Помалиот внес на протеини би можел да помогне за поздрав и подолг живот. Новото истражување спроведено од Универзитетот Висконсин – Медисон укажува дека умерениот внес на протеини може да има значајни здравствени придобивки, особено со стареењето на организмот. За оваа цел биле опфатени повеќе од 300 научни студии, при што се докажало дека помалиот внес на протеини може да го намали ризикот од болести, како што се дијабетесот и ракот. Според ...

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е евидентиран нов сомнителен случај на Западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. Според информациите од Министерството, во тек се сите потребни лабораториски анализи со кои треба да се потврди или исклучи присуството на вирусот кај пациентот. Од Министерството за здравство велат дека внимателно ја следат состојбата и остануваат во постојана ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар бележи благ тренд на подобрување, покажуваат најновите податоци на здравствените власти. Во текот на 3 август 2026 година биле извршени вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 84 прегледи. Намалувањето на бројот на лица кои побарале медицинска помош укажува на благо смирување на состојбата, додека здравствените институции и понатаму внимателно ја ...

Македонија денес го одбележа 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, со централни свечености во Крушево и Пелинце, како и со бројни комеморативни настани, положување свежо цвеќе и пригодни културно-уметнички програми низ повеќе градови во државата. Празникот традиционално ги обединува сеќавањата на Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година – двата историски настани што се сметаат за клучни столбови на ...

Кувајт втора ноќ последователно е цел на напади, откако американската војска изврши нова серија удари врз цели во Иран. Воздушната одбрана на Кувајт пресретнала ирански ракети и беспилотни летала, се посочува во армиското соопштение објавено рано изутринава преку платформата „Икс“. Засега нема дополнителни детали за нападите. Сирените за воздушна опасност повторно се огласија и во Бахреин, како и претходната ноќ. Министерството за внатрешни ...

За многумина, безбедноста е еден од најважните фактори при изборот на дестинација за одмор. Најновото годишно рангирање на Berkshire Hathaway Travel Protection ги издвојува деветте земји кои нудат најголемо чувство на сигурност за посетителите. Листата е составена врз основа на повеќе критериуми, меѓу кои стапката на криминал, политичката стабилност, квалитетот на инфраструктурата, здравствениот систем и општата безбедност за туристите. ...

Летото е незамисливо без свежа, сочна и миризлива диња, но изборот на вистинската често знае да биде вистински предизвик. Однадвор многу дињи изгледаат слично, а дури кога ќе се пресечат станува јасно дали се доволно зрели и слатки. Сепак, постојат неколку едноставни знаци што можат да ви помогнат уште при купувањето да препознаете квалитетна и вкусна диња. Еден од најсигурните показатели е мирисот. Зрелата диња има пријатна, интензивна и ...

Во рамки на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“, вечерва во 20:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето – 10 години Национален џез оркестар“, по што ќе следува и концертен настап на оркестарот. Изложбата претставува емотивно и документарно сведоштво за десетгодишниот развој на Националниот џез оркестар. Преку автентични фотографии, архивски материјали и приказни, ...

Европа се соочува со една од најтешките климатски кризи во последните децении. Екстремните температури, кои на многу места надминуваат 40 степени Целзиусови, во комбинација со долготрајна суша и силни ветрови, предизвикаа сериозни последици врз животот, здравјето и животната средина. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 1.300 лица веќе ги загубиле животите како директна последица на силниот топлотен бран ...

Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни музички изведби, уште еднаш покажа дека „Охридско лето“ останува еден од најзначајните културни настани во регионот. На сцената на Античкиот театар блеснаа ...

Нуркачот Мартин Бајер ја снимил својата средба со медитерански морски лав додека нуркал во Јадранското Море. Во мрачните сини длабочини на Јадранското Море, покрај брегот на Црна Гора, тој и неговиот тим го снимиле ова суштество. „Кога забележавме медитерански морски лав како мирно плива низ Јадранското Море, полека се приближивме, но држевме растојание. Кога се вративме на бродот, не можевме да престанеме да зборуваме за тоа“, објаснува ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

Градежниот сектор покажува знаци на забавување, а инвеститорите стануваат сè повнимателни со започнување нови проекти. Во текот на мај годинава во Македонија се издадени само 340 одобренија за градење, што претставува пад од 27,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Падот на бројот на одобренијата доаѓа во период кога пазарот на недвижности се соочува со забавена ...

Пентагон денеска објави нова серија фајлови поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО), вклучувајќи еден извештај од воен пилот кој рекол дека видел мистериозен објект „поинаков од сè што видел во 28 години служба“. Најновата серија содржи вкупно 40 фајлови, вклучувајќи 14 документи, 19 видеа, четири аудио фајлови и три фотографии, објави Си-би-ес Њуз. Фајловите доаѓаат од различни агенции како што се Пентагон, вселенската агенција ...

Четвртфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Норвешка и Англија, кој е закажан за в сабота во Мајами, би можел да биде одложен поради опасните временски услови што го зафатија јужниот дел на американската сојузна држава Флорида. Властите издадоа предупредување поради екстремно високите температури, а британскиот весник „The Sun“ објави дека постои реална можност натпреварот да не започне во предвидениот термин. Според информациите од ...

Кога се споменува Големиот зелен ѕид, многумина замислуваат непрекинат појас од дрвја што се протега низ африканскиот континент. Но, оваа амбициозна иницијатива е многу повеќе од масовно пошумување. Проектот се протега од брегот на Атлантскиот Океан во Сенегал до Џибути на брегот на Црвеното Море, низ појасот Сахел, во должина од околу 8.000 километри. Наместо создавање единствена шумска бариера, целта е обновување на деградираното земјиште, ...

Иако понудата на станови никогаш не била поголема, интересот за купување е значително намален. Агенциите за недвижности велат дека бројот на реализирани продажби опаѓа, а голем дел од огласите остануваат активни со месеци без сериозен интерес. Експертите посочуваат дека главните причини се високите цени достигнати во претходните години, поскапите станбени кредити, намалената куповна моќ поради енормно високите цени и неизвесноста околу идните ...

Кога двете најголеми фолклорни сили на Балканот ќе ги здружат своите чекори, гласови и срца, сцената гори, а историјата се пишува во живо! Подгответе се за незаборавно аудио-визуелно доживување и емотивен спектакл каков што ретко се гледа. Македонскиот непокор и гордост преку НУ „ТАНЕЦ“ и хрватската безвременска традиција преку АНСАМБЛ „ЛАДО“ се спојуваат во совршена симфонија на традицијата, младоста и врвната уметност. Ова лето, бидете дел ...

Со брзиот развој на вештачката интелигенција, во технолошкиот свет сè почесто се отвора едно необично, но сериозно прашање – дали идните AI системи би можеле да развијат некаква форма на свесност и дали би заслужувале морално внимание? Ова прашање се наоѓа во центарот на новата област позната како „благосостојба на вештачката интелигенција“ (AI welfare), која ги истражува потенцијалните етички обврски кон високоразвиените AI системи. Темата ...

Морската сол не е ниту непријател ниту суперхерој – тоа е повеќе онаа драматична летна машна што може да направи совршен визуелен ефект, но бара внимание и рамнотежа. Летниот изглед на „плажна коса“ – таа совршено несовршена, малку брановидна коса како да сте излегле од морето и сте ја освоиле модната писта со години се смета за една од најпосакуваните естетски илузии во сезоната. Но, зад таа опуштена текстура се крие многу реално прашање: ...

Голем воден вртлог (водно торнадо) се формираше над езеро во Германија во среда попладне, предизвикувајќи широка загриженост во областа. Природниот феномен се формираше над езерото Констанца во близина на Линдау, објави германската новинска агенција ДПА. Езерото се протега на границите на Германија, Австрија и Швајцарија, а водениот вртлог траел околу 15 минути, објави Германската метеоролошка служба. Метеорологот Кај-Уве Нердинг рече дека ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Со врачувањето на фестивалкото признание „Златен венец“ за 2026 година на холандската поетеса Анеке Брасинга и наградата „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“, вечерва на Мостот на поезијата свечено завршија 65-тите Струшки вечери на поезијата. Покрај лауреатите на овие високи фестивалски признанија на традиционалниот поетски митинг „Мостови“ стихови читаа и поети од сите меридијани. Во ...

Во некои делови од Европа вчера температурите на воздухот достигнаа 40 степени Целзиусови, додека други области беа погодени од бури, а рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи и го наруши сообраќајот и производството на електрична енергија низ Стариот континент. Илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје Санте Публик. Повеќето од жртвите се ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево активираше жолт и портокалов степен на алармирање за територијата на целата држава поради значителното покачување на температурите што се очекува во следните два дена. Според официјалните метеоролошки карти, топлотниот бран ќе го достигне својот максимум на крајот на јуни, кога во повеќе градови низ земјава се очекуваат исклучително високи температури. Метеоаларм за високи температури за ...

Македонската фудбалска „единица“ Столе Димитриевски ја круниса својата долгогодишна љубов со сопругата Ирина Јанкуловска со голема свадбена веселба во Скопје. По еден од најважните периоди во професионалната кариера, голманот на македонската репрезентација го искористи заслужениот одмор по завршувањето на успешната сезона за да го прослави најубавиот ден во приватниот живот. Mеѓу најблиските пријатели кои беа дел од веселбата беше и голманот ...

Обожавателите на серијалот филмови за Џејмс Бонд наскоро ќе го дознаат наследникот на Даниел Крејг во улогата на култниот шпион. Продуцентите и режисерот Денис Вилнев почнаа да ги известуваат глумците кои се пласирале во следната рунда аудиции, којашто ќе се одржи подоцна ова лето. Иако имињата сè уште не се потврдени, аудициите се закажани за август, потврди „Дедлајн (Deadline)“. Изворите говорат дека Вилнев лично ги контактира кандидатите ...

Клучната идеја е тарифниот систем да се прилагоди на новите состојби на енергетскиот пазар, каде што во одредени дневни часови има вишок електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни електрани. Тоа создава сосема нови услови во споредба со 2022 година, кога блок тарифите беа воведени за време на енергетската криза. „Генералната идеја е граѓаните да плаќаат пониски сметки за потрошената електрична енергија. Во меѓувреме многу ...

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
37%
1022
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
27%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.87
36%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.21
27%
1021
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
32%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
10.29
50%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.54
28%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
24%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
1.79
29%
1024
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.32
58%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Паладиум

43178.45

Рутениум

53852.50

Калај

56.26

Родиум

280515.26

Иридиум

252383.36

Злато

141408.63

Сребро

2106.74

Бакар

13.17

Цинк

0.00

Платина

55942.30

Алуминиум

3.31

Кобалт

56.29