Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Долго време се зборува за трансфер на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона. Меѓутоа пред неколку дена челниците на Атлетико изјавија дека нема да го пуштат Аргентинецот ниту за 200 милиони евра, иако самиот напаѓач инсистира да се пресели на „Ноу Камп“. Но, во последен момент се појавува и Арсенал како заинтересиран за аргентинскиот голгетер. Наводно во Атлетико стигнала официјална понуда од Лондон, и челниците наводно се одлучиле ...
На Јувентус му е потребен играч од нападот, со оглед дека Душан Влаховиќ е на излезна врата од тимот од Торино. Во комбинација беа неколку напаѓачи, меѓу нив и Рандал Коло-Муани, но немаше договор со ПСЖ околу негов ангажман. Сега Јувентус го разгледува напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе како опција во нападот. Претставници на италијанскиот клуб наводно побарале од челниците на Јунајтед да кажат цена за неговите услуги. Тимот од ...
Еден од најбараните играчи ова лето на трансфер пазарот е холандскиот репрезентативец Крисенсио Самервил. Крилниот напаѓач е „мета“ на многу клубови, особено што Вест Хем испадна од Премиерлигата, и тој дефинитивно заминува од Лондон. Рома беше најзаинтересирана за неговите услуги, но имаше интерес и од неколку англиски клубови. Меѓутоа најновите информации се дека саудискиот клуб Ал Хилал ги надмина сите понуди, и веројатно таму ќе ја ...
Англискиот судија Ентони Тејлор објави дека става крај на кариерата како фудбалски судија. 47-годишниот арбитар изјави дека Светското првенство 2026 година ќе му биде последен ангажман во фудбалската кариера, и дека е време да почне „ново поглавје“. Англичанецот судеше 16 сезони во Премиерлигата, делеше правда на две ветски првенства, судеше во финалето на ФА Купот во 2017 и во 2020 година, како и во финалето на Лигата на Европа во 2023 ...
Вардар утре го очекува првиот дуел од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции против летонскиот тим на Рига. Пред натпреварот беше одржана и официјалната прес-конференција на која актерите ги истакнаа своите очекувања од натпреварот. Шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани посакува добра партија на домашен терен и триумф со кој, како што рече, ќе ги направи навивачите горди. „Со голема желба и емоција го дочекуваме натпреварот утре ...
Македонскиот првак Вардар по елиминацијата од првото квалификациско коло од Купс дури по продолженијата, сега продолжува во Лигата на конференции. Прв противник е тимот на Рига од Летонија. Големи се очекувањата кај Вардар, особено после победата на тимот во Финска на реваншот против Купс. Сега очекувањата се далеку повисоки, а така сметаат и фудбалерите на „црвено-црните“. „Не смееме ништо повеќе од победа да размислуваме. Многу важно ќе ...
Епилогот на крај е неколку уапсени навивачи на полскиот тим. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, со оглед на репутацијата на полските и на турските навивачи во УЕФА. На овој стадион пред два месеци играше и македонската репрезентација против Турција. Gornik taraftarı polise saldırıyor @UltrasTurkish @Nuribey90 pic.twitter.com/RmiWG663aM — Nasuhi Baydar (@krallikvatandas) July 21, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Лука Модриќ се согласи еден и пол месец пред неговиот 41-ви роденден дека ќе остане во Милан уште една сезона и ќе го продолжи договорот со клубот, кој истекуваше на последниот ден од минатиот месец, потврди Фабрицио Романо. „Лука Модриќ се согласи да потпише нов едногодишен договор со Милан. Одлуката беше донесена по разговорите со Рубен Аморим, а Модриќ се согласи да ја продолжи кариерата. Впрочем, тоа беше планот од јуни, како што беше ...
Амбициозниот третолигаш ФК Илинден за новата сезона го ангажираше поранешниот македонски репрезентативец и вардаров фудбалер, Дарко Глишиќ. Глишиќ е фудбалер со богато домашно и интернационално искуство. Во својата кариера настапувал во Грузија, Бугарија и на Кипар, а има и долгогодишен стаж во нашиот најтрофеен клуб Вардар, како и во неколку прволигашки екипи. Во ФК Илинден доаѓа од новиот прволигаш Скопје, а со неговото ангажирање е ...
Филип Алексовски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Алексовски беше стандарден првотимец минатата сезона во првата лига настапувајки за Башкими. Тој постигна седум гола на 31 натпревар во дресот на кумановскиот прволигаш. Тој е поранешен македонски репрезентативец до 21 година, а во кариерата освен Башкими, има настапувано за Беса, Кораб и Македонија ЃП. „Станува збор за квалитетен ...
Реал Мадрид повторно покажа интерес за Феран Торес, напаѓачот на Барселона и стрелецот на одлучувачкиот гол за Шпанија во финалето на Светското првенство 2026. Неговите настапи на турнирот го привлекоа вниманието на неколку европски клубови, а ситуацијата, според „Л’Екип“, сериозно ја следи раководството на Реал. Торес има договор со Барселона до јуни 2027 година, па каталонскиот клуб се соочува со одлука. Тие можат да го продадат во овој ...
Атлетико Мадрид нема намера да отстапи од цврстиот став во „случајот Хулијан Алварез“, децидно порачувајќи дека нема да биде исполнета желбата на Аргентинецот да му биде дозволно да се пресели во Барселона летово. Каталонците испратија понуда од 100 милиони евра плус клаузули и уште чекаат официјален одговор, иако од мадридскиот клуб веќе им порачаа дека нема да го добијат Алварез ниту за двојно повеќе пари. Алварез сериозно размислува за ...
Во пресрет на новата сезона во домашниот фудбалски шампионат, Комисијата за безбедност при ФФМ одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на ПМФЛ. На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и ...
Шведскиот ракометен репрезентативец Џим Готфридсон изненади многумина со одлуката, од бројните понуди на маса да заигра во втората шведска лига и да го облече дресот на ИФК Јиштад. Готфридсон минатата сезона го раксина договорот со Пик Сегед, по што летово имаше опција да се пресели во тимови кои ќе бидат дел од Лигата на Шампионите. Одличниот бек не само што не го стори тоа, туку се реши за камбек во татковината и тоа во тим што не е дел од ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! Вистински, нескриено, внимание предизвика финалето на Светското првенство 2026 во моментот кога се дознаа финалистите. Затоа што магнетот за секој вљубеник во фудбалот беше фактот дека ќе ги гледаме: Шпанија која демонстрираше убедливо најдобри игри на турнирот и ...
Силно вложувајќи и во најмладите свои категории, гевгелиски КК Кожув информираше дека како нов младински координатор на тимот е ангажиран Перо Блажевски, легендата на македонската кошарка. „Со особено задоволство го претставуваме Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа“ – информираат од КК Кожув и дополнуваат: „Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на ...
Барселона комплетираше изненадувачки трансфер откако каталонскиот гигант успеа да го доведе на „Камп Ноу“ тинејџерот Џес Бисиву од редовите на Бриж. Брзоногиот крилен офанзивец важеше за еден од најголемите таленти на Бриж, но се најде во немилост на управата откако одби да потпише нов договор со белгискиот клу. Поради тоа овој 18-годишник воопшто не настапи на завршницата од младинската ЛШ за својот тим, Бриж летово го стави на ...
Лука Модриќ планира да игра фудбал уште една година, но тоа ќе се однесува само на клупски, не и на репрезентативен план. Легендарниот Хрват веќе ги договорил деталите за новиот едногодишен договор со Милан, каде сака да мине уште 12 месеци пред и официјално да му каже збогум на фудбалот. Новиот хрватски селектор Славен Билиќ веднаш стави до знаење дека планира да разговара со Модриќ и да го убеди да продолжи да ги брани боите на ...
Вардар се соочува со огромни проблеми во пресрет на утрешниот натпревар од второто квалификациско коло за Конференциската лига во кое македонскиот првак за противник ќе ја има Рига. „Црвено-црните“ по елиминацијата од Купс веќе немаат право на нова грешка во европските купови, но задачата да се стигне до позитивен резултат со Рига значително се компликува со новите повреди во таборот на македонскиот шампион. Најдобриот дефанзивец Дарко ...
Партизан конечно стартуваше со конкретни потези летово, најпрвин беше официјализиран трансферот на центарот Хејс од Монако, а денеска беше потврден и новиот договор што клубот го потпиша со капитенот Вања Маринковиќ. Фантастичниот шутер заработи тешка повреда на тетивата поради која се уште е во „аут“ и ќе го пропушти стартот на новата сезона. Сепак, управата на Партизан не ја криеше желбата да го задржи, што на крајот резултираше со потпис ...
Репрезентативецот Андреј Маслинко (29 год, 208 см) и во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако ја продолжи соработката со македонскиот шампион за уште една година. За крилниот центар ова ќе биде седма сезона во тимот од Аеродром, каде што првпат пристигна во 2017 година. Во сино-белиот дрес досега освои три шампионски титули (2019, 2025 и 2026), како и три трофеи во Купот на Македонија (2018, 2025 и 2026), додека во својата ...
Баерн Минхен осигура уште еден важен потпис откако го договори останувањето на Конрад Лаимер на „Алијанц Арена“ до јули 2029 година. Австрискиот ас е член на Баерн од 2029 година, подеднакво добро се снаоѓа и во средината на теренот и како десен бек (каде тренерот Компани почесто го користи), баварците долго време се обидуваа да ја продолжат соработката, за на крајот да биде најден заеднички јазик крунисан со потпис. „За мене е посебно ...
Мaкедонскиот клупски ракомет се искачи на 11. место на најновата ранг-листа што денеска беше објавена од страна на ЕХФ, откако резултатите на македонските клубови придонесоа да ја прескокнеме Словенија во ова рангирање. Најновиот пласман ќе значи и две загарантирани места во новата Лига на Европа, нешто што во моментов не е случај бидејќи сезонава ќе имаме само еден учесник во второто по ранг европско натпреварување. Со овој скок, ...
Италијанскиот сон да биде ангажиран Пеп Гвардиола како предводник на „аѕурите“ за наредните четири години траеше многу кратко, откако трофејниот стратег ја одбил понудата на Италијанската Фудбалска Федерација. Паоло Малдини во придружба на советникот Леонардо имаа состанок со Пеп во обид да го убедат да стане селектор на Италија, презентирајќи му го планот со кој каталонскиот стручњак би бил клучна фигура за кревање на италијанскиот фудбал на ...
Шпанците урнаа низа рекорди при освојувањето на СП 2026, но еден од најимпресивните сигурно е оној на Алекс Баења, кој освои три големи пехари во периодот од 2024 до 2026 година. Баења беше дел од шпанската репрезентација на Евро 2024, но истото лето се стави на располагање на националниот тим и за ОИ во Париз, каде Шпанците исто така стигнаа до големиот пехар. Баења е единствениот од тој олимписки состав што се најде на списокот на Де ла ...
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња цврсто одлучи да го напушти Реал Мадрид ова лето, поради што сам ќе ја плати клаузулата од својот договор. По сезона без освоен трофеј, која во ниту еден поглед не беше успешна за „кралскиот клуб“, хрватскиот кошаркар одлучи да ја промени средината. Кога Хезоња го потпиша повеќегодишниот договор, важна ставка беше клаузулата што му овозможува заминување во НБА по завршувањето на сезоната. Во понеделникот, ...
Иако ги освои светската и европската титула како селектор на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте (65) не е ниту меѓу десетте најплатени селектори на ова Светско првенство. Според извештајот на британскиот весник „Мирор“, пренесен од шпанските медиуми, од 48. селектори кои учествуваа на Светското првенство, Луис де ла Фуенте го зазеде 15. место според висината на платата. Селекторот на „фуријата“, чие продолжување на договорот беше ...
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран во наредната година ќе настапува како позајмен играч за Бенфика. Вистинска „птица преселница“, така накратко може да се опише кариерата на Џон Дуран. Од 2019 година, кога имаше 15 и пол години, тој смени дури шест клуба, а Бенфика ќе биде неговиот седми. Бенфика ќе му плати шест милиони евра на Ал Наср (чиј член е Дуран) за позајмицата, со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната за 30 милиони евра. ...
Енцо Фернандес упати емотивна порака по финалето на Светското првенство, натпревар на кој доби црвен картон во 90 минута. Аргентинскиот играч за врска истакна дека резултатот не е единственото мерило за успех и потсети на се што оваа генерација му пружила на националниот тим. „Како што минува времето, сфаќате дека постои нешто многу поголемо од резултатите. Со години, оваа група ја претставуваше земјата на најдобар можен начин“, напиша ...
Шпанија е нов светски шампион, откако во драматичното финале успеа да ја совлада селекцијата на Аргентина и да стигне до својата втора историска титула. Еден од клучните архитекти на овој голем успех на „црвената фурија“ беше феноменалниот Ламин Јамал, кој одигра уште еден импресивен турнир и се етаблираше како светска суперѕвезда. Иако сите очи беа вперени во него поради неговите мајстории на теренот, еден исклучително емотивен момент веднаш ...