
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Чантата Speedy Bag со потпис на Луј Витон чини еден милион долари. Оваа вртоглаво висока сума изгледа нереална и се прашуваме што се крие зад седум цифрената бројка. За прв пат чантата беше претставена на Париската модна недела во јуни годинава, кога новиот креативен директор на модната куќа Фарел Вилијамс дебатираше со својата колекција за мажи. View this post on Instagram A post shared by (luckydraw_kr) Може да се нарача во жолта, сина, ...
Холивудската актерка Мишел Фајфер заедно со нејзиниот сопруг, телевизискиот продуцент Дејвид Кели одбележаа 30 години брак. По овој убав повод, актерката сподели симпатично селфи заедно со нејзиниот сопруг на инстаграм со порака „30 години среќа". Холивудскиот пар е во брак од 13 ноември 1993 година, а заедно го имаат синот Џон Хенри и ќерката Клаудија Роус, која Мишел ја посвоила непосредно пред да се запознае со Дејвид Кели. View this post on ...
Она што го бараме од секој дом е тој да биде спокојно и релаксирачко место, катче каде што ќе можеме да здивнеме и да се чувствуваме комфорно. Неспорно е дека студените есенски денови ќе не натераат да поминеме поголем дел на затворено, во убавата атмосфера на нашиот стан или куќа. Токму затоа од Инстаграм домовите денес го одбравме тој на Кери Дејвидсон, којшто се наоѓа во Њукасл, Англија на површина од 128 метри квадратни. Кери, која таму ...
Во последното декемвриско издание на американскиот Вог се најдоа и два лика коишто според многумина и не се материјал за во престижниот магазин. Милијардерот Џеф Безос и негоава свршеница Лорен Санчез се мета на негативни критики откако се појавија во декемврискиот број. На една од фотографиите двојката позира во вестерн издание, прегрнати во ретро комбе. Основачот на Амазон носи кафен каубојски шешир, црна маичка на кратки ракави и сини ...
Муза за дизајнерите, колекционер, модел, дизајнер на накит, поим за стил и омилена меѓу Њујошката елита. Но, она по што Тина Чоу засекогаш ќе остане запаметена е минимализмот, начинот на облекување кој таа го создаде, неодоливо го носеше и инспирираше цела војска на обожаватели и присвојувачи на оваа естетика. Кејт Мос за неа ќе каже дека беше дама со ненадминат стил и нејзина лична инспирација, додека Карл Лагерфлед беше токму тој што ја нарече ...
Деловниот стил кажува многу за нашата професионалност, зборува за личноста зад облеката и на некој начин го отсликува нашиот карактер. Сепак не е секогаш лесно да се направи вистинската комбинација, да се одберат парчињата коишто одговараат и на приликата, но и на сензибилетот на личноста. Студените денови наметнуваат потреба од слоевито облекување, што значи можеме да бидеме покреативни. Без јакните и капутите нема да можеме, а тука некаде ќе ...
Кога го ставаме комфорот на прво место, но сакаме истовремено да изгледаме и тренди тука се широките, долги панталони коишто дефинитивно ќе ја одбележат сезоната пред нас. Можат да бидат изработени од различни материјали како тексас, кожа, памук или волна, но она што е заедничко е слободата на движењето што ни ја пружаат. Во нив изгледаме кул, без да се трудиме, а тоа е всушност клучниот момент во градење на стилот. Инстаграмџиките ги обожуваат ...
Во Холандија се наоѓа едно мало средовековно гратче, наречено Бредеворт. Во него стануваат околу 1.600 постојани жители, но она што е специфично за него е тоа што пред точно пред 30 години, тој го добива епитетот – Градот на книгите. Причината за тоа е едноставна. Бредефорт е огромна ризница на книги, коишто се распоредени во 20 древни книжарници. Bredevoort Boekenstad, започна во 1993 како иницијатива повторно да се оживее историскиот центар. ...
Факт дека стресниот начин на живот не ни дозволува често да се релаксираме и опуштиме. Едноставно немаме време да го правиме тоа што го сакаме, а од друга страна сме пренатрупани со обврски и премногу информации на дневно ниво. Познато е дека скандинавските земји се наоѓаат на врвот на листата Најсреќни нации во светот. Уште од 2012 па наваму Данска, Шведска, Финска и Норвешка важат за најсреќни земји на планетава. Годинава Данска е на второ ...
Многу работни позиции веќе дозволуваат патики во канцеларија што особено нè радува. Патиките, доколку се комбинираат соодветно, можат да бидат дел од еден урбано елегантен стајлинг, а вие да се чувсвувате комотно во текот на целиот ден. Денес патиките се многу повеќе од спортски обувки, тие се поим за стилски печат, составен дел од нашето модно изразување. Ги има во секакви дизајни од гломазни и ретро, до минималистички и луксузни со потпис на ...
Оскаровката Мишел Јо е новиот амбасадор на брендот Баленсијага и заштитно лице на колекцијата пролет/лето 2024-та. Јо испиша историја кога на минатите Оскари стана првата жена од Азија која го освоила ова престижно признание. Мишел, 61, зад себе има извонредна четиридецениска актерска кариера, појавувајќи се во различни филмски жанрови од акција до драма. Таа само годнава се појави неколку пати во креации на Баленсијага меѓу кои на црвениот ...
Новоименуваниот креативен директор на модната куќа „Москино", Давид Рене почина вчера во Милано на 46-годишна возраст. Веста ја потврдија од неговата матична куќа, каде беше на водечката позиција само десетина дена. „Иако со нас беше многу кратко, Давид уживаше голема почит и симпатии меѓу вработените. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и неговите пријатели", изјави Масимо Ферети, извршниот директор на Aeffe, компанијата која го поседува ...
Новоименуваниот креативен директор на модната куќа „Москино", Давид Рене почина вчера во Милано на 46-годишна возраст. Веста ја потврдија од неговата матична куќа, каде беше на водечката позиција само десетина дена. „Иако со нас беше многу кратко, Давид уживаше голема почит и симпатии меѓу вработените. Изразуваме длабоко сочуство до семејството и неговите пријатели", изјави Масимо Ферети, извршниот директор на Aeffe, компанијата која го поседува ...
Тандемот патики и костум стана тенденција што ги освои сите генерации и публиката од сите профили. Веројатно спојот на елеганција и удобност, многумина ги „купува од прва" и веќе неколку сезони наназад се работи за вирално прифатен тренд. Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман неодамна, во неформална прилика се појави токму во такво издание кое би го карактеризирале како удобна елеганција. Комбинацијата од бел костум во полежерен крој и ...
Уште кога за прв пат ја најавија соработката јавноста беше нетрпелива да види што ќе произлезе од креативната симбиоза на Rabanne и H&M Капсулната колекција, којашто беше првично презентирана за време на Париската модна недела во ноќниот клуб Силенсио, собра голем број на ѕвезди и љубопитни модни ентузијасти. Колекцијата остана доследна на очекувањата, легендарниот материјали родоид, по којшто Rabanne е препознатлив, и овојпат доминираше во ...
Викенд е време кога сакаме малку да подзаборавиме на неделните обврски и да се опуштиме (колку што можеме). Затоа денес ви предложуваме три дестинации, недалеку од главниот град коишто вредат да се посетат и повеќе од еднаш. Козјак Доколку досега не сте го посетиле езерото Козјак, време е тоа да го направите. Тоа е најголемото вештачко езеро во Македонија, а лоцирано е помеѓу Сува Гора и резерватот Јасен. Долго е 32 километри, а далбоко 130 ...
Полека но сигурно пристигнуваат деновите кога ќе треба да ги извадиме плетивата и да ги искомбинираме со останатите парчиња од зимската облека. Она што е навистина добро е што сите плетива без разлика на моделот совршено добро одат со здолништа. Таа е стилска и елегантна комбинација што секогаш "спасува" кога немате идеја што да облечете. Токму оваа спојка е една од омилените на модните блогерки, а Инстаграм изобилува со интересни решенија што ...
Ирина Шајк е несомнено една од најубавите жени во светот. Супермоделот, 37, со својата беспрекорна појава секогаш привлекува внимание. Но, прекрасната русинка, освен со изгледот ја интригира јавноста и со својот приватен живот. Шајк беше во врска со актерот Бредли Купер, а заедно ја имаат ќерката Лиа. Ноемвриското издание на магазинот Elle ја има токму Шајк на насловна, а во интервјуто моделот зборува за нејзините ставови во врска со животот. ...
Вчеравечер со одлична коктел забава исполнета со многу позитивни вибрации, ЕЛЕНА ЛУКА го најави новото поглавје во својата успешна приказна: нов ексклузивен продажен салон во Скопје, лоциран во непосредна близина на добро познатото ателје во Капиштец. Голем број пријатели и соработници на ЕЛЕНА ЛУКА присуствуваа на официјалното отворање на нашето ново омилено место за мода и шопинг и уживаа во модерниот амбиент, ексклузивниот избор на модни ...
Послената кампања зад која што стои американскиот дизајнер Александар Ванг е навистина моќна. Главна ѕвезда е Наоми Кемпбел, а каде и да се појави црниот пантер таму секогаш се крева прашина. Несопирливата Наоми, 53, овој пат позира топлес, со метални боцки на нејзиното тело, што според Ванг само ја дополнуваат моќта што Кемпбел ја носи. За потребите на Resort 2024 колекцијата, освен топлес супермоделот и целосно се соблече на една фотографија, ...
Њујоршкиот музеј Метрополитен вчера ја најави тематика на следната изложба на костими и на популарната Мет Гала, која што традиционално се одржува првиот понеделник од месец мај. Следната година тоа ќе биде на шестиот ден од месецот, а изложбата ќе опфати некои од најстарите и ретко видени дизајнерски креации низ историјата. Гостите кои што ќе присуствуваат ќе треба да го прилагодат својот стајлинг на темата Sleeping Beauties: Reawakening ...
Патрик Демпси, актерот кој јавноста најмногу го знае по неговата улога во популарната серија Grey's Anatomy ја понесе годинешната титула за Најсекси маж на планетава според магазинот People. Признаниево доаѓа во вистинско време, добро е за моето его, знаете секогаш бев "деверица". Пред речиси две децении се појави како згодниот или "McDreamy" доктор Дерек Шепард измамувајќи воздишки со својот лик во серијата. Шепард, 57, е во брак со сопругата ...
Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023), каде Македонија ја претставуваше 17-годишната Мелани Трајковска од Делчево, која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion). Победничка на изборот е претставничката на Унгарија. Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио „Црнокрак“ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум ...
Уште еден легендарен дизајнер ќе добие свој филмски запис. Овој пат станува збор за Кристобал Баленсијага чијшто живот ќе биде прикажан во истоимената серија која ќе стартува во јануари следната година. Серијата е во продукција на Disney и ќе биде прикажана на нивниот канал. Првиот трејлер е веќе објавен, а во него се наѕира дел од содржината. Ќе биде ставен акцент на почетокот на неговата карира, односно настаните од 1937, па наваму, кога од ...
Со претставата „Декамерон", во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар - МОТ. „Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон", со триумфот на потребата за живот. Животот радоста и среќа, овде и сега" – изјавува режисерот Кочовски кој „Декамерон" го постави на ...
Французинките се секогаш инспирација кога станува збор за мода. Можеме да кажеме дека овие дами, без разлика на возраста, се секогаш беспрекорно стилизирани и го прават вистинскиот моден избор. Ова особено важи за 50+ дамите кои го имаат одамна изградено својот стил и никогаш не прават утка. Низ годините тие постојано докажуваат дека се најдобро облечените жени во светот, а за тоа да биде така клучни се неколку базични парчиња во нивните ...
Дождот и не ни е така омилен особено кога имаме обврски во текот на денот. Но, за среќа, тука се гумените чизми кога најмногу ни требаат, а што е уште подобро ги имаме во различни бои и дезени и сите подеднакво го сакаат дождот. Треба само да ја одбереме омилената топла облека, џемпер, кардиган, шал, капа омилениот мантил, капут или јакна и она што ќе ја заокружи есенската комбинација за врнежлив ден – гумени чизми. Можеби порано важеле за само ...
Креаторот на денешниот ентериер работи и живее во Сингапур, а според она што можеме да го видиме на неговиот Инстаграм профил, неговиот дом е совршен спој на елеганција и функционалност. @madspatial прикажува разновидни архитектонски стилови, од модерни и елегантни структури до рустични и безвременски парчиња. Овој стан е поим за иновативен дизајн и беспрекорно поврзување на формата и функцијата. Освен тоа сопственикот на профилот дава лекции и ...
Есенцијата во гардероберот на секоја жена – црниот фустан. Независно каков е вашиот личен стил и модни преференции, црниот фустан е НЗС во сечиј плакар. Од едноставниот макси црн фустан во прав крој до заводливиот мини црн фустан за посвечени прилики, оваа модна класика е неизбежна. Но, под влијание на тенденциите, секоја сезона ни се сервираат различни варијации на ова засекогаш омилено модно парче. Оваа доцна есен, актуелни се плетените ...
Едни од омилените девојки кога станува збор за мода ни се сканди девојките. Нивниот стил е секогаш добредојден, допадлив, модерен и практичен. Тој е совршен сублимат на сè што ја прави секојдневната мода полн погодок.. Така и сега кога веќе длабоко навлеговме во есента, сканди модата е тоа што ни го привлекува вниманието на социјалните мрежи. Капути, кожни јакни, класични панталони, комбинирани материјали и елегантни чанти е она што може да се ...