Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, го привлече вниманието на јавноста откако се појави со видливо изменет изглед. Според бразилските медиуми, 26-годишниот фудбалер за време на одморот по Светското првенство се подложил на естетска процедура со која одлучил да ги нагласи и обликува брадата и вилицата. Станува збор за процедура позната како „хармонизација на лицето“ – популарен третман во естетската медицина ...

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите македонски тренери дека годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје, а главен предавач ќе биде еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци – Светислав Пешиќ. Станува збор за тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ...

Шпанија стана светски шампион по втор пат во историјата откако ја победи Аргентина со 1-0. Голем успех беше прославен во поголемиот дел од земјата, но сепак има делови од земјата каде што луѓето што излегоа на улиците беа жестоко нападнати. Во Баскија се собраа голем број луѓе кои сакаат регионот да се отцепи од Шпанија, напаѓајќи ги оние што слават. „Шпанци, ку*вини синови“, ечеше по улиците на Баскија. Во Шпанија велат дека ова не било ...

Светската фудбалска федерација ФИФА продолжува со скандалозните одлуки во корист на фудбалската федерација на Аргентина. Два дена по финалето во кое гаучосите ги покажаа најлошите работи во фудбалот и уште еднаш покажаа дека се лоши губитници доаѓа нова скандалозна одлука од ФИФА. Леандро Паредес човекот кој не заслужува да се нарече фудбалер нема да добие дополнителна казна за циркузот што го направи по крајот на финалето. Откако прво го ...

Аргентинската репрезентација пристигна во Буенос Аирес по поразот од 1-0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Претседателот на фудбалската федерација Клаудио Тапија, заменик-капитенот Николас Отаменди и селекторот Лионел Скалони први излегоа од авионот. За вицешампионите на светот беше поставен црвен тепих и почесна стража. Голем број навивачи ги пречекаа на улиците на главниот град. Првично беше планирано да се користи обичен ...

Еден ден откако Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство, ФИФА потврди дека Дисциплинската комисија отворила истрага за инцидентите што се случија по крајот на натпреварот. „По разгледувањето на сите релевантни извештаи поврзани со финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а во согласност со член 36 од Дисциплинскиот правилник на ФИФА, Дисциплинската комисија на ФИФА покрена истрага за можно кршење на ...

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар го очекува двомеч против летонска Рига во 2. квалификациско коло од најмладото клупско натпреварување на стариот континент, Конференциската лига на УЕФА. Директорот на Вардар, Миленко Неделковски ја информира јавноста дека фудбалерите ќе добија премија од 100.000 евра ако успеат да го минат летонскиот шампион и да се пласираат во 3. коло од ова натпреварување. Првиот натпревар од двомечот меѓу Вардар ...

Шпанската фудбалска репрезентација беше пречекана од околу два милиони луѓе на улиците на Мадрид откако ја освои титулата светски шампион на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанските фудбалери се вратија дома еден ден откако ја победија Аргентина со 1-0 по продолженија во финалето на Светското првенство и ја освоија титулата светски шампион по втор пат во историјата. Голот за одлука го постигна Феран Торес во 106. минута. По ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално го објави најдобриот тим на штотуку завршеното Светско првенство во 2026 година. Како што се очекуваше, финалистите, Шпанија и Аргентина, имаат најголем број претставници во идеалните единаесет. На листата се вклучени по тројца играчи од редовите на новите светски шампиони Шпанија и од вицешампионот Аргентина. Франција е претставена со двајца фудбалери, додека Англија, Норвешка и Парагвај ...

Англискиот репрезентативец Морган Роџерс стана најскапиот Англичанец во Премиерлигата по комплетирањето на трансферот во Челси. Фудбалерот од средниот ред веќе ги мина лекарските прегледи пред официјализацијата на трансферот од Астон Вила во Челси. Тимот од „Стемфорд бриџ“ ќе плати 117 милиони фунти за да ги добие услугите на 23-годишниот Роџерс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и ...

Mакедонија повторно ќе има три претставниц и во новата сезона во АБА 2 лигата. Македонија ќе ја претставуваат шампионот МЗТ Скопје, ТФТ Скопје и дебитантот Маџари, а денешната ждрепка одлучи МЗТ Скопје, да биде во групата Ц, со црногорска Сутјеска, српска Слобода Ужице и словенечки Триглав Крањ. ТФТ ќе се натпреварува во групата Б, заедно со Слобода Тузла, Шенчур, Херцеговац и Подгорица. Историски настап во регионалното натпреварување ќе има ...

Фудбалската федерација на Белгија нема да ја продолжи соработката со Руди Гарсија и бара нов селектор. Белгиските медиуми пренесуваат дека Федерацијата го гледа Марк ван Бомел како најдобар кандидат и дека токму Холанѓанецот би требало да го замени Руди Гарсија, чиј мандат истече по Светското првенство. Во Белгија сакаат што поскоро да ангажираат нов селектор, а Ван Бомел е еден од главните кандидати, со оглед на тоа што ужива голем углед во ...

Фудбалерите на Шпанија ја освоија титулата светски шампион победувајќи ја Аргентина по продолженијата (1-0), но големата прослава по завршувањето на финалето на СП 2026 беше засенета од жесток конфликт меѓу играчите и членовите на аргентинскит стручен штаб на теренот. Меѓу оние кои се најдоа во центарот на инцидентот беше Дани Олмо, поранешен фудбалер на Динамо Загреб. „Мојата прва реакција беше да возвратам“ Олмо откри дека за време на ...

Италијанската фудбалска федерација презеде конкретен чекор во обид да го доведе Пеп Гвардиола на селекторската функција. Според информациите на „Скај Спорт“, Паоло Малдини и Леонардо отпатувале во Барселона и за време на викендот имале директни разговори со актуелниот тренер на Манчестер Сити. Двајцата, кои се дел од новата структура на италијанската федерација, сакале да испитаат дали Гвардиола е подготвен да ја преземе италијанската ...

Турскиот репрезентативец Џеди Осман потпиша за грчки ПАОК. Родениот охриѓанец откако го напушти Панатинаикос потпиша тригодишен договор со екипата од Солун. Осман, според грчките медиуми, ќе заработува три милиони евра по сезона. 🦅It’s official! Welcome to the PAOK family @cediosman ⚪️⚫️#PAOK pic.twitter.com/7xZ25Q7xXc — PAOK BC (@PAOKbasketball) July 20, 2026 Минатата сезона во дресот на Панатинаикос постигнуваше просечно 12,9 поени во ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не се појави на финалето на Светското првенство 2026, што се толкува како протестен потег. Неговото отсуство го одразува длабокото незадоволство на европската фудбалска организација од начинот на кој ФИФА го управува спортот, а случајот со американскиот фудбалер Фоларин Балогун е само еден во низата контроверзни настани. „Тајмс“ прв објави дека Чеферин не присуствувал на натпреварот во Њу Џерси, што ...

Еден од највозбудливите моменти се случи по големото финале на Светското првенство, во кое Шпанија ја победи Аргентина со 1-0. Веднаш по крајот на натпреварот, меѓу играчите изби голем судир. Аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес се најде во центарот на тој хаос. Тој влезе во физичка пресметка со Ерик Гарсија, а во инцидентот се вклучи и Гави. Паредес го фати шпанскиот играч за врат, а потоа го оттурна Гави. Ситуацијата брзо ...

Кавадаречки Тиквеш запиша уште еден пораз за време на подготовките во Турција, овој пат од ирачкиот Духок. Тиквеш загуби со 0-2, откако претходно кавадарчани одиграа два дуела со екипата на Балтика во кои беа поразени. Кавадаречкиот прволигаш досега има само едно реми на тест-дуелите во Турција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без ...

Аргентинските фудбалери не дадоа изјави по поразот во финалето на Светското првенство, што беше чудно, па така не можевме директно од нив да слушнеме што се случило синоќа во Ист Радерфорд и зошто светскиот шампион доживеа таков неуспех. Еден ден подоцна, кога на социјалните мрежи се појави видео снимено пред финалниот натпревар против Шпанија, јавноста во Аргентина со право се посомнева дека настанале проблеми меѓу играчите во ...

Аргентинските фудбалери заминаа на најголемата фудбалска битка како светски шампиони, но на крајот не успеаја да ја одбранат титулата откако завршија како сребрени. Весникот „Оле“ пишува дека во Буенос Аирес слетал авион без деветмина фудбалери кои патуваа на Светското првенство, вклучително и капитенот Лионел Меси. „Лионел Меси не пристигна во Буенос Аирес со остатокот од тимот“, пишува „Оле“. Непосредно пред полноќ по локално време, ...

Специјалните претставници на Реал Мадрид, ангажирани за оваа задача од Флорентино Перез, ќе ја искористат можноста што ја нуди прославата за светските шампиони за да се обидат да го задржат капитенот на тој тим и најдобриот играч на Светското првенство во Мадрид на подолг период. Шпанските медиуми најавуваат дека престојот на Родри во шпанската престолнина за време на претстојните прослави ќе се искористи за да се изврши конечен притисок врз ...

Шпанската фудбалска репрезентација е новиот светски шампион откако во финалето на стадионот „Метлајф“ во Ист Радерфорд, по продолженијата, ја совлада Аргентина со 1-0. За време на натпреварот, Шпанците упатија 20 удари, од кои 12 во рамките на голот, додека Аргентинците упатија само два удара и двата во последните минути од натпреварот, но ниту еден не заврши во рамките на голот. Херојот на Шпанија беше напаѓачот на Барселона, Феран Торес, ...

Во низата инциденти по финалето на Светското првенство, уште еден Шпанец, Дани Олмо, беше жртва. Фудбалерот на Барселона доби удар со тупаница во вратот од легендарниот аргентински репрезентативец Роберто Ајала. Поранешниот одбранбен играч на Ривер Плата, Наполи, Милан, Валенсија, Реал Сарагоса и Расинг сакаше дополнително да се пресмета со крилниот напаѓач, но Ерик Гарсија го спречи во тоа. „Ние сме пример за безброј момчиња и девојчиња и ...

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа пад од две места на најновата ранг-листа на Светската кошаркарска федерација ФИБА. И покрај победите на кошаркарите над Република Ирска и Луксембург во претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година, репрезентацијата доживеа пад од две места и сега е 64. светска кошаркарска сила. Пад од две места имаме и на европскиот ранкинг каде во моментов сениорската репрезентација се ...

Светот на фудбалот е во жалост по веста дека легендарниот англиски фудбалер и менаџер, Кевин Киген, почина на 75-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство, соопштувајќи дека Киген ја загубил битката со рак во четврта фаза. Последните моменти од животот ги поминал во мир, опкружен со својата сопруга и ќерките. Познат под прекарот „Кинг Кев“, тој остави неизбришлив белег во историјата на овој спорт. Во својата богата клупска ...

Шпанија е новиот светски шампион во фудбал, откако вчера во големото финале во Њу Џерси, САД, ја совлада Аргентина со 1-0. Со овој триумф, избраниците на Луис де ла Фуенте ја прекинаа доминацијата на досегашниот првак и го презедоа тронот во следните четири години. Новите светски прваци стигнаа во Мадрид каде ќе бидат пречекани од шпанското кралско семејство и премиерот Педро Санчез. Веднаш потоа, тимот ќе парадира низ главниот град со ...

Кошаркарскиот вицешампион на Македонија, Маџари експресно реагираше со официјално соопштение до јавноста, откако беше објавено дека клубот нема да добие лиценца за настап во Суперлигата за сезоната 2026/2027 поради неисплатени долгови кон Кошаркарската федерација на Македонија (МКФ). Од раководството на клубот информираат дека во текот на денешниот ден во целост се подмирени сите финансиски обврски кон федерацијата. Со овој чекор, КК Маџари ...

Поразот на Аргентина од Шпанија во финалето на Светското првенство беше засетен од грдите сцени што уследија веднаш по крајот на натпреварот. Наместо честитки за новиот светски шампион, дојде до судир меѓу играчите, фаќање за врат, удари и општ метеж на теренот, поради што однесувањето на членовите на аргентинската репрезентација беше осудено од бројни поранешни фудбалски ѕвезди. Шпанија победи со 1-0 по продолженијата, со голот на Феран ...

Иако Шпанија го освои светското првенство победувајќи ја Аргентина со 1-0 по продолженијата, дел од шпанската јавност не е задоволен од судењето на Словенецот Славко Винчиќ. Меѓу најгласните критичари беше познатиот шпански спортски новинар Ману Карењо, водител на емисијата „Ел Ларгеро“ на радио станицата „Кадена СЕР“, кој безрезервно оцени дека Винчиќ и помагал на Аргентина со своите одлуки за време на финалето. „Победивме и пресреќни сме, ...

Новиот технички директор на Италијанската фудбалска федерација, Паоло Малдини, и неговиот советник Леонардо веќе го направија првиот чекор во врска со можноста Пеп Гвардиола да ја преземе репрезентацијата на земјата, објави „Скај Спортс“. Според информациите, двајцата лидери на италијанскиот фудбал минатиот викенд лично отпатувале во Барселона, каде што се сретнале со Гвардиола со намера да му ја понудат испразнетата позиција селектор на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
6.7
48%
1017
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
33%
1017
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
46%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.56
35%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
50%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.26
45%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
47%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
40%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
36%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
9.26
88%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Платина

54720.57

Родиум

282926.57

Сребро

2051.41

Злато

138910.52

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.24

Бакар

13.19

Иридиум

252383.36

Калај

56.21

Паладиум

41281.56

Рутениум

53852.50