Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Контроверзната српска водителка Јована Јеремиќ реши да направи драстични промени во својот животен простор и целосно да ја реновира спалната соба. Иако на јавноста и е добро познато колку таа е фасцинирана од лавови – кои досега беа нејзин заштитен знак и ги красеа централните ѕидови во нејзиниот стан – Јована ненадејно реши целосно да ја отстрани оваа препознатлива декорација. На нејзините најнови објави на социјалните мрежи е забележан ...
Мишел Фајфер моментално привлекува внимание со улогите во сериите The Madison и Margo’s Got Money Troubles. Примајќи престижно признание за кариера обележана со преземање ризици и постојано преосмислување на самата себе, актерката откри дека љубопитноста е главниот двигател на нејзините најхрабри професионални одлуки и емотивно им се заблагодари на колегите кои оставиле белег на нејзиниот пат. Стравот како најголем мотив Фајфер го почна ...
Марија Ивановска и Бојан Трајковски од дуото „Ај кју“ денес прват свадба плажа, на Халкидики. Сара Мејс сподели неколку детали од уникатната венчавка во Грција која е во тек, а таа и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски се меѓу гостите. „Ова се моите омилени младоженци“, рече пејачката и харфистка во своето видео кое го објави на Инстаграм-приказната. Сара го покажа младоженецот Бојан кој во 15.55 уште не е подготвен, а како што ...
Пејачката на Инстаграм сподели видео снимено во пресрет на концертот во Макарска, а вниманието го привлече нејзиниот несекојдневен начин на загревање. Наместо класични подготовки, Северина заигра кошарка на игралиште во Сплит и притоа покажа завидна умешност и прецизност. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Особено интересно е што на теренот се појави во сценска комбинација – светкав корсет и фустан со реси, во ...
Музичката ѕвезда Тања Савиќ уште еднаш покажа зошто важи за една од најомилените пејачки на регионалната музичка сцена. Таа синоќа одржа концерт во Оџаци, а настапот го обележа момент кој ја воодушеви публиката и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Само неколку минути откако излегла на бината и го започнала концертот, започнал силен дожд. Иако временските услови можеле да влијаат врз текот на вечерта, Тања не сакала да го прекине ...
Српскиот пејач Аца Лукас завршил во Ургентен центар откако побарал лекарска помош поради висок крвен притисок, пренесуваат српските медиуми. Според објавените информации, по прегледот лекарите одлучиле да го задржат на болничко лекување, по што бил итно хоспитализиран. Засега не се соопштени повеќе детали за неговата здравствена состојба. Ова не е првпат Лукас да заврши во болница. Пред две години, исто така бил примен во Ургентен центар ...
Пејачката Нада Топчагиќ доби улога во популарната домашна серија „Дадилка од село“. Како што дознава „Информер“ од извори блиски до продукцијата, доаѓањето на Нада на снимањето било сè друго освен обично. Пејачката се појавила на снимањето во препознатлив стил – ексцентрично облечена, со впечатливи детали, кои веднаш го привлекле огромното внимание на сите присутни. – Кога Нада стапна на снимањето, сè запре. Нејзиниот изглед, енергијата и таа ...
Најновите финансиски извештаи доставени до Агенцијата за деловни регистари во Србија ја открија вистинската вистина за тоа колку заработуваат најголемите српски музички ѕвезди. Додека 2025 година била исклучително профитабилна за голем дел од естрадата, некои пејачи, и покрај стотиците илјади евра на нивните сметки, едвај биле во плус или дури завршиле со загуби.. Убедливо најголема заработувачка остварил Саша Матиќ, чии вкупни приходи ...
Емотивна приказна за хитот „Сите мои слики“, сподели пејачката на култната македонска рок-група „Ареа“, Ружица Милошеска Брчиоска. Ружица покажа колку ја почитува уметноста и врската со своите обожаватели и колеги уметници. Таа неодамна сподели емотивна објава на социјалните мрежи, откривајќи го прекрасниот гест кој пристигнал на нејзина адреса од уметницата Анжелика Колева. Станува збор за уникатно уметничко дело, рачно насликана плоча ...
Со посебен повод, актерот Горан Стојановски, познатиот инспектор Томе од популарната серија „Преспав“ по долго време се појави во јавноста. Горан ја сечеше роденденската торта на Народен театар Охрид кој наполни 15 години. На забавата беа присутни повеќе актери како и министерот за култура, Зоран Љутков. Театарот прослави јубилеј со двојна премиера на претставата „Оркестар Титаник“ од бугарскиот драмски автор Христо Бојчев, во режија на ...
Пејачката Лепа Лукиќ важи за жена која секогаш има насмевка на лицето, негувана e и витална. Многумина не знаат точно колку години има, а интересно е што Лепа всушност има два датуми на раѓање – вистинскиот и оној во документите. – Мајка ми ми кажа дека сум родена на 13 јануари во 23 и 45 часот навечер, но во селото ме пријавиле неколку дена подоцна, па во документите сум наведена како да сум родена на 16 јануари. Јас не би сакала да сум ...
Пејачката Неда Украден откри зошто никогаш не била склона кон трендовите што многумина ги привлекуваат. Зборувајќи за парите, патувањата и животните приоритети, таа призна дека луксузните дестинации не ѝ оставаат впечаток каков што многумина би очекувале, и објасни што е вистинско задоволство за неа. Иако во текот на кариерата имала можност да патува низ светот и да посети некои од најпознатите туристички дестинации, таа призна дека никогаш ...
Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, ја искористи можноста, како и повеќето верници во Србија, да се поклони пред Појасот на Пресвета Богородица, кој е изложен во Храмот на Свети Сава. Постарата ќерка на Чолиќ е многу активна на социјалните мрежи, каде што редовно споделува моменти од својот приватен живот и од луксузни патувања. Овој пат, Уна објави поинаква фотографија од оние што сме навикнати да ги гледаме на нејзиниот Инстаграм. Таа ...
Познатата убавица Лејла Филиповиќ уште еднаш ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со совршен моден избор за потоплите денови. Таа покажа како наизглед едноставните летни парчиња, со правилно стилизирање, можат да се подигнат на многу повисоко ниво. Едноставна база, моќни детали Основата на нејзиниот аутфит е волуменозно бело здолниште, парче кое летно време е исто толку ефективно како и белиот фустан. Наместо класично, Лејла го ...
Душко Тошиќ неодамна потврди дека е среќен во љубовта, а сега ја објави и првата фотографија со својата нова девојка. Станува збор за атрактивна русокоса по име Нора. Имено, на фотографијата што беше објавена, Нора нежно се гушка до него додека седат во градината на ресторан опкружени со зеленило. Убавата русокоса со модерни шишки блескаше со дискретна шминка и насмевка на лицето, облечена во елегантна лесна карирана комбинација со розови ...
Возбудлива лична приказна раскажа Добила Чабриќ-Ивановска, пејачката и актерка која ја освои регионалната публика како победник на шоуто „Никогаш не е доцна“. Чабриќ на ова шоу победи во 2018 година на 90 години, со најголем број гласови од публиката. Добрила денес има 98 години и живее во Дојран на кој е многу горда. „Кога ја изградив куќата во Дојран имав 51 години, и сите мислеа дека ќе ја продадам. Но, наместо тоа, ги зедов со мене мајка ...
Легендарниот српски актер Милан Лане Гутовиќ оствари бројни значајни улоги, но малку е познато дека одбил да глуми во култната серија „Среќни луѓе“. Како што самиот актер своевремено објасни, проблемот настанал пред почетокот на снимањето поради финансискиот договор. Гутовиќ побарал одреден хонорар, на што продуцентот му одговорил дека, поради некаков данок, мора да плати 100 динари помалку. По таа понуда, актерот едноставно се откажал од ...
Марјана Станојковска во сексапилно издание се појави на свечен настан каде буквално ги „украде“ сите погледи и го подигна адреналинот во атрактивна црна креација. Марјана, препознатлива по својата долга, бујна руса коса и совршена линија, заблеска во екстремно провокативен црн фустан со страничен шлиц. Ова парче облека максимално ги истакна нејзините долги, извајани нозе и облини кои со години ја држат на врвот на листите за најубави ...
Познатиот пар Марко Миљковиќ и Луна Ѓогани започнаа со обнова на неговиот семеен имот во Брус, каде што планираат да уживаат со своите ќерки. Марко на својот Јутјуб канал откри дека долго време сакал да го обнови имотот, каде што живееле неколку генерации на неговото семејство, но порано татко му не му дозволувал никакви вложувања. „Имотот е голем,Помеѓу двете куќи што се наоѓаат таму, едната бара комплетно реновирање, додека другата, која ...
Поп-рок пејачката Дани Димитровска го прослави својот роденден на уникатен начин, во во нејзин стил. Честитките од нејзините колеги, пријатели и обожаватели почнаа да се нижат на социјалните мрежи. Дани на нејзината Инстаграм-приказна сподели слика од опуштена, славеничка атмосфера. На сликата е среќно друштво како наздравува во чест на Дани, но на масата има и шарен букет со свежо цвеќе. Пејачката на својот Инстаграм-профил вчера дека полни ...
Наташа Беквалац со години важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а познато е дека вложува значителни средства во својата кариера и проекти за да ги следи актуелните трендови и да остави личен печат во сѐ што работи. Сепак, иако неодамна јавно зборуваше за финансиски тешкотии, официјалните податоци покажуваат сосема поинаква слика. Пејачката своето работење го води преку компанијата „Аурора Артс“, во која е директор и единствен ...
Александар Динев и Евче ставија крај на љубовната врска, а веста ја споделија преку заедничка објава на социјалните мрежи. Во духот на светските познати личности, кои со заеднички соопштенија ја информираат јавноста за разделбите, и тие решија на ист начин да откријат дека повеќе не се пар. Александар Динев и Ева Јовановска – Евче, кои повеќе од година и пол беа во емотивна врска, веќе четири месеци не се заедно. Во изминатиот период ...
Александра Поповиќ, ќерката на покојниот директор на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ, и пејачката Сузана Јовановиќ, со својот начин на живот целосно им пркоси на стереотипите кои важат за децата на познатите личности. Иако татко ѝ ѝ остави милиони и ѝ обезбеди недвижнини, така што во животот буквално не мора ништо да работи, таа избра поинаков пат и одлучи сама да си ги заработува парите. Од факултетска клупа до маникир Откако запиша, а ...
Садетин Саран, турски милијардер, претседател на гигантот Фенербахче, а познат и како поранешно момче на пејачката Емина Јаховиќ е осуден на две и пол години затвор, пренесоа турските медиуми. Турскиот суд го прогласи за виновен откако беше утврдено дека на платформата Ес Спорт, која работи во рамките на неговата компанија, се емитувала реклами поврзани со нелегални обложувалници. Пресудата е изречена по големата истрага што минатата есен ја ...
Пејачката Александра Пилева (Чадиев) сподели ретка приказна од Америка за нејзиниот син Лука. Иако долго време не е континуирано активна во музиката, Пилева, која живее во Чикаго, остана да важи за еден од нашите најдобри и најмоќни вокали. Таа во Америка успешно менаџира сосема поинаква кариера. Денес таа е успешна деловна жена, посветена мајка и сопруга, која изгради свој нов свет далеку од рефлекторите. Александра, заедно со својот сопруг ...
Александра, сопругата на актерот Атанас Атанасовски, објави слика со сопругот од кој инаку поретко споделува фотографии. Иако Атанас важи за лик кој приватноста ја чува подалеку од очите на јавноста, неговата сопруга изненади на социјалните мрежи со оваа спонтана а искрена фотографија. На најновата фотографија која се појави на социјалните мрежи, парот зрачи со позитивна енергија. Облечени во опуштено издание , Атанас со бела маица, очила и ...
Хрватскиот музичар Петар Грашо (50) и пејачката Данијела Мартиновиќ (54) беа во вонбрачна заедница 24 години, а потоа се разделија во 2021 година, што ја изненади регионалната јавност. Петар набрзо започна љубовна врска со Хана Хуљиќ, ќерка на неговиот колега Тончи Хуљиќ. Петар и Хана се венчаа во 2022 година. Истата година ја добија ќерката Алба, а две години подоцна и синот Тони. По раскинувањето меѓу Петар и Данијела, пејачката никогаш ...
Антонија Шола во петтата деценија од животот изгледа подобро од кога било, а за тоа, како што велат многумина, „виновни“ се гените на нејзината мајка Каја Шола. Имено, актерката и пејачка, која денес го слави својот 47. роденден, претходно на социјалните мрежи споделила заедничка фотографија со својата мајка. Објавата предизвикала бројни коментари од обожавателите: „Јаболкото не паѓа далеку од стеблото. Најубава мајка и најубава ќерка“, ...
Фолк-легендата Благица Павловска и младата поп-ѕвезда Антониа Гиговска повторно го привлекоа вниманието на јавноста, откако заедно се појавија на фотографија која ја сподели Роберт Спасенцовски – Џокер, сопругот на Антониа. „Ние сами вие сите“, напиша тој во описот. Фотографијата не е случајна ако се земе предвид дека Благица и Антониа веќе имаат и музичка приказна зад себе. Двете пејачки пред извесно време ги споија генерациите со дуетот ...
Цеца Ражнатовиќ се отвори за бракот со Жељко Ражнатовиќ-Ракна и раскажа лична приказна која досега не ѝ беше позната на јавноста. Таа во шоуто на Гоца Тржан откри: „Јас си спијам, еден попладне, сама си сум газдарица во својата куќа, кога… некој ме буди. ‘Станувај! Станувај моментално од кревет! Мажот ти доаѓа од работа, поставен ручек… ти уште спиеш. Како не ти е, бе, срам?’ Зошто да ми е срам? Па си спијам додека јас сакам. Што ти е на ...