
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Северна Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ. Околу 24,4 милиони евра се за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. Станува збор за седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која што за Северна Македонија изнесува 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за предфинансирање коешто беше ...
„Под одорите, мувла од 1000 години” (Unter den Talaren, Muff von 1000 Jahren), беше водечката парола на германските студентски протести во 1967-та кои, всушност, придонесоа за најдлабоката промена на германското општество по Втората светска војна. Тие ја поттикнаа промената на свеста за клучните прашања во минатото и во сегашноста на Западна Германија. Паролата на студентското движење се роди на инаугурацијата на новиот ректор во големиот ...
На оној огромен протест во Белград минатата сабота, петнаесетина минути пред да дојде ударот од мистериозниот „звучен топ“, една од студентките која говореше од бината на плоштадот „Славија“, рече дека тие прават сѐ српските граѓани да не се дел од онаа позната Платонова пештера. Тоа можеби изгледаше како филозофски претенциозно, па дури и неразбирливо за најголемиот дел од присутните и оние што го следеа протестот преку телевизиските преноси. ...
Оддава опуштен, модерен, елоквентен впечаток - Екрем Имамоглу знае како да им се пристапи на различните општествени класи и групи во населението. Никој да не биде исклучен, да не дискриминира и да не навредува е едно од неговите начела, што може да се сфати и како реакција на стилот на владеење на актуелната власт. Во турската политика сосема е вообичаено да се користи потценувачки и навредувачки дискурс „ние наспроти нив“ против поддржувачите ...
Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска (22.03) соопшти дека идната недела треба да почне враќање во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во пожарот во Кочани. Прво ќе се враќаат оние кои се во добра здравствена состојба, изјави Муцунски. Тој најави дека во Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи координативен состанок за следните чекори и мерки за организација на ...
На годишната презентација на деловните резултати на Групацијата Рајнметал во нејзиното седиште во Диселдорф, дури и извршниот директор Армин Папергер призна дека „вакво нешто нема доживеано за 35 години во фирмата Рајнметал“. Само за време на Конференцијата за безбедност во Минхен во февруари, во Рајнметал имаше вистинска гужва од престижни гости – педесетина претседатели на држави или влади и нивните ресорни министри бараа состаноци со еден од ...
Досега, бегалците во Централна Америка и Мексико имаа јасен компас - нивниот правец беше север, кон САД. Сега многумина се заглавени, сликовито кажано, помеѓу разбесното море и џунглата. Движењето е во застој, некои се враќаат назад. Ова се случува повеќе или помалку доброволно, забележува политикологот Јунис Алма Рендон. Таа очекува нови рути и нови дестинации за бегалците. „Поради заканите на Доналд Трамп, ксенофобниот јазик и омразата, ...
Звучното оружје, за кое постои сомневање дека е употребено за време на големиот протест во Белград на 15 март, било користено и за време на Романската револуција, оценува поранешниот романски главен воен обвинител Каталин Ранко Питу во интервју за ДВ. Тој работел шест години на истрагата за Романската револуција од декември 1989 година, која доведе до пад на диктаторот Николае Чаушеску. Питу за ДВ тврди дека истата технологија е употребена на ...
Протестите во Турција поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, не престануваат. Во Истанбул вчеравечер демонстрираа илјадници луѓе. „Ние сме 300.000 луѓе“, извикуваше лидерот на партијата ЦХП, Озгур Озел, пред толпата собрана пред градското собрание на Истанбул. Тој соопшти дека демонстрантите се собрале на различни локации во Истанбул поради тоа што биле затворени патишта и мостови. „Ова не е демонстрација на ЦХП, овде ...
На катастрофалниот пожар во Кочани во неделата на 16 март му претходеле серија верижни пропусти и незаконити дејствија од државни и локални органи, правни и физички лица, соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Сите осомничени во периодот од 2012 година до 16 март 2025 година, заеднички, но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и со тоа предизвикале ...
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донело Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на прес-конференција денеска напладне (21.03), соопшти Обвинителството. Меѓу осомничените за кои досега беа задржани со мeрки краткотраен притвор од 48 часа, беа поранешен ...
Моралот, правдата и правдината во оваа земја се како пожарникарите - доаѓаат кога човечката грешка или негрижа веќе го распламтила огнот. Не можеме сѐ да решаваме, односно да нерешаваме - отпосле. Ние секогаш бараме правда, гледаме грешки, се индигнираме откако автодисциплината, моралните кочници, почитувањето на законите и на човекот до нас, правото и слободата да не се учествува во криминал и валкани игри - одамна отишле по ѓаволите. Веќе е ...
Фатма работи како воспитувачка во Берлин. Сѐ почнува наутро, кога со автомобил оди на работа, вели таа. „Тогаш другите возачи ме гледаат испитувачки.“ Таа е облечена модерно и елегантно. И носи хиџаб. „Мојата инструкторка за обука на наставници рече дека хиџабот ѝ изгледал нехигиенски.“ Фатма вели дека обуката ја завршила со „одличен“ успех. Но, и покрај тоа, не ѝ е лесно да се вработи. И тоа, иако итно се бараат наставници од предучилишна ...
Планинарскиот водич го одржа зборот. „Врвот може да се совлада за еден ден“, рече Антонио Кошта, гласноговорникот на шефовите на држави или влади на земјите на ЕУ. Доцна вечерта, тој потоа стигна до својата цел: „Денес се фокусиравме пред сѐ на нашата економија“, рече тој. Претседателот на Европскиот совет, кој изгледаше како да е на одмор за голф наместо на напорен самит, на учесниците им спакува тешки теми во ранците. Поддршката за Украина, ...
Ова може да биде клучна недела за иднината на Германија, бидејќи двата дома на парламентот гласаат за уставен амандман што ќе ја олабави должничката кочница на земјата, отворајќи го патот за огромен пакет трошоци за вооружување, инфраструктура и заштита на климата договорен од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Христијанско-социјалната унуја (ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) - кои преговараат за формирање нова влада - како и ...
Колони граѓани коишто од изутрината се упатија кон гробиштата во Кочани, се збогуваа и им одадоа почит на 59 млади луѓе коишто загинаа во стравотниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“. Најтажниот ден во Северна Македонијаго обвитка Кочани и целата земја во црнина. Многумина од граѓаните носеа црни маици со натпис „Почивајте во мир ангели наши“. Ретко кој можеше да ги сокрие солзите за загубата на младите луѓе. Посебни протоколи Погребот ...
Пет дена по трагедијата во Кочани, Македонија тагува и се збогува со 59 прерано згаснати млади животи. По првичната тага и болка, граѓаните очекуваат правда, корегирање на неправилностите во системот и искоренување на корупцијата којашто го нагризува општеството. „Кочани е нашата совест која што повикува на дејствување. Кочани е нашиот непребол кој налага реакција. Кочани е катарза на трулиот систем и ендемската корупција вкоренети длабоко низ ...
Ако статистички Северна Македонија е старица на 74 години, тогаш од социолошки аспект е жена којашто живее во константен страв и неизвесност, се плаши за секој нов ден, оптоварена е со црни мисли и не може да се ослободи од чувството дека ќе ѝ се случи нешто лошо. Ваков е социолошкиот профил на македонскиот граѓанин кој изминативе години се соочи со многу несреќи и трагедии, коишто доведоа до голема болка и тага. Социологот Илија Ацески за ДВ ...
Протестите во Србија, но и настаните во Босна и Херцеговина и на Косово, сепак го привлекоа вниманието на меѓународната политика. По неколкумесечно игнорирање на студентските и граѓански протести, се огласија одделни западни политичари, кои, меѓу другото, пружија поддршка за територијалниот интегритет на БиХ, но и претпазливи коментари за бранот незадоволство што се излева на српските улици. Се чини дека донекаде стана јасно оти поддршката за ...
„Колку е важна одбраната за нас, се гледа по тоа колку вложуваме во неа. А, во изминатите десет години не ни беше толку важна“, рече Каја Калас, специјалниот пратеник на ЕУ за надворешна политика, при претставувањето на новата одбранбена стратегија во Брисел. Таа додаде дека од 1945 година светот не видел такви пресврти и дека е дојдено време да се дејствува. Европската комисија (ЕК) ја претстави таканаречената „Бела книга“ за одбранбените ...
Букети цвеќиња во рацете, луѓе во црнина кои со наведнати глави се движат низ градот, млади кои во раце носат врамени фотографии од нивни соученици, е сликата во која и денес се разбуди Кочани. Тивкост и тага владее во гратчето, каде денеска (20.03) ќе бидат испратени жртвите од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, кое однесе 59 животи на млади луѓе, најмногу од Кочани, но и од општините Штип, Чешиново-Облешево, Струмица, Пробиштип, Македонска ...
Ако статистички Северна Македонија е старица на 74 години, тогаш од социолошки аспект е жена којашто живее во константен страв и неизвесност, се плаши за секој нов ден, оптоварена е со црни мисли и не може да се ослободи од чувството дека ќе ѝ се случи нешто лошо. Ваков е социолошкиот профил на македонскиот граѓанин кој изминативе години се соочи со многу несреќи и трагедии, коишто доведоа до голема болка и тага. Социологот Илија Ацески за ДВ ...
Илјадници луѓе во Турција вчеравечер (19.03) протестираа поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Тие бараат оставка од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кого го обвинуваат дека со апсење на Имамоглу сака да го елиминира својот најголем ривал. Екрем Имамоглу, беше уапсен во средата изутрина (19.03). 53-годишниот политичар од најголемата опозициска партија ЦХП требаше наредната недела да биде официјално номиниран за ...
Стравотната смрт на толку млади луѓе во Кочани, длабоко го потресе сето македонско општеството. Трауматизирани се фамилиите на жртвите од несреќата, пријателите, сограѓаните, во Кочани и во цела Македонија. Таа траума ќе остави лузни во душите на родителите, на браќата и сестрите, а ќе ја наследат и следните генерации. Секој Македонец, независно од етничката припадност, во целиот свет, е трогнат од бруталната смрт на толку млади луѓе. Нивните ...
„Не ни праќајте полиција ниту обвинители. Ако имаме нормална држава, пратете ни психијатри и психолози. Цел град сме избезумени. Нели гледате дека не знаеме што правиме". Овој крик за помош којшто деновиве го упатија жителите на малото гратче Кочани во источниот дел на Северна Македонија, е силен аларм за тоа низ каква колективна траума поминува секој македонски граѓанин по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“, каде што во пожар ...
Стравотната смрт на толку млади луѓе во Кочани, длабоко го потресе сето македонско општеството. Трауматизирани се фамилиите на жртвите од несреќата, пријателите, сограѓаните, во Кочани и во цела Македонија. Таа траума ќе остави лузни во душите на родителите, на браќата и сестрите, а ќе ја наследат и следните генерации. Секој Македонец, независно од етничката припадност, во целиот свет, е трогнат од бруталната смрт на толку млади луѓе. Нивните ...
Три дискотеки се затворени и ќе им биде одземена лиценцата за работа, бидејќи не ги исполнувале потребните технички услови за работа. Во тек се контроли и во уште девет дискотеки коишто имаат добиено лиценца за работа во Северна Македонија. „Во моменти како овие, зборови не се доволни - но постапките мора да бидат“, вели владината портпаролка Марија Митева, којашто на прес-конференција информираше за проверките коишто ги врши Државниот пазарен ...
Kочани некогаш беше познат како запад на истокот. Да ја објаснам оваа збунувачка метафора. Ако семејствата од периферниот Исток сакаа да отидат на шопинг со познати брендови, да ги прошетаат своите деца и да ги подучат како треба да се движат и однесуваат во голем град, одеа во Кочани. Градот на оризот, на индустријата, градот на богатите одгледувачи на ориз, нивните убави куќи, богатите дуќани за пазарење, болницата во која работеа стручни ...
По трагедијата во Кочани, проверките на кабареата и ноќните клубови во Северна Македонија откриле низа неправилности. Лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена. Има најмалку уште една во Скопје, информираше на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Досегашната истрага покажала дека седуммина полициски службеници од Кочани и од Штип му овозможиле на кабарето да работи, иако не исполнувало никакви ...
Голем број граѓани синоќа се собраа на плоштадoт „Македонија“ во Скопје за оддадат почит на 59-те лица загинати во пожарот во кочанското кабаре „Пулс“, да им дадат поддршка на нивните семејства и на повредените кои се лекуваат во домашните и странски болници. „Вашиот систем уби цела една генерација“, „Ќе немаше олку крв, да беше по закон“, беа дел од транспарентите во рацете на граѓаните. Слични мирни собири се одржаа во повеќе градови низ ...