Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Добивај вести на Viber Освен директната продажба на крајни потрошувачи преку бензински пумпи, во Македонија се прават големи добивки и од бизнисот на големо со горива. Главно овие компании имаат свои резервоари од каде потоа горивото им го продаваат директно на големи компании-потрошувачи, на трговците на мало или преку тендери за државните институции. На првото место е АД Окта, во сопственост на Хеленик Петролеум, инаку убедливо најголемиот ...
Добивај вести на Viber Денес и утре во Анкара ќе се одржи Самитот на НАТО. Тој доаѓа во време на меѓународна напнатост, време на војни и неизвесност за новиот меѓународен поредок, што не е забележано од создавањето на Алијансата. Главна ѕвезда, како и лани во Хаг и овој пат ќе биде американскиот претседател, Доналд Трамп, со нему вообичаената непредвидливост. Едно е јасно. Сите лидери во Анкара ќе се трудат да му мафтаат со опавчињата, иако ...
Добивај вести на Viber По појавата на нови случаи на заболувања што ги пренесуваат комарци и крлежи, повторно се отвора прашањето дали климатските промени го зголемуваат ризикот за појава на заразни болести во Македонија. Професорот д-р Драган Даниловски во својот најнов осврт објаснува дека ситуацијата бара внимание и надзор, но не и создавање непотребна паника. Според него, болестите што се пренесуваат преку вектори – како комарци, крлежи ...
Добивај вести на Viber Издавањето сместувачки капацитети преку booking нуди предности и привлекува гости од многу земји, но оние кои веќе се присутни на платформата велат дека има и недостатоци, затоа што се случува гостите да резервираат сместување, а да не дојдат или да оставаат негативни коментари, со што се уништува репутацијата на објектот. „Се случува често некој да резервира, а да не дојде и просторот останува празен. Некогаш и ...
Добивај вести на Viber Додека текстилната индустрија во светот се соочува со сè поголем проблем со огромните количини отпад, една компанија од Македонија покажува дека иновативните решенија можат да се создаваат и локално. Штипската компанија „Депакон“ разви модел со кој старата и неупотреблива спортска опрема не завршува како отпад, туку се преработува и добива нова намена. Во професионалниот спорт, промените на спонзори, производители ...
Добивај вести на Viber Вчера во Охрид официјално започна Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност 2026, во организација на Македонија2025, под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Оваа година се одржува шестото издание на Кампот, на кое учествуваат 23 деца на возраст од 11 до 15 години. Од нив, 13 учесници се од македонската дијаспора- од САД, Германија, Малта, Србија и ...
Добивај вести на Viber До минатото лето се сметаше дека единствената опасност што се крие во Евбејскиот Залив, водите што го одделуваат островот Евија од грчкото копно, се виолетовите медузи. Сепак, пристигнувањето на отровна, подуена риба, таканаречената зајачка риба , која благодарение на климатската криза продира во Медитеранот и е способна да грицка коски, метал и дрво, претставува сосема поинаква закана. Грчкиот Црвен крст издаде ...
Добивај вести на Viber Европската комисија објави дека од 7 јули 2026 година ќе стапат во сила нови правила за безбедност на возилата, според кои сите нови патнички автомобили и комбиња пласирани на пазарот на Европската унија мора да бидат опремени со дополнителни системи за заштита на возачите, патниците и пешаците. Според Европската комисија, целта на новите регулативи е попаметните возила да придонесат за побезбедни патишта и намалување ...
Добивај вести на Viber Грција со години е една од најпопуларните дестинации за летување кај туристите од Балканот, а сè повеќе луѓе размислуваат и за купување недвижнина во оваа земја. Станови, апартмани и куќи покрај море се најчестиот избор, но експертите предупредуваат дека пред ваква инвестиција треба внимателно да се разгледаат сите детали. Најголем интерес има за недвижности на Халкидики, во Солун и во Олимпискиот регион, каде ...
Добивај вести на Viber Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција. - Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ...
Добивај вести на Viber Директорот на Фондот за здравствено осигирување (ФЗО) и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски синоќа информираше дека заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките. - Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе ...
Добивај вести на Viber ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ МУ СЕ ЈАВУВАЛЕ НА ГАЗДАТА НА „ПУЛС“ Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло ...
Добивај вести на Viber Над 17.000 луѓе останаа без покрив над главата во Венецуела по земјотресите кои минатиот месец ја погодија земјата. Во извештајот на венецуелската Влада се наведува дека имало 995 последователни потреси, дека земјотресот оштетил 856 згради и дека 190 структури се урнале, оставајќи 17.345 луѓе без покрив над главата. „Речиси 7.000 лица се спасени по двата разорни земјотреси и серијата последователни потреси во ...
Добивај вести на Viber Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија, за Градски воз посочи дека тој лично смета дека истиот ќе влијае на подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град и дека се работи на адаптирање на линиите на истиот. „Ќе има адаптирање на линиите, има тело коешто работи во соработка од страна на службите на Градот Скопје, ЈСП ...
Добивај вести на Viber Кејп Таун, еден од главните градови на Јужноафриканската Република, е прогласен за најубав град во светот според големата глобална анкета на престижниот магазин Time Out, во која учествувале околу 24.000 луѓе од различни земји. На испитаниците им било поставено едноставно прашање – дали би го опишале својот град како убав. Дури 86 проценти од жителите на Кејп Таун одговориле потврдно, со што градот убедливо го ...
Добивај вести на Viber Лекарски бунт се случи во Босна и Херцеговина(БиХ), а 32 доктори дадоа отказ поради ниските плати. Лекарите ќе работат до следниот понеделник, кога завршува отказниот рок. Лекарите во Ливно се незадоволни од својот материјален статус, кој, како што велат, е меѓу најлошите во Федерацијата на БиХ. Зголемувањето на платите од три проценти, кое го понудила Владата, е оценето како неприфатливо. Покрај ниските плати, ...
Добивај вести на Viber Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео од својата посета на рибен ресторан на еден од сплавовите на реката Сава, на кој зборуваше за напредокот на проектите поврзани со изложбата ЕКСПО 2027. „Следниот пат кога ќе дојдам на сплав, ќе ја препливам Сава, како некогаш. Засега, само чинијата ми останува – кечига во рибина чорба“, напиша Вучиќ во објавата. Тој наведува дека одамна не дошол на Сава која за него е ...
Добивај вести на Viber Околу 13 отсто од пензионерите во Европската Унија(ЕУ) продолжуваат да работат. Финансиската потреба е значајна причина, но експертите посочуваат на други фактори, како што се променливата демографија и постојаниот недостиг на работна сила. Приходите од пензија се пониски од заработката во доцната кариера во сите европски земји. Во ЕУ, лице кое заработило 100 евра на возраст меѓу 50 и 59 години би добило 58 евра ...
Добивај вести на Viber Најголемата руска веб-страница за вработување HeadHunter објави оглас за оператори на беспилотни летала за учество во заштитата на воздушниот простор над Москва, без претходно искуство. Во огласот се наведува дека се бараат кандидати за волонтерска единица наречена Борбени резервни сили, која има задача „да ја чува безбедноста на главниот град со користење на современи технички решенија и системи за надзор“. „Ќе ...
Добивај вести на Viber Стапката на невработеност во Словенија е најниска од 1990 година (4,5 проценти). Минатиот месец се регистрирани 42.245 невработени лица, што е за 1,9 проценти помалку во споредба со мај, односно 0,4 проценти помалку во споредба со јуни 2024 година. Невработеноста се намали во сите словенечки региони, особено во Нови Место, Мурска Собота и Крањ. Кога станува збор за структурата на невработените, мнозинството сè уште се ...
Добивај вести на Viber Ураниумот повторно е во центарот на вниманието, а Австралија, Казахстан и Канада се водечки во однос на ресурсите. Ураниумот е основната суровина што ги напојува сите нуклеарни фисиони реактори денес. Земјите ширум светот се потпираат на него за производство на електрична енергија со ниски емисии на јаглерод, процесна топлина и водород. Во суштина, ниедна форма на производство на енергија преку нуклеарна фисија не е ...
Добивај вести на Viber Шумски пожари беснеат во јужна Франција, каде се евакуирани 10.000 луѓе, а седум региони се под црвен аларм. Властите соопштија дека 41 област е под портокалов аларм. Најкритична е состојбата во департманот Источни Пиринеи, каде голем пожар во близина на Тревијах зафатил најмалку 4.600 хектари. Жителите на 26 општини добиле препорака за евакуација. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, најави посета на ...
Добивај вести на Viber Фабијана Бланко е 12-годишно девојче, кое 32 часа преживеа под урнатините по земјотресот во Венецуела. Таа беше 32 часа заробена под купишта бетон, пред спасувачите да ги слушнат нејзините повици и да ја извлечат. Преживеала јадејќи кечап и рендано сирење, а под урнатините успеала да сними и видео. Нејзината мајка, која не била дома кога се случил земјотресот, преживувала агонија убедена дека го изгубила единственото ...
Добивај вести на Viber ОПЕК+ одобри дополнително зголемување на производството на нафта. ОПЕК+ се согласи дополнително да ги зголеми квотите за производство од август, соопшти групата во недела, зголемувајќи ја глобалната понуда во време кога цените на нафтата паѓаат поради постепеното повторно отворање на Ормутскиот теснец за извоз на нафта. Група производители на нафта се согласи за време на онлајн состанок да ги зголеми квотите за 188.000 ...
Добивај вести на Viber Во Германија, недостигот на работна сила е особено закана за транспортот. Кризата со работната сила во Германија се заканува значително да се интензивира и да стане уште почувствителна во секојдневниот живот, предупредуваат експертите од Центарот за компетентност на квалификуваната работна сила на Институтот за германска економија (IW). Во следните 10-15 години, околу 4,6 милиони професионални работници ќе се ...
Добивај вести на Viber Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Според првичните сознанија, тие на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му ...
Добивај вести на Viber Русија увезе рекордни количини бензин од Белорусија. Русија регистрираше рекорден увоз на бензин од Белорусија во јуни, обидувајќи се да го ублажи недостигот на гориво предизвикан од оштетувањата на рафинериите и зголемената побарувачка во текот на летната сезона. За споредба, во јуни минатата година, Белорусија испорача само околу 1.000 тони бензин во Русија. Според руските медиуми, Минск пренасочил дел од ...
Добивај вести на Viber Во Хрватска работат околу 7.000 македонски државјани. Точната бројка е 6.849 македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа кои ги објавија хрватските власти. Во првите 5 месеци од годинава, Хрватска издала 80.780 дозволи за престој и работа на граѓани на трети земји. Најмногу дозволи добиле граѓани на Босна и Херцеговина(БиХ) вкупно 14.799, а потоа следат 12.911 работници од ...
Добивај вести на Viber По силното невреме што на 1 јули го зафати Скопје и предизвика материјални штети на домови, деловни објекти и возила, онлајн пријавата на штета https://crosig.mk/prijavi-steta на Кроација Осигурување друштво за неживотно осигурување им овозможи на осигурениците брзо, едноставно и безбедно да ги пријават штетите токму во моментите кога им беше најпотребна поддршка и навремена реакција. Повеќе од 70% од пријавените штети ...
Добивај вести на Viber Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен ...