
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Европската комисија излезе со план за да ја намали преоптоварената регулатива на Унијата, да се послужи од заштедите на Европејците и да ги инвестира парите во европски компании за да предничат во идните технологии како што се вештачката интелигенција (ВИ) и чистата технологија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во средата го претстави патоказот наречен Компас за конкурентност, предупредувајќи дека 27-члената ЕУ ризикува да биде ...
Околу 280 милиони луѓе ширум светот имаат проблеми со депресијата. Иако депресијата може да се манифестира на различни начини, постои нешто заедничко кај сите пациенти: зголемена желба за јаглехидрати. Ова е откритие на истражувачите од универзитетските клиники во Бон и Тибинген, како и од Универзитетот во Бон, кои спровеле нова студија на оваа тема. Нилс Кремер, кој истражува во областа на психијатријата, психологијата и психотерапијата на ...
Шест дена по шокантниот прв круг од претседателските избори во Романија на 30 ноември во една шума близу до главниот град Букурешт околу осумдесетина луѓе се собраа да да ја одбележат 86-годишнината од смртта Корнелиу Зелеа Кодреану, водач на меѓувоеното фашистичко Легионерско движење и шеф на неговото паравоено крило, Железната гарда. Кодреану и неговиот сојузник, генералот Јон Антонеску - воен диктатор на Романија за време на Втората светска ...
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок покажа видливо олеснување по својот најверојатно последен состанок на министрите за надворешни работи на Г7. „Тоа беше навистина добар ден“, рече таа за договорот постигнат по дводневните преговори „Оттука, од Г7, излегува многу јасна и недвосмислена порака: ние цврсто стоиме зад Украина и нејзиниот територијален интегритет и слободата која таа храбро ја брани секој ден – и со тоа ги ...
Помеѓу зградата на Собранието и зградата на Претседателството со денови постои тензија. Во тој важен јазол во Белград, кој често беше сцена на турбулентни политички настани, студентите планираа да го одржат, како што се верува, најголемиот собир од почетокот на протестите на 1 ноември, кога натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад падна и усмрти 15 луѓе. Но, пред тие студенти, позицијата ја зазеде група која себеси се нарекува ...
Ен Хаферкорн и Георг Штајн итно бараат стан со прифатлива цена. Со две деца и работа од дома, на семејството му треба најмалку четирисобен стан во малиот провинциски град Шпајер или околината. Можат да си дозволат околу 1.600 евра месечно за вкупна кирија. „Лепевме плакати во старечки домови и градинки, делевме летоци, разговаравме со луѓе на улица или во кафулиња, стававме огласи во весници. Конкуренцијата е едноставно преголема“, вели Штајн. ...
Молк во Бугарија, откако на завчерашната седница бугарската влада ги одобрила промените во Програмата „Транспортна поврзаност“ 2021-2027 година, со кои отпаднал проектот за модернизација на железничката линија од Софија - Перник - Радомир, кој треба да води кон граничниот премин со Македонија. За бугарските институции и експертите во оваа област, одлуката не е изненадувачка. Додека бугарските власти ја вперуваа вината во Скопје за застој во ...
„Народот е желен за правда - ако судиите од Судски совет водат инает и не се соочат со барањето за оставка, ќе се соочат со масовни протести, коишто ќе ги поддржам“. Ваква порака испрати премиерот Христијан Мицкоски, откако неколку дена по интерпелацијата во парламентот против петмина членови на Судскиот совет, тие и понатаму остануваат на своите функции. Посочувајќи дека станува збор за предупредување, коешто бил обврзан да го испрати, бидејќи ...
Во последните денови, руската армија ја врати контролата врз голем број населби во руската област Курск, кои беа под контрола на украинските сили од август минатата година. Руското Министерство за одбрана на 13 март објави дека руските војници ја презеле контролата и врз градот Суџа. Засега нема официјална потврда од Украина за ова. Според медиумите од Русија, претседателот Владимир Путин неодамна посетил еден од командните пунктови на руските ...
Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со барање за измена на правилата за снабдување на електрична енергија. Тие бараат конкретни решенија за спречување на неправедните наплати во фактурите за електрична енергија кај домаќинствата и елиминирање на дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН. „Треба да се изврши измена на правилата за снабдување со електрична енергија и да се ...
Од средбата меѓу американските и украинските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, се појавија надежи за привремен прекин на огнот во Украина. Преглед на интересите на најважните играчи. Русија Рускиот претседател Владимир Путин го условува одобрувањето за прекин на огнот предложен од САД во војната против Украина. На со нетрпение очекуваната прес-конференција во четвртокот, тој повика на трајно мирно решение на конфликтот - но не отстапи од ...
По еднодневна блокада на Автокоманда на крајот на јануари, „протестниот караван“ се пресели од север кон југ на Србија. Од Нови Сад, преку Крагуевац, до Ниш – масовниот протест сега се враќа во главниот град. Студентите во блокадата повикаа на голем собир во сабота на 15 март во Белград, а плановите на организацијата уште се држат во тајност. Сепак, многумина сметаат дека тој датум е Денот Д, алудирајќи на конечното разрешување на политичката и ...
Со договорот од Џеда и предлогот за 30 дневен прекин на огнот помеѓу Украина и Русија, американскиот претседател Доналд Трамп и формално се наметна како посредник за прекин на војната која веќе три години беснее во Европа. Тешкиот дел допрва доаѓа каде главниот тест е да се убеди Владимир Путин. Путин начелно ја поддржа идејата за прекин на огнот, додавајќи дека се уште постојат нијанси кои треба да се испеглаат. Со други зборови, и покрај сите ...
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека во принцип се согласува со предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот во Украина, но условите треба да се договорат, а тој нагласи дека примирјето треба да води кон траен мир. „Самата идеја е исправна и ние дефинитивно ја поддржуваме,“ изјави Путин на прес-конференција во Москва. „Но, има прашања за кои треба да разговараме, и мислам дека треба да ги дискутираме со нашите ...
Германските медиуми откриваат дека германската разузнавачка служба БНД уште на почетокот на корона-пандемијата ја информирала тогашната канцеларка Ангела Меркел дека е многу веројатно дека вирусот потекнува од кинеска лабораторија. Но, за тоа се молчело. Германските весници Зидојче Цајтунг и Ди Цајт располагаат со информации за „Операцијата Сааремаа“, во која уште на самиот почеток на корона-пандемијата германската Сојузна разузнавачка служба ...
Во последно време, светот како да е опседнат со вестите кои администрацијата на Доналд Трамп од САД ги исфрла со брзина на светлината. Хипнотизирани од бесконечната низа контроверзни, напати и контрадикторни предлози и иницијативи од Белата Куќа, некои со одушевување, некои со отпор, секој според идеолошката припадност, но сите како да сме во постојан вител на неизвесност, заковани пред екраните на телевизорите или таблетите, сеедно. Во оваа ...
Американската амбасада со внимание ги следи процедурите во македонското Собрание и изјавите во врска со изгласаните интерпелации за петмината членови на Судскиот совет. „Најважно од сѐ е процесот да се следи на јасен и транспарентен начин“, порача амбасадорката на САД, Анџела Агелер при посетата на Центарот за обука на МВР во Идризово. Изјавата следи откако македонското собрание на 11 март им изгласа недоверба на петмина членови на Судскиот ...
Само за две години државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг. Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели на Северна Македонија. Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра. Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше ...
Сексуалното насилство е сè уште табу-тема во Северна Македонија. Годишно само во главниот град има по 50-60 пријавени случаи, но реалните бројки се далеку поголеми. Жртвите најчесто се одлучуваат да молчат за насилството и ретко која побарала помош. Многумина не знаат дека во три града има центри за поддршка на жртвите, кадешто можат да се обратат и да побараат помош. „Жртвите на сексуално насилство, но и институции, за жал не се запознати со ...
Во екот на заострената реторика меѓу Северна Македонија и Бугарија поради застојот во евроинтегративните процеси, од Софија пристигна вест дека бугарската влада го стопира проектот за пругата кон Северна Македонија. Одлуката е да се пренасочат средствата првично наменети за железничката инфраструктура што ги поврзува Бугарија и Северна Македонија кон завршување на домашните железнички проекти. Овој потег, како што наведуваат бугарските медиуми, ...
Скандинавските земји и Канада го предводат растечкиот меѓународен тренд во кој некои потрошувачи избегнуваат американски производи поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на низа производи од целиот свет. Во изминатите недели беа формирани повеќе групи на Фејсбук кои имаат за цел да организираат бојкоти и кампањи. Шведска група наречена „Бојкотирам стоки од САД“ имаше речиси 80 илјади членови во моментот кога ...
Само за две години државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг. Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели на Северна Македонија. Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра. Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше ...
Kако сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, заврши со мерка куќен притвор, а бил меѓу петмината за кои јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) предложил ефективен притвор? Јавноста во Македонија се обидува да дешифрира две соопштенија - едното од ОЈО ГОКК, другото од Основниот кривичен суд Скопје. Случајот се однесува на истражната постапка против 13 физички и едно ...
Повеќе од четири века, Босна била под османлиска власт, сè додека во 1878 година не е окупирана од Австроунгарија. Во тој микрокосмос меѓу Ориентот и Оксидентот, исламот, христијанството и јудаизмот, во 1892 година е роден Иво Андриќ во хрватско-католичко семејство. Татко му, училиштен служител, починал кога имал две години. Подоцна, очувот го научил германски јазик. Основното училиште го посетувал во Вишеград, град на босанско-српската граница. ...
Беше шок кога ноќта на 11 септември 2024 година еден од четирите моста кој преку реката Елба води до центарот на главниот град на покраината Саксонија, се урна во Дрезден. Станува збор за мостот Карола во светски познатиот барокен стар дел од градот. Речиси беше чудо што притоа немаше загинати или повредени лица. Речиси 800 илјади луѓе живеат во Дрезден и пошироката околина, а повеќе од два милиони туристи го посетуваат градот секоја година. 18 ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас најави интензивна дипломатска активност во наредниот период со цел да се одблокира патот на Северна Македонија кон ЕУ. Европски лидери во наредните два-три месеци треба да ја посетат земјата со цел да се најде излез од сегашната ситуација. „На ниво на ЕУ напорно работиме во тесна соработка со Владата на Северна Македонија да се надминат сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите. Има интензивна ...
Поврзувањето на двете Преспи, и од македонската и од грчката страна на границата и отворањето на преминот Маркова Нова носи надеж за жителите на преспанскиот регион. По седум години од потпишувањето на Преспанскиот договор ставен е првиот камен за изградба на граничниот премин „Маркова нова“, којшто се толкува како „историски чин“ и „нова ера“ за подзаборавената Преспа. Доколку се реализираат плановите до 2027 година да завршат градежните работи ...
Во моментов, околу 181.000 војници служат во германската војска, Бундесверот. Во споредба со целта од 203.000, тоа е многу малку. За Ева Хегл, која е ополномоштеничка на Бундестагот за одбрана речиси пет години, ова прашање е долгогодишна тема - но тема со зголемена експлозивност. Во сегашната светска ситуација, „поважно е од кога било да имаме целосно оперативен Бундесвер“, рече Хегл при претставувањето на годишниот извештај за 2024 година. ...
Вербалните закани и напади врз здравствените работници не престануваат, но лекарите најчесто молчат за нив. Лани во Лекарската комора се пријавени четири напади, но годината ќе се памети и по убиството на доктор што се случи во скопската населба Железара, а што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела. Во 2023 година, пак, имаше три пријави за насилство, што е далеку од реалната состојба. Алармантен е бројот на случаи каде што ...
Трите југословенски војни од 1990-тите - во Хрватска (1991-95), Босна и Херцеговина (1992-95) и Косово (1999) - конечно беа завршени под водство на САД. Оттогаш, мирот го гарантираат две воени мисии предводени од Европската Унија и НАТО: едниот во Косово и другата во БиХ. Меѓутоа, состојбата на Западен Балкан континуирано се влошува повеќе од две години. Спиралата на насилство започна во декември 2022 година. Откако претставниците на српското ...