
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Вечерва, во Барот „Агора“ во Куманово, со почеток во 21:30 часот, ќе имате можност да присуствувате на слушачката промоција на албумот Ascend од Горан Таневски. Влезот е слободен. Музичкото патување на Горан Таневски започнува во 1985 година кога се приклучува на Мизар, револуционерен бенд кој го обликуваше културниот пејзаж на екс-југословенскиот регион. Деби албумот на Мизар, MIZAR (1988), стана инстант класика и му ја донесе на Горан титулата ...
Со официјална прес-конференција, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и директорот на Културно – информативниот центар, Благојче Божиновски го најавија почетокот на Зимската Приказна 2024, која ќе трае од 20 декември до 6 јануари. Со нови атракции, празнична атмосфера и привлечна туристичка понуда, Битола оваа година е подготвена да го привлече вниманието на туристите од цела Македонија и регионот. Годинава, акцентот на Зимска Приказна е ...
Вечерва, со почеток во 20:00 часот во Националаната Опера и Балет, ќе имате можност да уживате во класичниот балет „Дон Кихот“, вечното ремек-дело од Лудвиг Минкус, под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан(Ерменија) во кореографија на Виктор Јаременко (Украина). Во главните улоги настапуваат: Китри: Христина Наќевска Базил: Балаж Лочеи (Унгарија) НАСТАПУВААТ СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И ДЕЦА ОД ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Астролог ги открива годините на раѓање на оние кои ги чекаат драматични промени во 2025 година! Иако секојдневно сме под влијание на планетите, некои од нив имаат посебно значење. И покрај сета негативност што ја носат, дури и ретроградните Меркур и Сатурн можат да влијаат на една личност на најдобар начин. ...
Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Центарот за култура во Битола, ќе биде отворена изложбата „Приказни од градот стар 1000 години АПОЛОГИЈА НА ПРОСТОРОТ …Стравот на времето….преживувањето како казна“ на Љубица М.Солак. Авторката преку еден вид на изложба, перформанс и концепт го третира македонскиот простор со концентрација на Пелагонија низ призмата на историските, културолошките и цивилизацииските материјални и нематеријални симболики, за ...
Вечерва, од 19:30 часот, во Клуб 1212, ќе бидат прославени 12 години од оформувањето на Центарот за младински активизам „Крик“. 12 години младински активизам преку проекти за: Инклузија, Деинституционализација на лицата со попреченост, Поддршка на старателите и родителите, Заштита на животната средина, Сексуално образование, Ментално здравје, Зајакнување на можностите на маргинализираните групи. Ги покануваме сите организации и поединци кои беа ...
Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски. Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент. Она што е ново, тој на социјалните мрежи ја објави и ...
Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерната проекција на дигитално реставрираниот филм МИС СТОН на на Живорад Жика Митровиќ од 1958 година. Филмот „Мис Стон“ е инспириран од вистински настан што се случил во 1901 година – киднапирањето на американската протестантска мисионерка Елен Стоун и нејзината сопатничка Катерина Цилка од страна на четата на Јане Сандански, кои за нивно ослободување бараат откуп ...
Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат дека овие млади се „безљубовни и незанесени“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба! Петтото издание ќе се одржи во ...
Вечерва Театар Куманово во малата сала на Центар за култура премиерно ја изигра претставата за деца „Дедо Мраз во веселата шума“ Претставата е напревена целосно од сопствени финансиски средства и екипа од вработени во театарот. Претставата е во режијата на актерката Кети Дончевска Илиќ, драматизација на Зоран Зафировски, а играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски. Сите до сега закажани репризи се до крајот на ...
Денес во 12:00 часот, во Рамстор Мол, ќе имате можност да уживате во Новогодишниот базар на книги. На овој настан, ќе имате можност да го посетите штандот на Ксенија Николова, авторка на романот „Зад маските“, да поразговарате со Ксенија, да ја купите нејзината книга и да ја поддржите за работата и трудот што ги вложува. Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на Општина Центар. Голема чест и задоволство е што со ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера во Управата за заштита на културното наследство присуствуваше на промоцијата на Софтверот за водење заштитни евиденции и Националниот регистар на културното наследство во земјава со кој ќе се овозможи поефикасно управување и заштита на културното наследство со примена на иновации. Љутков во своето обраќање рече дека со реализацијата на овој проект на дело се потврдува посветеноста на Владата и ...
Преподобен Григориј Молчалник, познат и како Григориј Ќутливи, е православен светител кој бил роден во 13 век. Тој е познат по својот аскетски живот, големото смирение и молчаливоста, кои ги практикувал како дел од духовната дисциплина. Свети Григориј од младоста посакувал да се повлече од светските работи и да живее живот посветен на молитва и медитација. Тој се замонашил и се повлекол во тишината на еден манастир, каде што посветено се молел и ...
Таков мал и навидум едноставен збор носи голема моќ. А покрај тоа што другите сакаат да го слушаат, неговиот изговор благотворно ќе влијае на нас и ќе ги нагласи сите добри работи кои понекогаш не знаеме да ги препознаеме во себе. Дали денес некому му кажавте „Благодарам“? Тој мал и краток збор има моќ што ја надминува неговата должина. „Благодарам“ не е само знак на учтивост – тоа е чин на признавање, почит и благодарност што нè поврзува со ...
Многу луѓе имаат проблем со силна болка во зглобовите, а постојат неколку начини на кои можете да се справите со неа и да се обидете да ја намалите. Нутриционистката Ема Пател смета дека исхраната игра многу важна улога во ова. Таа открила кои намирници ги консумира секој ден за да ги намали болките во зглобовите, како и воспалението кое предизвикува болка. „Фокусирањето на намирници богати со антиоксиданси и антиинфламаторни својства може да ја ...
Жансу Дере ги загрижи обожавателите на теленовела кога исчезна по разорниот земјотрес што го погоди јужниот дел на Турција минатата година, а бидејќи не се огласи на социјалните мрежи, почнаа да кружат гласини дека починала под урнатините. Меѓу информациите кои ја загрижија јавноста, а дојдоа од подрачјето погодено од земјотресот, се нашла и една за Жансу Дере. Имено, некои медиуми наведувале дека турската актерка настрадала и дека е под ...
Многумина ќе слават денеска, па многумина ќе се најдат во недоумица во однос на соодветниот подарок за домаќините Стариот обичај налага да не се виканаслава, но се подразбирало дека тој ден ќе дојдат пријатели и роднини на ручек. Гостите се чекале од утро до вечер и немало однапред договорено време кога треба да дојдат. Луѓето доаѓале кога можеле, а задолжително било да се донесе и јаболко кое е симбол на здравје и голема желба здравјето да ...
Кристина Агилера не престанува да ги радува своите фанови. Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, објавувајќи на својот Инстаграм профил фотографија на која позира гола. Пејачката позираше во кожни шорцеви, црн шешир и потпетици, додека со раката ги покриваше голите гради. Покрај фотографијата напиша: „Роденденско одело #44“ со кое ги воодушевила своите фанови. View this post on Instagram A post shared by Christina Aguilera ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… 2025 година ветува дека ќе биде значајна за некои хороскопски знаци, за кои ѕвездите предвидуваат голем успех во различни области од животот. За претставниците на овие знаци важно е да бидат подготвени, за да не им побегне среќата. И покрај фактот дека ѕвездите не секогаш им помагаат на сите одеднаш, секој ...
Се уште не се знае кој ќе ја игра улогата на прерано починатиот пејач за кој плачеше Балканот Пејачот Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска, а филмот за неговиот живот наскоро ќе почне да се снима во Македонија. Иницијативата е реализирана во соработка со Министерството за култура и Министерството за финансии, потенцирал министерот за дигитална трансформација на Македонија, Стефан ...
Денес во Музејот на Современа Уметност во Скопје, со почеток во 12:00 часот ќе биде отоворена изложбата на концептуалниот уметник Миша Кубал со наслов If walls could tell („Кога ѕидовите би зборувале“). Куратор: Зоран Ериќ, Институт за филозофија и социјална теорија, Белград Транснационалниот проект if walls could tell („Кога ѕидовите би зборувале“) на уметникот Миша Кубал, ги доведува во прашање уметничките институции во однос на нивната ...
На 15 декември 2024 година, во Салон 19:19 во Скопје, свечено беа доделени наградите за најдобрите пијанисти на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Скопје – „Пијано клавиш“ (PIANO KEY International Piano Competiton). Наградите беа во седум категории, според возраста на пијанистите, а беа доделени и специјални награди од Австриската и Јапонската амбасада во Скопје, за најдобро изведени дела од австриски, односно јапонски композитори, како и ...
Во Археолошкиот музеј во Франкфурт, на 17 декември 2024 година, беше отворена изложбата „Темната страна на римската историја“ како резултат на соработката меѓу Музејот на Град Скопје и Германскиот археолошки институт, кои неодамна потпишаа меморандум за соработка. Изложбата, која само вчеравечер ја видоа над шеесетина посетители, ќе биде поставена до јуни следната година. Државниот секретар во Министерството за култура и туризам на Северна ...
Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од утре попладне (20 Декември) па се до 24 Декември (Вторник) во Македонија ќе има пообилни врнежи, кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на ...
Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на месецот посветен на јубилејни проекции, ќе имате можност да го погледнете играниот филм „Париз, Тексас“. Париз, Тексас е веројатно најпознатиот, најуспешниот филм на Вим Вендерс, признат од критиката, којшто освоил бројни меѓународни награди, меѓу кои и наградата за најдобрар филм на Канскиот филмски фестивал, Златна Палма, во 1984 година.Овој необичен патувачки филм со ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска го потпиша Договорот за учество во пилот-програмата за копродукција на сериска телевизиска програма на „Еуримаж“ преку проектот „Поддршка на програмата за телевизиски серии“. „Со задоволство објавувам дека денес го потпишав договорот со ’Еуроимаж‘ во вредност од 9 милиони денари годишен депозит за 2024 и за 2025 година! Овие средства доаѓаат од буџетот на Министерството за култура и туризам ...
Вечерва, во Театар Комедија во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја погледнете претпремиера на претставата „Арсеник и стара тантела“. Оваа претстава, во режија на Лидија Дедовиќ, зборува за изопаченоста и современото безумие, за прикривањето злосторства, за емпатијата како изговор за криминал, за љубовта… Навидум е сè нормално и општествено прифатливо во животот на сестрите Аби и Марта Брустер. Тие живеат заедно со нивниот ...
Александар Сариевски е роден на 20 јуни 1922 година. Тој беше еден од најголемите македонски пејачи на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни. Сариевски е роден во селото Галичник. Средното образование го завршил во Скопје, каде научил да свири хармоника и се заинтересирал за музика. Веднаш по Втората светска војна, веќе во 1946 година, за Радио Скопје ја снимил својата прва песна „А бре невесто око калешо“, со ...
Врбица Стефанов е роден на 19 декември 1973 година во Кавадарци. Тој е поранешен кошаркар и репрезентативец на Македонија. Тој играл на позицијата плејмејкер. Врбица е повеќекратен освојувач на првенства и купови, како во Македонија, така и на европската сцена. Кариерата ја завршил во 2009 година на 35 години, по една деценија кариера по европските клубови и претставување на Македонија во најдобро можно светло. Во својата клупска кариера, ...
Овој славен светител, когошто и денес го слават по сиот свет, им беше единец син на своите богати и угледни родители, Теофан и Нона, жители на градот Патара во Ликија. Бидејќи им беше син единец даруван од Бога, тие Му го посветија на Бога, принесувајќи Му така дар. Знаењето за духовниот живот Св. Николај го стекна преку својот чичко Николај, епископот Патарски, и се замонаши во манастирот „Новиот Сион“, основан од тој негов чичко. По смртта на ...