На талибански начин се брише македонскиот идентитет и јазик од извештајот на Европскиот парламент, изјави на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја веста којашто ја објавија бугарските медиуми дека Европскиот парламент е подготвен да го отстрани македонскиот идентитет и јазик од извештајот за Северна Македонија. Мицкоски вели дека веќе предупредил оти ќе се случи ваков инженеринг. „За нас, подеднакво лошо е што се брише ...

Скандирања и навивања од Републиканците додека претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон ги објавува резултатите од гласањето: 218 наспроти 214. Голема фрустрација и загриженост кај Демократите. Џонсон тврди: „Со 'Големиот прекрасен закон' ќе ја направиме оваа земја посилна, побезбедна и попросперитетна од кога било досега. И секој Американец ќе има корист.“ Демократите велат дека е точно токму спротивното. „Никогаш во мојот мандат во ...

Сето воопшто не наликува на голем самит. Доаѓаат тројцата лидери на ЕУ - претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас. За средбата се испланирани само два и пол часа. Па сепак, се зборува за „пресвртница“. И тоа де факто е историски собир: денеска (4.07) во молдавскиот главен град Кишињев ќе се одржи првиот самит меѓу ЕУ и Република ...

Доколку државата не издвои еден милион евра за дигитализацијата на Обвинителството, голема е веројатноста да пропадне меѓународен тендер за дигитализација на оваа институција и да се изгубат пари добиени преку ИПА. Ваква загриженост изрази државниот обвинител, Љупчо Коцевски кој пред пратениците на собраниската Комисија за финансирање и буџет, побара повеќе средства од ребалaнсот на буџетот, со цел да се овозможи непречено работење на ...

Има ли „фантонски“ осигуреници во Македонија? Ваквите сомнежи ќе се испитуваат во наредниот период по барање на Фондот за здравствено осигурување, кој алармира дека во земјата има помалку жители отколку здравствени осигуреници. Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување е над еден милион и 820 илјади осигуреници, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис. Фондот за здравствено осигурување веќе има иницирано формирање ...

Дали и колку челниците во ЕУ навистина разбираат дека се засегаат идентитетски прашања на Македонците преку билатерални условувања на патот на земјата кон ЕУ? Прашањето се наметна по вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос, која може да се подели на два дела. Едниот дел со кој сите се согласуваат, е оној во кој таа потенцира дека „идентитетот никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување, идентитетот го носиме во ...

Ситуацијата во Србија се заострува, оценува германската новинска агенција КНА. „Она што започна како протест против корупцијата сè повеќе се претвора во тест за владата. Во Србија, студентите сè повеќе се свртуваат кон граѓанска непослушност, а полицијата одговара со бран апсења.“ „Со протестите во вид на седење, поставување контејнери за отпад и други барикади, демонстрантите привремено го парализираат сообраќајот во Белград, Нови Сад и други ...

Висока делегација на севернокорејски воен персонал во понеделникот (30.06) замина за Москва, а аналитичари сугерираат дека Пјонгјанг се подготвува да испрати дополнителни војници во наредните недели за да ѝ помогнат на Русија во војната против Украина. Шефот на Советот за безбедност на Русија и поранешен министер за одбрана, Сергеј Шојгу по посетата на Северна Кореја минатиот месец, за руските медиуми изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг ...

Кирстен Шенефелд од белградската канцеларија на германската фондација „Фридрих Еберт“, за неочекуваните националистички изјави на некои говорници, вели дека Видовден е симболичен датум, централен за српскиот национален мит, што придонело за тоа што се собраа околу 140.000 луѓе. За неа, тоа е импресивна мобилизација. „Сепак, размерите на националистички тонови не беа очекувани. Некои говори на протестот се однесуваа на српското достоинство, ...

Над педесетина воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење на шумските пожари во Македонија, најави премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари. Станува збор за повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а сега ќе се користат за справување со огнените стихии. „Дел од застарената и ...

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот, кој што сметаат дека е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента. Партијата бара поддршка „за да се исправат неправдите кои ги планира власта“, односно повеќе пари за народот и поддршка за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. „Предложениот ребаланс на Буџетот место да понуди подобрување на состојбите во економијата, е доказ за целосниот неуспех ...

Македонија и понатаму се соочува со негативен природен прираст - лани населението се намалило за 4.140 лица, покажуваат најновите статистички податоци на Државниот завод за статистика. Бројот на починати од новородени е поголем и во градските и во руралните средини. Лани се родиле 16.061 дете, но починале 20.201 лице во земјата. Во градските средини населението се намалило за 3.132 лица, додека 1.008 лица има помалку во руралните подрачја. Во ...

На 28 јуни, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иранците би можеле „за неколку месеци“ или дури и порано повторно да почнат да збогатуваат ураниум со помош на повеќекратни каскади центрифуги. Со тоа, тој противречи на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно изјави дека нападите врз нуклеарните постројки на Иран „ја враќаат нивната нуклеарна програма наназад за ...

Повеќе капитални инвестиции, повисоки плати и пензии, пари за субвенции, за здравството, администрацијата - прекроената државна каса која треба да обезбеди финансиска стабилност пред и по локалните избори е потешка и со потенцијал за економски развој. Приходната страна е позиционирана на 6,56 милијарди евра, а вкупните приходи - 5,92 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе остане на истото ниво од 4% од БДП или 672 милиони евра. Планот на власта е ...

Насловот не е грешка, туку импресија од начинот на кој во понеделникот и вторникот (30.06/1.07) беше дочекан во Скопје премиерот на Албанија, Еди Рама. Тој, во познатата скопска Стара чаршија беше примен и како туристичка и како политичка атракција. Социјалните мрежи зовреа на фотографиите од неговите посети на Чаршијата и на Чаир. Собра шестпати повеќе „лајкови“ отколку на пример неговиот домаќин, премиерот Христијан Мицкоски, и тоа на негов ...

Не можеше да биде потесно: 50 наспроти 50, при што потпретседателот Џеј Ди Венс мораше да го даде одлучувачкиот глас. Законот за даноци и трошоци на американскиот претседател Доналд Трамп ја помина пречката во Сенатот. Неговиот „Голем прекрасен закон“ е огромен закон, долг повеќе од 950 страници и најскапиот во историјата на САД. Трамп има намера да го искористи за финансирање на многу од своите предизборни ветувања. „Задоволен сум од ...

Европа не може да биде обединета без Западен Балкан. Геополитиката се промени, има јасен консензуз за дополнително проширување. Ова е шанса што нема да трае засекогаш и треба да се искористи - со овие зборови еврокомесарката за проширување, Марта Кос им се обрати на лидерите на земјите од Западен Балкан коишто учествуваат на дводневен самит во Скопје, на којшто главна тема е имплементацијата на реформите од Планот за раст. Истакнувајќи го ...

При екстремна топлина може да дојде до сончаница - прегревање на главата и мозокот, поради прекумерно изложување на главата и вратот на сонце. Ова може да доведе до класични симптоми како што се главоболка и гадење. Топлотен удар влијае на целото тело. Причината не мора нужно да биде премногу сонце. Прекумерното користење на сауна или физички напор при голема жештина и во задушлива средина, исто така, може да доведе до топлотен удар. Автомобилот ...

Имајќи ги предвид сериозните безбедносни предизвици на геополитичката ситуација, особено агресијата на Русија против Украина, лидерите од шесторката од Западен Балкан на Самитот во Скопје ја потврдија посветеност на зацврстување на регионалната соработка и унапредување на интеграцијата во ЕУ. Тие се обврзаа на забрзано исполнување на обврските од реформските агенди. Шестмината учесници на средбата организирана од македонскиот премиер Христијан ...

Почнувајќи од денеска (1.07), Данска претседава со Советот на ЕУ. Претседателството се менува според утврден редослед секои шест месеци, со ротирање меѓу земјите-членки на Европската Унија. Како што беше и во 2012 година, и овојпат Данска ја наследува Полска. Но, времињата се променија, нагласи неодамна данската премиерка Мете Фредериксен: „Европа се соочува со историски предизвици. На нашиот континент владее војна, а геополитичките реалности се ...

Кога Али С. дошол во посета на Германија, веќе бил очекуван. По дојава од странска разузнавачка служба, Службата за заштита на уставниот поредок (БфВ) се заинтересирала што прави 53-годишниот Данец со авганистанско потекло во Германија, поточно во Берлин. Со денови, разузнавачите се обидувале да го следат секој негов потег. Според безбедносни извори, тие не биле целосно успешни. Сепак, наводната туристичка програма на човекот во Берлин ги ...

Постигнат е напредок меѓу Македонија иБугарија во однос на изградбата на пруга на Коридорот 8. По средбата на македонскиот вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов, која што се одржа на 28 јуни во Истанбул, и во двете земји проструија информации дека наскоро ќе биде потпишан договор за изградба на прекуграничен железнички тунел - тема околу која што ...

Што ги поврзува Атина, Дака, Фритаун и Сантијаго де Чиле? Сите овие градови се обидуваат да се заштитат од сè поекстремните горештини, а во тоа им помагаат т.н. офицери за горештини. Тоа се градски службеници, или како што некаде ги нарекуваат - „шерифи“ за заштита од горештини. Тие им помагаат на локалните власти во анализата на состојбата на терен, изработка на планови за акција и спроведување на заштитни мерки. Тоа, на пример, вклучува ...

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјата потврдуваат постоење на евроскептицизам меѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ЕУ-институциите во соработката со младите луѓе на овој план. Па така, 41 процент од младите во Македонија ја доживуваат Европската ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неочекувано искажа каење изминатиот викенд: „Потфрливме“, напиша тој на Фејсбук и вети поенергична борба против корупцијата, вклучително и против функционери од неговата сопствена партија, Нова Демократија (НД). Со тоа Мицотакис се осврна на најновиот скандал поврзан со злоупотреба на средства од Европската унија во Грција, кој во моментов го истражува Европското јавно обвинителство (ЕППО). Станува збор за ...

Извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија и тоа по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во прес- конференција во Скопје.Според него, во Извештајот јасно се посочува загриженост за нападите врз новинарите, мизогинија, неказнивост и сѐ поголемо ширење на омраза и дезинформации. Лидерот на опозициската СДСМ вели дека во Извештајот на Европскиот парламент е посочено ...

Виктор Орбан сакаше да го забрани, но испадна најголемиот протест против неговиот режим откако во 2010 година дојде на власт: 30-тиот „Будимпешта Прајд“. И покрај забраната и заканите со строги казни, во унгарската престолнина во саботата (28 јуни 2025) се собраа околу 200.000 луѓе, повеќе од кога било досега. Снимки од дронови документираа километарска поворка и улици преполни со луѓе, а атмосферата беше весела и исполнета со чувство на ...

Во мојата прва колумна за Дојче Веле во ноември 2017 пишував како, според мене, пред културната јавност во ЕУ може да се промовира посебноста на македонскиот јазик. Уште сум уверена дека тоа е можно само со добро организирана културна стратегија за промоција на македонската литература во ЕУ. Тогаш, во 2017-тата,пишував за конференцијата за македонскиот јазик, организирана во 1995-та од катедрата за бугаристика во Салцбург, за да покажам дека не ...

Германските медиуми во понеделник (30 јуни) детално ги коментираат протестите во Србија – особено големиот на Видовден.Спонтаните блокади на улици ноќта меѓу недела и понеделник (29/30 јуни) се случија откако весниците веќе беа испратени да се печатат. Таблоидот Билд во свој стил објавува наслов: „Како на работ на граѓанска војна“. Подолу во текстот за протестите пишува: „Солзавец, шок-бомби, апсења, повредени – а претседателот игра шах“, ...

„Горко“, „ужасно“, „катастрофално“, „кошмар“ - кога Социјалдемократите зборуваат за резултатот на СПД на сојузните избори од крајот на февруари 2025 година, се чувствува длабоко разочарување. Историски слабите 16,4 проценти од гласовите ѝ го донесоа третото место, зад конзервативната ЦДУ/ЦСУ и делумно десноекстремната АфД. „Нема што да разубавуваме“, изјави четири месеци по изборите новиот генерален секретар на СПД, Тим Клисендорф на конгресот ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1025
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 9ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1027
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.66
68%
1023
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
84%
1029
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
85%
1018
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
100%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
7.2
41%
1022
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
85%
1022
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
2.24
62%
1027
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225