Репрезентацијата на Белгија остана без селектор само еден ден по завршувањето на Светското првенство. Руди Гарсија доби отказ од страна на белгиската федерација, откако селекцијата беше елиминирана во 1/4 финалето од репрезентацијата на Шпанија. Но, пласманот меѓу најдобрите осум селекции не беше доволно за федерацијата да го задржи на клупата искусниот француски стратег. Гарсија ја презеде клупата на Белгија во 2025 година, и успеа да ја ...

Свечената ложа на стадионот „Метлајф“ беше полна со хероите кои ѝ ја донесоа на Шпанија првата титула на Светското првенство во 2010 година. Меѓу нив беа Икер Касиљас, Чави Ернандез, Андрес Иниеста, Карлес Пујол и Серхио Рамос. Кога Феран Торес го постигна победничкиот гол, ложата каде што беа поранешнит шпански фубдалери, се исполни со еуфорија, но еден момент стана главна тема. На фотографиите од прославата, сите се видливи освен Серхио ...

После победата на Шпанија над Аргентина во финалето на Светското првенство 2026 година, се огласија многу светски ѕвезди. Една од нив беше Тони Крос. Поранешниот германски репрезентативец и екс член на Реал Мадрид, напиша само една реченица после победата на Шпанија. „Фудбалот победи“, беше коментарот на одличниот играч од средниот ред. Football won — Toni Kroos (@ToniKroos) July 19, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Денеска се одржа ждрепката за 3. квалификациско коло во Лигата на конференции. Македонскиот првак Вардар ако го мине Рига, ќе игра со победникот од Атерт Бисен од Луксембург и Ѓер од Унгарија. Унгарците важат за фаворити, и треба да го добијат натпревар. Шкендија, пак, ако го мине тимот на Браво од Словенија, во 3. квалификациско коло за ривал ќе го има победникот од дуелот Малишева (Косово) и Хибернијан (Шкотска). Крадењето авторски текстови ...

„Земјотрес“ во спортската јавност предизвика денешното соопштение од куќата на кошарката, во кое федерацијата објави дека три од актуелните суперлигаши, Маџари, ТФТ и Чаир, не добиле лиценци за натпреварување во сезоната 2026/27 поради долговите кои ги имаат кон федерацијата. МКФ уште пред неколку месеци го претстави новиот лиценцен систем во кој јасно стави до знаење дека планира да воведе финансиска дисциплина и веќе нема да толерира ...

Македонскиот ракометен шампион Вардар на 27 јули официјално ќе ги започне подготовките за сезоната 2026/27, во која повторно ќе настапува во Лигата на шампионите. Тренерот Иван Чупиќ ќе ја изврши првата прозивка во Скопје, по што екипата од 3 до 10 август ќе ги реализира базичните подготовки во Маврово. Во продолжение на подготовките, „црвено-црните“ ќе учествуваат на традиционалните меѓународни турнири во Струга (12–15 август) и Охрид (18–22 ...

Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје и се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото. Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од нашиот втор тим – МЗТ Скопје ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе се кандидираат за домаќин на Светското првенство брзо, и го пофали успехот успехот на штотуку завршеното првенство во 2026. Во интервју за „Фокс“, Трамп не дефинирал кога е тоа „брзо“, со оглед дека е познато каде ќе се одржуваат следните две Светски првенства, и тоа 2030 во Шпанија, Португалија и Мароко, додека во 2034 година тоа ќе ...

Астон Вила потпиша договор со Жоао Гомеш. Бразилскиот репрезентативец доаѓа од Вулверхемптон, каде настапуваше минатата сезона. Гомеш ја мина академијата на Фламенго, клубот од неговиот роден град, со кого го освои Копа Либертадорес, откако го имаше своето деби во сениорската репрезентација како тинејџер. Десет пати настапувајќи за својата репрезентација, 25-годишниот борбен и динамичен играч од средниот ред одигра 130 натпревари за ...

Капитенот на Англија, Хари Кејн го поддржува селекторот Томас Тухел, кој наиде на жестоки критики после елиминацијата од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Во неделата англиската селекција се врати дома како третопалсирана селекција на Светот по победата во мечот за третото место над Франција со неверојатни 6-4, што беше најдобар пласман од 1966 година, кога стигнаа до пехарот. Кејн призна дека Тухел е еден од најдобрите ...

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека три клуба не ги исполниле финансиските критериуми, и дека нема да се натпреваруваат во Суперлигата престојната сезона. Крајниот рок беше 15 јули 2026 година, а Маџари, ТФТ и Чаир не стигнале навреме да ги намират долговите. Соопштението на КФМ ви го пренесуваме во целост: „Во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, Кошаркарската федерација на Македонија за ...

Родри одржа час по фудбал и во големото финале, диригирајќи со средниот ред на Шпанија што не им остави на Аргентинците ниту педа простор за да покажат за што се способни. Шпанецот одигра мундијал на највисоко ниво, докажувајќи дека се уште е дел од самиот фудбалски крем како што тоа беше пред повредата на коленото поради која пропушти голем дел од ланската сезона. „Среќен сум, секако сум пресреќен. Се надевам дека мојата приказна ќе биде ...

Феран Торес се мачеше на овој мундијал, не успевајќи да искористи неколку одлични шанси подготвени од соиграчите. Но, не престана да верува, ниту тој, ниту пак селекторот Де ла Фуенте во него. И таа доверба се исплатеше, бидејќи голгетерот на Барса блесна во вистински час, успевајќи во она што Шпанците се обидуваа да го сторат повеќе од 100 минути – да го најде патот до мрежата на одличниот Емилијано Мартинез. Гол еден, ама највреден, за ...

Секоја чест за сите шпански фудбалери за оствареното во последните години, но ако треба да се бира МВП во „црвената фурија“, тоа може да биде само еден. Не Родри, ниту Јамал ниту било кој друг, освен селекторот Луис де ла Фуенте. Многумина беа шокирани од одлуката на федерацијата кога по оставката на Луис Енрике (по елиминацијата од Мароко на СП 2022 во Катар) изборот за нов селектор падна токму врз Де ла Фуенте, симпатичниот ќелавко кој ...

Родри е „генералот“ на Шпанија на теренот, Унаи Симон покажа дека е голман од највисока класа, а Ламин Јамал е задолжен за атракции. Шпанците во своите редови имаат и „детелинка со четири листа“, играч кој им носи среќа и кој никогаш не загубил натпревар бранејќи ги боите на националниот тим. Фабијан Руиз. Асот на ПСЖ беше стартер во големото финале, продолжувајќи ја својата неверојатна серија која сега изнесува 50 меча без пораз. Од овие 50 ...

Еуфорично се прославуваше светската титула низ цела Шпанија, но големата прослава се претвори во неверојатна трагедија во градот Саламанка, каде животот го загуби 13-годишно дете. Жителите на Саламанка беа собрани на градскиот плоштад славејќи ја победата над Аргентина, кога се урна горниот дел од фонтаната, паѓајќи без луѓето што се најдоа во тој момент под неа. Две возрасни лица се задржани на болничко лекување, но таква среќаше немаше ...

Доналд Трамп сака секогаш да биде во центарот на вниманието, така беше и на завршната церемонија на доделување на пехарите и медалите за крај на СП 2026. Иако критикуван од многумина фудбалери изминатиот период, сите по ред се поздравија со американскиот претседател. Поточно, сите освен еден – Аргентинецот Кристијан Ромеро беше единствениот што најде начин да „ескивира“ и само го одмина Трамп. Погледнете како изгледаше тој момент од ...

Феран Торес еуфорично ја прославуваше титулата светски првак на Шпанија – трофеј што го донесе токму напаѓачот на Барселона постигнувајќи го победничкиот гол во второто продолжение од 15 минути. Торес беше критикуван од шпанската јавност во текот на целиот мундијал, но селекторот Де ла Фуенте веруваше во него, редовно му даваше шанси од клупата за резерви, што вроди со плод токму во големото финале. „Овој мој гол е подарок за 47 милиони ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Седум од осумте досегашни освојувачи на мундијалите сега имаат најмалку по две титули (Шпанија во 2010 и во 2026). Англија остана единствената селекција со само една светска титула. Шпанија прими само еден гол на осум натпревари, најмалку во историјата за селекција што на крајот стигнала до титулата. ...

FIFA World Cup 2026™ заврши на незаборавен начин, а Шпанија го подигна најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал по повеќе од еден месец исполнет со спектакуларни натпревари, врвни изведби и моменти што ќе се паметат долго. Додека навивачите ширум светот ги слават новите светски шампиони, уште едно значајно поглавје во фудбалската историја доаѓа до својот крај. Но, иако турнирот заврши, летото допрва влегува во својот најинтензивен период, ...

Аргентина ја очекуваат коренити промени во наредниот период, Лео Меси е подготвен за репрезентативна пензија, а огромни се шансите дека „гаучосите“ ќе мора да бараат и нов селектор. Лионел Скалони беше крајно емотивен на прес-конференцијата по финалето, најавувајќи дека е подготвен да си замине по истекот на договорот во декември годинава. „Ќе продолжам да бидам селектор до декември, до тогаш ми е договорот. А потоа – најверојатно ќе ...

Килијан Мбапе во голем дел од изминатата сезона беше критикуван поради променливата форма во дресот на Реал, но и однесувањето надвор од теренот во „кралскиот клуб“. Французинот се уште е без трофеј со „кралевите“, во меѓувреме остана и без медал на овој мундијал, но Мбапе може да биде горд на индивидуалните остварувања. Тој ја освои „Златната копачка“ на мундијалот со 10 погодоци, оставајќи ги зад себе Меси, Халанд, Кејн… но Мбапе исто така ...

Лео Меси даде се од себе, изгина во репрезентативниот дрес, дојде на само еден чекор до испишување на нови страници во историјата – и не успеа. Видно разочаран, на самиот крај на дуелот можеа да се забележат и солзи на лицето на „фудбалскиот Бог“, кој сепак беше премногу осамен за да може да ги замрси сметките на шпанската фудбалска машинерија. Меси не успеа да врзе два мундијалски пехари во низа, а солзите што синоќа ги пролеа беа само ...

Левиот бек Марк Кукуреља на почетокот од мундијалот најави храбар потег – дека ќе го тетовира ликот на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте доколку „црвената фурија“ успеа да стигне до титулата. Целта беше остварена со големиот триумф над Аргентина, а едно од прашањата што Де ла Фуенте ги доби беше токму поврзано со тетоважата на дефанзивецот. „Јас сум многу стар за да почнам сега да се тетовирам, но моите фудбалери се луѓе од збор, знам дека ...

Шпанија ги обедини светската и европската круна, а синоќешната победа над Аргентина значеше и продолжување на неверојатната серија што обезбеди место во историјата за „црвената фурија“ по уште една категорија – најдолга низа без пораз во репрезентативниот фудбал. Тоа беше 38. меч во серија на кој Шпанците беа непоразени (29 победи и девет реми), во периодот од март 2024 година па се до денеска. Ваквиот исход значеше и дефинитивно уривање на ...

Шпанците очекувано по освоената титула ги собраа и индивидуалните награди што ФИФА традиционално ги доделува по секој светски шампионат. МВП наградата за најкорисен играч на мундијалот заврши во рацете на Родри, шпанскиот капитен одигра маестрален мундијал, беше вистински лидер на „црвената фурија“ од првиот до последниот натпревар и заслужено се закити со ова големо признание. Наградата за најдобар голман заврши кај Унаи Симон, Шпанецот што ...

Родри одигра уште еден натпревар за паметење во дресот на Шпанија, маестрално диригирајќи со играта на „црвената фурија“ која на крајот заслужено ги обедини светската и европската фудбалска круна. Шпанскиот капитен си обезбеди и место во историјата, станувајќи фудбалер со најмногу додавања на светските првенства. Рекорд што до денеска му припаѓаше на легендарниот Бразилец Карлос Дунга (1306), но Родри ja мина оваа бројка уште во првото ...

Леандро Паредес влезе во игра во второто полувреме, набрзо доби жолт картон и направи бројни груби стартови во текот на финалето, но играчот за врска го допре дното по завршувањето на натпреварот, откако тргна да се пресметува физички со шпанските фудбалери. Неколку минути по завршниот свиреж на судијата Винчиќ тој влезе во конфликт со еден шпански репрезентативец, а откако се вмеша Гави, Паредес реши физички да се пресмета со младиот ...

Нема историја за еден од најдобрите фудбалери во историјата Лионл Меси за две едноподруго титули светски шампион со Аргентина. Шпанија, повеќе од заслужено, е новиот светски шампион одземајќи ја круната од Аргентинците откако славеше со 1-0 по продолженијата во финалето на Светското првенство 2026 во Њујорк. Скромни регуларни 90 минути одиграа Шпанија и Аргентина во толку очекуваното финале на Светското првенство 2026, завршувајќи 0-0, па низ ...

Јасно беше дека Шпанија ќе биде селекцијата со поголем посед на топката, но се очекуваше Аргентинците да најдат начин барем да се заканат кон голот на Унаи Симон. Не само што тоа не се случи, туку „гаучосите“ имаа неславен рекорд, прв финалист што го завршил мечот за трофејот без ниту еден упатен удар кон противничкиот гол по 90 минути игра. Во продолжението, по примениот гол Аргентинците се обидоа да сторат нешто повеќе, имаа блокирани удари ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
6.7
48%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
33%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
35%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.26
45%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
47%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
40%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
9.26
88%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Кобалт

56.29

Бакар

13.19

Алуминиум

3.24

Иридиум

252383.36

Сребро

2051.41

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Паладиум

41281.56

Платина

54720.57

Калај

56.21

Злато

138910.52

Рутениум

53852.50