Младите македонски ракометари претрпеа три порази во групната фаза од ЕП, но без оглед на конечниот исход на натпреварите дадоа силен отпор на врвни селекции во арената во Белград. ЕХФ денеска ја објави топ-листата од петте најубави погодоци во групната фаза, на која третото место беше резервирано за нашите репрезентативци и цепелинот што Поповски го претвори во атрактивен погодок на дуелот со Франција. Топ-листата од петте најубави погодоци ...

Македонската ракометна репрезентација до 18 години настапува на турнирот на најдобрите европски селекции на стариот континент, шампионат кој се одржува во Србија. Нашите кадети доживеаа порази во трите средби во првата фаза, поточно загубивме од Словенија, Франција и Шведска, па сега ни следи разигрување за што подобар пласман на Европското првенство. Пред тие борби од ЕХФ ги избраа најубавите голови на досегашниот дел од турнирот, а во топ 5 ...