сребрени детали, што ќе му дадат контраст и нота ...
Доколку патот ве носи во Словенија, наша топла препорака е да го посететите резерватот Зеленци. Причината е едноставна - ова место во зима се претвора во вистинска идилична бајка. Па ако сте љубител на природата и сакате да креирате незаборавни фото-содржини Зеленци е вистинското место. Овој предел е прекрасен во текот на целата година, но кога ќе падне снег се случува вистинска магија. Се наоѓа на северниот дел на словенскиот национален парк ...