Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
На полиците често гледаме различни ознаки како „екстра девствено“, „девствено“, „рафинирано“ и „ладно цедено“. Разликите меѓу нив не се само во цената или вкусот, туку и во начинот на кој маслото е произведено и обработено. Екстра девственото маслиново масло се добива механички, од свежи маслинки, без употреба на хемиски растворувачи. Поради минималната обработка, во него се задржуваат повеќе природни соединенија од маслинката. А што е со ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави јавноздравствени препораки за квалитетен сон при топло време. Македонија и регионот се погодени од неверојатно топол бран. Темепратурите се високи, влажноста е голема, тешко се поднесува жештината, а ИЈЗ советува за спиење да се користи лесна и широка облека од памук и постелина од природни материјали. Високите температури, особено во текот на ноќта, можат да го отежнат заспивањето, да предизвикаат ...
Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...
Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Темепратурата ќе опадне за неколку степени, соопштуваат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. временска прогноза Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и ...
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. -Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
Ешерихија коли или било која друга бактерија нема во водата во Скопје. Ова на денешната прес-конференција го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма. Скопје има една од петте најдобри води и извори во Европа. Не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Секој ден на дневна основа се прават по 36 испитувања на примероци кои се земаат од ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје ги исполнуваат пропишаните услови за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 11 август, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 42 примероци од водоводната мрежа во Скопје, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Примероците биле земени согласно методата MKC ISO 5667-5, која се однесува на земање ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. Како што информираат од Општината, денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, ...
Веќе три дена светиниколчани не пијат вода од водовод. Како што беше соопштено од градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, пронајдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цисерни со вода за готвење и пиење. При редовни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа и покрај утврденото присуство на хлор од 0,4мг/л, кој е главен идникатор за безбедна вода за пиење, се утврдени ...
Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија. Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и ...
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Според УХМР, температурите во најтоплите делови од земјата ќе достигнат до 40 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекуваат околу 39 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе бидат високи, а најтопло ќе биде во централните и јужните делови од земјата. Во текот на денот ...
Жителите на северната хемисфера на Земјата денеска ќе можат да проследат редок астрономски настан – помрачување на Сонцето. Во некои региони ќе има целосно затемнување, а во други само делумно. Овој астрономски феномен се случува кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, блокирајќи ја сончевата светлина целосно или делумно. Целосно помрачување на Сонцето ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, на северот од Русија, во Атлантскиот Океан, ...
Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата ...
По неколкудневната криза предизвикана од историски нискиот водостој на Дунав, ситуацијата во унгарската нуклеарна централа Пакс привремено се подобрува. Денеска повторно се активирани две турбини, а вториот блок постепено се враќа кон целосен капацитет. Подобрувањето доаѓа откако нивото на Дунав во последните денови почна постепено да расте. Ниското ниво на реката претставуваше сериозен проблем за централата бидејќи водата од Дунав се користи ...
Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во Гевгелија. -Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за ...
Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, откако на денешната средба во Струмица е постигнат договор меѓу производителите, откупувачите и преработувачите. Според договореното, првата класа ќе се откупува за 40 денари за килограм, прва/втора класа и пиперката наменета за индустриски капацитети ќе се плаќа 30 денари, додека за шкартот е договорена цена од 15 денари за килограм. Информацијата ја соопшти министерот за ...
Квалитетот на водата во гостиварскиот водовод е блиску до можноста за безбедна употреба и за пиење, информираат од Локалниот кризен штаб од каде посочуваат дека резултати од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења потврдиле дека и нивото на хлор се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот штаб, Зуди Џелили посочи дека одлуката за повлекување на забраната за користење на водата ...
Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот. Од 8 до 19 август, Крушево е домаќин на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, еден од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. На првенството учествуваат 130 пилоти од 38 земји. Заедно со тимовите и придружниот персонал, во Крушево се присутни повеќе од 200 учесници директно поврзани со натпреварувањето. Главното полетување се одвива од Мечкин Камен, ...
Според британското списание Which?, Кефалонија е прогласена за најдобар грчки остров за 2026 година, благодарение на недопрената природа, мирната атмосфера и разновидната туристичка понуда. Широките песочни плажи на островот, недопрените предели без високи згради и можноста да се избега далеку од толпите ѝ го обезбедија на Кефалонија првото место во годишното истражување на списанието за потрошувачи, пишува Greek Reporter. Во истражувањето, ...
Светските океани достигнаа највисоко ниво на температура некогаш забележано во јули, што е делумно поттикнато од развојот на феноменот Ел Нињо во Пацификот, покажуваат податоците на службата на Европската Унија за следење на климата. Просечната температура на површината на морето (SST) надвор од поларните региони, меѓу 60 степени северна и 60 степени јужна географска ширина, во јули изнесуваше 20,96 степени Целзиусови, што е повеќе од ...
Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. ...
Европската Унија ги засилува напорите за обезбедување критични суровини и намалување на зависноста од увоз, а во тој процес геолошките податоци добиваат сè поголемо стратешко значење. Европската комисија подготвува Европски центар за критични суровини, чија цел ќе биде да обезбеди подобри информации за пазарите и синџирите на снабдување, но и да помогне во инвестициите, заедничките набавки и создавањето стратешки резерви. Во најновата ...
Земјоделците кои го одгледуваат ова растение заработуваат вистинско богатство, еден грам чини до 40 евра, а годишната заработка може да достигне 40.000 евра. Добро е познато дека земјоделците кои се свртуваат кон производство на растенија како ова никогаш не се каат бидејќи заработката е одлична. За некои од овие растенија, цената е до 40 евра по грам, а многумина развиле бизниси кои им носат и до 40.000 евра годишно. Шафран Шафранот е ...
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно – здравствените препораки за заштита од топлото време. – Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, ...
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Богородица за влез во егејско море, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јавува дописничката за МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Богородица и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови ...
По зголемувањето на нивото на Дунав, Унгарија започна со рестартирање на втората турбина во нуклеарната централа „Пакш“, која произведува околу половина од електричната енергија во земјата. Ниското ниво на реката, предизвикано од продолжениот топлотен бран и сушата во голем дел од Европа, претходно го намали работењето на централата на околу 10 отсто од капацитетот. Од осумте турбини работеше само една. Унгарскиот премиер Петер Маѓар во ...
Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...