Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром денеска на ждрепката во седиштето на ФИБА во Европа ги доби противниците во групната фаза во Еврокупот на ФИБА. Ждрепката одлучи македонскиот шампион да се најде во групата E заедно со екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска. Новата сезона во ова натпреварување започнува на 6. и 7. октомври. Крадењето авторски текстови е ...

Лионел Скалони продолжува да испишува историја со аргентинската репрезентација, откако кормиларот на „гаучосите“ успеа да ја одведе својата селекција до уште една битка за големиот мундијалски трофеј. Со вчерашниот триумф над Англија, аргентинскиот селектор си обезбеди место во историјата, како само седми во одбраното друштво на кормилари кои имаат две мундијалски финалиња. Скалони сега е рамо до рамо со Дидие Дешамп (2018 и 2022), Франц ...

Веќе нема дилеми, Аргентина и Шпанија ќе излезат на мегдан во големото финале на СП 2026, што значи и продолжување на неверојатната серија на италијанскиот гигант Интер, кој има најмалку по еден играч на сите мундијалски финалиња уште од 1982 година. Лаутаро Мартинез беше аргентинскиот херој на полуфиналето со Англија, а токму одличниот голгетер е претставник на „нероаѕурите“ во мечевите за светскиот фудбалски трон во 2026 и во 2022 година. ...

Хари Кејн сонуваше да го крене шампионскот пехар на овој мундијал, но Англија беше елиминирана во драматичното полуфинале од Аргентина, по што капитенот на „гордиот албион“ не го криеше разочарувањето од конечниот исход. „Имавме толку добри моменти на овој турнир, одигравме добри мечеви, стигнавме до уште едно полуфинале. Секогаш говориме дека сме блиску до еден голем успех. Секогаш сме толку блиску, а сепак, не успеваме да го најдеме тоа ...

Фудбалското совршенство има име – тоа е Лионел Меси, како што аргентинската суперѕвезда покажа и во синоќешното полуфинале против Англија. Ја презеде одговорноста кога беше најтешко, ја бараше секоја топка, ги разигра соиграчите, и со две асистенции – го овозможи големиот пресврт. Меси имаше 94 искреирани четири искреирани шанси за соиграчите, две асистенции, неверојатни девет дриблинзи (рекорд на ова СП) од вкупно 11 обиди да ги мине ...

Има моменти во животот кои те менуваат засекогаш, а за Матеј, млад фудбалер, тој момент дојде на едно неверојатно место: трибините на митскиот стадион „Ацтека” во Мексико Сити, токму на отворањето на Светското првенство. Со само 19 години, преку наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ организирана од Hisense и Gorenje, тој доби нешто што малкумина некогаш ќе го доживеат, да биде дел од историјата на едно од најсветите места во ...

Патот кон ФИБА Евробаскет 2029 продолжува со ждрепката за втората рунда од претквалификациите, која ќе се одржи денеска (четврток, 16 јули) со почеток во 12:45 часот во Минхен. Во оваа фаза ќе бидат распоредени 12 репрезентации, меѓу кои и Македонија, која обезбеди пласман како победник во својата група од првата рунда. Според веќе утврдениот систем на ФИБА, формирани се по две селекции кои ќе се најдат во четирите групи и се чека да се ...

Лаутаро Мартинез е играчот чие име ќе остане запишано со оној фантастичен погодок во судиското продолжение со кој Аргентина славеше со 2-1 над Англија и обезбеди плласман во големото мундијалско финале. „Ова е судбина, сонував како го постигнувам голот за победа. Им го кажав тоа и на дел од соиграчите пред да влезам, дека ќе го постигнам погодокот што сите го посакувавме. Се колнам, му кажав на Алексис, потоа и на Медина… Англичаните беа ...

Целокупната фудбалска јавност покажа со прст кон Томас Тухел како главен виновник за елиминацијата од Аргентина, но тоа сепак не е доволно за германскиот стратег да добие отказ од селекторската функција. Првиот човек на Фудбалската Асоцијација, Марк Булингем, ги следеше во живо настапите на „гордиот албион“ на овој мундијал, по што веднаш по елиминацијата од Аргентина тој му соопштил на Тухел дека соработката дефинитивно продолжува и отказ за ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Аргентина стигна до своето седмо мундијалско финале, со што сега е на второто место на ова рангирање зад Германија со 8. Ова е вторпат „гаучосите“ да врзат две мундијалски финалиња, откако претходно успеаја такво нешто 1986/1990. Англија е елиминирана во последните три полуфиналиња на светските ...

Вилијам Салиба настапуваше повреден за Франција на овој шампионат, одличниот дефанзивец влечеше незгоден проблем со грбот уште од напорната сезона со Арсенал, но реши да ризикува и да биде дел од „триколорите“ на СП 2026. Ризикот за жал не се исплатеше, па Салиба мораше поради влошување на состојбата да побара да биде заменет на полуфиналето со Шпанија. „Ова веќе не се издржува, грбот ми се распаѓа“, му се пожалил Салиба на дефанзивниот ...

Кристијан Ромеро одигра уште еден максимално борбен меч во одбраната на Аргентина, а дефанзивецот на Тотенхем по големиот триумф веднаш го „поздрави“ Гери Невил, од кого беше жестоко критикуван во пресрет на ова полуфинале. Невил во емисијата “Overlap” ги опиша Ромеро и Лисандро Мартинез како најлош штоперски тандем во историјата, примајќи гол по нивна вина на речиси секој натпревар. „Би сакал да ја искористам можноста да испратам прегратка ...

Лео Меси крајно емотивно ја прослави големата победа над Англија, во првиот меч што аргентинскиот генијалец го одигра против „гордиот албион“ во кариерата. Меси победата ја посвети на легендарниот Диего Марадона, кој во текот на својата кариера имаше блескави моменти против Англичаните. „Сигурен сум дека Диего ужива и слави гледајќи од „горе“. Оваа победа е за него, ова беше навистина специјален ден, специјален меч, среќен сум што ја ...

Џуд Белингем собираше комплименти за добрите партии на овој светски шампионат, се до синоќешниот дуел со Аргентина на кој асот на Реал Мадрид не беше на посакуваното ниво. Видно нервозен од самиот почеток,, Белингем ги загуби нервите пред крајот влегувајќи во конфликт со Меси, но Англичанецот најголемиот скандал го направи по последниот судиски свиреж, удирајќи еден аргентински фудбалер додека се радуваше. Ударот не беше силен, но Белингем ...

Лионел Меси продолжува со испишување на нови страници во мундијалската историја откако аргентинската суперѕвезда со синоќешниот триумф над Англија стигна до уште еден рекорд. Имено, Меси ќе игра три мундијалски финалиња во својата кариера (2014, 2022, 2026), нешто што досега му има успеано само уште на еден фудбалер, бразилскиот десен бек Кафу, кој беше дел од големите финалиња на СП во 1994, 1998 и 2002 година. Кафу има две победи во ...

Томас Тухел се најде на удар на јавноста поради катастрофалните дефанзивни измении со кои англискиот селектор се обиде со бункер да брани предност од 1-0 против Аргентина, но прими два гола и беше елиминиран во полуфиналето од СП 2026. Очекувано, Германецот застана во своја одбрана, сметајќи дека измените не биле пресуден фактор за елиминацијата, а критиките од јавноста ги оцени како очекувани. „Разочарани сме бидејќи бевме многу блиску, но ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина заслужено стигна до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако вечерва во второто полуфинале со пресврт славеше над плашливата Англија на Томас Тухел со 2-1. Првиот дел не ни донесе буквално никакви фудбалски возбудувања, но затоа видовме се друго. Натпреварот уште од стартот тргна нервозно, а Аргентинците за само 91 секунда веќе имаа направено два фаули. Истата нервоза продолжи до ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина заслужено стигна до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако вечерва во второто полуфинале со пресврт славеше над плашливата Англија на Томас Тухел со 2-1. Англија имаше се во свои раце, а тогаш се појави Томас Тухел. Одигра како просечен тренер во 5. сојузна лига и стави 9 дефанзивци во исто време на теренот. Следуваше казна и големо славје за Аргентина. ЛУЗЕРСТВОТО ИМА НОВО ИМЕ ...

Актуелниот светски шампион Аргентина заслужено стига до израмнување на 1-1 против Англија во второто полуфинале на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Томас Тухел по постигнатиот гол играше тотално плашливо и буквално во игра го стави секој дефанзивец кој го имаше. Казната заслужено дојде во 86. минута кога Енцо Фернандез со прекрасен гол израмни на 1-1. England 1 – [1] Argentina – Enzo Fernandez 85' byu/ayoefico insoccer ...

По 14 години во НБА, Јонас Валанчиунас се враќа во Европа. Литванскиот центар официјално потпиша за Жалгирис Каунас откако беше ослободен од обврските кон Денвер Нагетс. Од Жалгирис соопштија дека Валанчиунас потпишал двегодишен договор, до крајот на сезоната 2027/28, со што литванскиот гигант го комплетираше составот за претстојната натпреварувачка година. Според информациите на „Баскетњуз“, Валанчиунас во Жалгирис би требало да заработи ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и вториот триумф на Европското првенство Б-дивизија откако вечерва славеше против репрезентацијата на Азербејџан со 67-57. Нашите надежи одиграа едно слабо прво полувреме по кое имаа негатива од 25-32. Сепак, одигравме одлично во вториот дел, па сето тоа беше доволно да се стигне до победа над Азербејџан од 67-57. Коста Ќириловски со 16 поени беше прво име во нашиот табор, ...

Зинедин Зидан со години чекаше можност да седне на клупата на француската репрезентација, но иако заминувањето на Дидие Дешамп го отвори тоа место, потпишувањето на договорот заглави поради законското ограничување на платите. Само еден ден по болната елиминација од Светското првенство и поразот од Шпанија во полуфиналето, Дидие Дешамп потврди дека ја напушта селекторската позиција во француската репрезентација. Иако фудбалската јавност ...

Фудбалската репрезентација на Англија поведува со 1-0 во полуфиналниот меч против Аргентина кој се игра во Атланта како дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Откако гледавме едно здодевно прво полувреме без шанси, Англија поведе со 1-0 со голот на Ентони Гордон во 55. минута на асистенција на Морган Роџерс. England [1] – 0 Argentina – A. Gordon 55' byu/Alsace2025 insoccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Фудбалските репрезентации на Англија и Аргентина играат без голови 0-0 на полувреме во второто полуфинале на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Првиот дел не ни донесе буквално никакви фудбалски возбудувања, но затоа видовме се друго. Натпреварот уште од стартот тргна нервозно, а Аргентинците за само 91 секунда веќе имаа направено два фаули. Истата нервоза продолжи до крајот на првиот дел во кој за издвојување се ...

Светското првенство завршува во недела ќе дознаеме кој ќе ја освои „Златната божица“. Финалниот натпревар во Њу Џерси ќе биде огромен спектакл, во секоја смисла, но плановите на организаторите можат да се предвидат од една (не)предвидена околност. Се работи за времето. Финалето е закажано за 15 часот по локално време во недела на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Временската прогноза за недела засега е поволна, се очекува топло време со висока ...

Галатасарај би можел да го приреди едно од најголемите трансфер-изненадувања ова лето, според турскиот весник „Фанатик“, шампионот на оваа држава сериозно размислува да го ангажира фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден. Вредноста на англискиот репрезентативец се проценува на околу 70 милиони евра, и иако наводно постигнал договор со Сити во мај за продолжување на соработката, новиот договор се уште не е официјализиран. Во моментов, неговиот ...

Шкендија утре ја очекува само формална задача на реваншот во Скопје против гибралтарската Европа за пласман во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По убедливата гостинска победа од 0-5 минатата недела, тетовци се очекува рутински да одработат за следна рунда на мечот кој ќе се игра на „Тодор Проески“ во Скопје. Тетовци денеска со полна самодоверба и во одлична атмосфера го одработеа официјалниот тренинг на најголемиот ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс утре брка пласман во следната фаза од Лигата на конференции на стадионот на ФФМ. Кратовци утре од 20 часот ја пречекуваат екипата на Динамо Минск во реванш натпреварот од првото квалификациско коло. Македонскиот претставник влегува во овој дуел со одлична предност од 1-0, обезбедена на првиот меч во Стара Загора минатиот четврток. Тренерот на Силекс, Александар Васоски на официјалната ...

Фудбалерите и стручниот штаб на Англија ќе поделат бонус од 19 милиони фунти (околу 22 милиони евра) доколку го освојат Светското првенство. Од таа сума, селекторот Томас Тухел би добил дури три милиони фунти. Лондонски „Гардијан“ ексклузивно ги објави деталите за распределбата на бонусите што Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) ги договорил со играчите и стручниот штаб пред почетокот на Светското првенство. Доколку англиската репрезентација ...

Двајцата селектори Томас Тухел и Лионел Скалони се решија за тактички изненадувања во стартниот состав на Англија и на Аргентина за вечерашниот полуфинален меч од СП 2026. Тухел направи три измени во стартниот тим, а најголемо изненадување е вклучувањето на Роџерс, и тоа на позицијата десно крило каде Сака и Мадуеке не импресионираа во досегашниот дел од мундијалот. Одлична вест за Англија е рехабилитацијата на Рис Џејмс, кој е „фит“ по ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87