
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Македонскиот народен театар ја најави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025, со поддршка од Македонски Телеком. Оваа година, под слоганот „Млади за млади“, фестивалот ќе биде насочен кон концертни настани на македонски изведувачи и ќе има хуманитарен карактер. На 12 јуни, со настап на скопскиот бенд Funkshui и артистката Speysd, ќе се отвори второто издание на летната сцена и ќе трае до 21 јуни. Со овој проект, младите стануваат ...
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, на Канскиот филмски фестивал носел маица со имињата на 4.986 деца убиени во Газа. „Стоп на Израел“ е напишано на задната страна од неговата маичка. Тој пристигнал во Кан за премиерата на документарниот филм „Човекот од шест милијарди долари“ за неговиот живот. Режисер е Еуген Јарецки, а бил прикажан како дел од специјална програма. Асанж не сакал да разговара со присутните новинари. Неговата сопруга Стела ...
Во одлична атмосфера на ресторанот Ragusa 919 во Скопје, вчеравечер се одржа настан како загревање за Гала вечерта на 18. јуни по повод 5-годишниот јубилеј на YouTube каналот на Стефан Лазаров. Централен момент на синоќешниот настан беше извлекувањето на главниот подарок – автомобил Peugeot 3008 (2020 година), кој го доби 21-годишната Теодора Димова од Валандово. Покрај автомобилот, беше доделен и нов мотор од салонот Shineray и телефон RedMi ...
На 24 мај, во Соколскиот дом во Сомбор, Србија, ќе биде отворена изложба на македонската стрип-авторка Славица Купенкова, која на публиката е позната и под нејзиното уметничко име – Дона Да Видра. Настанот се организира во рамки на престижниот “Сомборски стрип фестивал”, кој веќе традиционално ја слави деветтата уметност и привлекува стрип-креатори од целиот регион. На изложбата ќе бидат презентирани 50 стрип-дела од богатото творештво на ...
Најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Бане Наумоски, со наслов „Урбани трансформации“ од 22 мај 2025 година во 19 часот во Културно информативниот центар во Скопје. Во овој циклус авторот целосно се потпира на сликањето со акрилни бои на платно и го оживува брутализмот како урбано културно наследство, со фокусот на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми што го ...
Со концертот на гитара на Ивана Мариа Олива од Италија, започнува 18-тото издание на Фестивалот за современа музика Модоарс. Концертот ќе се одржи на 24 мај, 2025 со почеток во 20ч. во Музејот на македонската борба во Скопје, а влезот за концертот е слободен. Фестивалот МОДОАРС 2025 го започнува своето издание со уметник од висок ранг, со концерт кој не смее да се пропушти. Во продолжение на фествалот следуваат концерти на Синциа Бартоли – ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Се очекуваат значајни промени во животот на овој знак. Професионалната сфера би можела да ги изненади со пресврт што ќе ги одведе на сосема поинаков пат од оној кон кој се стремеле досега. Односите со луѓето исто така ќе бидат под лупа – некои врски ќе бидат раскинати, други ќе бидат преиспитани, а емоциите што биле ...
Овој настан не е само заедничко планинарење, туку е движење за поттикнување на свеста за здрав живот, заштита на животната средина и активно учество во создавањето на подобра иднина. Заедно со нашите партнери, ProCredit Bank, Mastercard, продолжуваме со нови еко-иницијативи кои ќе го поттикнат развојот на здрави навики, одговорно однесување кон природата и акција за климатски промени. Во 2024 година, заедно успеавме да постигнеме неверојатни ...
Битола вечерва продолжува да пулсира во ритамот на монодрамата. На сцената во Центарот за култура, во рамките на Интернационалниот фестивал на монодрамата ќе бидат изведени монодрамите „Алма Малер“ и „Декамерон“. На новата сцена, со почеток во 20:00 часот ќе ја погледнете монодрамата „Алма Малер“ на Источен Театар- Лублин од Полска. Режисер: Денис Абабеи Актер: Денис Абабеи Возраст: 16+ Фасцинантниот живот на Алма Малер (1879–1965), сопругата на ...
Фестивалот што ја спојува филмската слика со критичката мисла, полемиката со поезијата, фестивалот што го спојува зачудувањето со очудувањето, го слави својот 15. роденден. Од 22 до 28 мај во удобната кино-сала на Кинотеката на Македонија ќе можете да видите програма што зборува, што предизвикува и што трае во мислите и умот и по проекцијата: премиери на повеќе филмови од Европа и светот, стари добри класици, а сето тоа ќе биде проследено со ...
Францускиот институт во Скопје, во соработка со Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ – Скопје, има чест да ве покани на книжевна средба со Патрис Павис, еминентен француски професор и театролог со светско реноме, во текот на која ќе се разговара за неговиот неверојатен творечки опус и академска кариера како предавач на три континенти и како автор на најчитаните и најпреведуваните речници за театарот и ...
„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија вчера во книжарницата Литаратура.мк во Скопје Сити Мол. – За мене тоа беше морална ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера во Порта Македонија се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј. Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици. „Реализацијата на Генералната асамблеја токму овде е симболично и значајно бидејќи Македонија не само ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), ...
Во Театар Комедија, вечерва со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Секс, Лаги и Главоболки“. “СЕКС, ЛАГИ И ГЛАВОБОЛКИ е динамична, духовита и емотивна претстава што со леснотија се движи на тенката линија помеѓу хуморот и драмата, но секогаш останува искрена и блиска до животот. Преку четири различни приказни што ќе ја разголат комплексноста на љубовните односи – од комични недоразбирања до болни откритија – ...
Новата недела во Хрватска донесе шест свежи синглови од регионалната музичка сцена. Од повратни рап химни и интроспективни балади до експериментални звуци и вирални хитови, а овој избор опфати различни жанрови и емоции. Хрватскиот портал muzika.hr, даде преглед на најинтересните нови изданија. Песните ги избра Едо Плованиќ, а гласањето за синглот на неделата беше можно преку анкетата на која победи нашиот претставник Димиш со песната „Срце и ...
Овој голем пророк беше од царски род. Роден во Ерусалим од татко Амос, брат на јудејскиот цар Амасиј. Според големата Божествена благодат што беше во него, Исаија се удостои да Го види Господ Саваот на небесниот престол, опкружен со шестокрили серафими, коишто непрестајно пееја: Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот. Исаија им пророкуваше многу нешта како на одделни луѓе така и на народите. Еднаш три дена одеше сосем гол по улиците ерусалимски ...
Од Меѓународниот Театарски Фестивал „Денови на комедија“ соопштуваат дека лауреат на МТФ Денови на комедија 2025 е актерката Весна Петрушевска. Фестивалот и Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово во состав на: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Сефедин Шабани, Крсто Богојевски и Александар Крстевски, доделува награда „Васил Иљоски“ на актерката Весна Петрушевска за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на ...
Ферус Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане професионален музичар. По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил ...
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, вчера направи нешто што ниедна прва дама во историјата на Соединетите Американски Држави досега не го направила – таа го потпишала закон заедно со претседателот, со што поставила значаен преседан за улогата на првата дама. За време на официјалната церемонија на потпишување во градината на Белата куќа, претседателот Доналд Трамп ја повикал својата сопруга да го стави својот потпис под неговиот на новиот ...
Видео од девојка во Сан Франциско која држи проѕирен „мобилен телефон“ го привлекло вниманието на бројни корисници на социјалните мрежи кои се прашуваат за што се работи. Видеото досега е прегледано 53 милиони пати на споменатата социјална мрежа и има повеќе од три милиони лајкови. „Мислам дека држи обично парче стакло и се преправа дека е мобилен телефон“, „Пристигна од иднината на мисија“, „Како се полни ова чудо?“, „Ова ја потсетува на една ...
Во бајките, низата настани обично оди вака: се запознавате, се заљубувате, се свршувате, планирате свадба, се венчавате, одите на меден месец, наоѓате куќа и живеете среќно до крајот на животот. Но, животот не е бајка. Љубовта и бракот бараат свест дека секојдневните работи влијаат на квалитетот на врската меѓу двајца луѓе и дека некои суптилни работи можат да ја уништат. Професионалците за брачно советување најчесто ги среќаваат овие 5 ...
Содржи соединенија кои се борат против ракот и имаат моќ да го контролираат воспалението и да го намалат ризикот од срцеви проблеми. Прелистувајќи ги кулинарските канали на социјалните медиуми, ќе наидете на безброј видеа од готвачи од целиот свет кои ја фалат зелката како исклучително разновиден зеленчук. Затоа, при вашето следно купување, размислете да ја додадете во вашата кошничка. Освен што е модерна, зелката е исто така многу хранлива. ...
Данскиот блогер за патувања Густав Ростед, кој посетил 188 земји, вчера на својот Инстаграм профил „gus1thego“ објави што го изненадило за време на неговиот престој во балканските земји. Тој сподели кратко видео, во чудење, во кое седи во ресторан, а потоа ја поместува камерата за да ги покаже луѓето во негова близина. Имено, глетката што го изненадила биле пушачите во затворени простори. Сепак, тој напишал во описот дека Балканот е сè уште еден ...
„A Deadly American Marriage“ (Смртоносен американски брак) е нов документарец на Netflix базиран на вистински настан од 2015 година кој ги заинтригирал гледачите и го достигнал второто место на глобалната листа на најгледани филмови на стриминг платформата. Во продукција и режија на Џесика Бургес и Џени Поплвел, документарецот „A Deadly American Marriage“ ја истражува мистеријата зад смртта на Џејсон Корбет, вдовец од Ирска кој бил убиен од ...
Запечени макарони со бешамел сос и сирење се совршено кремасто јадење кое ги комбинира богатството на вкусот и едноставноста на подготовката. Состојки: 300 г тестенини 300 г 1 лажичка сол За бешамел: 50 г путер 50 г брашно 500 г млеко малку сол прстофат рендано морско оревче 200 г рендано сирење (моцарела, пармезан или друго по ваш избор) 50 г крем сирење За декорација: Листови од свеж магдонос или мајчина душица Подготовка: Сварете ги ...
„Понекогаш посакувам да имав магично стапче за да му помогнам да продолжи со својот живот“ Пејачката Маја Оџаклиевска поминала низ многу тешки семејни моменти, кои не ги крие од јавноста. Маја зборувала за тоа отворено, давајќи голем број детали, што им помогнал на многумина кои минуваат низ слични работи. Поради својот внук таа има многу грижи – Го препознав неговиот аутизам кога имаше две години. На почетокот се криешр таму каде што било ...
Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата објавува конкурс за проектот CRE ART. Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници и куратори. Заинтересираните уметници да достават концепт за изложба, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис да испратат фотографии од делата планирани за изложбата. Материјалите да се испратат на likovna@kic.mk, со назнака „ЗА CRE ART“. Конкурсот трае до ...
*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… За трите избрани хороскопски знаци, наредните месеци носат многу повеќе од обична летна возбуда. Ова е период што носи длабока симболика: сезона на вистинска трансформација, одвнатре кон надвор. Ова може да биде најважното, најрадосното и најтрансформативното лето во нивните животи. Планетарните енергии што го ...
Сите зборуваат за него, а сега дојде време и да го видиме: „Чорбаџи Теодос“ – комедија напишана од Васил Иљоски, во ново светло, но со истата сурова вистина. 26 мај (понеделник), 20:00 часот, НУ Народен театар Битола. „…И што бил животот. Лажливен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и – одеднаш паднат во кал, извалкан, смачкан… Живот!“ „Во животот, Теодосе, има многу пострашни работи. А најстрашни се: лошо срце, лакомо око и граблива ...