Модната креаторка Мелина Џиновиќ неодамна се вери со богат бизнисмен од странство, а јавноста сега е насочена и кон нејзината ќерка Џина, која направи неочекуван потег. Веднаш по објавувањето на веста дека нејзината мајка се вери, Џина го избриша својот инстаграм-профил, на кој беше мошне активна и имаше голем број следбеници , што ја шокираше домашната јавност. Инаку, по разводот на родителите, Џина поминуваше доста време со мајка ѝ во Монако, ...

Александра Стојковиќ Џиџа, познатата пејачка и ќерка на Драган Стојковиќ – Босанац, се наоѓа во рана бременост, а денес се појавија првите ексклузивни фотографии од бремената пејачка. Фотографиите се направени пред домот на нејзините родители на Бежаниска Коса, каде што Џиџа е забележана во лежерно издание. Трудничкото стомаче сè уште не се забележува, а иако пејачката не сака јавно да зборува за бременоста, блиски извори потврдуваат дека е ...

Ајка Колаковиќ ја опиша блискоста помеѓу Халид Бешлиќ и нејзината ќерка, нагласувајќи го нивното пријателство и заемната почит. Смртта на Халид Бешлиќ ја потсетила на тага и загуба која ја доживеала со смртта на ќерка ѝ, пејачката Дона Арес. Овој октомври е особено тежок за мајката на прерано починатата пејачка. Осмата годишнина од смртта на Дона веќе разбудила многу емоции, а само неколку дена подоцна, стигнала и веста за смртта на Халид Бешлиќ ...

Со тажна порака се огласи Горан Тонев, музичарот кој го преживеа трагичниот пожар во Кочани кој се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“. Од целиот бенд на сцената таа кобна вечер, се спасија тој и Ана Костадиновска, која пееше придружни вокали. Гитаристот Тонев кој е од Штип, се лекуваше во болница во Солун, а на домашно лекување беше пуштен во мај, два месеци по пожарот. Во септември, шест месеци по трагедијата, тој на својот Инстаграм ...

Ребека Јанковска- Ристески и Панчо беа блиски пријатели од деца, а пејачката денеска сподели емотивен спомен токму од тоа време. Денеска беше погребан Владимир Блажев- Панчо, кој по трагичниот пожар во Кочани на 16 март беше во болница седум месеци. Пејачката Ребека и нејзиното семејство биле блиски пријатели со Панчо и со неговото семејство, а таа на Фејсбук напиша емотивна приказна за него. -Те испративме денес со молитва. Вечно ќе си ми во ...

Панчо од “ДНК“ искрено раскажуал што го мачело и со што се борел, во последните Фејсбук статуси. Познатиот музичар кој денеска беше испратен во вечноста, секогаш беше отворен во своите приказни. Сите овие мисли и случи тој ги пишувал во февруари и во март, само неколку недели пред да се случи трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде настрада тој, и речиси целиот бенд на „ДНК“. -Една од моите најлоши навики е тоа што се грижам за ...

Малкумина знаат дека и сестрата на Нина Бадриќ, Сунчица е и музички талентирана. Некогаш придружен вокал во Хрватска, Германија и Италија, Сунчица сега сними емотивна балада на италијански јазик и, се чини дека е на прагот да влезе на светската музичка сцена, пишува Tportal. Песната „Il Fuoco Dentro“ („Пламенот во мене“) e поп-балада со препознатлив Санремо призвук и емотивен текст, а Сунчица ја пее на италијански јазик. „Музиката не е работа за ...

Својата приказна со Панчо од „ДНК“, Антониа Гиговска искрено ја раскажа во Фејсбук статус: -Што и да напишам премалку ќе биде.. Беше тука за мене од самиот почеток, веруваше во мене, и секој твој збор беше “Само гази срц”! Ќе ја чувам нашата “Ванила” и еден ден кога ќе дојдам таму ќе ја испееме заедно зошто тука не успеавме да ја испееме на ниту еден концерт.. Само таа ми остана од тебе, а сакавме да направиме уште една.. Чувај ги Андреј и ...

Српската актерка Аница Лазиќ стана популарна откако започна емотивна врска со 39 години постариот актер Лазар Ристовски, по што стана активна на социјалните мрежит, каде што предизвика големо внимание во јавноста со своите објави. Аница Лазиќ често предизвикува многу коментари со својот стајлинг, а сега сподели фотографија од шминкерницата и ги изненади сите со објавата. Наместо нејзините вообичаени неутрални тонови и природен изглед, сега ...

Ана Ивановиќ, најубавата српска тенисерка и поранешна сопруга на Бастијан Швајнштајгер, синоќа се појави на модната ревија на брендот „Викторијас сикрет“, ревија која ги собира најголемите ѕвезди меѓу моделите и е опишана како настан на годината. Поранешната српската тенисерка Ана Ивановиќ се појави на големата модна ревија на „Викторијас сикрет“ во Њујорк во кафеав фустан со отвор на стомакот и изглед кој сите ги остави без здив. View this ...

Поранешната сопруга на Игор Којиќ, Софија Даќиќ, го привлече вниманието на јавноста со својот настап во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, оставајќи многумина без зборови со својот глас и појава. Иако по професија е инженер, Софија реши да ѝ се врати својата стара љубов – музиката. Нејзиниот настап брзо стана вирален на социјалните мрежи, а меѓу оние што се изненадиле бил и нејзиниот поранешен свекор, Драган Којиќ – Кеба, кој беше дел ...

По последното збогување: Снаата на Халид Бешлиќ објави моменти што трогнаа до солзи На почетокот на неделата, сите очи беа вперени во Сараево, каде што се одржа погребот на Халид Бешлиќ – тивка поворка од емоции што го обедини регионот. Десетици илјади луѓе пристигнаа таму за да го испратат во вечното почивалиште и последен пат да се збогуваат. По емотивното збогување, неговата снаа Махира, сопруга на синот на Дино Бешлиќ, се огласи на ...

Пејачката Ана Бекута е уште една во низата познати личности кои биле мета на интернет измамници. Штом видела за што се користи нејзиниот лик, се огласила на социјалните мрежи и ги предупредила бројните обожаватели „да не наседнуваат на тоа“. Како што истакна таа, станува збор за заведувачка снимка, создадена со помош на вештачка интелигенција. Таа, исто така, ги информираше властите за сè. – На Фејсбук се појави видео во кое наводно давам ...

Милица Павловиќ по напорната работа одлучи да се одмори на егзотичната дестинација Бали, каде што уживаше во секој момент. Пејачката важи за една од најубавите на српската сцена, иако најчесто ја гледаме средена, таа не се двоуми да го покаже и своето природно издание, да облече комфорна облека, да го покаже лицето без шминка, што не е толку често меѓу нејзините колешки. И секогаш изгледа одлично. Таа сега ја покажа својата опуштена варијанта ...

Како гостинка во емисијата „Не е лесно да се биде јас“, пејачката Тијана Дапчевиќ отворено зборуваше за борбата со вишокот килограми, пишува Гранд.рс. – На почетокот на кариерата бев многу послаба отколку сега. Одамна сфатив дека музиката се гледа повеќе отколку што се слуша. Моите маки никој не ги знае. Можам да напишам книга за исхрана, а не за диета. Кога ќе кажете диета, мозокот веднаш ви се блокира и мислите само на храна – изјави таа за ...

Пејачката Емина Јаховиќ на конференцијата организирана во врска со нејзиниот претстоен концерт и почетокот на регионалната турнеја, која ќе се вика „Зора“, во разговор со собраните медиумски екипи, зборуваше за различни теми. Меѓу другото, таа објасни и зошто никогаш не изградила кариера во Турција, каде што живее и ги одгледува своите деца, и покрај огромниот успех во овој регион. Постои добра причина за тоа. – Многу луѓе ме прашуваа зошто не ...

Пејачот Дарко Лазиќ, за време на гостувањето во една емисија, се осврна на сообраќајната несреќа што неодамна ја доживеа со сопругата Катарина во автомобилот. Иако сака да вози, според сопственото признание – „се чини дека не му оди добро, па затоа решил да се бори против тоа“. Секако, тој нашол начин да оди „од една до друга точка“ со некаква „машина“, без никакви проблеми. – Зедов „возач за безбедност“ (safe driver), еве веќе една година, но ...

Српскиот водител Огњен Амиџиќ сподели радосни вести на социјалните вести и откри дека денес е роденден на неговата бремена сопруга, Мина Наумовиќ. Имено, Огњен и Мина веќе го имаат синот, Перун, а таа неодамна откри дека повторно е бремена. А, сега водителот ја сподели среќната вест и објави фотографија од својата сопруга со која ѝ го честита роденденот. – Среќен роденден! Ти посакувам бавни утра, брзи ноќи и некои нови сили – напиша тој. ...

Весна Петрушевска го објави единствениот спомен со нејзиниот син Кирил и Тоше Проески. „18 години без Тоше… И сè уште не научивме како се живее со таа празнина“, напиша Весна Петрушевска за својот близок пријател, омилениот Тоше, кој загина 16 октомври во 2007 година. „Секој 16 октомври боли исто – како првпат. Секоја песна е спомен, секој стих – парче од душата што тој ја остави на овој свет. Имаше светлина што не гасне, глас што не старее и ...

Мајката на Хана Икодиновиќ, пејачката Наташа Беквалац, проговори за својата ќерка, нејзините студии и новата одлука што ја донела откако се преселила во Мадрид. Хана Икодиновиќ, ќерка на познатата пејачка и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, се преселила во Шпанија за да студира психологија. Наташа, гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, зборуваше за приватниот живот и откри како го поднела заминувањето на ќерка ѝ во Мадрид. Притоа призна ...

Милица Тодоровиќ е во петтиот месец од бременоста и очекува син, а според пишувањата на медиумите, таа веќе одлучила како ќе се вика нејзиниот наследник. Пејачката решила на синот да му го даде името Милан, по својот татко со кого е многу блиска. Името Милан е едно од најчестите на нашите простори, но и пошироко. Потекнува од старословенскиот збор „мил“, што значи „драг“. Покрај словенското потекло, името има и други значења во други јазици. Да ...

Пејачката Рада Манојловиќ во август наполни 40 години, во што малку кој би поверувал, со оглед на тоа што изгледа како дваесет и петгодишна девојка. Рада сега сподели нови фтографии на Инстаграм и предизвика вистински хаос меѓу обожавателите. View this post on Instagram A post shared by RADMILA RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic) Имено, таа се сликаше во хотелска соба во минијатурен фустан во боја на кожа со светки, додека нејзините заводливи ...

Срцепарателни зборови за својот починат колега Дуле од дуото „Дуле и Коки“, сподели Коки, 12 години откако Дуле почина. За животот без неговиот Дуле, Николчо Јанков- Коки ќе раскаже во нова песна, која е автобиографска. Душан Љубисављевиќ- Дуле почина на 23 септември во 2013 година од канцер. Гитарата си замина, остана само виолината од славното дуо, скромните момчиња од Штип кои во својот роден град во 1996 година на фестивалот „Макфест“ ...

Весна Петрушевска го објави единствениот спомен со нејзиниот син Кирил и Тоше Проески. -18 години без Тоше… И сè уште не научивме како се живее со таа празнина“, напиша Весна Петрушевска за свокот близок пријател, омилениот Тоше кој загина 16 октомври во 2007 година. -Секој 16 октомври боли исто — како првпат. Секоја песна е спомен, секој стих — парче од душата што тој ја остави на овој свет. -Имаше светлина што не гасне, глас што не старее и ...

Во бугарските поп-фолк кругови повторно се појавија тензии, откако изјавата на Азис во еден поткаст предизвика бурни реакции. Имено, на прашањето дали е свесен дека „никој не може да ги надмине поп-пејачите кога станува збор за авторски права“, пејачот изненадено реагираше: „Поп-пејачи? А не поп-фолк? Дали воопшто останаа поп-пејачи? Не познавам никого што работи … Не можам да се сетам. Не знам зошто ме прашувате за хонорарите, но мислам дека сè ...

Во емотивна исповед, српската пејачка Наташа Беквалац откри дека браковите кои повеќе не функционирале, ги прекинала токму поради своите деца. Иако важи за жена која, како што велат, може да го „заврти умот“ на секој маж, Наташа Беквалац сè уште нема многу среќа во љубовта. Зад неа се врските со бизнисменот Миодраг Костиќ и манекенот Владимир Вуксановиќ, како и три брака кои завршија со развод. Сепак, Наташа никогаш не ја изгубила вербата во ...

Мелина Џиновиќ (44), по разводот од пејачот Харис Џиновиќ, љубовта ја пронајде покрај богат бизнисмен (69) со кого живее во Монако. Изминатиот викенд таа се вери за својот нов избраник. Станува збор за сопственик на голема бизнис-империја, кој живее во вистински луксуз. Како што пренесува „Блиц“, Мелина и нејзиниот партнер по одредено време одлучиле да ја официјализираат својата врска, па тој ја запросил во саботата. Таа веднаш кажала „да“, а ...

Популарната пејачка Наташа Беквалац вчера го објави албумот „Мама“, кој изобилува со биографски песни. За својот приватен живот зборувала синоќа во емисијата „Амиџи шоу“, каде се осврнала и на своите поранешни партнери. Посебно внимание привлекол нејзиниот коментар дека би му се вратила на својот поранешен сопруг Данило Дача Икодиновиќ. Наташа на водителот Огњен Амиџиќ му признала кој поранешен партнер најмногу повредила, а потоа ја шокирала ...

Пејачката Ана Николиќ неодамна го пријави својот партнер Горан Ратковиќ Рале за насилство, поради што тој доби забрана за приоѓање од 30 дена, за што медиумите пишуваа во претходниот период. Сега, Ана и Рале се смириле и пејачката наводно му простила сè, но кријат од јавноста дека повторно се заедно. Рале наводно повторно спие во станот на пејачката во Вождовац и се шушка дека бил виден кај неа три ноќи по ред. Како што пренесуваат српските ...

Пејачот Урош Живковиќ ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка, Јована, а по тој повод организираше раскошна прослава која долго ќе се памети. Бројни гости придонесоа за забавата, вклучувајќи познати имиња од регионалната сцена, кои наизменично го земаа микрофонот и ја креваа атмосферата на трескавично ниво. Посебен момент од вечерта приреди популарниот пејач Радиша Трајковиќ Ѓани, познат и како „крал на бакшишот“. Кога ја отпеа ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
94%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Паладиум

54591.97

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Бакар

11.07

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Сребро

2159.01

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Алуминиум

2.95

Иридиум

145787.60