Американскиот геолошки институт претходно регистрираше земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала во американската сојузна држава. Нема информации за жртви или повредени. „Само што овластив прогласување вонредна состојба за да дозволам повеќе ресурси да одат таму каде што се потребни за итен одговор на земјотресот со јачина од 7 степени по Рихтер утринава“, напиша Њусом на социјалните мрежи. Државните власти работат на информирање ...

На 9 декември годинава, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се бави со промоција на источноазиски култури во Македонија. Настанот кој е предвиден да трае до полноќ, вклучува богата програма наменета да задоволи различни полиња на интерес кај љубителите на јапонската традиционална и поп-култура, со фокус на ...

Всушност, областа каде што дискот што формира планета се среќава со површината на ѕвездата достигнува 16.000 Келвини – три пати попотопло од површината на Сонцето. Астрономот Адолфо Карваљо од Институтот Калтек и неговите колеги веруваат дека областа околу ѕвездата е толку изненадувачки жешка бидејќи брзо ротирачкиот прстен од материјал околу ѕвездата всушност се трие на нејзината површина и создава потреси кои сјаат сто пати посилно од самата ...

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе и се обрати на нацијата, откако опозицијата во Франција и изгласа недоверба на владата на премиерот Мишел Барние, соопшти Елисејската палата. Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека притисокот врз Макрон расте, но дека таа не бара негова оставка, нагласувајќи дека само Макрон може да одлучи за тоа. На малцинската влада на францускиот премиер Мишел Барние синоќа и беше ...

Променливо облачно, во утринските часови со слаб локален дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје претежно облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минимална температура (во °C) -2 Попова Шапка, -1 Маврови Анови, Лазарополе, 1 ...

Скопје на 20 декември ќе биде место каде што музичката магија и празничната еуфорија ќе бидат на највисоко ниво, а тоа ќе го овозможат македонскиот пијанист со светско реноме, Симон Трпчески, и неговите пријатели. Токму во арената „Борис Трајковски“, во соработка со „Прагма продукција“, ќе се одржи настан во кој светските класици ќе добијат едно поинакво новогодишно руво, ветувајќи незаборавна музичка ноќ. Трпчески, кој ќе се врати од светските ...

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ беше лансиран на Божиќ 2021 година, што значи дека третата годишнина од настанот брзо се наближува. Овој телескоп е активен подолго од две и пол години, а речиси нема недела НАСА да не објави некоја интересна фотографија од длабоката вселена снимена со нејзините напредни инструменти. Последна во таа серија е фотографија од галаксијата Месиер 104, позната и по прекарот Сомбреро. Оваа галаксија се наоѓа во ...

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Според прогнозата на УХМР, во текот на ноќта кон четврток во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје претпладне ќе има ...

Микропластиката се наоѓа во Земјината атмосфера и може да ги наруши временските услови и климата, тврдат научници од Универзитетот Пен стејст во Пенсилванија. Во истражувањето објавено во магазинот Наука и технологија на животната средина: Воздух, научниците покажале дека микропластиката може да „дејствува како честичките кои го создаваат јадрото на мразот“ или како микроскопски аеросоли кои го олеснуваат создавањето кристали на мразот во ...

По обидот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол да воведе воена состојба во Јужна Кореја, во земјата владее голем гнев. Опозициската Демократска партија (ДП) зборува за јасно кршење на Уставот и поднесе барање за постапка за импичмент. За тоа би требало се гласа во наредните три дена, велат пратениците од опозициските партии. Претходно, барањимпичмент импичмента за оставка на претседателот дојдоа од синдикатите. Корејскиот сојуз на ...

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Буково. АМСМ во утринскиот извештај информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и ...

Котон блуз фестивал ја долови сржта на блузот и ни го претстави во најизворниот можен облик на своето петто издание, што се одржа во полниот културно-едукативен центар „Лабораториум“ во Скопје. Во исто време, ни ја покажа и веселата и разиграна страна на блузот, за да може овој мал јубилеј да се прослави и во ритам за танцување. Толку беа спротивни Алвин Јангблад Харт и триото на Роб Тоњони, главните ѕвезди на вечерта: првиот нурнат во својот ...

Советникот на општина Неапол Џенаро Еспосито предложи, поддржан од голем број комисии, во одредени периоди од годината да се воведе билет за центарот на градот по цена од пет евра, за да се стави крај на преголемиот број туристи кои ги затрупуваат италијанските градови и го оштетуваат културното наследство и ги спречуваат жителите да живеат нормален секојдневен живот, пренесува РТС. Исто како Венеција, која оваа пролет воведе билети за центарот ...

Најниска температура од -3 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Маврови Анови и Берово со -1 степен, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Битола, Куманово, Тетово, Претор, 2 Прилеп, Охрид, Виница, 3 Штип, Струмица, Велес, 4 Кавадарци, Демир Капија и 6 степени во Гевгелија. Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот има наврнато во Лазарополе – 4 л/м2, 1 л/м2 во Маврови Анови и на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Од 15 ноември, 2024 година, започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, а ...

Овој месец е посветен на јубилејни проекции на македонски филмови и култни светски остварувања, како и на прикажување на актуелните фестивалски хитови. Во рамки на јубилејните проекции на македонски филмови декемвриската програма ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со проекции на „До Балчак“, „Бал-Кан-Кан“, „Мис Стоун“, „Како убив светец“, „Тони Манџа“, „Бубачки“, „Големата вода“, ...

„Mirai Ningen Sentakuki“ (машина за перење луѓе) изгледа како нешто од научно-фантастичен филм. Едно лице влегува во капсулата, а потоа сè се прави автоматски. Системот го одредува степенот на контаминација, го избира притисокот, температурата на водата, па дури и начинот на перење. И за да не му биде досадно на личноста внатре, има екран каде што можете да гледате филмови или видеа од YouTube. Уредот ги мие и суши корисниците за 15 минути и ...

Силен дожд денеска на југот на Хрватска, а каква јачина на ветерот најдобро покажува ситуацијата на пистата на аеродромот во Дубровник при слетување на авион. Авионот кој бил на само неколку метри од пистата морал да полета бидејќи слетувањето не било безбедно поради силната бура која го поместила авионот во воздух. Овие потешкотии се случија со авион на Aer Lingus на летот од Даблин до Дубровник. Локалните медиуми јавуваат дека пилотот успешно ...

Џо Бајден објави дека целосно го помилувал својот син Хантер, кој се изјасни како виновен по обвинувањата за даночно затајување и илегално купување оружје. Американскиот претседател претходно инсистираше дека нема да го направи тоа пред да му истече мандатот. „Потпишав помилување за мојот син Хантер. Од првиот ден кога ја презедов функцијата реков дека нема да се мешам во донесувањето одлуки на министерството за правда и го држев мојот збор, ...

Во утринските часови нѐ очекува облачно со слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХРМ. Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 во Берово до 5 во Гевгелија, а максималните дневни од 0 во Маврово и 8 Целзиусови степени во Гевгелија. Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко, а облачноста ќе се ...

Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата вредна 700-тини милиони евра, Богородичната црква Нотр Дам е подготвена повторно да блесне во целиот свој сјај. Официјалното отворање е закажано за следниот викенд, 7 и 8 декември. Но претходно катедралата ќе ја посети францускиот претседател Емануел Макрон. Тоа ќе биде првиот поглед во нејзината внатрешност по 5 години, но и ново поглавје во 860-годишната приказна на Нотр Дам. Инаку, низ ...

Левичарската влада на Шпанија одобри „платено климатско отсуство“ до четири дена за да им овозможи на работниците да избегнуваат патување за време на вонредна состојба поради тешките временски услови, еден месец по поплавите кои загинаа најмалку 224 луѓе. Неколку компании се најдоа на удар на критики по 29 октомври бидејќи им наредиле на вработените да продолжат со работа и покрај црвениот аларм издаден од националната метеоролошка агенција. ...

Според актуелното предупредување од УХМР, денес се очекува повремена магла и ниска облачност по котлините, како и повремени врнежи од дожд низ целата држава. „Во текот на денот и ноќните часови, врнежите ќе бидат интензивни, со поројни и пообилни дождови на некои места (над 35 l/m2). На планините ќе има снег, што ќе доведе до формирање на снежна покривка. На повисоките и во некои пониски места ќе има мешавина од дожд и снег“, информираат од ...

Смрт и даноци – две неизбежни работи во човечкиот живот. Барем засега. Според некои од најистакнатите футуристи, набрзо смртта нема да биде на тој краток клише-список. Постои контроверзна идеја во футуристичката заедница наречена „брзина на бегството од долговечноста“. Иако звучи како научна фантастика, концептот е дека како што напредуваат технологиите за продолжување на животот, човечкиот животен век може да се зголеми побрзо отколку ...

Овојпат, Јон Вардар ќе биде прикажан во „бразилското Сен Тропе“ на 6. декември, на 14тото издание на меѓународниот филмски фестивал Балнеарио Камбориу. Режисерот Цветановски изјави дека поканата за учество ја добил од директорот на фестивалот веднаш после проекцијата во Сао Паоло. „Се‘ уште сум воодушевен од реакцијата на бразилската публика. После првата проекција се сликав со група весели ученици со кои разговаравме за филмот, а потоа следеше ...

Тој број на жртви се очекува да се зголеми во наредните години бидејќи климатските промени ги прават шумските пожари почести и поинтензивни, се вели во студијата објавена во списанието „Лансет“. Меѓународниот тим на истражувачи ги разгледа постоечките податоци за „пејзажни пожари“, кои вклучуваат и шумски пожари што беснеат низ природата и планирани пожари како што се контролирани изгореници на земјоделско земјиште. Околу 450,000 смртни случаи ...

Според најновата анкета на јавното мислење, 53 отсто од Французите сметаат дека владата на премиерот Мишел Барние треба да падне поради незадоволството од неговиот предложен буџет. Триесет и три отсто испитаници се согласуваат со предложените мерки. Според политички извори, владата на Барние би можела да падне пред Божиќ, па дури и следната недела, доколку опозицијата, вклучително и крајната десница и левица, одлучат да покренат предлог за ...

Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, господин Тимотеј, ќе бидат погребани денеска на пладне, во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Инаку, по повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, така што откажани се сите културно-забавни збиднувања на територијата на Општината. Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, почина завчера во ...

По утринската магла по одделни котлини, денеска во текот на денот се очекува да преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи во интервал од минус три до два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од девет до 15 степени. И во делови од скопската котлина утрово ќе има појава на магла, ...

Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска, испечатена е стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин, македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност. Стихозбирката „Бели мугри“ преставува врвен дострел на Рациновото творештво. Таа содржи 12 песни, распределени во пет циклуси и напишани на велешки дијалект со примеси ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
59%
1009
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
63%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
6.69
44%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1010
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.1
67%
1009
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.92
57%
1004
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1004
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
36%
1006
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
63%
1008
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
56%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1009
Currency

61.525

Currency

56.8468

Currency

73.565

Currency

35.8229

Currency

39.732

Currency

64.4608

Currency

7.93968

Currency

0.66916

Currency

0.37876

Currency

0.52226

Currency

1.49584

Currency

0.66438

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

16160.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.67

Сребро

1096.89

Злато

99169.02

Бакар

10.26

Паладиум

30703.96

Платина

31469.90

Родиум

184063.02

Цинк

2.85