Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Кога станува збор за сцената и модата, Теа Трајковска знае како да привлече внимание со својот сексапил. Оваа млада и талентирана пејачка, чие име е синоним за енергија и свеж звук, се претстави во своето најсекси издание досега на снимање на емисијата „Вечер по осум“ со Миро Кацаров. Нејзиниот стајлинг е совршен баланс меѓу елеганција и провокација. Таа носи мини фустан што ја нагласува нејзината одлична форма, а длабокото деколте само ја ...
Регионалната поп-ѕвезда Северина сподели емотивна женска приказн, инспирирана од Мерилин Монро. Северина уште еднаш покажа дека уметноста и модата одат рака под рака. Таа присуствуваше на свеченото отворање на најновата изложба на истакнатиот црногорски и хрватски сликар Димитрије Поповиќ. Оваа ексклузивна поставка е посветена на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на безвременската Мерилин Монро. На фотографиите на Инсатграм, пејачката ...
Маја Гроздановска Панчева уште еднаш докажа зошто важи за една од најнегуваните и најатрактивните дами на нашата јавна сцена. Таа на социјалните мрежи сподели фотографија со која ја отвори сезоната на капење на море. На фотографијата, Маја позира во црн дводелен костим за капење, покажувајќи одлична форма и линија. Судејќи по опуштената атмосфера, пејачката максимално ги користи првите топли зраци за релаксација и полнење батерии. Сликата, ...
Пејачката Елена Велевска раскажа лична приказна. Фолк-пејачката покажа дека покрај гласот и атрактивниот изглед, нејзините фанови ја почитуваат и поради нејзината искреност и цврсти животни ставови. Таа преку социјалните мрежи сподели интересна мисла. Велевска на својот Инстаграм профил објави приказна со познатиот холивудски актер Кијану Ривс преку кое испрати јасна порака до сите свои следбеници. Цитатот гласи: „Животот не е да бидеш богат, ...
Пејачката Јована Пајиќ неодамна организираше промоција по повод нејзиниот нов музички проект, чиј спот го сними за време на едномесечниот престој на Бали. Таа пред камерите сподели дека е пресреќна за финализирањето на проектот и дека автентичните кадри од оваа егзотична дестинација се поклопиле токму онака како што посакувала. Инспирирани од нејзиното блиско пријателство со Марија Шерифовиќ, медиумите ја прашаа дали деловната соработка со ...
Поминаа осум години од смртта на легендарниот пејач Синан Сакиќ, чиј глас и специфична емоција и денес ја допираат публиката. Тој помина повеќе од четири децении во брак со сопругата Сабина, со која ги доби децата Ален и Ѓулкица, додека од претходните бракови ги имаше синовите Рашид и Медо. Но, зад успешната кариера, неговото семејство помина кроз низа тешки животни искушенија. Кога имал само шест години, неговиот син Ален се здобил со тешки ...
Елена Најдоски повторно привлекува внимание со својот префинет стил, овојпат за време на одморот во Италија, каде што престојува со сопругот Бојан. Парот деновиве ужива во убавините на регионот Пуља, поточно во живописното крајбрежно гратче Полињано а Маре, познато по спектакуларните погледи и медитеранскиот шарм. Од таму Елена сподели низа фотографии и видеа со своите следбеници, откривајќи дел од атмосферата на нивното патување. Меѓу ...
Српската пејачка Мина Костиќ е хоспитализирана во психијатриската установа „Д-р Лаза Лазаревиќ“ во Белград, а српските медиуми деновиве објавуваат нови детали за нејзината здравствена состојба и околностите што му претходеле на лекувањето. Според пишувањата на српските медиуми, Костиќ во установата била примена во придружба на полиција поради агресивно однесување. Иако претходно се појавија информации дека би можела да остане на лекување 30 ...
Пејачката Дара Бубамара се осврна на повеќегодишниот јавен судир со Јелена Карлеуша, кој своевремено привлекуваше огромен медиумски интерес. Таа истакна дека денес на целата таа ситуација гледа со насмевка и смета дека меѓу нив никогаш немало вистинска омраза. „Тоа беше најгледаното шоу кое многу чини! Никогаш тоа не ми беше нешто страшно, немаше зла крв. Сега дури ми е и симпатично. Таа ми кажа сè и сешто, но и јас ѝ вратив. Кога го гледав ...
Јавноста деновиве е поделена по одлуката на Агенцијата за филм да поддржи документарен проект инспириран од животната приказна на Марко Маринковиќ – Слаткар. Додека дел од јавноста му честиташе за проектот, други упатија критики и обвинувања дека сакал да користи државни средства. Слаткар претходно појасни дека документарецот не е фокусиран само на неговиот живот, туку ја обработува темата на пелтечењето – предизвик со кој се соочуваат многу ...
Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, неодамна се врати во Србија по месеци живеење одвоено од семејството во Русија, каде што се посвети на кариерата на боксер. Тој се обидува да го надомести времето што го помина сам во странство, а сега сподели семејна фотографија и покажа како ужива. Вељко е среќно оженет со сопругата Богдана, со која има три сина – Жељко, Крстан и Исаија, а таа не сака да се експонира во јавност. Двојката сега позираше ...
Балканската музичка ѕвезда Сенида, подготвува огромен концертен спектакл под називот „Welcome to My World“, со кој на 10 октомври ќе ја наполни загребската Арена, а веќе има закажано и дури четири последователни настапи во Сава Центар. И покрај пренатрупаниот распоред, таа најде време искрено да проговори за својот живот. Иако денес нејзините песни ги пеат илјадници луѓе, нејзиниот пат до успехот бил непредвидлив. Зад сцената, таа е ...
Водителот Миро Кацаров се огласи лут по вулгарните навреди упатени кон неговата сопруга и седумгодишна ќерка. Тој деновиве ужива во вистинска семејна магија во Дизниленд во Париз. Сепак, прекрасниот празничен момент и семејната идила беа нарушени од вулгарни коментари на социјалните мрежи, насочени директно кон неговото малолетно дете. На фотографијата што ја сподели со сопругата Ивана и ќерката Миа на социјалните мрежи, тие се насмеани и се ...
Пејачката Неда Украден беше гостинка во подкастот „Нема лабаво од Ин магазин“ во кој зборуваше за љубовните врски и изневерувањето. 75-годишната пејачка изненади многумина со своите мислења кога ја прашаа што мисли за изневерувањето и дали некогаш би му простила на партнерот за неверство. Украден изненади многумина со својот одговор. „На крајот мора да простите. Јас би простила неверство, на пример“, рече пејачката. Таа додаде дека верува оти ...
Пејачката Ана Бекута пристигна на снимањето на новото издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а на самиот почеток од разговорот откри дека ја слушнала тажната вест за смртта на вдовицата на Халид Бешлиќ, но сè уште не успеала да стапи во контакт со нивниот син Дино. „Не стигнав да го побарам Дино. Доцна синоќа дознав за тажната вест. Моето искрено сочувство. Ќе се потрудам утре лично да му се јавам“, изјави Ана Бекута. Во еден момент, ...
Нивес Целзиус одмара во Пореч, од каде редовно споделува моменти со своите следбеници на социјалните мрежи. Хрватската инфлуенсерка, пејачка и писателка повторно привлече внимание со провокативни фотографии од нејзиниот летен одмор. Нивес покажа како ужива во сонцето, морето и опуштената атмосфера на истарскиот брег, а нејзините објави брзо предизвикаа бројни реакции од обожавателите. View this post on Instagram A post shared by Nives Celsius ...
Јелена Розга важи за една од најнегуваните дами на регионалната сцена, а сега откри што всушност се крие зад нејзиниот беспрекорен изглед. Како што самата призна, за негата на кожата води сметка уште од самиот почеток на кариерата. „Од мојата прва заработка, од првиот концерт, не купив ниту чевли, ниту фустан, јас си купив креми“, започна Розга и додаде дека не постои шанса по настап да легне во кревет без да ја извади шминката. „Нема шанси. ...
Пејачот Горан Вукошиќ, долгогодишен пријател и колега на Мина Костиќ, откри дека сепак нема да биде кум на нејзината свадба со свршеникот Мане Ќурувија Каспер. Мина Костиќ деновиве е во центарот на вниманието на јавноста откако на 31 мај беше сместена во Психијатриската клиника „Лаза Лазаревиќ“. Според медиумските извештаи, пејачката била донесена во придружба на полиција, откако покажувала знаци на агресивно однесување. Нејзиниот свршеник ...
Поранешниот фудбалер и поранешен сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, неодамна ја потврди врската со извесна Нора, а јавноста со нетрпение ја очекуваше реакцијата на пејачката. Карлеуша сега се огласи со остра порака, не штедејќи критики ниту кон Тошиќ, ниту кон неговата нова партнерка. Нејзината објава на социјалната мрежа „Икс“ ја пренесуваме во целост: „Ќе ги замолам сите медиуми, со кои навистина имам убав и коректен однос, да не ги ...
Српската пејачка и поранешна членка на групата „Ураган“, Сања Вучиќ, пристигнала на снимањето на новата емисија на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а со својот изглед ги воодушевила сите. Сања се појавила во црно мини здолниште, со крената коса, а освен со својот стајлинг и убавина, кои очигледно привлекуваат внимание, ги изненадила сите и со признанието и новата титула што ја добила во „Ѕвездите на Гранд“. – Имам новост ...
Музичката дива Неда Украден во новото гостување во подкастот „Nema labavo by IN magazin“ отворено проговори за бракот со режисерот Милан Билбија. Украден откри дека бракот со покојниот режисер, и покрај нивната претходна десетгодишна врска, всушност бил грешка. „Се излажав себеси што не се послушав и што воопшто влегов во тој брак. Но, од друга страна, ја имам мојата прекрасна ќерка“, призна таа. Иако својот поранешен сопруг го опишува како ...
Српската фолк пејачка Дара Бубамара пред неколку години ја повторно ја пријавила фирмата „Кокисинел“, која претходно била избришана од регистарот на деловни субјекти, пишува „Нова.рс“. Српската Агенција за економски регистри неодамна објавила податоци за 2025 година, а според традицијата, Дара веќе исплатила илјадници евра за личен доход. Во текот на 2025 година, пејачката пријавила приход од околу 11 милиони динари, но и расходи од 10 и пол ...
По седум години на телевизиските екрани и три сезони, популарната серија „Еуфорија“ и официјално заврши. Последната епизода, насловена „Во Бог веруваме“, беше прикажана во неделата вечер, а нејзиниот автор Сем Левинсон потврди дека токму со неа се заокружува приказната која со години ја држеше публиката прикована пред екраните. Завршната сезона предизвика поделени реакции кај гледачите, а на социјалните мрежи особено се коментираа ...
Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ одлучи да им обезбеди на своите ќерки Атина и Ника недвижности на една од најатрактивните локации во Белград. Станува збор за луксузен станбен комплекс што ќе се гради помеѓу Славија и паркот Мањеж, а вредноста на становите се мери во стотици илјади евра. Тошиќ уште еднаш покажа колку му е важно да обезбеди сигурна иднина на своето семејство. Како што дознава „Директно.рс“, поранешниот српски ...
Пејачката Антониа Гиговска сподели уште еден топол момент од своето секојдневие со синот Киан. На објавата на социјалните мрежи, Антониа е снимена седи покрај своето дете додека тој е посветен на боење и цртање. Во домашна атмосфера, далеку од сцената и настапите, пејачката ужива во времето поминато со својот син, следејќи ги неговите први креативни чекори. Снимката открива нежна и опуштена страна од нејзиниот живот, во која главната улога ја ...
Српската пејачка Јелена Карлеуша јавно побара од медиумите повеќе да не го поврзуваат нејзиното име со животот на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, откако во јавноста се појавија информации за неговата нова љубовна врска. Карлеуша на социјалните мрежи објави дека не сака нејзиното име и фотографија да се користат во текстови кои се однесуваат на Тошиќ и неговиот приватен живот. „Ќе ги замолам сите медиуми, со кои имам навистина коректен ...
Тијана Дапчевиќ на многу емотивен начин ѝ го честиташе роденденот на својата сестра Тамара Тодевска која вчера наполни 41 година. Таа уште еднаш покажа колку е силна и нераскинлива сестринската љубов. По повод роденденот на нејзината помлада сестра, Тијана сподели архива со огромна емотивна вредност, преслатка заедничка фотографија од нивното детство. На фотографијата објавена како Инстаграм-приказна двете сестри позираат во прегратка со ...
Ретка слика од Здеравко Чолиќ во опуштено издание е објавена на социјалните мрежи. Кога на едно место ќе се спојат најголемата балканска поп-ѕвезда и еден од најплодните диригенти и аранжери во регионот, резултатот секогаш е уметност. Токму тоа го потврдува и најновата заедничка фотографија на музичката легенда Здравко Чолиќ и реномираниот маестро Федор Вртачник, снимена во прекрасниот амбиент на Сремски Карловци, Србија. Фотографијата, која ...
Поп-пејачот Јоце Панов ги стопли срцата на своите следачи, откако сподели прекрасен момент со синот Лука. Дека крушата под круша паѓа, докажува и нивната најнова заедничка фотографија на која таткото и синот изгледаат како вистински тандем. На фотографијата објавена на социјалните мрежи, Јоце и малиот Лука позираат насмеани, стилски усогласени со модерни очила за сонце и подготвени за нови предизвици. Водилка на нивното патување е очигледно ...
По веста за смртта на Сејда Бешлиќ, сопругата на покојниот пејач Халид Бешлиќ, од неа со емотивна порака се прости и нивниот син Дино Бешлиќ. Тој на Инстаграм објави фотографија и со неколку зборови ја изрази болката по загубата на вториот родител за помалку од една година. „Мајко моја, останав сам. Ве сакам многу“, напиша Дино. Сејда Бешлиќ почина по долго и тешко боледување. Таа со децении беше најголемата поддршка на Халид Бешлиќ, со кого ...