Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, вечерва (20:00 часот), во Македонскиот народен театар ќе го одржи својот традиционален велигденски концерт. – Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде што традицијата се среќава со современиот израз – велат од „Танец“. Концертот насловен „Велигденско празнување“ оваа година носи посебна порака и енергија поврзана со моќното мото на новата концертна сезона – ...

Денеска во претпладневните часови особено во северните предели ќе имаме повеќе облачност и локални врнежи од дожд а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе провејува снег. Исто така особено во Повардарието и во источните предели ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Вечерта ни носи поголемо заладување и продор на ладен воздух од север па утрото во ...

Цените на нафтата бележат значителен пад на светските пазари, при што референтната сурова нафта Брент се спушти на околу 94,8 долари за барел, што е намалување од околу 13 проценти. Американската сурова нафта забележа уште поголем пад, над 15 проценти, достигнувајќи околу 95,7 долари за барел. И покрај овој пад, цените и натаму остануваат повисоки во однос на периодот пред ескалацијата на конфликтот на крајот на февруари, кога се движеа околу ...

Претставата „Народен пратеник“, работена по текст на Бранислав Нушиќ и во режија на Егон Савин, на 6 април ќе биде изведена во рамки на петтото издание на фестивалот „5-РЕ“ во Велес. По настапот, актерската екипа заминува за Србија, каде на 8 април ќе учествува на јубилејното 30-то издание на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац. Претставата досега има значајно присуство на регионалната сцена како дел од својата ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Скопје се очекува претежно сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Од среда следува промена – ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а пообилни врнежи се најавуваат за сабота. Со продор на постуден воздух од север, на ...

Кога ќе се појават снимки од урагани, често гледаме како куќи и дрвја се кршат под налетот на силниот ветер. Но, едно растение речиси секогаш останува исправено – палмата. И покрај екстремните услови, овие дрвја имаат природни механизми што им овозможуваат да издржат силни бури, па дури и урагани. Силен коренов систем За разлика од многу други дрвја кои имаат длабоки, но ограничени корени, палмите имаат широка мрежа од многу кратки корени што ...

07Водата е најдобриот сојузник ако сакате да го изгубите вишокот килограми. Секоја диета или начин за слабеење подразбира и пиење доволно количина вода, а просечната дневна количина на вода која се препорачува да ја внесете е 2 литри т.е. 8 чаши вода. Но, доколку сакате да ги зголемите вашите шанси за слабеење и да го извлечете максимумот од водата, тогаш мора да ја земете вашата телесна тежина во обѕир и според таа бројка да одредите колку ...

Европските музеи сè поинтензивно го менуваат пристапот кон изложбите, воведувајќи дигитална и интерактивна уметност како дел од своите постојани и привремени програми. Овој тренд добива на значење во последните години, а во 2025 и 2026 станува сè поочигледен – класичните галерии се трансформираат во динамични, мултисензорни простори. Во институции како Centre Pompidou во Париз и Tate Modern во Лондон, дигиталните инсталации веќе не се само ...

За претстојната летна сезона на Јадранското Море се очекува голема побарувачка за работна сила, при што ќе бидат потребни околу 95.000 сезонски работници. Најмногу се бара кадар во туризмот и угостителството, особено келнери и готвачи. Во Хрватска се проценува дека ќе недостигаат околу 70.000 работници, што е повеќе од лани, додека во Црна Гора се очекуваат околу 25.000 сезонски вработувања, со најголема побарувачка во туристичките центри ...

Тасманискиот ѓавол е торбар со големина на мал пес и најголемиот месојаден торбар во светот. Денес живее речиси исклучиво на островот Тасманија во Австралија, откако од копното исчезнал пред стотици, па дури и илјадници години. Во 2008 година, Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) го прогласи за загрозен вид, откако неговата бројност драматично се намали – од околу 150.000 единки во 90-тите години на само околу 10.000 денес. ...

Научници развија нов метод за создавање синтетички дијаманти за само неколку часа – значително побрзо од досегашните технологии. Истражувањето го спровел тим од Институтот за основни науки, а резултатите ги објави Science Alert. За разлика од природните дијаманти, кои се формираат милијарди години под екстремни услови, новиот процес овозможува нивно создавање за околу 150 минути. Методот се базира на растворање на јаглерод во течен метал, но ...

Голем дел од светските океани постепено стануваат помалку проѕирни, што значи дека светлината сè потешко продира во нивните подлабоки слоеви. Овој феномен, кој научниците го следат во последните години, веќе влијае врз морските екосистеми и начинот на кој функционира животот под површината. Истражувањата покажуваат дека околу една петтина од океаните бележат вакви промени. Причините се различни – од зголемено внесување на органски материи ...

Возачите што патуваат низ Словачка од неодамна можат да се соочат со повисоки цени на дизелот во споредба со локалните граѓани. Од 18 март, земјата воведе различен ценовен режим за возила со странски регистарски таблички. Мерката предизвика реакција од Европската комисија, која оцени дека ваквата пракса може да биде спротивна на правилата на единствениот пазар и да има дискриминаторски елементи. Премиерот Роберт Фицо, пак, изјави дека ...

Европската „зеленчукова градина“ во Андалусија претставува еден од најголемите центри за производство и иновации во земјоделството на континентот. Овој регион, лоциран во близина на Алмерија, е познат по огромната површина покриена со оранжерии, која е видлива дури и од вселената. На повеќе од 30.000 хектари се произведуваат околу 3,5 милиони тони зеленчук годишно, вклучувајќи домати, краставици, пиперки и други култури. Производството е ...

Денеска наутро температурите се движат во интервал од 1 до 9 степени, додека во текот на денот достигнуваат од 5 до 11 степени. Во Скопје и околината, утринската температура е околу 7 степени, а дневната се искачува до околу 9 степени. Поради обилните врнежи од дожд, постои опасност од локални поплавувања. Надлежните апелираат на зголемена внимателност, особено кај возачите кои се движат покрај водотеци. Се очекува и пораст на нивото на ...

Сликата „Старец со златен ланец“, која со децении се сметаше за копија од работилницата на Рембрант ван Рајн, повторно е во фокус на стручната јавност, откако дел од експертите тврдат дека и таа можеби е оригинално дело на холандскиот мајстор. Делото прикажува постар маж со златен ланец и пердувеста шапка и датира од почетокот на 1630-тите години. Постојат две речиси идентични верзии – една во Институтот за уметност во Чикаго, која се смета ...

Научниците се сè поблиску до одговорот на едно од клучните прашања во астрономијата – како се појавила првата светлина во универзумот. Нови податоци од Хабл и Џејмс Веб укажуваат дека малите, но исклучително активни патулачки галаксии одиграле клучна улога во овој процес. Истражувањето, објавено во списанието Nature, покажува дека овие галаксии произведувале доволно енергија за да го јонизираат неутралниот водород во раниот универзум, процес ...

Иако звучи како сценарио од филм, во природата навистина може да се случи два урагани да се приближат еден до друг и да почнат да „интерагираат“. Овој редок феномен е познат како ефект Фуџивара. Се јавува кога два тропски циклони ќе се најдат доволно блиску – на околу 1.500 километри или помалку – и ќе почнат да се движат во меѓусебна зависност. Како изгледа оваа појава? Кога два урагани ќе се приближат, тие можат да почнат да кружат еден ...

Необично истражување на млад тим од Македонија привлече внимание во јавноста, откако тие тврдат дека традиционалното оро Тешкото може да се користи како извор на енергија за рециклирање. Според нив, преку специјални подни плочи поставени под играорците, механичката енергија од чекорите се претвора во електрична. Таа енергија потоа наводно се користи за напојување на мали машини за селекција и дробење на пластичен отпад. „Тешкото не е само ...

Глобалната нестабилност, геополитичките тензии и економската неизвесност и понатаму влијаат врз финансиските пазари. Во услови кога акциите се под притисок, а цените на енергенсите остануваат високи, вниманието на инвеститорите сè повеќе се насочува кон благородните метали. Иако златото и среброто неодамна забележаа краткорочен пад, нивното релативно брзо закрепнување укажува на стабилен интерес кај инвеститорите. Особено среброто покажува ...

Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на Град Скопје, на 1 април 2026 година ќе ја организира традиционалната детска манифестација „Априлијада“. Настанот ќе се одржи во Градскиот трговски центар, со почеток во 10:30 часот. Програмата предвидува ревија на маскирани деца од градинките и основните училишта, проследена со танцови и музички настапи. Во рамки на настанот ќе настапат и балетската секција при ДКЦ „Карпош“, детски солисти со ...

Мангуси – мали предатори со голема храброст Мангусите се мали, подвижни цицачи со издолжено тело и кратки нозе, познати по нивната способност да се спротивстават на отровни змии. Иако често се спомнуваат во приказни и легенди, тие се и реални, исклучително интересни животни со низа уникатни карактеристики. Повеќе од 30 различни видови Мангусите припаѓаат на фамилијата Herpestidae, која опфаќа околу 30 видови распространети во Африка, Азија и ...

Во понеделник, во Музејот на македонската борба во Скопје, со почеток во 19 часот, концерт ќе одржи Мандолинскиот оркестар на ХГМД „Слога“ од Загреб, под наслов „Мозаик на хрватската мандолина“. Настанот се реализира во соработка со Амбасадата на Република Хрватска, а гостувањето е поддржано од Министерството за култура и медиуми на Хрватска. Оркестарот ќе настапи и следниот ден, на 31 март, во Битола, во КИЦ Офицерски дом, во соработка со ...

Денеска времето е променливо облачно, со услови за краткотраен локален дожд, особено во источните делови од земјата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Најниски утрински температури се очекуваат во Берово и Маврово, до минус 2 степени, додека највисоката дневна температура ќе достигне до 18 степени во Гевгелија. Под влијание на циклонска активност, од вторник до крајот на работната седмица времето ќе биде ...

Силните ветрови во Загреб предизвикаа пад на дрвја и гранки на повеќе локации, што доведе до повремени прекини во јавниот превоз. Итните служби се на терен и во координација со градското сообраќајно претпријатие работат на нормализирање на состојбата. Најголеми проблеми се регистрирани на Максимирска цеста, каде паднати дрвја оштетиле трамвајски линии и го прекинале сообраќајот меѓу Максимир и Дубрава. Поради тоа што дел од трамваите се ...

Во Скопје се одржува Неделата на франкофонски филм, настан посветен на промоција на филмската уметност од франкофонскиот свет, во организација на културни институции и со поддршка на амбасадите на земјите-членки на Франкофонијата. Публиката има можност да проследи внимателно избрана селекција на филмови од повеќе земји, кои ја отсликуваат разновидноста на јазикот, културата и современите теми што ги обработуваат франкофонските автори. ...

Во црква во холандскиот град Мастрихт е откриен човечки скелет за кој постојат сомнежи дека би можел да му припаѓа на францускиот мускетар Шарл де Батс де Кастелмор, познат како д’Артањан. Станува збор за историска личност и блисок соработник на кралот Луј XIV, кој загинал во 1673 година за време на опсадата на Мастрихт, кога француската војска се обидувала да го освои градот. Се претпоставува дека по неговата смрт, телото не било пренесено ...

Цената на нафтата повторно ја надмина границата од 100 долари за барел. Суровата нафта Брент порасна за околу 1,6 проценти и достигна 103,87 долари. Порастот следува по вчерашниот пад под 100 долари, откако беа најавени можни разговори меѓу САД и Иран. Откако Техеран негираше дека се водат преговори, цените повторно тргнаа нагоре. Во исто време, благородните метали бележат пад. Златото е намалено за околу 0,8 проценти, а среброто за 0,9 ...

Денес се одбележуваат 166 години од големиот успех на Григор С. Прличев, кој во 1860 година ја освоил првата награда на книжевниот конкурс во Атина со поемата „Сердарот“, по што го добил епитетот „Втор Хомер“. По тој повод, НУ Библиотека „Григор Прличев“ реализира проект под наслов „Калдрмата шепоти за Прличев“. Во активностите се вклучени десет ученици од шесто одделение од основното училиште што го носи името на поетот. Учениците најпрво ќе ...

Саваната претставува биом составен од отворени тревни површини со мал број дрвја. Таа е еден од најпрепознатливите видови на тревни екосистеми, кој се одликува со специфична комбинација на растителен и животински свет. Постојат два главни типа савани – тропски и суптропски. Тропските савани најчесто се наоѓаат околу екваторот и имаат изразени влажни и суви сезони, што овозможува развој на богата флора и разновиден животински свет. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.63
43%
1019
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
54%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.45
55%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.59
32%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.06
43%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.19
72%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
43%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.98
35%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
0.22
33%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
52%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.79
45%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
4.05
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Злато

131072.82