Прашањето дали Охридскиот регион ќе се најде на Листата на светски природни и културни богатства во опасност, повторно е на дневен ред на 47. Сесија на УНЕСКО што се одржува во Париз. Ова е трет обид да се упати аларм дека работите не се движат во вистинска насока и дека не се вложуваат доволно напори за зачувувањето на ова природно богатство, коешто се наоѓа на удар на масовна бетонизација, дивоградби и недоволна заштита на езерото и неговата ...

Министерот за транспорт Роман Старовојт, кој штотуку беше разрешен од лидерот на Кремљ, Владимир Путин,беше пронајден мртов од прострелна рана во автомобил, според московските власти, објави Централниот истражен комитет во Москва. Властите не го прецизираа точното време на смртта. „Околностите на инцидентот во моментов се истражуваат. Главната теорија е самоубиство“, изјави Светлана Петренко, портпаролка на истражниот орган. Без образложение за ...

Спласна големата врева откако премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дена нема да се воведува данок за неженети и немажени граѓани. Но, проблемот со загрижувачката демографска рецесија во Македонија - останува! Земјата и натаму е под двоен демографски удар - ниската стапка на наталитет и иселувањето на младите од земјата забрзано ја носат Македонија во состојба на длабока демографска старост. Прблемот не е ексклузивно македонски. Земјите од ...

За време на третата посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа од почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, се појавија трнливи прашања во врска со иднината на регионалната безбедност на Блискиот Исток. Од најновите напори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, преку изработката на „ден потоа“-план за Газа, натамошните постапки во врска со Иран и конечно нормализирање на односите меѓу Израел и ...

Најавата за можно воведување на данок за немажени/неженети отвори широка дебата во Македонија. Иако премиерот Христијан Мицкоски за време на викендот ретерираше од првичната најава, наведувајќи дека нема да има таков нов данок, туку целта е да има дебата и да се крене свесноста за наталитетот, бидејќи „Македонија тивко умира“, сепак ова прашање наметна низа дилеми во јавноста за оправданоста на ваквата мерка, но и за тоа какви даноци и требаат ...

Настапот на „националистичкиот музичар Марко Перковиќ“ беше голем успех ако се земе предвид бројот на посетители, пишува германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ). Германскиот дневен весник додава дека овој концерт, кој ФАЦ го вбројува меѓу најголемите приредби од ваков тип во европската историја, токму поради толку големиот број присутни „говори повеќе за Хрватска, отколку што ѝ е пријатно на таа земја“. „Веќе со децении, деловниот модел ...

„Германија е вратена на вистински пат" – на англиски јазик канцеларот Фридрих Мерц од конзервативната ЦДУ при претставувањето на коалицискиот договор во Берлин пред три месеци, го објави очекувањето на неговата влада за новата улога за Германија. На претходната влада под социјалдемократот Олаф Шолц, Мерц ѝ префрла неуспех и дека била премногу резервирана и воздржана во поддршката за Украина, премалку амбициозна во европската политика и ...

Владата ги повикува пред се младите, оние коишто немаат и бараат работа да и помогнат на државата во справување со пожарите. Тие ќе можат да аплицираат за времено ангажирање за коешто ќе добиваат паричен месечен надоместок од по 24 илјади денари. Но, истовремено ако се покажат добри, ќе добијат шанса и за трајно вработување во некоја од единиците на противпожарна заштита. Станува збор за нова мерка на Владата која е опфатена со оперативниот план ...

Авторитарни режими ширум светот добиваат на моќ преку гласен популизам и ограничување на слободните медиуми. Глобалниот медиумски форум на ДВ годинава има за цел „Надминување на бариерите и градење мостови“ за спротиставување на популистичките трендови. Така гласи мотото на дводневниот медиумски конгрес, кој денеска започнува во Бон. Нема веќе пари од Трамп: американски радиодифузери со програма за странство пред затворање? Посетата на Стив ...

Тоа што на викендов бев во мојот омилен турски дуќан за зеленчук да купам зелени пиперки за пинџур, исти како македонските, нема никаква врска со стереотипните асоцијации на една еврокомесарка за македонскиот национален идентитет, туку од потребата да ги зготвам презреаните домати. На касата му открив на љубезниот млад продавач дека сум родена во Македонија и дека многу зборови за зеленчукот, но и за јадењата во македонскиот јазик имаат турски ...

Полските гранични служби започнаа со привремени контроли на заедничката граница со Германија. Од полноќ, на 52 гранични премини има контрола на патници, објави Министерството за внатрешни работи на платформата X. На контролен пункт во Крајник Долни, полицајци облечени во полициски елеци, со поддршка од воената полиција, ги запираат возачите од градот Швед во Бранденбург - на пример Германци кои пред почетокот на работниот ден сакаат да наточат ...

„За време на Советскиот Сојуз, немавме право на глас и бевме зависни од тоталитарниот систем. Но, во демократска држава, сите граѓани мора да ја држат владата под контрола за да ја зачуваат својата слобода. Медиумите имаат посебна одговорност за да се обезбеди поделба на власта“, изјави Тамар Кинцурашвили (55) од Грузија, која работеше како новинар во таа земја за ДВ 20 години. Таа денес е директор на невладината организација „Фондација за ...

Има една совршен цитат на Луис Керол, англискиот писател кој ја напиша „Алиса во земјата на чудата“, кој извонредно одговара на политиките на популистите денес кои сакаат и поединците, па и јавноста, да се повинуваат на нивните ставови. Тој цитат (не е од „Алиса“, туку од поемата „Ловот на Снарк“) денес често се употребува во Америка за да се објасни начинот на кој државата ја раководи Доналд Трамп. Стихот е овој: „Трипати го кажав ова: Она што ...

Кога Јуриј Хулчук конечно се врати дома по две и пол години во руско заробеништво, се чинеше како да онемел. Во видео објавено на социјалните мрежи, може да се види како неговата мајка го прегрнува, но тој не реагира. Само неколку дена подоцна почна да зборува за тортурата. 23-годишниот Хулчук е роден и израснал во Киев. Студирал странски јазици, но не дипломирал. Бил студент на размена во Унгарија и Германија и патувал низ Европа и Кина. Не ...

Од напади на мигрена до проблеми со крвниот притисок, па сѐ до воспаление на слепото црево - списокот на симптоми што често се припишуваат на временските услови е долг. Според анкета спроведена по барање на Германската метеоролошка служба (ДВД) во 2021 година, околу половина од луѓето во Германија (46%) се сметаат себеси за метеопати. Затоа многу веб-страници, покрај класичните временски прогнози нудат таканаречени биометеоролошки извештаи. ...

Канцеларот Фридрих Мерц пред неколку дена излезе на говорницата во Бундестагот за - на својот карактеристично директен начин – да го изнесе ставот за она што го нарекува еден од главните претстојни приоритети за неговата влада: плановите за реформа на надоместокот за невработеност, т.н. „граѓански надоместок“. Притоа наведе веќе позната фраза, имено дека работењето мора да се исплати. Тој сака „да обезбеди луѓето во Германија како целина ...

Багажникот на автомобилот се отвора. Внатре, млад човек лежи врзан и мрда со лошо изведени движења. Пред багажникот стои жена - Александра Сенткирали, поранешна портпаролка на унгарската влада, денес најпознатата пропагандистка на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи. Таа вели: „Мислам дека ни вие не би сакале да ви се случи нешто вакво, бидејќи со брзиот влез на Украина во ЕУ доаѓаат трговците со органи, оружје, дрога и луѓе“. ...

Во ненадејните поплави предизвикани од брзото зголемување на нивото на реката Гвадалупе, во американската држава Тексас, загинаа најмалку 24 лица. Како исчезнати се водат најмалку 20 девојчиња кои биле во летен камп во близина на реката, соопшти вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик. Потрагата по нив продолжува. Според Патрик, нивото на реката Гвадалупе во текот на изминатата ноќ се искачило за осум метри за само 45 минути. Тој информираше дека ...

Исламистичкиот Хамас соопшти дека е „подготвен веднаш и сериозно“ да учествува на рунда преговори за механизмот за спроведување на условите од предлогот за прекин на огнот презентиран од медијаторите. Исламскиот џихад, поврзан со Хамас, ја искажа својата поддршка за преговорите за прекин на огнот. Сепак, побара „гаранции“ дека Израел нема да ги продолжи своите воени операции откако ќе бидат ослободени заложниците што сè уште се држат во Појасот ...

По повеќемесечно игнорирање на повиците од правосудните институции, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера (4.07) се појави пред Обвинителството на Босна и Херцеговина во Сараево. Судот на БиХ, на предлог на Обвинителството, го отфрли барањето за притвор, што предизвика лавина од политички реакции - од прослави во Додиковиот СНСД (Сојуз на независни социјалдемократи) до остри критики на сметка на правната држава, но и кон самиот ...

Четири дена пред расправата за Извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент и прашањето дали од него ќе бидат отстранети формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ (како што веќе се пофали бугарскиот европратеник Андреј Ковачев), зоврива дебатата - дали тоа е вистинскиот потег и импулс што би мотивирал кон уставни измени или сосема обратно. Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, потсетува на едно ...

Никогаш досега немало таква тензија во пресрет на настан од поп-културата во главниот град на Хрватска. Претстојниот концерт на десничарската поп-ѕвезда Марко Перковиќ Томпсон, закажан на Загрепскиот хиподром за сабота (5 јули), веќе ги надмина сите слични претходни собири, ако не и сите други, воопшто. Меѓутоа, растечката тензија во јавноста не произлегува само од фактот на екстремните политички склоности на кантавторот, поради кои неговите ...

Лавина реакции во јавноста предизвика најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се размислува за воведување данок за немажени и неженети, како едн аод мерките за справување со демографските проблеми коишто ја тиштат Македонија. Темата не е нова и со години нанзад се отвора одвреме-навреме, но секогаш е бурно пречекувана во јавноста. Некој предмолчно ја поддржува, но побројни се оние коишто упатија низа критики на социјалните мрежи ...

Пораките кои беа испратени од митингот на српските студенти на 28 јуни во Белград шокираа многумина во Србија, но и во странство. Германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) во петокот, во текст со наслов „Коски, предци, татковина“ пишува за драматичните изблици на национализам кои се слушаа од устите на говорниците на „Видовденскиот протест". „Митингот беше отворен од страна на еден студент кој, со хистерични извици и писоци, настапи како ...

Дали СПД е сè уште потребна? И ако е така, каде и кои се нејзините теми? Тоа прашање неизбежно беше присутно на конгресот на таа партија на крајот на јуни. Социјалдемократите се длабоко потресени откако на сојузните избори во февруари го постигнаа нивниот најлош резултат од 1887 година Резултатите од актуелната анкета на јавното мислење Дојчландтренд, која редовно се спроведува за јавниот сервис АРД, сигурно нема да го подобрат нивното ...

Високите температури во Македонија активираа зголемени мерки за заштита на населението од топлотниот бран. Владата, по препорака на Министерството за здравство, ја активираше фазата 3 за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението, што ќе трае до 8 јули. Во овој период се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Ова не се однесува на вработени во критичната ...

Демографскиот аларм е вклучен, Македонија за четири години има изгубено 33 илјади жители - како еден град од големина на Кавадарци и Кичево. Со цел да се спречи овој негативен тренд, каде бројот на починати со години наназад е поголем од бројот на новородени деца, Владата размислува да преземе низа мерки - а една од нив е и воведување на данок за немажени и неженети. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на дебата во Владата за ...

По поразот на минатогодишните избори и тензичниот избор на нов претседател, во СДСМ повторно се распламти криза. Изворот е бастионот на СДСМ, Струмица, откако раководството во Скопје неочекувано реши да не го кандидира за градоначалник досегашниот прв човек на општината Костадин Костадинов, туку го номинираше Марјан Даскаловски, шеф на локалниот огранок и претседател на Советот на општината. Овој потег наиде на жесток одговор од Костадинов кој ...

Американското Министерство за одбрана во меѓувреме потврди: Украина мора да смета на прекин на ситеамерикански испораки на оружје – вклучувајќи ги и оние што ги вети поранешниот претседател Џо Бајден. „Не можам да наведам детали за тоа кои испораки на оружје се запрени“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, но додаде: „Четири години под администрацијата на Бајден испраќавме оружје и муниција, без сериозно да размислиме колку уште воопшто ...

На талибански начин се брише македонскиот идентитет и јазик од извештајот на Европскиот парламент, изјави на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја веста којашто ја објавија бугарските медиуми дека Европскиот парламент е подготвен да го отстрани македонскиот идентитет и јазик од извештајот за Северна Македонија. Мицкоски вели дека веќе предупредил оти ќе се случи ваков инженеринг. „За нас, подеднакво лошо е што се брише ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1026
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1028
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
0.51
66%
1029
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
87%
1026
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.66
63%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.79
85%
1018
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
7.2
41%
1022
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
84%
1022
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.68
62%
1027
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1020
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225