Во кањонот Матка има одрони на карпи, граѓаните треба да се исклучително внимателни. Општината Сарај ги информира жителите, локалните и странските туристи, како и сите здруженија кои планираат активности во оваа област, дека врз основа на одлуката на Дирекцијата за заштита и спасување, при движењето по патеката на Матка треба да се внимава поради ризик од одрон на камења. Општината информира и дека Дирекцијата за заштита и спасување постави ...

Историјата на човечкото запишување можеби започнала десетици илјади години порано отколку што досега се веруваше. Археолози открија повторувачки симболични шеми – линии, точки, засечоци и крстови – врежани на предмети стари и до 45.000 години, пронајдени во пештери во Германија. Досега, најстарите облици на пишување се поврзуваа со протоклинестото писмо од древна Месопотамија, создадено пред околу 5.000 години. Подоцна се појавиле ...

Минималните температури утринава се спуштија до -4 степени во Берово, -3 во Попова Шапка, -2 во Маврови Анови, Битола и Струмица, -1 во Скопје-Петровец, Охрид, Тетово, Крива Паланка и Крушево. Нула степени се измерени во Демир Капија, Претор, Прилеп, Велес и Пожаране, додека 2 степени во Ѓуриште, Виница, Кавадарци и Гевгелија. Најтопло утринава со 3 степени било во Куманово, Штип и Скопје-Зајчев Рид. Како што информираа од Управата за ...

Бројот на загинати како последица на поројните дождови во југоисточната бразилска сојузна држава Минас Жераис се искачи на 46, покажуваат податоците објавени вчера од државната противпожарна служба. Поплавите и лизгањето на земјиштето принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови во градовите Жуиз де Фора и Уба, кои се наоѓаат на околу 110 километри еден од друг, а 21 лице се води како исчезнато, додаде противпожарната служба. ...

Европската комисија соопшти дека ќе побара од Советот на Европската Унија одобрување за започнување преговори со шесте земји од Западен Балкан за укинување на роамингот при патување во земјите членки на ЕУ. Иницијативата ги опфаќа Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Доколку Советот ѝ даде мандат на Комисијата, ќе следуваат одделни билатерални разговори со секоја земја. По потпишувањето на договорите и ...

Во новиот филмски проект наречен „EPiC – Елвис Присли на концерт“, публиката ќе има можност да го доживее „Кралот на рокенролот“ како никогаш досега. Визионерскиот режисер Баз Лурман носи уникатно искуство во кое Елвис пее и ја раскажува својата приказна, а сè е базирано на неодамна откриени и целосно реставрирани снимки од неговите легендарни изведби, објавува Index.hr. „Додека работевме на филмот „Елвис“ од 2022 година, почнавме да ...

Последните денови од февруари ќе донесат невообичаено топло време во голем дел од Европа, со температури кои значително ќе ги надминат вообичаените вредности за крајот на зимата. Зад ова затоплување стои метеоролошки феномен познат како „топлинска купола“ – стабилен систем на висок воздушен притисок кој подолго време задржува топол воздух над континентот. Топлата воздушна маса постепено ќе се придвижува од запад кон исток. Првите на удар ќе ...

Забрзаниот технолошки напредок, автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција сè посилно влијаат врз глобалниот пазар на труд. Според проценките на експертите, 2026 година ќе донесе сериозни промени во многу професии – дел од нив постепено ќе ја изгубат својата улога, додека други ќе добијат уште поголемо значење. Најизложени на ризик се работните места што се темелат на рутински, повторливи и административни задачи. Позиции како ...

Поради врнежи од снег од 7.40 часот се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти ЈП „Македонијапат“. За другите видови возила е задолжителна употребата на зимска опрема. ЈП „Македонијапат“ утрово информираше и дека поради обилни врнежи од снег од 6.50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива без поголеми пречки, по претежно суви коловози, а фреквенцијата надвор од градските средини е умерена. Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на граничните премини од македонска страна во моментов нема значителни задржувања за влез и излез од државата. Иако состојбата на патиштата е стабилна, од АМСМ потсетуваат дека до 15 март 2026 година останува во сила обврската за ...

Министерот за транспорт, Александар Николоски, истакна дека авиосообраќајот во Македонија бележи силен раст, со отворање на 22 нови линии кои ја поврзуваат земјата со Европа. Според него, аеродромите стануваат регионални лидери, а во наредниот период се планирани дополнителни активности за унапредување на транспортната инфраструктура. Силно се развива авиосообраќајот во Македонија. Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела ...

Денеска не очекува променливо облачно време со повремени сончеви интервали, а поголема промена на времето се најавува во вечерните и ноќните часови. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека кон крајот на денот ќе има услови за појава на краткотраен, локален дожд. Утринските часови ќе поминат мирно, додека во текот на попладнето ќе се почувствува слаб до умерен ветер. Во западните краишта ќе дува од запад, а во источните ...

Научниците открија необичен планетарен систем во кој планетите се распоредени на начин што отстапува од досега прифатените модели за нивно формирање. Станува збор за редок пример каде орбиталниот распоред е, условно кажано, „наопаку“ во споредба со она што астрономите вообичаено го очекуваат. Откритието е дело на меѓународен тим истражувачи, кои забележале дека движењето и позицијата на некои од планетите во овој систем не се вклопуваат во ...

Во разговорите за здравје најчесто се фокусираме на тоа што јадеме – колку витамини внесуваме, дали храната е балансирана, дали избегнуваме шеќери и преработени производи. Но, еднакво важен фактор, кој често го потценуваме, е сонот. Без квалитетен сон, дури и најдобрата исхрана не може целосно да го заштити нашето здравје. Телото се обновува додека спиеме Сонот не е „изгубено време“. Напротив, додека спиеме, телото активно работи. Се ...

Независната истражувачка Валентина Салерно идентификувала 20 дела кои досега биле малку познати или чија автентичност била доведувана во прашање, тврдејќи дека тие му припаѓаат на ренесансниот мајстор Микеланџело Буонароти. Во студијата „Michelangelo gli ultimi giorni“ („Последните денови на Микеланџело“), Салерно го реконструира последниот период од животот на уметникот преку анализа на документи од италијански и странски архиви, пренесува ...

Саваната е преоден биом помеѓу тревни површини и ретки шуми, обележан со многу долга сушна сезона. Поради малата количина врнежи – во некои подрачја паѓаат едвај околу 10 сантиметри дожд годишно – дрвјата се ретки и расфрлани. Животните што живеат во саваната развиле посебни вештини и карактеристики за да преживеат во високите треви, жештините и ограничените засолништа. Од познатите гепарди и слонови, до помалку познати видови како ...

Операта „Травијата“ од Џузепе Верди вечер ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, во режија на Верена Штојбер од Германија, под диригентство на гостинот од Италија, Лоренцо Бицари. Во главната улога Виолета Валери ќе настапи Наде Талевска. Благој Нацоски ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, Марјан Јованоски – во улогата на Жорж Жермон, во другите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, ...

Камчатка, Русија – Ситуацијата со снегот во рускиот регион Камчатка оваа зима е оценета како екстремна, откако рекордни снежни врнежи целосно ги затрупаа градовите и населбите. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат згради закопани до прозорците, улици претворени во снежни тунели и автомобили кои едвај се забележуваат под дебели слоеви снег. Камчатка буквално е „погребана под снег“. Локалните власти прогласија ...

Истражувачите проценуваат дека џиновскиот чемпрес е постар од 5.000 години. Пред многу, многу време – кога Стоунхенџ бил само едноставен земјен објект, а местото каде што подоцна ќе се издигнат египетските пирамиди било само пустина разнесувана од ветрови – едно зимзелено дрво во ладна и влажна долина на Андите во Јужна Америка тивко растело кон небото. Денес, овој древен џин се наоѓа во Националниот парк Алерсе Костеро во Чиле и, според нови ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека нема потреба од американска операција против Куба. – Доколку јас го направам тоа, тоа нема да биде особено сложена операција, како што можете да замислите. Но, не мислам дека би било потребно – им рече Трамп на новинарите. Трамп претходно објави дека неговата администрација води разговори со кубанските власти. куба топ5 трамп Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека нема потреба од ...

Силно невреме, проследено со обилен, влажен и обилен снег, а на некои места и силни ветрови, кое ја погоди Србија претходната ноќ и утро, предизвика штети на некои делови од дистрибутивната мрежа за електрична енергија, особено во ридските и планинските населби во западна и централна Србија, а сите екипи од Електродистрибуција Србија се на терен и работат на санирање на дефектите. Прекините се регистрирани особено на териториите на Ваљево, ...

Жителите на крајниот југ на Јужна Америка и делови од Африка ќе имаат ретка можност да сведочат на прстенесто сончево затемнување. Овој астрономски настан ќе може да се набљудува од јужните предели на Чиле и Аргентина, како и од некои региони во југоисточна Африка, меѓу кои се Мадагаскар, Лесото и Јужна Африка. Прстенестото затемнување се случува кога Месечината ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето, но бидејќи во тој момент е на поголемо ...

Жените се најпогодени од недостаток на железо – околу 20 отсто (речиси половина од бремените жени), а кај мажите таа бројка изнесува околу пет отсто. Симптомите вклучуваат замор, слаба концентрација, опаѓање на косата, вртоглавица, главоболка и депресија. Железото во вашиот организам најлесно може да го ндоместите со внес преку овие намирници. Зеленчук и мешунки Од мешункастите и зрнестите плодови, леќата, гравот, граорот и леблебијата се ...

Холандските власти најдоа суптилен начин како да им грабаат пари на граѓаните за да ја полнат празната државна каса. Пратениците го одобрија контроверзниот закон за данок од 36% за нереализирани капитални добивки од заштеди и дигитални средства што оствариле приноси, дури и ако сопствениците не ги продале и реално не оствариле добивка. Законската рамка предвидува годишно оданочување на приватни лица врз основа на раст на широк спектар на ...

Еден научник тврди дека габите комуницираат преку електрични сигнали и можеби имаат свој „јазик“ со десетици „зборови“. Иако звучи необично, истражувањето на Ендрју Адамацки од Универзитетот на Западна Англија сугерира дека габите разменуваат информации преку промени во електричната активност. Тој вметнал електроди во неколку различни видови габи и забележал обрасци на електрични импулси кои се менуваат во зависност од надворешните услови. ...

Со воведувањето на македонската Брајова азбука на Android преку специјализирана тастатура, се отвораат нови можности за полесно и поефикасно користење на дигиталните уреди од страна на слепите и лицата со оштетен вид. Преку апликацијата „Advance Braille Keyboard“, Android сега добива поддршка за македонското Брајово писмо, што им овозможува на корисниците да пишуваат и комуницираат на својот мајчин јазик без досегашните технички пречки. Оваа ...

Цените на земјоделското земјиште во Европската Унија продолжуваат да растат, а просечната вредност на еден хектар веќе надминува 15.000 евра. Истовремено, се зголемуваат и трошоците за изнајмување на ниви и тревни површини. Според најновите податоци, просечната годишна кирија во ЕУ изнесувала 295 евра по хектар, што претставува раст од 6,4 проценти во однос на претходната година, кога изнесувала 277 евра. Големи разлики постојат меѓу ...

Во вторник 17 февруари 2026 ни следува нагло заладување и силен северен ветер во Македонија кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. Во исто време од Џенова преку Јонското море ќе ни пристигне нов длабок циклонски систем кој ќе ни донесе нови обилни врнежи кои полека освен на повисоките населени места ќе преминат во врнежи од снег и во повеќето градови во Македонија особено во западните и во северните предели. Послаби ...

Медузите се спектакуларни и помалку збунувачки суштества – изгледаат како да се од друга планета и често живеат на екстремни длабочини. Познати и како „морски желеа“, овие желатинозни суштества всушност не се риби и немаат мозок, крв ниту срце. Ги има во најразлични форми и големини, во разни бои и со различно однесување. (На пример, некои боцкаат луѓе, а некои не.) И научниците сè уште постојано откриваат нови работи за нив. Еве 10 уникатни ...

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање во тој дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Водостојот на реката Треска утринава е во намалување но сѐ уште е исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на некои делници по течението. И реката Црна бележи зголемен водостој утрово. Во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.63
43%
1019
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
54%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.45
55%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.59
32%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.06
43%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.19
72%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
43%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.98
35%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
0.22
33%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
52%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.79
45%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
4.05
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Кобалт

56.29

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20