Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, ја продолжува кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло, откако потпиша договор со клубот како слободен агент. Четириесетгодишниот чувар на мрежата привлече големо внимание на последното Светско првенство, каде беше еден од најзаслужните за историскиот успех на својата репрезентација и пласманот во нокаут фазата. Зеленортските Острови успеаја да ја минат групната фаза, а потоа во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, итно свика состанок со најблиските соработници и високото раководство на организацијата во Рабат, Мароко, откако се најде под силен притисок поради последните случувања во светскиот фудбал. Според информациите, Инфантино бил принуден да реагира по жестоките критики кои следуваа по повлекувањето на планот за создавање на компанијата „FIFA Forward Enterprise“, која требаше да управува со комерцијалните и ...

Лука Модриќ откри дека довербата и поддршката која ја добил од Милан и неговите навивачи биле главната причина поради која одлучил да остане во редовите на „росонерите“ и да потпише нов договор. Во интервју за „Газета дело Спорт“, хрватскиот репрезентативец истакна дека одлично се чувствува во Милано и дека чувството дека клубот навистина го цени било пресудно за неговата одлука. „Останав затоа што се чувствував одлично тука. Клубот и ...

Според информациите од Каталонија, спортскиот директор на Барселона Деко, вчера отпатувал во главниот град на Шпанија, каде наводно се водат завршни разговори за голем трансфер. Станува збор за ангажман на напаѓачот Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, зделка која би требало да чини нешто повеќе од 100 милиони евра. Деко бил забележан на аеродромот во Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите дека Барселона се обидува да го заврши ...

УЕФА воведе две важни промени во правилата за своите клупски натпреварувања, кои ќе бидат во сила уште од новата европска сезона. Првата измена се однесува на жолтите картони и веќе е активна. Досега фудбалер автоматски добиваше суспензија за еден натпревар по третата жолта опомена, но според новото правило прагот е поместен на четири жолти картони. Тоа значи дека играчите ќе можат да одиграат повеќе натпревари пред да заработат принудна ...

Бразилската ѕвезда Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради своето однесување по завршувањето на натпреварот против Ремо. Веднаш по последниот судиски свиреж, искусниот напаѓач се упати кон соблекувалната на стадионот „Мангуеирао“, каде се наоѓаа челниците и навивачите на противничкиот клуб. Наместо мирно да го прослави успехот на својот тим, Нејмар реши да ги испровоцира ривалите. „Елиминирани сте! Елиминирани ...

Ливерпул не преговара со Пари Сен Жермен само за евентуалниот трансфер на Бредли Баркола, туку сака да го доведе и младиот напаѓач Ибрахим Мбаје. Осумнаесетгодишниот фудбалер е заинтересиран за преселба на „Енфилд“ и во моментов му дава предност на англискиот шампион, иако има понуди и од неколку германски клубови, меѓу кои и Баер Леверкузен. Мбаје претходно беше блиску до трансфер во Лајпциг, каде требаше да биде замена за Јан Диоманде, но ...

Галатасарај сериозно работи на ангажманот на ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, а турскиот шампион го засилува притисокот за реализација на трансферот. Португалскиот репрезентативец наводно сака да го напушти „Сан Сиро“ ова лето, сметајќи дека е време за нов предизвик во кариерата. Иако има договор со Милан до јуни 2028 година, италијанскиот клуб не ја исклучува можноста за негова продажба. „Росонерите“ бараат 50 милиони евра фиксна отштета, ...

Трабзонспор и официјално го потврди големиот трансфер на Мохамед Салах, објавувајќи дека египетската фудбалска ѕвезда денес ќе пристигне во Турција, каде ќе ги заврши последните формалности пред потписот на договорот. Во соопштението на турскиот клуб се наведува дека Салах, со кого веќе се водат завршните преговори за трансфер, ќе слета на терминалот за општа авијација на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во среда, 5 август, во 12:00 часот. ...

Шпанскиот напаѓач Рафа Мир до крајот на сезоната ќе настапува за грчкиот клуб Арис, кој го потврди неговото пристигнување на позајмица од Севилја. Договорот на Мир со Севилја истекува во летото 2027 година, а грчкиот клуб објави дека постигнал договор со 29-годишниот фудбалер по завршувањето на позајмицата да потпише едногодишен договор и да остане во Солун до летото 2028 година. Мир во последната сезона настапуваше како позајмен играч во ...

Фудбалерите на Динамо Загреб веќе се во плеј-офот од Лигата на шампионите, откако со убедливи 4-0 го совладаа тимот на Кауно Жалгирис во првиот натпревар од третото квалификациско коло. Хрватскиот првак откако едвај го мина тимот на Тун претходно, сега покажа сила и моќ, и славеше убедлив триумф. За само две минути во првиот дел, Динамо стигна до 2-0. Зајц во 31. минута донесе предност, а во 33. минута МекКена ја зголеми предноста. Лисица во ...

Екипата на Црвена Звезда направи мал чекор назад кон групната фаза од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од третото квалификациско коло, загуби од Хапоел Бер Шева во Унгарија со 1-0. Бер Шева единствениот гол го постигна Ахмед во 38. минута од средбата, после катастрофалната грешка на голманот Матеус и Лукасен. Црвена Звезда имаше и играч повеќе од 58. минута, но сето тоа не го материјализираа барем со израмнување. Левски на ...

Фудбалерите на Борнмут продолжуваат со импресивната форма во подготвителниот период, откако во пријателски натпревар ја совладаа Џенова со неверојатни 10:1. Иако станува збор за предсезонски дуел, англискиот тим одигра фантастичен меч и постигна дури 10 голови во 120 минути игра. Со тоа Борнмут стигна до 19 постигнати погодоци на трите досегашни контролни натпревари ова лето. Натпреварот беше поделен на четири периоди од по 30 минути. Борнмут ...

Фудбалската репрезентација на Алжир започна потрага по нов селектор по разделбата со Владимир Петковиќ, а според француските и африканските медиуми, прв избор на раководството е искусниот шпански стручњак Рафаел Бенитез. Петковиќ ја напушти клупата на „Пустинските лисици“ по елиминацијата од Светското првенство, каде Алжир беше поразен од Швајцарија со 2:0 во осминафиналето. Набрзо по завршувањето на турнирот, двете страни спогодбено ја ...

Холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс би можел да го напушти Манчестер Сити по само една сезона мината на „Етихад“, пренесуваат англиските медиуми. Според „Дејли Мејл“, сериозен интерес за 28-годишниот играч за врска покажува Нотингем Форест, кој е подготвен да го ангажира уште во текот на летниот преоден рок. Рeјндерс минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Милан за околу 55 милиони евра како замена за Кевин Де Брујне. Сепак, ...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси донираше 80.000 евра за обнова на областа Сиера Оесте во регионот на Мадрид, која беше тешко погодена од големите шумски пожари. Донацијата ја потврди претседателката на автономната заедница Мадрид, Исабел Дијаз Ајусо, која јавно му се заблагодари на Меси и порача дека жителите на Мадрид со нетрпение очекуваат повторно да го пречекаат. Катастрофалните пожари избувнаа кон крајот на јули и зафатија ...

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија оствари голем успех на Европското првенство во Србија, откако обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 селекции на континентот. Нашите млади ракометари го освоија второто место во својата група од разигрувањето, а како најдобропласирана второпласирана репрезентација изборија продолжување на натпреварувањето, каде ќе се борат за пласман од 9. до 16. место. Со овој резултат, Македонија го ...

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор оваа недела ќе одржат клучен состанок околу продолжувањето на договорот на бразилскиот репрезентативец, чиј актуелен договор со „кралскиот клуб“ истекува во летото 2027 година. Според информациите на ESPN, средбата меѓу претставниците на двете страни е закажана за оваа недела, а според извори блиски до клубот, разговорите би можеле да бидат пресудни за иднината на 26-годишниот офанзивец. Реал Мадрид наводно му ...

Екс-фудбалерот на Јувентус и српски репрезентативец Филип Костиќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на ПСВ Ајндховен. Искусниот левокрилен фудбалер одлучил да се врати во Холандија, иако во трката за неговиот потпис сериозен интерес покажуваше и грчкиот АЕК. На Костиќ му истече договорот со Јувентус по завршувањето на минатата сезона, по што стана слободен играч и веднаш привлече внимание од неколку клубови. Најконкретни беа ПСВ и АЕК, а ...

Фудбалските великани и илјадници навивачи се збогуваа со легендарниот капитен Франко Барези во базиликата Сант Амброџо во Милано во вторник. Многу луѓе се собраа на плоштадот пред базиликата за да го испратат еден од најголемите играчи во историјата на Милан. Навивачите на „росонерите“, вклучувајќи ги и членовите на групата „Курва Суд“, го исполнија просторот пред црквата долго пред почетокот на церемонијата. Со аплауз и скандирања ги ...

Трабзонспор ќе биде новиот клуб на Мохамед Салах откако египетскиот голгетер конечно ги договори сите детали од двогодишниот договор со турскиот суперлигаш за кој до пред неколку сезони настапуваше и нашиот Енис Барди. Трабзон го искористи застојот во преговорите меѓу Салах и Бешикташ и за нецела седмица ги договори сите детали, нудејќи му на екс-голгетерот на Ливерпул поголема плата од понудата на „црно-белите“ од Истанбул. Со потписот, ...

Енцо Мареска не крие дека посакува дополнителни засилувања за играчкиот кадар на Манчестер Сити, а на врвот на листата на италијанскиот стратег се наоѓа неговиот поранашен играч од Челси, Педро Нето. Португалецот веќе нема сигурен првотимски статус откако „сините“ го доведоа Роџерс од Астон Вила, а Мареска планира да ја искористи ситуацијата за да го доведе овој одличен крилен офанзивец на „Етихад“. Англиските медиуми информираат дека ...

Армони Брукс експресно ја заврши потрагата по нов клуб откако Американецот потпиша договор со Асвел, но поради финансиските проблеми на францускиот клуб мораше да бара нова средина. Тој беше понуден на Партизан и веднаш одбиен, понуда испрати и Црвена Звезда, а за главен фаворит во трката по екс-кошаркарот на Милано важеше Реал Мадрид. Сепак, Брукс не заврши во ниту еден од овие три тима, наместо тоа потпишувајќи за Валенсија. Клучна беше ...

Брегалница сериозно се активираше на пазарот во последните денови, па така штипјани денеска се пофалија со две нови имиња во својот ростер. Бразилецот Матеус Лемос утрово беше претставен како нов играч на штипскиот прволигаш, а повратникот во елитното друштво сега се пофали со ново име – Методи Максимов ќе ги брани боите на Брегалница во ова анатпреварувачка сезона. „Штипските плави добија сериозно засилување во името на Методи Максимов. ...

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Во крајно интересен разговор, но полн и многу емоции, и двајцата го потенцираат Алкалоид како најдобрата одлука во своите досегашни кариери. „Јас од Бутeл се преселив во Алкалоид, клуб во кој може да кажам дека до сега никаде не сум почувствувал вакви услови ...

Ждрепката сакаше големите ривали за титулата Вардар и Шкендија првиот овосезонски натпревар да го играат веќе во второто коло, дуел што е закажан за в недела во 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „Вардарци“ не кријат дека очекуваат значајна поддршка од трибините, а актуелниот првак ги пушти во продажба и билетите за овој натпревар, по популарна цена од 200 денари. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на ...

Не е никаква тајна дека Микел Артета сака да го доведе Бруно Гимараеш како топ-засилување за средниот ред на Арсенал во овој преоден рок, но „топчиите“ се мачат да најдат заеднички јазик со Њукасл за да добијат зелено светло за овој трансфер. Проблем е што Њукасл веќе заработи над 160 милиони фунти од продажбите на Гордон и на Тонали, па „црно-белите“ немаат финансиски проблеми и сега ќе настојуваат да заработат што повеќе на капитенот ...

Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во медитеранскиот регион. Во изминатите три настапи како независна држава, македонските спортисти создадоа низа успешни спортски приказни, стекнаа драгоцено меѓународно искуство и освоија медали кои се потврда за нивната посветеност, работа и развојот на македонскиот спорт. На Собранието на ...

Македонија уште еднаш ќе биде во центарот на европската младинска кошарка. Од 6 до 15 август, Кошаркарската федерација на Македонија ќе биде организатор на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, уште едно големо натпреварување под покровителство на ФИБА, кое ќе ги обедини најдобрите европски кадетски селекции. Довербата што ФИБА повторно ѝ ја укажува на Кошаркарската федерација на Македонија е потврда за ...

Лука Дончиќ ги израдува навивачите на ЛА Лејкерс објавувајќи дека целосно ги остави зад себе проблемите што го мачеа подолг период со најразлични повреди. Словенецот ја заврши ланската сезона како најдобар стрелец во НБА-лигата, но заработи незгодна повреда поради која не можеше да им помогне на „езерџиите“ во плејофот. Во ситуација кога Леброн Џејмс си замина од Ел-Еј сега Дончиќ е апсолутниот лидер на лејкерси, а Словенецот е максимално ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Калај

46.54