Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата првин ќе ги разгледа заклучоците што ќе ги донесе Советот на Град Скопје во врска со иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, по што ќе постапи во рамки на своите надлежности. Тој посочи дека барањата за засилени инспекциски контроли и постојан надзор веќе се применуваат и не претставуваат пречка за институциите. Во однос на можната дислокација, Мицкоски нагласи дека од аспект на ...

Два златника и прстен од византискиот период, стари околу 1.400 години, се пронајдени на археолошкиот локалитет Хирканија, во Јудејската Пустина, околу 17 километри југоисточно од Ерусалим, на територијата на денешниот Западен Брег, соопшти Одделението за археологија при Цивилната управа на ЦОГАТ (COGAT). Манастирот Хирканија бил напуштен кон крајот на 8. или почетокот на 9. век од нашата ера, додека пак артефактите датираат од периодот меѓу ...

Три нови странски инвестиции во вкупна вредност меѓу 110 и 120 милиони евра најави премиерот Христијан Мицкоски. Според планот, влезот на германски, грчки и турски капитал ќе отвори над 1.500 нови работни места. Новите капацитети ќе бидат фокусирани во автомобилската индустрија, високите технологии и фармацевтскиот сектор, а ќе се градат на локации во Тетово и во индустриските зони во Скопје. Мицкоски потенцираше дека Владата води силен ...

Намалена видливост во сообраќајот поради магла од 50 до 100 метри утрово има на планинскиот превој Ѓавато и во Крушево, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози, а неговиот интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Диспечерско-информативниот центар на ЈП ...

Во услови на забрзана урбанизација, зелените површини во градовите стануваат сè поважен елемент за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Паркoвите, дрворедите, зелените кровови и малите урбани градини не се само естетски додаток, туку имаат и значајна еколошка и општествена улога. Зошто зеленилото е важно Истражувањата покажуваат дека присуството на дрвја и растенија придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, бидејќи тие ...

Викендов (27 и 28 декември) од североисток во Македонија ќе ни пристигне многу ладен воздух и ќе предизвика локално да првејува слаб снег особено што е важно е тоа дека ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе биде доста силен и ќе достигнува брзина од над 80 км/час. Токму поради очекуваниот силен ветер кончено очекувам расчистување на воздухот во котлините во Македонија. Во Скопје и околината исто така викендов ќе ...

Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата поради обилните дождови што предизвикува поплави. Во јужниот дел од Калифорнија прогласено е највисоко ниво на подготвеност за евакуација на населението. Во три градови во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување од појава на торнадо, но подоцна беше укинато. Властите ги предупредија ...

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја отвори студентската изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат“, во Галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан. Како се наведува во соопштението, изложбата претставува долгогодишен проект на Факултетот за ликовни уметности, кој се одржува континуирано од 1990-тите години, а е посветен на истражување на односот меѓу форматот и идејата, ...

Според сезонската прогноза, средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Во пониските предели, како Скопје и Штип, се очекуваат средни зимски температури од 1–4°C (нормални вредности: Скопје 1,1–2,4°C, Штип 1,6–3,1°C), додека во планинските подрачја, како Маврово, средната температура ќе биде од 0 до –3°C (нормална вредност –2 до –0,4°C). Бројот на мразни денови ќе изнесува 30–55 во низините и 60–75 на ...

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9 часот до завршување на работите ќе имаат корисниците од улицата „13 Ноември“ во општината Центар и корисниците на дел од населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, а од 10 часот и дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ (потегот од „Ленинова“ до „Орце Николов“) во општината Центар. Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на вентил на Кеј 13 ноември б.б – ...

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот од денес попладне (вторник 23 декември) па до четврток (25 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд). Поради продор на поладен воздух од север на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинија за еден дена по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намали за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените во просек за 1,18 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 70 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска напладне ќе има годишно обраќање во Собранието. Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата… Обраќањето на претседателката е во рамки на 77. собраниска седница. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Сиљановска-Давкова пред пратениците од ...

Во Владата денеска (11:00) ќе заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа. За износот на минималната плата претставници на Владата во неколку ...

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитаранот кои ќе бидат во склоп со продор на поладен воздух од север од утре попладне (вторник 23 декември) па во деновите потоа во Македонија времето ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. На планините пак над 1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и очекувам формирање на ...

Американската вселенска агенција НАСА веќе две недели не добива податоци од вселенското летало МАВЕН на Марс. – Во тек се напори за повторно воспоставување контакт, изјави портпаролката на НАСА за Германската новинска агенција (ДПА). НАСА на 15 декември соопшти дека „краток фрагмент од податоци за следење“ од почетокот на месецот сугерира дека сондата можеби „ротира на неочекуван начин“. Вселенското летало МАВЕН (Mars Atmosphere and Volatile ...

Нови фрески со „извонредни детали и боја“ се откриени во вила во близина на античкиот римски град Помпеа, соопшти археолошкиот парк во близина на Неапол. Фреските се откриени во Вилата Попеја во античкиот град Оплонтис, голема резиденција која датира од средината на првиот век п.н.е., која веројатно ѝ припаѓала на Попеја Сабина, втората сопруга на царот Нерон, или на нејзиното семејство. Археолозите пронајдоа речиси целосна фреска на паун со ...

Под влијание на стабилна но малку поладна воздушна маса од север, за време на овој викенд времето во Македонија ќе биде стабилно и поладно со пониски температури преку ден и претежно ќе биде тивко и без ветер. Локално ќе има позначителна облачност а во дел од котлините ќе биде магливо и со ниска облачност. Во Скопје и околината исто така за време на овој викенд времето ќе биде стабилно, суво и тивко со умерена облачност. Во дел од котлината ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во насока на поголема транспарентност и едукација на возачите, најави дека системот „Безбеден град“ нема да биде „стапица“ за граѓаните. Напротив, МВР планира јавно да ги сподели сите локации на кои се поставени камерите за контрола на брзината. Дополнително, министерот најави воведување на подзаконски акти со кои ќе се дефинира дозволеното пречекорување на брзината. „Се водиме според ...

Времето утре, 18 декември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Во Скопје се очекува променливо облачно и претежно тивко време. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд. временска ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) отвори шалтер за „Безбеден град“ во зградата на Македонската телевизија во Скопје. На шалтерот може да се поднесе барање за промена на контакт-податоците кои се доставени при регистрација на возилата, ако има промена или во случај да е добиено известување со неточни податоци. Шалтерот ќе работи секој работен ден од 8 до 17 часот. Истото ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на ...

Полицијата ќе спроведува целни контроли на граничните премини за спречување на тероризам, екстремизам и криминал. Според властите во Љубљана, ова нема негативно да влијае врз граѓаните што живеат во пограничните области, како и врз патничкиот сообраќај. Словенија одлучи да ги продолжи граничните контроли поради заканите по внатрешната безбедност што произлегуваат од Зимските олимписки игри во Италија, терористичките закани и организираниот ...

Советот на јавни обвинители денеска на седница треба да определи вршител на должноста јавен обвинител откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вторникот си поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција. Седницата Советот на јавни обвинители е закажана во 11 часот. Вршителот на должност се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се ...

Продолжува периодот на стабилно и суво време во Македонија со ладни утра и температури преку ден кои ќе бидат над просекот за месец декември. Тоа значи дека остануваме под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ. Претежно ќе биде тивко и без ветер а наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на значителна ниска облачност. Сепак ќе имаме и значителна облачност но без врнежи. И во Скопје и ...

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје известува за планирани технички зафати во електросистемот, поради што без електрична енергија ќе останат следните корисници: Илинден с. Белимбегово (ул. 27) 08:30 – 15:00 часот Аеродром бул. Видое Смилевски Бато бр. 8А 09:00 – 13:00 часот Чучер Сандево Изводот од Рибилимус кон Горно и Долно Оризари 09:00 – 15:00 часот Карпош с. Бардовци (кај зградите Машинац) 11:00 – 15:00 часот евн ...

Растот на цените на златото не е изненадувачки долго време, но сега и среброто достигна историски максимум од 60 долари за унца. Рекордна вредност на среброто: Неговата цена се зголеми за 113 проценти од почетокот на 2025 година Понудата се топи, ликвидноста исчезнува, а инвеститорите бегаат кон скапоцените метали под притисок на глобалните ризици и очекуваното намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви. раст сребро топ5 ...

Преспанското Езеро оваа година стана сцена на првите подводни археолошки истражувања во овој регион, значаен и историски момент за културното наследство на Македонија. Истражувањата започнаа како активност на НУ Завод и музеј – Битола и ГО за развој на алтернативен туризам Љубојно, а во рамките на проектот ACT4PRESPA, со цел да се идентификуваат, документираат и заштитат археолошките богатства во, и околу езерото. Во првите две фази стручен ...

ЈСП Скопје издаде соопштение до своите корисници на билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години дека заверката на истите за 2026 година може да се прави во сите центри за персонализација, започнувајќи од 15.12.2025 година. Заверката се реализира исклучиво лично од страна на корисникот, со приложување на документ за лична идентификација. Сите билети за возрасни лица од старосна група над 62/64 години кои нема да бидат заверени ...

Египетските власти денес открија две реставрирани монументални статуи на фараонот Аменхотеп III во градот Луксор, како дел од најновите археолошки настани насочени кон привлекување повеќе туристи во земјата. Гигантските статуи од алабастер, познати како Колосите на Мемнон, беа реконструирани како дел од проект за реставрација што траеше околу две децении, објави АП. Статуите го претставуваат Аменхотеп III, кој владеел со древниот Египет пред ...

Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи. Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за ...

Мвр билтен

7 минути - МИА
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
990
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
73%
992
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
995
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
71%
993
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.4
93%
993
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.47
71%
988
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
990
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
989
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
85%
992
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
7.72
75%
992
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
989
Currency

61.635

Currency

51.8732

Currency

70.7867

Currency

36.9714

Currency

38.2337

Currency

67.4946

Currency

7.50345

Currency

0.67228

Currency

0.33801

Currency

0.52487

Currency

1.18836

Currency

0.57248

Платина

65523.22

Калај

50.54

Цинк

3.44

Иридиум

213919.04

Алуминиум

3.13

Злато

159145.23

Бакар

11.98

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

2475.93

Паладиум

52309.26

Родиум

339190.38