Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Екстремните топлотни бранови и сушата што ова лето зафатија големи делови од Европа би можеле да го избришат речиси целиот очекуван економски раст на Европската Унија во 2026 година, предупредува нов извештај на холандската Triodos Bank. Според анализата, климатските нарушувања предизвикани од екстремните временски услови би можеле да го намалат БДП на ЕУ за околу еден процент, што одговара на економска загуба од приближно 180 милијарди евра. ...
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...
Многу топло време со температури до 40 степени нè очекуваат и во следните два дена, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени. временска прогноза топ5 Многу топло време со ...
Речиси половина од населението во Македонија не може да си дозволи еднонеделен одмор надвор од дома, покажуваат најновите податоци на Евростат за 2025 година. Според статистиката, 48 отсто од населението во Македонија не можело да си дозволи најмалку една недела одмор. Со тоа земјава е меѓу државите со највисок удел на граѓани кои не можат да издвојат доволно средства за одмор. Полоша е состојбата во Романија, каде што овој удел достигнува 61 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
На полуостровот Халкидики во Грција, денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за оваа мера е високиот ризик од избувнување шумски пожари. Забраната ќе биде на сила секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Оваа одлука се однесува на критичните зони лоцирани во општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е прогласен во ...
Дунав, една од најголемите европски реки, ова лето е во центарот на вниманието поради драматично ниските водостои предизвикани од сушата и екстремните температури. Но, постои едно место во Германија каде Дунав навистина исчезнува – не поради сушата, туку поради уникатен природен феномен. Во југозападниот дел на Германија, меѓу Иммендинген и Мерингeн, водата од Дунав пропаѓа низ карстниот варовнички терен и се губи во подземјето. При сушни ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со мерки и препораки до граѓаните за заштита од високите температури. Од таму апелираат да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод. „При изложување на сонце користете средство за заштита од сонце со заштитен фактор (SPF) 30 или повисок. ...
Реките Тополка и Бабуна не се препорачуваат за капење, покажуваат анализите на водата извршени од Центарот за јавно здравје Велес во текот на јуни. Двете реки се планински и извираат од планината Јакупица, но според резултатите од испитувањата, нивната вода не ги исполнува условите за капење и рекреација. Поради тоа, велешани во текот на летото освежување од високите температури можат да побараат на Градскиот базен и во базените на хотелите ...
Во екот на летото вентилаторот е едно од најкористените помагала за разладување, особено во домовите каде што нема клима-уред. Иако создава чувство на свежина и го олеснува заспивањето, многумина се прашуваат дали неговото работење во текот на целата ноќ може да има негативни последици. Според стручњаците, самиот вентилатор не е штетен, но постојаното струење на воздухот може да ги исуши носот, грлото и очите кај чувствителни лица. Кај некои ...
Податокот што денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска е многу повеќе од статистика за почетокот на новата учебна година. Годинава се запишале околу 4.900 помалку првачиња отколку лани – зад ова се крие јасен показател дека демографските промени во Македонија веќе директно се одразуваат врз образовниот систем. Иако бројот на запишани ученици сè уште не е конечен, бидејќи уписите продолжуваат, министерката изјави ...
Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати. Според ЦУК, активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во Општината Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот ...
Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Според Божиновска, актуелната состојба обезбедува добра основа за стабилно производство на електрична енергија, а надлежните институции внимателно ја следат состојбата со ...
Европа и Балканот ова лето повторно се соочуваат со последиците од екстремните временски услови. Продолжените топлотни бранови проследени со интензивни невремиња стануваат сè почести, бидејќи потоплата атмосфера задржува повеќе влага и создава услови за развој на силни бури. Метеоролозите објаснуваат дека ваквите појави се резултат на судирот меѓу екстремно топлиот воздух акумулиран за време на долготрајниот топлотен бран и постудените ...
Голем број на земјоделци денеска излегоа на протест во струмичко Муртино незадоволни од откупната цена за ајварката. Велат дека за нив откупната цена од 25 денари за килограм црвена пиперка е неприфатлива и бараат помош од државата. Тие најавија блокади и го повикаа министерот за земјоделство Борче Серафимовски на средба. На протестот се приклучија и градинари од останатите струмички села. Земјоделците, производители на црвена пиперка добија ...
Продолжуваат активностите за санација на последиците од силното невреме што неодамна го зафати главниот град, при што покрај расчистувањето на штетите, се реализираат и проекти кои создаваат нова вредност за граѓаните, соопшти Град Скопје. „Наместо да завршат како отпад здравите делови од дрвјата што беа соборени од невремето, тие добиваат нова намена. Од нив на Водно се изработува нов моторички парк – простор со природни препреки и ...
Министерот за здравство Сашо Клековски, гостувајќи во емисијата „Вести плус“ на телевизија „Канал 5“, информира дека анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Министерот додаде дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. Клековски изјави дека земјата излегува од акутната фаза и дека бројот на новопријавени пациенти со стомачни проблеми е намален. Во основа сега излегуваме од акутната фаза, ...
Македонија на 12 август ќе има можност да биде сведок на делумно затемнување на Сонцето, информира универзитетскиот професор Дејан Трајковски во објава на Фејсбук. Според него, за Битола затемнувањето ќе започне околу 19:31 часот, кога Месечината ќе почне да го покрива сончевиот диск. Максимумот за овој дел од земјата ќе биде три минути подоцна, околу 19:34 часот, при што Месечината ќе покрие 6,36 проценти од дијаметарот на Сонцето, односно ...
Македонија располага со десетици реки, но само неколку од нив и денес се издвојуваат по исклучително чистата вода, зачуваната природа и можностите за активен одмор. Иако квалитетот на водата варира во зависност од годишното време и конкретната локација, планинските реки и нивните горни текови остануваат меѓу најчистите во државата. Радика – бисерот на Националниот парк Маврово Радика со години важи за една од најчистите реки во Македонија. ...
Македонија деновиве е зафатена од силен топлотен бран, а температурите на повеќе места достигнуваат и до 42 степени. Во вакви услови, покрај избегнувањето на директно изложување на сонце и внесувањето доволно течности, важна улога има и исхраната. Нутриционистите препорачуваат во текот на жешките денови да се избира лесна и свежа храна, богата со вода, витамини и минерали, која не го оптоварува организмот. На врвот на листата се сезонските ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот на територијата на државата се евидентирани пет активни пожари на отворен простор, додека три се ставени под контрола. Активни се пожарите кај Ѓоновички Мост во Гостивар, во селото Ранковце (Општина Ранковце), во селото Кетеново (Општина Кратово), во селото Логоварди (Општина Битола) и во селото Руѓинце (Општина Старо Нагоричане). Под контрола се пожарите во Општина Виница, ...
Рекордно ниските нивоа на водата на реката Дунав го нарушуваат производството на енергија низ Централна и Источна Европа, принудувајќи ги владите да преземат итни мерки за заштита на нуклеарните централи, намалување на побарувачката на електрична енергија и управување со растечкиот притисок врз критичната инфраструктура. Србија се соочува со сериозни предизвици. Хидроелектричниот комплекс „Железна порта“ на Дунав работеше само со околу една ...
Македонија влегува во најкритичниот период од летото, со температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Поради високата опасност од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, а здравствените власти предупредуваат дека топлотниот бран може да има сериозни последици врз здравјето на граѓаните. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, екстремно високите ...
И покрај ниските водостои што се бележат во делови од Европа, во Македонија во моментов нема ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, уверуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Од Министерството информираат дека континуирано ја следат состојбата во регионот и домашните хидролошки показатели, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни институции. Се следат нивото на ...
Речиси секој познава личност која по една вечер на тераса има десетина убоди, додека останатите немаат ниту еден. Најчестото објаснување е дека комарците сакаат „слатка крв“, но експертите велат дека тоа е само мит. Комарците воопшто не можат да го почувствуваат нивото на шеќер во крвта. Наместо тоа, тие ги избираат своите „жртви“ според комбинација од мириси, топлина и гасови што природно ги испушта човечкото тело. Не е до крвта, туку до ...
Кога ќе влезете во море, веројатно сте забележале дека во некои мориња полесно се плови, а по капењето кожата останува „солена“. Причината е различната концентрација на сол во водата, односно салинитетот. Според океанографските податоци, Егејското Море е најсолено од трите најпосетувани мориња на Балканот. Во просек содржи 38 до 39 грама сол на еден литар вода, што е типично за источниот Медитеран, каде испарувањето е големо, а дотокот на ...
Поради најавените високи температури кои ќе траат до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот, кога изложеноста на сонце е најризична. Од ИЈЗ предупредуваат дека кога температурата на воздухот се приближува или ја надминува нормалната телесна температура, организмот потешко се разладува, а високата влажност дополнително ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, се обидуваат политички да профитираат од актуелната состојба во Гостивар, притоа, како што велат, премолчувајќи ги проблемите со квалитетот на водата за пиење во периодот кога биле на власт. На прес-конференција, портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, изјави дека документи кои, според ВМРО-ДПМНЕ, биле доставувани до тогашните надлежни институции ...