
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Земјите од Западен Балкан се нераскинлив дел од Европа, а нивната интеграција во Европската унија е „геополитичка неопходност во светлината на рускиот брутален империјализам“ – ова е пораката на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, која во понеделник и вторник (4 и 5 март) престојува во Црна Гора и во Босна и Херцеговина (БиХ). „Не можеме да си дозволиме да имаме сиви зони каде било во Европа и мораме да направиме заедно ...
Критиките на сметка на Германија по објавувањето на прислушуваниот разговор меѓу високи офицери на воздухопловните сили за употребата на крстосувачките ракети Таурус во Украина особено се остри во Велика Британија. „Знаеме дека Германија е прилично пенетрирана од руските разузнавачки служби, што покажува дека таа не е безбедна или сигурна“, изјави поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас, пишува весникот „Лондон Тајмс“. ...
Пред неполни пет години, поточно на 3 мај 2019 година, објавив колумна под наслов „Зошто ќе гласам за Пендаровски“. Бидејќи е голема веројатноста и по пет години повторно истите претседателски кандидати - Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски - да се соочат во вториот круг, мислам дека е значајно и интересно што останало исто, а што е променето кај нашите најсериозни кандидати за претседател на државата. Временскиот период колку што ...
Франција е прва земја во светот која го внесе правото на абортус во Уставот. Пратениците во двата дома на францускиот парламент со големо мнозинство гласови дадоа зелено светло за проектот на претседателот Емануел Макрон. За внесување на правото на абортус во Уставот гласаа 780 пратеници. Само 72-ца беа против. На крајот, присутните пратеници и сенатори аплаудираа стоејќи. Повеќе говорници го означија гласањето како историско. Атал: „Вашето тело ...
Премиерот на Кина, Ли Чијанг, е во основа оптимист. Кога зборува за економијата љуби да користи сценарија од невреме како метафора за тоа дека на крај сѐ ќе биде добро. Така беше и во јуни 2023 година, кога при првото патување во странство го посети Берлин, каде се сретна со претставници на германскиот бизнис сектор. „Кога истура дожд е калливо. Но, никогаш не смееме да наведнеме глава“, рече Ли и рекламирајќи ја Кина и ширејќи оптимизам додаде: ...
Над 30 проценти од децата на возраст од 6 до 9 години во Северна Македонија имаат проблеми со тежината. Околу 13,8 проценти од нив се соочуваат со екстремна дебелина, а физичката неактивност и лошата исхрана се посочуваат како главните причини за проблемите со телесната тежина. Лекарите велат дека станува збор за прогресивна болест која треба да се лекува. Од лани функционира Центар за менаџирање со дебелината во Градската општа болница „8 ...
Замената на старите документи со нови кои го содржат името „Северна Македонија“ создаде низа главоболки за граѓаните. По укажувањата дека голем број граѓани нема да успеат навреме да ги заменат документите пред пролетните избори, се наметна и дилемата дали тие ќе можат да гласаат со старите документи, на кои не им е истечен рокот. За надминување на проблемот, Државната изборна комисија (ДИК) испрати предлог до Собранието во Изборниот законик да ...
За два месеци се регистрирани 120 случаи на голема кашлица во Скопје. Поради порастот на заболените, Комисијата за заразни болести во вторник (5.03) повторно ќе го стави на дневен ред ова прашање. Не се исклучува можноста за воведување на дополнителни мерки како заштита од болеста, која што се шири пред се меѓу невакцинираните деца. Станува збор за заразна болест, која се пренесува преку бактеријата бордетела пертусис (Bordetella pertussis). Тоа ...
Христијанските маченици се слават поради нивниот подвиг. Со својата смрт тие сведочат дека смртта не е посилна од животот, односно дека злото не е посилно од доброто. Затоа што нивниот пример е Христос и неговата смрт на Крстот. Затоа тираните не ги сакаат храбрите борци за правда, бидејќи тие со храбрата смрт за другите стануваат почитувани маченици. Историјата нѐ учи дека мртвите херои често се поопасни за тираните од живите. Тоа го потврди и ...
Иако кампањата за двојните пролетни избори сѐ уште не е официјално започната, политичката сцена веќе е преплавена со навреди, обвинувања и говор на омраза. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за двајца од кандидатите за претседател рече дека се „измеќари“, бидејќи имале улога да ја ослабнат кандидатката на опозицијата во првиот круг на изборите. Тој оцени дека тие ќе имаат „естрадна улога“ и дека нивната кандидатура била по налог на некои „работодавачи“. ...
Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, повика на единство по објавата на прислушуван разговор меѓу двајца офицери на германската воена авијација од страна на Русија. „Станува збор за хибриден напад за дезинформирање, се работи за поделба, се работи за тоа да се поткопа нашето единство", оцени министерот. „Не смееме да влеземе во стапицата на Путин“, вели тој и порачува дека затоа треба да се реагира трезвено, „но, ништо помалку ...
На патниците во Германија им претстои стресна недела. Во тековниот спор околу новиот колективен договор со Германската железница (ДБ), синдикатот на машиновозачите, ГДЛ повика на нов 35-часовен штрајк. Во патничкиот железнички сообраќај штрајкот ќе започне во 2 часот по полноќ во четврток (7 февруари, 2024), изјави во понеделникот шефот на ГДЛ, Клаус Везелски. Во многу случаи, авионот веројатно нема да биде алтернатива за патниците, со оглед ...
Она што пред пет-шест месеци изгледаше само борба за датум за избори (парламентарните да бидат заедно со вториот круг од претседателските) и политичко надмудрување меѓу власта и опозицијата, сега се претвора во извонреден изборен спектакл. Тогаш изгледаше дека парламентарните избори ќе служат и како генератор за валидноста на вториот круг на гласањето за избор на шеф на државата и дека претседателската трка ќе биде веројатно повторување на ...
Софтверската компанија САП има намера да укине 8.000 работни места ширум светот, Континентал - 7.150, Бош - 1.200. И ЗФ Фридрихсафен и Фолксваген објавија дека веќе нема да им бидат потребни толку многу вработени. Тука е и градежната индустрија, каде веќе почнаа отпуштањата. И во банките се затвораат филијали и се отпуштаат вработени. Новиот шеф на Бајер, Бил Андерсон ја најави новата структура на фармацевтскиот гигант, но и јасно стави до ...
„Моја почитувана нацијо, денес во Аланија и Истанбул фативме тројца меѓународно барани гангстерски шефови”, објави Али Јерликаја во вторникот на социјалните медиуми. „Колку и да се силни бандите, со каква потерница и да се трага по нив, ние ќе им ги скратиме крилјата!", борбено најави министерот. Откако стапи на функцијата во јуни годинава, не поминува ни ден без да бидат уапсени најтешки криминалци. Меѓу нив има дилери на дрога, криумчари на ...
Во петокот попладне руските пропагандни канали објавија аудио снимка од разговорот за кој се вели дека е од 19 февруари, годинава. Има многу индиции дека снимката е автентична, пишуваат медиумите во Германија - иако Бундесверот сѐ уште официјално не го потврдил тоа. „Сојузната канцеларија за воено контраразузнавање (БАМАД) ги започна сите неопходни мерки“, изјави портпаролката на германското Министерство за одбрана за новинската агенција ДПА. И ...
Во петокот попладне руските пропагандни канали објавија аудио снимка од разговорот за кој се вели дека е од 19 февруари. Има многу индиции дека снимката е автентична, пишуваат медиумите во Германија - иако Бундесверот сѐ уште официјално не го потврдил тоа. „Сојузната канцеларија за воено контраразузнавање (БАМАД) ги започна сите неопходни мерки“, изјави портпаролката на германското Министерство за одбрана за новинската агенција ДПА. И ...
Новиот пат на свилата во Кина е сè уште централен елемент на надворешната политика на кинескиот претседател Ши Џинпинг. Низ светот, Кина инвестираше пари и изгради околу 21.000 проекти, главно во инфраструктурата. Тоа веќе се споредува со Маршаловиот план за американската помош во обновата на Европа по Втората светска војна. Но, постои важна разлика во овие мерки за поддршка: Маршаловиот план главно помогна во обновата на веќе постоечката ...
Централноамериканската држава Никарагва поднесе тужба против Германија до највисокиот суд на ОН. Таа ја обвинува Сојузната Република за „овозможување на геноцид“ во Појасот Газа. Авторитарната држава го оправда својот потег со политичката, финансиската и воената поддршка на Германија за Израел и со откажувањето на финансирање на палестинската хуманитарна агенција УНРВА на ОН, како што соопшти Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг. Германија ...
Американскиот претседател Џо Бајден вчера изјави дека САД „во наредните денови“ ќе им се придружат на земјите партнери во доставувањето на хуманитарна помош со нејзино исфрлање од авиони над Појасот Газа. „Во наредните денови ќе им се придружиме на нашите пријатели во операциите за испраќање хуманитарна помош во Газа со авион“, рече Бајден во Белата куќа за време на приемот на италијанската премиерка Џорџа Мелони. САД, исто така, сакаат да ја ...
Со вчерашното неизгласување на измените на Законот за патни исправи, слободата на движење не е единственото загрозено човеково право, бидејќи е загрозено и правото на глас, тврди техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Според Тошковски, бројката е фрапантна - повеќе од 100.000 полнолетни граѓани резиденти немале лична карта, a имале пасош со старото име на државата. „Ова ме загрижува од аспект на фер и демократски избори. Ние ...
Од распадот на Советскиот сојуз во декември 1991, Русија речиси непрекинато води војни против своите соседи или ги провоцира. Првата војна Москва ја водеше само два месеца по распадот на Советскиот сојуз во март 1992 во Молдавија која се наоѓа меѓу Украина и Романија. Таму живеат мнозинство Молдавци кои зборуваат романски, а најголемиот дел од земјата сѐ до снексијата во царско време и подоцна под Сталин, припаѓал на романското кнежевство ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко во врска со набавката на луксузниот автомобил од марката „Ауди“, соопштија од Обвинителството на брифинг со новинарите во Скопје. Според Обвинителството, иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција, стигнала малку подоцна, а предистражната постапка била макотрпна, но сега конечно се ...
Најголемиот противник на Кремљ, Алексеј Навални, попладнево е погребан на гробиштата Борисовскоје, во Москва. На комеморацијата од него се збогуваа роднините и неговите приврзаници. Тимот на Навални во пренос во живо на Јутјуб го прикажа неговото тело во ковчегот, опкружено од голем број луѓе. За време на комеморацијата, до ковчегот беа и мајката на Навални со свеќа во рака и татко му. Многу луѓе со цвеќиња И покрај големото присуство на ...
Вака звучи конфронтација: Во Игл Пас, Тексас, Доналд Трамп воведе нов поим во предизборната реторика „криминалот на Бајден со доселувањето“ (на англиски: Biden Migrant Crime). Подготвеност за компромис пак звучи вака: 500 километри подалеку, во Браунсвил, Џо Бајден подаде рака и рече „ајде да се обидеме заедно" порачувајќи му на Трамп да им каже „на пријателите во Конгресот да гласаат за надпартискиот Закон за заштита на границите!" Притоа се ...
Претседателот Стево Пендаровски ја бара поддршката и од граѓаните за втор мандат пред да влезе во трката за претседателските избори коишто треба да се одржат на 24 април. Веќе од недела (3 март) граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка во сите подрачни единици на Државната изборна комисија. „Се кандидирам не само да учествувам, туку и да победам“, порача Пендаровски на денешната прес-конференција во Скопје. Својата одлука ја ...
На парламентарните избори во Иран право на глас имаат околу 61 милион граѓани. Тие гласаат и за таканаречениот Експертски совет. Тој го избира духовниот и политички лидер на земјата. Истражувањето спроведено од страна на институт близок до владата, и цитирано од иранската новинска агенција Азар Калам, предвидува излезност на гласачите од само 30 отсто. Според ова истражување, во главниот град Техеран само 15 отсто од избирачите сакаат да излезат ...
Додека во Грција околу 3.000 производи за чистење и за лична хигиена од денеска (1.03) можат да се купат по намалена цена и до 18 отсто во грчките супермаркети, како дел од мерките за справување со инфлацијата, македонските граѓани од 1 март веќе не можат да се надеваат на замрзнати цени за основните производи. По укинувањето на мерката за гарантирани цени, која што беше на сила изминатите месеци, трговците сега слободно можат да ги формираат ...
Непосредно пред завршувањето на нивниот мандат, пратениците на власта и опозицијата во Собранието здружено го вратија државното рекламирање во медиумите. Собранието по скратена постапка во средата (28.02) ги усвои измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се предвидува повторно воведување на државно рекламирање во земјата. Владините кампањи во медиумите беа укинати во 2017 година, како предизборно ветување на СДСМ. ...
По инцидентот со мртви околу хуманитарен конвој во северна Газа, меѓународната заедница бара независна истрага на случувањата. Критиката врз Израел е особено гласна од Франција, откако се обзнани дека е пукано врз цивилите насобрани околу конвојот. Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, по смртта на многу лица дојдени да добијат дел од помошта, изјави дека инцидентот мора да биде независно истражен. Во говор во Сент Винсент, Гутереш рече ...