
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Синоќа пред полноќ или на 7.мај во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско, соопшти полицијата. По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била ...
Во земјава денеска во тек е гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор информираат од Државната изборна комисија. Вкупно 11.095 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас за вториот круг од претседателските избори, додека за парламентарните избори право да гласаат имаат вкупно 11.197 болни и немоќни. Општина Струмица според информациите од општиската изборна комисија ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за цените на горивата кои се намалуваат од полноќ. Согласно одлуката на РКЕ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари, додека цената на дизелот се намалува за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,829 ден/кг и сега ќе изнесува 45,832 ден/кг. Ова се цените на горивата кои ќе важат од полноќ: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,00 ...
Вистината игра клучна улога во зачувувањето на демократијата и општествениот интегритет, а регионалната кампања „Вистината е важна“ (“Truth matters”) е од витално значење за информирање на граѓаните на Југоисточна Европа и Турција за опасностите од дезинформации и говор на омраза, како онлајн, така и офлајн. Регионалната кампања која ја спроведува Советот за етика во медиумите во Македонија, заедно со шест регионални совети за печат, а е дел од ...
„Како иден пратеник ви ветувам дека ќе останам овде за вас достапен и со слух за секој проблем. Никогаш повеќе СДСМ нема да биде салонска партија, туку партија која живее и работи меѓу граѓаните, меѓу членовите“, пред струмичани го истакна др. Венко Филипче, кој како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина вечерва се обрати на централниот митинг во Струмица. Филипче истакна дека во изминатите 20 ...
На централниот митинг во Струмица кој се одржа вчеравечер, меѓу останатите говореше и носителот на листа во ИЕ 4, д-р Венко Филипче, кој во присуство на граѓаните и симпатизерите порача дека постои подмолна скриена коалиција помеѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ која сега, како што рече, излезе на виделина. „Сега веќе се е јасно како ден. Сега веќе е јасно дека ЗНАМ е само сателит на ВМРО-ДПМНЕ кој имал за цел да ја разедини СДСМ, а потоа да си оди во ...
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, ...
Српскиот пејча Никола Роквиќ кој пеш од Белград тргна кон Грција и собира донации за Детската онкологија во Белград од вчера е во Македонија а Велигден го дочека во Црквата ,, Св. Никола“ во Свети Николе. Роквиќ својата мисија ќе ја продолжи и низ патитшата во Југоистокот бидејки крајна цел на пејачот е да стаса до Егина во Грција, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација ...
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека синоќа околу 23.30 часот бил пријавен пожар во Дом за стари лица . Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот. ,,Прво биле евакуирани лица од спратот каде што бил пожарот, потоа од долните спратови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани“, ...
Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род ...
Велгиденско јајце изработено од градежен матријал, високо 220 сантиметри а тешко 600 килограми го краси црковниот двор на „Св. Пантелејмон„ во населеното место Мокриево. Станува збор за велигденски експонат – донација од Иље Илиев газдата на „Сонце“ Борисово кој го работел повеќе од еден месец. Користел железна конструкција и бетон а како финеса црвена боја каде што има крст и пишува ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ. ,, Сакав да дадам свој придонес за ...
На 03.05.2024 во 18.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4, на излез од Радовиш кон Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Л.(27) од Радовиш и патничко возило „опел“ со пробни регистарски таблички, управувано од Ж.Г.(49) од Радовиш. На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а смрт констатирал лекар од Здравен дом Радовиш, ...
Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. По тој повод пред споменикот во центарот во Струмица преставници на Општина Струмица, политички партии и организации положија свежо цвеќе а за улогата и животот на Делчев зборуваше градоначалникот на Струмиа Костадин Костадинов кој подвлече дека тој 4 мај 1903 година е настан кој одекна како гром од ведро небо и низ македонските ...
Брера Струмица денеска на стадионот Кукуш во Турново го игра најважниот натпревар во ова полусезона. Домаќини се на Штипска Брегалница против која им е потребна победа за сигурен опстанок во лигата. Но и за Брегалница мечот во Турново е важен, бидејки со позитивен резултат ги подгрева надежите за бараж позиција. ,,Против Брегалница ни е уште еден финален натпревар можеби и најважен натпревар да ја исполниме целта. Длабоко верувам во момците дека ...
Две лица загинаа во сообраќајката што се случи на патот Радовиш – Штип во која учествувале патнички возила опел и пасат. Несреќата се случила на локацијата каде од магистралниот пат возилата се приклучуваат кон Конче и Радовиш или излезот од патот Радовиш-Конче на магистралниот патен правец А-4. На лице место починале возачите на двете возила а едно лице со тешки повреди е префрлено во Штипската болница. Веста ја потврди и Александра Трајановa ...
Македонските одбојкари ја почнаа новата мисија – Европското првенство 2026. Би било четврто во нашата репрезентативна историја и потврда на постојаноста во настапите на континенталната сцена. За разлика од ланското осминафинале во Бари против светскиот првак Италија, националниот состав има променета физиономија, со нов селектор, Хари Наковски, без најискусниот техничар, Филип Деспотовски, со двајца дебитанти, Михајло Мирасчиев и Кристијан ...
Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè понижува и потценува. Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ова го истакна д-р Венко Филипче на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш од каде повика граѓаните да ја согледаат ситуацијата и на 8 мај да одлучат – дали Македонија треба да остане на стратешкиот колосек и која ...
Голем број граѓани учествуваа во Крстниот пат што секоја година го организираат младите од струмичко Радово во соработка со селската црква ,,Свети пророк Илија“. Станува збор симболизирање на последниот пат на Исус Христос во должина од 748 метри по селските улици во Радово при што на 14 постојки граѓаните застануваат и се молат. Сето тоа се прави на Велики Петок во очи на Велигден а традицијата потекнува од 2008 година кога група на малди ...
Струмичките каратисти од клубот Шихан од Струмица деновиве учествува на Интернационалниот карате турнир „Власотинце опен“ во Струмица каде се закитија со вкупно 33 медали. НА турнивот учествуваа над 500 натпреварувачи во повеќе категории а струмичкиот клуб беше еден од најуспешните на турнирот ,,Им благодариме на родителите на нашите каратисти за нивната сесрдна поддршка, и дружба како и на сите други наши поддржувачи кои го следат нашиот ...
Традицијата во Стојаково општина Богданци продолжува. Се одржаа традиционалните првомајски трки каде сите имаа натпреварувачки дух и со забава и хумор го одбележаа празникот на трудот. Станува збор за трки кои датираат од 1951 година кои ги организира Советот на месната заедница од Стојаково а кои привлекуваат и голем број посетители од околните градови Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини, трка со коњи, магариња, трка на сто метри ...
Заради продолжениот викенд , голем број граѓани од земава но и патници што транзитираат низ земјава денеска се упатија кон Грција .Камерите поставени на граничните премини за излез од државата денеска регистрираат зголемен број на возила кон соседна Грција. На граничниот премин „Богородица“, кај Гевгелија може да се забележат пет колони возила кои чекаат за влез во Грција. Чекањето да се премине границата трае и по повеќе од еден час. На ...
На 29.04.2024 во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно ...
Д-р Венко Филипче вечерва од Неготино од каде продолжува караванот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ги повика граѓаните да им се спротивстават на оние кои сакаат партијата СДСМ да ја видат поделена. Тој, како носител на листа во Изборна единица 4, пред граѓаните рече дека гласовите дадени за кандидатите на другите политички партии можат да бидат вратени. „Многу од гласовите што беа дадени за други претседателски кандидати, можат да ...
Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество. Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на трибина со млади во Струмица. „Едно општество е живо колку што е мотивирана неговата младина. Кога кај младите се јавува апатија, кога кај нив паѓа ентузијазмот и ...
Голманот на Брера Струмица Марко Алчевски со вчерашните одлични интервенции во дуелот со Вардар од Скопје во рамките на 29 првенствено коло уште еднаш ги покажа своите одлични голмански перформанси. Тој беше еден од главните виновници за победата на струмичани. Како што истакна за клупскиот сајт ова сезона е една од најдобрите во неговата кариера ,, Фудбалот е тимска игра секој има своја улога на теренот. Улогата на голманот е да го одбрани ...
Поранешниот македонски репрезентативец Хари Наковски од Струмица е поставен за нов селектор на македонските одбојкари во пресрет на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026-та. ОФМ реши Наковски да ја преземе улогата на Јошко Миленкоски, кој лани ја предводеше Македонија до најголемиот репрезентативен успех Македонските одбојкари ќе се соберат на 2-ри мај, ќе тренираат во Струмица до 8-ми кога ќе отпатуваат на ...
„И големите и малите партии, вклучително и ромските партии со нив, се плашат од Аваја, затоа што Аваја доаѓа да стави крај на лошата политика во Македонија“, порача Акиф Кариман, претседател на Аваја на средба со жителите на Кавадарци. Според него, нивните гласачи во првиот круг на претседателски избори излегле во мал број и не ја дале „својата поддршка на политичари кои што сигурно ќе се пензионираат после овие избори и не подржуваат политичари ...
На 27.04.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа. Следниот ден бил извршен увид на местото и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна. Граната била безбедно подигната од местото. На 28.04.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на стар локален пат од ...
Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии заврши овогодинешното 12-то издание на RoboMac. На натпреварот учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, Машинскиот факултет и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, распределени во 22 тимови. Студентите Ана Софрониевска и Емилија Чешмеџиевска победија во категоријата Robotic ...
Ромската заедница во Македонија најмногу ја болат дискриминацијата, отсуството на соодветна инфраструктура во ромските маала, отсуството на инвестиции во образованието и во вработувањето, порача носителот на Изборна единица 3, Идриз Зејнелов на вчерашната средба со жителите на Штип. „Т ука сум да го претставам интересот на ромскиот народ, на народот кој што ја споделува истата идеја како и ние. Без Вас нема да може да го направиме тоа, но со ...