Дали премиерот Фридрих Мерц во моментов дава големи интервјуа затоа што се приближува годишнината од неговиот избор за канцелар – или затоа што коалицијата што ја предводи, составена од ЦДУ, ЦСУ и СПД, е во криза? Веројатно едното се надоврзува на другото. Во ЦДУ, а исто така и во ЦСУ, постои „сè поголемо незадоволство“ поради компромисите што ги договара таканаречената голема коалиција, изјави Мерц во неделата (3.05) во емисијата „Кaрен ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека земјата влегува во период на радикални промени. Тој ја опиша моменталната состојба во светот како „епохална пресвртница“ и ги повика граѓаните и бизнисмените да се вооружат со трпение додека владата ги спроведува планираните реформи. Зборувајќи на економска конференција во Северна Рајна-Вестфалија, Мерц нагласи дека Германија се соочува со двоен предизвик. Од една страна, земјата е потресена ...