Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Добивај вести на Viber Податоците се нeмилосрдни. Старата слика за Европа повеќе не постои. Додека со децении верувавме дека „границата на благосостојбата“ завршува кај поранешната Железна завеса, новата мапа на Евростат покажува сосема поинаква реалност. Новата мапа, заснована на најновите податоци на Евростат, открива дека невработеноста во Европа во 2026 година станала прашање на микролокација, а не на национални граници. Додека некои ...
Добивај вести на Viber Во невремето во Скопје имаше поплавени улици, домови и МАНУ, а граѓаните можат да пријават штети. По силното невреме и обилните врнежи од дожд што го зафатија Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со детален извештај за штетите. Преку бројот 112 се регистрирани голем број пријави, а како најпогодени се издвојуваат општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром. Според податоците, во главниот ...
Добивај вести на Viber Спречен е нов голем пожар во Визбегово. Полицијата вчеравечер уапси три лица под сомнение дека запалиле багер во кругот на приватниот отпад во Визбегово. „Денеска на ул. „Јадранска магистрала” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. На 1 јули 2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир ...
Добивај вести на Viber Петтиот годишен Глобален индекс на пасоши (GPI) е објавен, а Европа повторно доминира на рангирањето. Глобалниот индекс на пасоши го проценува пристапот без виза, како и привлечноста за инвестиции и квалитетот на живот. Девет од десетте најмоќни пасоши во светот се европски, а Сингапур е единствената земја што се пробила меѓу првите 10, според Глобалниот индекс на пасоши од Global Citizen Solutions. За разлика од ...
Добивај вести на Viber Воените трошоци и недостигот на работна сила поради мобилизацијата го намалија растот на Израел. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економскиот раст на Израел во 2026 година од претходните 4,8 на 3,5 проценти, наведувајќи дека зголемените регионални тензии и војната на Блискиот Исток негативно влијаат врз економската активност во земјата. Фондот проценува дека инфлацијата во Израел привремено ...
Добивај вести на Viber Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели министерката за образование, Весна Јаневска. „Во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште“, соопшти Јаневска. Таа рече дека во многу семејства недостига воспитната компонента и додаде дека без поголема ...
Добивај вести на Viber По осум дена поминати под урнатините, спасувачите во Венецуела извлекоа човек. Хернан Алберто Гил Флорес (44) останал заробен 9 метри. Човекот поминал 190 часа под урнатините. Пред неколку дена во земјата имаше земјотреси со јачина од 7.2 и 7.5 степени, а медиумите ова спасување го нарекоа „чудо“. Човекот го нашле во остатоци од урната зграда во тешко пристапна зона и тој е префрлен во болница. Преживувањето по толку ...
Добивај вести на Viber Додека големите европски градови се соочуваат со зголемување на цените на недвижностите и растечки проблеми со домувањето, едно мало село во Шпанија нуди сосема поинаков модел на живот. Во местото Арениљас, кое има само околу четириесет жители, локалните власти почнаа програма во која се обидуваат да привлечат нови семејства и да ја спречат депопулацијата. Бесплатна куќа и работа за нови жители На почетокот на 2026 ...
Добивај вести на Viber Возрасните Швајцарци имаат највисоко просечно богатство во светот, според најновиот извештај за глобално богатство на UBS за 2026 година. Според швајцарската банка, просечната нето вредност по возрасен во таа земја е 910.382 долари. На второ место се Соединетите Американски Држави(САД), со просечна актива од 696.277 долари по возрасен, додека Луксембург е трет со 654.732 долари. UBS ја дефинира активата како збир од ...
Добивај вести на Viber Сè повеќе богати поединци избираат да живеат во Италија, Грција и Швајцарија, додека на Обединетото Кралство, Германија и Франција им е сè потешко да ги задржат своите богати жители, покажува нов извештај. Богатите мигранти сè повеќе ги заобиколуваат некогаш најпосакуваните европски дестинации - Обединетото Кралство, Франција и Германија. Нова студија за миграцијата на луѓе со висока нето вредност, спроведена од ...
Добивај вести на Viber Четири години, рускиот претседател Владимир Путин најмногу успеа да го заштити населението од економските последици од војната во Украина. Тој период сега заврши, објавува Политико. Во последните недели, украинските ракетни и беспилотни напади врз клучната енергетска инфраструктура ја трансформираа војната - претходно мала непријатност што повеќето Руси едноставно можеа да ја игнорираат - во непосредна и сè посериозна ...
Добивај вести на Viber Во најновите руски напади на Украина загинаа 20 луѓе. Бранови руски ракети и ударни дронови го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз Украина. Најмалку 20 лица се убиени, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување се во тек на неколку локации, ...
Добивај вести на Viber Последниве години ретко се случува јавноста искрено да реагира на бренд кампања со чувство дека гледа нешто убаво, а не само уште една реклама. Токму затоа проектот што A1 го реализира заедно со Охридско лето привлече толку внимание. Современата интерпретација на „Билјана платно белеше“ отвори едно важно прашање — дали брендовите денес можат да создаваат културна вредност, а не само visibility? Според реакциите во ...
Добивај вести на Viber КАМ, најпрепознатливиот македонски бренд и компанија во која граѓаните имаат најголема доверба, осма година по ред го потврдува најдобриот сооднос помеѓу цена и квалитет на пазарот, здобивајќи се со нови меѓународни сертификати „Best Buy“. Новите признанија уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на КАМ кон обезбедување квалитетни производи по достапни цени, како и континуираното унапредување на понудата во категориите ...
Добивај вести на Viber Книжарницата „Антолог“ објави дека по вчерашното невреме во Скопје загубила десетици илјади книги во магацинските простории и за тоа, меѓудругото, прстот го впери кон градските власти и негрижата околу инфраструктурата. „Драги Антологџии, „Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои. Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на Кисела Вода и јавната канализациска инфраструктура што ја ...
Добивај вести на Viber Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени. - По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и дезинфицирани, а ...
Добивај вести на Viber Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици, кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7 Мај“ во Полициската академија. Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во ...
Добивај вести на Viber Кефирот со години е дел од исхраната на луѓето ширум светот, благодарение на своите нутритивни карактеристики и бројните бенефити. Денес, сè повеќе луѓе го вклучуваат кефирот во своите секојдневни навики, препознавајќи го како производ кој може да биде дел од балансираната исхрана. Во согласност со современиот начин на живот и потребата од практични решенија, Баланс+ Кефире создаден како практичен избор за сите кои ...
Добивај вести на Viber Четиринаесет годишно момче било физички нападнато и неколку пати избодено со остар предмет од три лица во скопската населба Ченто. Според официјалната објава во билтенот на МВР, напаѓачите Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје се уапсени затоа што на 22.06.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по ...
Добивај вести на Viber Аларм на Онкологија, поплава со фекалии и страв од радијација- кој ќе понесе одговорност? Алармираме за една исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија, посочуваат од опозициската политичка партија СДСМ, од каде укажаа дека ...
Добивај вести на Viber Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дека Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка побарале да направат анализа на економскиите состојби во земјата. Министерката ова го кажа во контекст на евентуалните реформи во Пензискиот фонд, каде што постојат дилеми за исплатливоста во работењето на вториот пензиски столб. - Тие сега побараа да ...
Добивај вести на Viber Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Неготино, премиерот Христијан Мицкоски ги обвини СДСМ и Левица дека со поднесување амандмани на измените на Изборниот законик го блокираат електронското гласање на македонските граѓани кои живеат во странство. Мицкоски рече дека двете партии поднеле 13.000 амандмани со цел да го спречат решението со кое дијаспората би добила можност да гласа по електронски пат. ...
Добивај вести на Viber Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека почнало рушењето на тобако Али на Бит пазар. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“ објави тој. Тобакото се руши во рамки на акцијата за рушење на бесправно изградени објекти, а за конкетното тобако, градоначалникот кажа дека објектот е поставен директно на велосипедска и пешачка патека, што, според него, го отежнува нормалното функционирање ...
Добивај вести на Viber По неколкудневната битка со огнената стихија, конечно, пожарот во Дојран е изгаснат, Градоначалникот на општината, Илија Тентов, заблагодарувајќи се на сите инволвирани во гасењето, објави фотографија од него качен на противпожарен камион. „Со божја помош пожарот во Дојран е изгаснат. Голема благодарност до ТППЕ Гевгелија,ТППЕ Струмица,ТППЕ Валандово,Доброволното Противпожарно Друштво Дојран,Македонски шуми,Гранична ...
Добивај вести на Viber Според првичните информации од владејачките партии познати се ресорите кои ќе бидат распределени во новиот владин состав по реконструкцијата, што укажува дека се подготвува теренот за избори, без оглед дали тие ќе бидат редовни или предвремени, додека пак реформската агенда може и да се оддолжи доколку се променат политичките приоритети, особено со можната блокада на изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ сосема извесно е дека ...
Добивај вести на Viber Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го конзумирале во понеделникот во компанијата, но за среќа нема хоспитализирани пациенти, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. Од Центарот заедно со Санитарниот и здравствен инспекторат и со Агенцјата за храна и ветеринарство направија увид и вонреден надзор и во компанијата и во фирмата која ...
Добивај вести на Viber Во тек се обуките за пилоти и техничари за воените повеќенаменски хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, од кои првите два треба да пристигнат до крајот на годината. - Пакетот предвидува обуката првин да биде таму, а како што ќе ги добиваме хеликоптерите, така дополнително ќе се дообучуваат пилоти и техничари. Тоа е во првата фаза. Кога ќе се стекнат со потребното искуство и потребните сертификати, тогаш ...
Добивај вести на Viber Случаите со семејно насилство во земјава не стивнуваат. Покрај бројните ситуации во кои нападнати се сопругзи или повозрасни родители од нивните полнолетни деца, во полициските служби е пријавен нов страшен случај од Кичево. Имено, станува збор за мајка од Кичево која под дејство на алкохол ја нападнала својата малолетна ќерка. - На 01.07.2026.година во 16 20 часот, на улицата „Иван Трпески“ во Кичево, лишена од слобода ...
Добивај вести на Viber Советот на странски инвеститори го поздравува вчерашното усвојување на измените на Законот за Царинската тарифа, со што дополнително ќе се намалат царинските стапки на 70 стоки што како суровини, репроматеријали и компоненти се користат во преработувачката индустрија. „Намалувањето на царинските стапки значи нивно усогласување со оние што важат во ЕУ. Советот на странски инвеститори во изминатиот период укажуваше на ...
Добивај вести на Viber Радарската слика на метеоаларм, покажува дека цела Македонија се наоѓа во портокалова предупредувачка фаза за можно локално невреме, Претпладне променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлинии, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со ...