Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Добивај вести на Viber Во Тирана синоќа беше одржан најмасовниот протест во историјата на земјата, со учество на неколку стотици илјади учесници, меѓу нив и голем број Албанци од дијаспората, кои пристигнаа во метрополата од неколку европски земји, но и Албанци од соседните земји, објавија медиумите. Протестот почна во 19 часот, од плоштадот "Скендер бег", до плоштадот "Народни херои" и пред владата каде се обратија повеќе говорници ...
Добивај вести на Viber Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. ...
Добивај вести на Viber За многумина, периодот на пости претставува време кога внимателно се избира што ќе биде дел од секојдневната исхрана. Но, тоа не значи и откажување од малите задоволства и навики кои се дел од секојдневието, како што е омилениот кафе момент. Напротив, сè повеќе потрошувачи бараат начин да го задржат своето секојдневно кафе уживање и во деновите на пости, избирајќи производи кои одговараат на нивниот начин на исхрана. ...
Добивај вести на Viber Делегатите на националната конвенција на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) денеска со големо мнозинство ги реизбра своите лидери, додека десетици илјади антидесничарски демонстранти протестираа, а некои се судрија со полицијата што го обезбедуваше митингот. Продолжени се мандатите за уште две години на Алис Вајдел и на Тино Хрупала, кои на денешната конвенција немаа противкандидати. Вајдел е ...
Добивај вести на Viber Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на заедничката прес-конференција во Истанбул со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф, истакна дека Анкара внимателно ги следи обидите на Израел за нарушување на преговарачкиот процес помеѓу САД и Иран, - Благодарение на договорот (САД-Иран), што беше овозможен благодарение на напорите на Пакистан, светот можеше да воздивне со олеснување. Извештаите на меѓународните медиуми ...
Добивај вести на Viber До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ...
Добивај вести на Viber Британската агенција за борба против криминалот и Фондацијата за надзор на интернет објавија нови препораки за заштита на децата од зголемената употреба на вештачка интелигенција (ВИ) за создавање педофилски содржини. Тие ги предупредуваат родителите да не објавуваат фотографии од нивните деца на интернет, бидејќи со помош на ВИ тие можат да се претворат во порнографски материјал. Предупредувањето уследи откако ...
Добивај вести на Viber Полска е во состојба на зголемена претпазливост по информации дека американските разузнавачки служби ја предупредиле Варшава за можен руски напад или вооружена провокација врз полска територија. Полскиот премиер Доналд Туск порача дека земјата мора да биде подготвена за различни безбедносни сценарија. „Не сакам никого да заплашувам, но пред нас би можеле да бидат навистина клучни месеци“, изјави Туск, нагласувајќи дека ...
Добивај вести на Viber Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц за испорака на ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. - Клучниот приоритет сега се ракетите „Патриот“ за да ги заштитиме нашите луѓе од руските балистички ракети. Тоа беше главната тема на нашиот разговор: можноста за снабдување на нашите системи „Патриот“ со ракети, што ни се ...
Добивај вести на Viber Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. На вториот ден од општата расправа по предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, пратениците од владејачкото мнозинство порачаа дека ребалансот, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп 250-годишнината од независноста на САД ќе ја одбележи вечер со политички митинг во Вашингтон, со што ќе заврши повеќенеделното прославување. Денот на независноста ќе биде одбележан ширум САД со традиционалните огномети, паради и концерти. Трамп претстојната прославата во Вашингтон ја оцени како „неговиот најспектакуларен митинг досега“, што ќе биде придружен со воздушно шоу на ...
Добивај вести на Viber Телото на 66-годишен маж од Неготино било пронајдено во водите на реката Вардар, кај селото Црвени Брегови, информира МВР. Според полицискиот билтен, на 3 јули во 15:55 часот во ОВР Неготино, 42-годишен жител на Неготино пријавил дека се сомнева оти неговиот татко, Ј.К. на возраст од 66 години, паднал во реката Вардар откако претходно заминал на риболов. Пријавителот навел дека неговиот татко бил недостапен, а кога ...
Добивај вести на Viber Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска објави дека градот Констјантинивка е под контрола на украинските одбранбени сили и дека информациите што се појавија во медиумите за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека руските трупи го зазеле тој град во регионот Донецк не се точни. Портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, мајор Андриј Ковалев, изјави дека, според податоците на ...
Добивај вести на Viber Поранешниот шеф на германската дипломатија, Јошка Фишер, денеска изјави дека верува оти САД „ефективно се на пат кон излез“ од НАТО, предупредувајќи дека Европа во тој случај ќе мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност. Во интервју за медиумската група Функе, Фишер изрази сомнежи за долгорочниот опстанок на Алијансата во нејзината сегашна форма доколку американскиот претседател Доналд Трамп остане ...
Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на оваа година или на почетоткот на идната да биде ставен камен-темелник за проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10, кој треба да се реализира во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија. Соопшти дека физибилити-студијата е целосно завршена и е во фаза на ревизија, а во однос на финасиери за проектот рече дека има еден и оти јавноста бргу ќе биде ...
Добивај вести на Viber Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е ...
Добивај вести на Viber Спасувачка акција за пронаоѓање на евентуално исчезнати мигранти, веројатно три лица во морскиот дел северно од островот Самос, спроведува грчката крајбрежна служба, откако претходно крајбрежната служба на Турција спасила 34 лица, кои побарале помош, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија опсежната операција за пребарување и спасување е во тек од вчера попладне, започнала по ...
Добивај вести на Viber Санкт Петербург утрово беше погоден од голем напад од украински беспилотни летала, а системите за воздушна одбрана се активни, изјави гувернерот на градот, Александар Беглов. Властите им советуваа на жителите на Санкт Петербург да останат во затворен простор и да избегнуваат излегување надвор додека не се укине предупредувањето за дроновите. Можни се прекини во мобилниот интернет, објавија руските власти. Гувернерот ...
Добивај вести на Viber Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, се наведува во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ. Путин оцени дека потпишувањето на Декларацијата за независност претставува клучна пресвртница во светската историја и почеток на американската државност, објавија руските медиуми. Во честитката, исто така, ...
Добивај вести на Viber Реконструкцијата на Владата која ќе се гласа на 13 јули не е ништо друго освен централизација на моќта во рацете на Христијан Мицкоски. Она што се претставува како „освежување“ е всушност чист театар, стои во соопштението на СДСМ. Се менуваат министри, но политиките остануваат исти. Се менуваат лица, но неуспесите продолжуваат. Ова не е реформа - ова е консолидација на лична власт. Мицкоски веќе ја има целосната ...
Добивај вести на Viber Катастрофалното раководење на Венко, Заев и СДС со државните институции, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, натера голем број наши сограѓани да ја напуштат повремено или пак трајно нашата држава, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение. Венко Заев и СДС, не само што ги избркаа граѓаните од ...
Добивај вести на Viber Собранието го изгласа новиот Закон за парнична постапка, со кој се најавува поширока реформа во граѓанското судство и приближување на постапките до европските стандарди. Законот беше донесен со 81 глас „за“, 9 пратеници гласаа „против“, а воздржани немаше. Новите решенија треба да овозможат побрзи, поедноставни и поефикасни судски постапки, како и поголема правна сигурност за граѓаните, компаниите и другите правни ...
Добивај вести на Viber Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш, пресуди дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро може да остане во домашен притвор од здравствени причини, се наведува во денеска објавената судска одлука. Британските медиуми потсетуваат дека Болсонаро (71) од минатиот ноември отслужува 27-годишна затворска казна за заговор за државен удар откако ги загуби изборите во 2022 година од претседателот ...
Добивај вести на Viber Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. УХМР објави дека количината на ...
Добивај вести на Viber Поранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски, преку објава на Фејсбук упати критики до актуелното раководство на партијата за односот кон новата политичка платформа. „Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите противници. Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија. Свесно или несвесно, на овој начин опозицијата се дели уште подлабоко“, ...
Добивај вести на Viber Руската војска вчера го информираше претседателот Владимир Путин дека ја презела контролата врз Костјантинивка во источна Украина, клучното место што Москва долго време го посакуваше во своето напредување низ Донецк. Во споделените видеа, Путин ја посетува командата и го фали наводното освојување на градот како важно стратешко достигнување. „Сите знаеме дека овој град е клучен сообраќаен и голем индустриски центар на ...
Добивај вести на Viber Европските акции пораснаа и го однесоа индексот Stoxx 600 на нов историски максимум, откако се смири притисокот врз компаниите поврзани со вештачката интелигенција. Растот го предводеа технолошките и комуналните компании, а европскиот индекс влезе во четврта недела на добивки. Позитивното расположение се пренесе и во Азија, каде што закрепнаа акциите на Samsung Electronics и SK Hynix, додека фјучерсите на Nasdaq 100 ...
Добивај вести на Viber На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА. На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра. Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за ...
Добивај вести на Viber Во својот говор на планината Рашмор, на прославата на 250-годишнината од независноста на САД, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да ги заштитат своите слободи од „комунистичката“ закана од прогресивните членови на Демократската партија. „Стоиме под споменикот на овие херои, вистинска група неверојатни луѓе, и повторно се посветуваме на тоа да бидеме нација голема, храбра, благородна и силна ...
Добивај вести на Viber Извршниот директор на британскиот регулатор за финансиски пазари (ФЦА), Никил Рати, денеска изјави дека традиционалниот процес на носење прописи веќе не е доволно брз за да одговори на забрзаниот развој на технологијата, особено на системите за вештачка интелигенција кои можат самостојно да извршуваат задачи, пренесува Си-Ен-Би-Си. Рати порача дека регулаторите не сакаат да го забават усвојувањето на новите технологии, ...