Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Мој термин“, по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, а во режија на Синиша Евтимов. Адаптација: Синиша Евтимов и Благоја Бошковски Улоги: Филип – Јордан Симонов Бела – Тања Кочовска Ото – Оливер Митковски Воскресија – Николина Кујача Столе – Александар Микиќ Лилјана – Сашка Димитровска Силва – Александар Михајловски Превод: Благоја Бошковски ...

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан американскиот игран филм „Филаделфиска приказна“. „Филаделфиска приказна“ е американска романтична комедија од 1940 година во режија на Џорџ Кукор, со Кери Грант, Кетрин Хепберн, Џејмс Стјуарт и Рут Хаси во главните улоги. Филмот е заснован на истоимената драма на Бродвеј од 1939 година за богата наследничка и социјалистка чии планови за венчавка се комплицираат со ...

Збирката на Шопов „Зентрифуга“ е книга за месец февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ како дел кампања Читаме Современи Македонски Автори. Расказите се навидум едноставни, напишани со лесен, разбирлив стил. Но, всушност, тие во себе содржат подлабока тематика бидејќи, преку неочекуваните духовити пресврти, ги откриваат и ги разнишуваат цврсто изградените, конзистентни етички гледишта на зен приказните, често со шокантен резултат – ...

Денешното саботно утро во Македонија донесе поладно време за разлика од изминатите неколку утрини, а времето е сончево со појава на локална позначителна облачност, а во дел од котлините има појава на магла или на ниска облачност. Претежно е тивко. Најниска температура до 7 часот утринава беше измерена во Берово, и тоа -4 степени, додека во исто време највисока минимална температура беше измерена во Крушево, и тоа 3 степени. На табелата можете да ...

Агенцијата за филм на Република Македонија со гордост информира за своето учество во сегментот „Балканот во фокус“ на седмото издание на Fipadoc – International Documentary Festival, реномираниот меѓународен фестивал на документарен филм кој се одржува во Бијариц, Франција, од 24 јануари до 1 февруари 2025 година. Овогодинешниот фестивал ја истакнува богатата документарна ризница на балканскиот регион, во кој учествуваат девет земји: Македонија, ...

Еден од најголемите уметници не само на овие простори, туку и ширум светот, Раде Шербеџија, заедно со својот оркестар ,,Западни колодвор” ја носи својата магија во Скопје на еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија. Концертот ќе се одржи вечерва, со почеток во 20:00 часот. Шансониерот и актер со холивудска слава, Раде Шербеџија доаѓа во Скопје со проектот ,,Због тебе, због себе, због других”, со репертоар во кој ќе ги има сите класици ...

Шенка Колозова е родена во Добрево, Пробиштипско на 1 февруари 1947 година. Таа е пензионирана македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни. Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата ...

Преподобен Макариј Велики Мисирец, еден од помладите современици на Антониј Велики. Татко му беше свештеник. Од послушност кон родителите се ожени, но жена му набрзо умре, а тој се оддалечи во пустина, каде што помина полни шеесет години во труд и во борба, внатрешна и надворешна, за Царството Небесно. Кога го прашаа зошто е толку сув и кога јаде и кога не јаде, одговори: „Од стравот Божји“. Толку успеа да си го очисти умот од злите помисли и ...

Она што прво го јадете наутро не само што влијае на целиот ден, туку и на целокупното здравје. Зошто е важно што јадете на празен стомак? Некои лоши навики може да доведат до дигестивни проблеми, недостаток на енергија или дури и долгорочно оштетување на внатрешните органи. Начинот на кој го започнувате денот го одредува нивото на енергија и способноста да се соочите со предизвиците. Ако пиете кафе на празен стомак или правите интензивни вежби ...

Ако неодамна сте раскинале и бившиот партнер ви предложи да останете пријатели, треба добро да размислите за тоа. Иако изгледа како чин на зрелост, пријателството со бившиот генерално не ви прави услуга. Имено, лиценцираната терапевтка за брак и семејство, Џен Ман, истакнува дека доколку вие и вашиот партнер немате деца заедно, не форсирајте пријателства со поранешните партнери. Од друга страна, тоа не значи дека не се можни пријателства меѓу ...

Креативните идеи го прават овој стан од 38 квадратни метри многу функционален. Мебелот во овој мал стан лесно се преместува и може да се прилагоди на сите потреби на домаќинството. Реновиран е во стилот на американските домови, каде што денес е вообичаена голема дневна соба. Затоа архитектот решил да го отстрани ѕидот кој делумно ги делел дневната соба и спалната соба. Ова создало импресивен простор во кој се влегува од прилично тесен ходник. ...

Riviera Travel ги анализирала податоците на Евростат и бројките за ноќевања во европските земји за да утврди кои земји се најмалку посетени. На прво место е Луксембург, а на листата е и соседна Србија. До 2050 година, се верува дека патниците повеќе нема да одат во претерано посетени области како Барселона, и наместо тоа, денешните помалку популарни дестинации ќе имаат поголем број туристи. Сепак, кој вели дека треба да почекате до 2050 година ...

Софи Џеј Андерсен нашла позитивна страна на проблемот со фрлање храна – сега таа ги добива сите намирници бесплатно. Софи Џеј Андерсен почнала да „нурка во контејнери“ додека живеела во Сиднеј. Отпрвин земала свежа храна само од специјални канти, но набрзо сфатила дека може да најде се што и треба. „Сестра ми ми испрати фотографија од скриеното богатство што го пронашла во контејнерите. Знаев за тоа, но никогаш не мислев на тоа како начин да си ...

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак… Раковите треба да почнат да се борат со лошите навики на 4-ти февруари бидејќи планетите ќе станат деструктивни и ќе започне период на дисхармонија. Овој период ќе трае до самиот крај на месецот. Треба да поминувате повеќе време во пријатно друштво, опкружени со деца, родители и некој што ви е драг. Крајот на зимата ...

Вечерва во Народниот Театар во Битола, со почеток во 20:00часот, ќе може да ја погледнете театарската претстава ХАМЛЕТ – Денот на убиствата според пиесата на Бернар-Мари Колтес. Режисер и автор на музиката: Марјан Неќак Драматург: Оливера Павловиќ Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Андреј Ѓоргиевски Дизајнер на видео: Сашо Илковски Светло-мајстор: Тон-мајстор: Александар Димовски Автори на плакатот: Марјан Некаќ и Сашо Илковски ...

Тој истакнал дека неговиот поглед кон животот се менувал со годините и дека сега не им придава важност на работите кои некогаш многу го окупирале. „Нешто не се стилизирав. Ова е ефтин костум на „Бос“,обичен костум. Минаа тиевремиња. Пораноодев во Англија и таму купував. Бешебитно на сцената да се има шиен костум и да биде сценски, да свети. Сешто се менува како што човек старее, животот се менува, но се надевам на позитивното. Во смисла на ...

Олдтајмери од Западна Европа и регионот од 27-ми септември до 3-ти октомври ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава и ќе се промовира винскиот туризам. Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска на 29 јануари 2025 година, оствари средба со Благоја Петровски и Игор Стефановски од клубот „Бахус Класик“ од Скопје, организатори на овој настан. Проектот ќе ги презентира ...

Вечерва, во 20:00 часот на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп ќе биде изведена претставата на кумановскиот театар „Како што сакате“ (Ноќ спроти Водици) во режија на Срѓан Јанаќијевиќ. Во претставата играат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ и Никица Јанковски. Драматург е Симона Тоскиќ, сценограф е Марија Ветеровска, костимите се на ...

Најпознатиот македонски трибјут бенд „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“, предводен од познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, вчеравечер, четврток 30 јануари 2025 во скопскиот мјузик бар „Интермецо“, приредија незаборавна ноќ за паметење. Досега „верно на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на овие простори, а од неодамна и ...

Како и сите приказни, така и МНТ има своја – приказна која се испишува, се раскажува и трае веќе 80 години. Тоа е приказна која започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со почетокот на 1945 година: на 3 јануари со вработувањето на 60-те актери и технички, административен и сценски персонал и на 3 ...

По распродадениот премиерен концерт минатата година, традиционалниот „Candlelight“ спектакл под свеќи повторно ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика во Скопје. Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, на 22 март со почеток во 20 часот, во големата сала на Македонската филхармонија, камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување исполнето со емоции ...

Маријана Фејтфул, англиска пејачка и актерка, починала на 78-годишна возраст, објави нејзиниот публицист. Пејачката, најпозната по песната As Tears Go By, честопати ја нарекувале една од најголемите жени на рокенролот. – Со длабока тага ја објавуваме смртта на пејачката, текстописец и актерка, Маријана Фејтфул. Маријана мирно почина денеска во Лондон, опкружена со своето сакано семејство. Многу ќе недостига – стои во официјалното соопштение. Во ...

На книжевната средба меѓу писателите и читателите во книжарницата ТРИ (Градски трговски центар), која се одржа на 29 јануари 2025 година, македонскиот писател, професор и книжевен теоретичар Венко Андоновски се здоби со Признание за највлијателен писател и просветител во 2024 година во ТРИ. „Во 2024 година ја издадовме ‘Опијатите на лепословието’, најновото дело на Андоновски, во кое тој ни ги открива тајните на своите вештини при пишување ...

Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток (6 февруари) со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков. Диригент е маестро Сашо Татарчевски, а на програмата се: увертира „Оберон“ од К.М. Вебер, Концерт за виолина и оркестар бр. 3 во Ге-дур од В.А.Моцарт и Симфонија бр. 5 „Реформациска“ во Де-дур/де-мол, оп.107 од Ф.Менделсон. Белгискиот ...

Вчера, директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, беше во официјална посета и оствари средба со директорот на Националната опера и балет (МОБ), Оливер Арсовски, каде што се потпиша Меморандум за соработка меѓу двете институции. Во согласност со изразената желба на двете институции за развивање партнерски односи, дефинирање на конкретни програмски активности, како и подобра соработка во областа на стручен кадар или кадар на обука ...

Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температури значително над просекот за овој дел од годината. Сепак, по котлините, особено во утринските, претпладневните и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пролетни на ...

Рестораните „Сидро“ се еден успешен еко пример кој што се издвојува од другите затоа што целосно ја прифаќаат и ја нагласуваат еколошката свесност во секој аспект од своето работење – од набавката и подготовката на храната, 100% селектирање на амбалажниот отпад, па се’ до секојдневното работење на ресторанот и користењето на енергија и природни ресурси – со што овие ресторани активно го намалуваат „јаглеродниот отпечаток“ кој го оставаат зад ...

Драмски театар со претставата „Драми на принцезите“ во сабота на 1 февруари гостува во Љубљана, Словенија каде од 29 јануари до 3 февруари во организација на Местно гледалишче Љубљана се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Во претставата играат: Јелена Жугиќ, Нина Елзесер, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Сара Кимовска, Трајанка Илиева Вељиќ, Ивана Павлаковиќ и Јасмина Василева. „Драми на принцезите“ е претставата ...

Една недела по својата блескава, светска премиера на Sundance Film Festival, првиот долгометражен, игран филм на Георги M. Унковски, Диџеј Ахмет продолжува да ја импресионира публиката и филмската критика. Оваа срдечна, возбудливо раскажана приказна ја стави Северна Македонија во фокус на глобалната филмска сцена, докажувајќи уште еднаш дека нашата земја има неограничен капацитет и таленти во филмската индустрија. Публиката на фестивалот што ...

Благоја Дрнков е роден во Скопје во 1914 година. Тој беше доајен на македонската документаристика и неприкосновен уметник во фотографското мајсторство. За својата работа, одликуван е со бројни награди и признанија, меѓу кои најзначајно е Медалот за заслуги за Македонија во 2008. Уште како ученик започнува да се занимава со фотографирање. По завршување на средното образование, се вработува во фотографскиот дуќан „Фотоаматер“, кога и ја купува ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1009
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
39%
1009
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
38%
1008
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
20%
1010
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.95
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
48%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
54%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1009
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
47%
1008
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
3.58
37%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
44%
1009
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 18ᴼ
5.14
46%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52