Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. ...

Џез концерт „Протерани од рајот“ на кој ќе настапат Георги Шарески и Џијан Емин ќе се одржи вечер во „Сули ан“ во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Емин и Шарески ќе изведат заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз. – Концертот се развива како музички и авторски дијалог помеѓу два различни музички изрази, низ слободна комуникација, импровизација и заедничко создавање ...

Холандскиот Кралски метеоролошки институт издаде портокалов метеоаларм поради екстремните високи температури на воздухот во сите покраини, со исклучок на Фризија, Дренте и Гронинген, каде во сила е жолт метеоаларм. Портокаловиот метеоаларм е воведен бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи најмалку до 34 степени Целзиусови во следните три дена. Додека во Велика Британија е прогласен црвен метеоаларм на подрачјата од Лондон до ...

На Градскиот плоштад во Охрид денеска ќе се одржи Соларен саем во организација на Центарот за климатски промени со цел користењето на сончевата енергија и обновливите извори да се доближи до пошироката јавност. Посетителите ќе можат да се информираат за придобивките од користење соларна енергија, можностите за поставување фотонапонски системи во домаќинствата, како и пошироките чекори за вклучување во енергетската транзиција, вклучително и ...

На првиот дел од манифестацијата „Празник на липите“, во Друштвото на писателите на Македонија, на академик Ристо Василевски (Македонија) и на Роза Бојанова (Бугарија) им беа врачени јубилејните, триесетти по ред награди „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија. Плакетите и статуетките ги врачи претседателката на ДПМ Гордана Јовиќ-Стојковска, беседи за творештвата на лауреатите одржаа Сузана Мицева и Драгана Евтимова, а свои ...

Градоначалникот на град Скопје и Претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски објави видео на социјалните мрежи каде е потенцирана важноста за главниот град да го чуваме чист. – Скопје, какво што го заслужуваме! Ред, чистота и грижа секој ден. Улиците се перат континуирано, јавните површини се одржуваат, а градот добива поубав и поуреден лик. Затоа што го сакаме Скопје! Да го чуваме!, напиша Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. комунална орце ...

Отворен концерт во Градскиот парк На 20 јуни, со почеток во 21:00 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на голема отворена сцена во Градскиот парк. Настанот е свечена завршница на концертната сезона „Без филтер“ и ќе обедини над 200 уметници од регионот. Регионална музичка елита на една сцена Оркестарот на Филхармонијата на РСМ Гостувачки музичари од Софиската филхармонија ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Во малото село Нивици во Егејскиот дел на Македонија, на брегот на Преспанското Езеро пред осум години, на 17 јуни 2018 година, тогашните влади на Скопје и Атина го потпишаа таканаречениот “Договор” во Нивици. Со тоа се почна процесот за присилна промена на името на државата, владата во Атина не превзеде никакви обврски според договорот особено за македонците во јужниот дел на Македонија. Денес на политичките субјекти во Македонија им е ...

Денеска ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. По тој повод голем народен собир ќе се одржи на стадионот „Младост“ во Струмица од 20 часот. Пораката на прославата е „Македонија забрзува. Наша обврска“. Оваа порака ја истакнува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да се изгради просперитетна Македонија вмро прослава топ5 Денеска ...

Годинава, маркетинг агенцијата и видеопродукција „DEOSOL MEDIA“ одбележува значаен јубилеј – 15 години од своето успешно работење. Она што започна како визија за создавање поинаква визуелна естетика, денес е етаблирана куќа со импресивно портфолио кое брои над 1.000 реализирани телевизиски емисии, документарни програми и повеќе од 100 видео спотови и корпоративни кампањи за домашни и меѓународни клиенти. Зад овој успех стои нејзиниот основач, ...

Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот. Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, ...

Светот повторно е во исчекување на климатскиот феномен Ел Нињо, кој метеоролозите веќе го нарекуваат „Годзила Ел Нињо“, поради можноста да предизвика екстремни временски услови низ планетата. Терминот се појави за време на моќниот Ел Нињо од 2015/2016 година, еден од најразорните досега. Научниците внимателно ги следат промените на температурите во тропскиот дел на Тихиот Океан, а дел од прогнозите предупредуваат дека одложениот ефект на ...

Отворање на Скопско лето Концерт АМАНЕТ ВО СВИЛА Звуците на Македонија од Византија до денес Камерен гудачки оркестар „Полифонија“ и солист Петар Христов Гости: Ана Митовска Горан Трајкоски Гоце Ристовски Александар Ицковски „Аманет во свила“ е музички проект инспириран од културните и духовните слоеви што низ вековите го обликувале македонскиот простор. Преку внимателно избрана програма, концертот ги поврзува византиското наследство, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Како одговор на барање од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во кое биле наведени потенцијални закани за националната безбедност, стартап-компанијата објави на 12 јуни дека го оневозможува моделот Mythos 5, познат по својата напредна способност за откривање ранливости во сајбер безбедноста, како и Fable 5 – потрошувачката верзија со ограничени сајбер-безбедносни функции. Од компанијата соопштија дека одлуката е ...

На 15 јуни во 17 часот во Порта Македонија ќе има предавање и ќе се отвори изложба посветени на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна. Настанот го организира Музејот на македонската борба за самостојност во соработка со Амбасадата на Италија во Македонија. Координатор на настанот е кустос советник Даниела Николова. Историчарот проф. Фабио Котифава ќе одржи предавање на тема „Италијанската експедиција на Македонскиот фронт во ...

Репрезентациите на Јапонија и Холандија одиграа возбудлив натпревар во Далас како дел од Светското првенство во фудбал, кое заврши со поделба на бодовите (2:2), но главната приказна на денот се случи на трибините по последниот свиреж на судијата. Снимките од навивачите како одат меѓу седиштата со големи кеси и собираат шишиња и обвивки од храна брзо го преплавија интернетот. Во видеото што ФИФА го сподели на официјалниот профил на мрежата X, ...

Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. – Овде сум присутен заедно со владина, но и со бизнис-делегација. Ја ...

Времето утре во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а дневните од 20 до 28 степени Целзиусови. Во следните денови се очекува претежно стабилно и сончево време сè до четврток. Исклучок ќе биде среда, кога се прогнозираат нови врнежи од дожд. За ...

Од своето појавување до денес, „Мислотека“ прерасна во еден од најпрепознатливите детски телевизиски проекти во Македонија, привлекувајќи голем број учесници од различни градови и училишта низ државата. Преку натпреварувачки дух, едукативна содржина и позитивна атмосфера, квизот создава простор каде децата можат да ги покажат своите знаења, способности и таленти. Она што ја издвојува „Мислотека“ од останатите телевизиски содржини е нејзината ...

Во Истанбул денеска ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Македонија пред турската деловна заедница. Форумот се организира во рамки на проектот „Промоција на Мапа за инвестирање“, како дел од Програмата за поддршка на спроведувањето на Националната развојна стратегија, предводена од Владата на Република Македонија и Генералниот секретаријат, а имплементирана во ...

На 17 јуни со почеток во 20 часот, сцената на Македонската опера и балет ќе биде домаќин на балетската претстава „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од едно од најпознатите дела на светската книжевност. За разлика од традиционалните балетски приказни исполнети со бајковити мотиви, „Госпоѓа Бовари“ носи длабока и современа приказна за човековите желби, амбиции и внатрешни конфликти. Претставата ја следи судбината на Ема Бовари – жена која постојано ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне и ќе дбиде во интервал од 20 ...

Целосно реконструираната спортска сала „Расадник“ во Кисела Вода денеска ќе биде пуштена во употреба, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски Владата. По тој повод општината организира целодневен настан под слоганот „Дом на спортот. Дом на идните шампиони“. – Во текот на целиот ден посетителите ќе ...

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град. Температурата низ државата се очекува да се движи ...

Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон подрачјето Ал ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ...

Македонскиот народен театар на 10 јуни ќе учествува на јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот и претставува современа сценска приказна за стравовите, осаменоста и неизвесноста на денешниот човек. МТФ „Војдан Чернодрински“, кој годинава одбележува шест децении постоење, е еден од најзначајните ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
37%
1022
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
27%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.87
36%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.21
27%
1021
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
32%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
10.29
50%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.54
28%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
24%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
1.79
29%
1024
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.32
58%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Калај

56.26

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Алуминиум

3.31

Бакар

13.17

Злато

141408.63

Платина

55942.30

Родиум

280515.26

Сребро

2106.74

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Паладиум

43178.45