
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Општина Боислово идната недела планира да реализира хуманитарна и еколошка акција која ке ја спроведе во соработка со ЈПКД Огражден и постапувачот Тексомак од Скопје . Станува збор за акција во која ќе се собира текстилниот отпад од граѓаните но и добро зачувана облека која стои во плакари и домакинствата не знаат што да прават со неа. За таа цел во среда на 16 ти октомври во периодот од 11 до 14 часот во центарот на Босилово може да се донесе ...
Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов денеска во Центарот за управување со кризи додели Плакти за вонреден институционален ангажман и учество во гаснењето на големиот шумски пожар кај Бадилен, на планината Огражден. Плакети добија пилотите на Хеликоптерската единица на МВР, ВИНГОТ на Армијата и Дирекцијата за заштита и спасување . Овој пожар беше активен неколку дена и траеше се до 22 јули и според ЈП Македонски шуми однесе околу 12 ...
На 08.10.2024 во 15.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – село Смоквица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(44) од село Баница, струмичко, товарно возило „ивеко“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(30) од село Селце, прилепско и патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, ...
26 годишната Верица Китанова од Струмица е избрана на трета придужничка на мисицата што ќе ја преставува Македонија на Мис Универзум во Мексико идниот месец. Синоќа во националната опера и балет во Скопје се одржа Мис на Македонија на кој се натпреваруваа 19 финалистки од земјава кои имаат наполнето 18 години а жирито одлучи освен Мис да прогласи прва, втора, трета и четврта придружничка. Теа Ѓеоргиевска од Куманово победи на овој избор и ќе ја ...
Браќата Љупче и Ѓорѓе Џекови од Струмица се повикани во македонската младинска репрезентација У21 за мечевите со Молдавија и Грузија. Иако имаат по 18 години заради добрите партии во дресот на Силекс, селекторот Канатларовски им дава можност на Џекови кои беа стандардни за У19 селекцијата да бидат дел и од селекцијата У21 Љупче Џеков кој има одлична сезона на голот на кратовски Силекс. Очекува да застане и на мрежата на македонската младинска ...
Екипата на Струмица славеше против Капошвар од Унгарија со 3:0 во сетови во Купот на ЦЕВ и најави дека нема да биде обичен статист во оваа натпреварување. Победата на струмичани во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Избраниците на Кире Ричлиев беа доминантни и поубедливи на теренот во салата Парк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање ...
Подготовките финишираат околу годинашново издание на манифестацијата ,,Самун ем татлија“ во Радовиш која годинава ќе биде од 11 ти до 13 ти октомври а ја организира граѓанско здружение од Струмица . Сите збиднувања ќе се случуваат на паркингот „Орел“ во Радовиш каде ќе настапат познати музички имиња од домашната и странската фолк и забавна сцена. Програмата секој ден ќе почнува во пладневните часови и ќе трае до полноќ. На сцената во трите дена ...
Општина Гевгелија издвои 1.230.000 денари за помош на настраданото население од збратимената Општина Јабланица, која пред неколку дена ја зафати досега невидена елементарна непогода. Советот на Општина Гевгелија, на вчерашната 48. вонредна седница, по предлог на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, донесе Одлука од Буџетот на Општина Гевгелија да се издвојат 20.000 евра. Седницата започна со едноминутно молчење во знак на ...
„ЈПКД „Турија“ Василево ги информира жителите од населените места во општина Василево, (Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија), кои со вода за пиење се снабдуваат од Брана Турија, односно преку филтер станиците Ташли Баир и Добрашинци, но и жителите на Дукатино, Сушево и Владевци дека водата моментално не е за употреба и пиење, по направените најнови физичко хемиски и микробиолошки анализи Општина ...
Повеќе од 200 пчелари производители на мед од земјава и странство учествуваа на Изборот за најквалитетен и највкусен мед на Агросаемот Струмица 2024. Жири комисијата беше во состав Воислав Кантарџиев, Ѓорги Андонов, Никола Барабановски, Ѓорги Делев и Ѓорѓи Хаџикотарев кои одлучија победник во категоријата цветен мед да биде Трајко Илиев од Гевгелија. Тој оваа признание го доби во конкуренција 10 тина пчелари од земјава а жирито неговиот мед го ...
Одбојкарите на Струмица ги продолжуваат настапите во европските купови. Откако испаднаа од Лигата на шампиони по поразот од грчки Олимпијакос, сега се насочени кон Купот на ЦЕВ каде утревечер во спортската сала Парк играат со Фино Капошвар од Унгарија. Станува збор за екипа со која струмичани имаат играно лани, но за разлика од тогаш сега состојбите се поинаку вели стратегот Кире Ричлиев. Според него екипата на Струмица е многу засилена од која ...
Првиот човек на општина Струмица со фото од идејното решение објави како ќе изгледа новито парк што треба да никне во струмичката касарна кај градинакта Виножито. Станува збор за парк од 40 илјади квадратни метри најавени од минатата година кога се почна постапката за носење на Генералниот урбанистички план. ,,Наместо згради и трговски центар, во струмичката касарна на површина од 40.000 м2, наскоро ќе никне преубавиот парк 11 октомври,, објави ...
Струмичката полиција гo лиши од слобода Х.Д.(33) од Струмица кој во саботата утрото на патот кон Валандово учествувал во сообраќајката кај Костурино со возило „фиат“ но по несреќата го напуштил местото на настанот. Како што е познато завчера на излез од Костурино се случи тешка сообраќајка мегу патничко возило ,,фиат,, управуван од Х.Д и трактор ИМТ управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино Во сообраќајката на местото на настанот почина Г.Б.(51) ...
Вкупно 80 возила од различни марки и модели беа изложени на денешниот собир на олдтајмери во Струмица. Можеа да се видат модели на мерцедес, фолсфаген, застава, фиат, опел, рено, порше, шкода стари и над 40 години во сопственост на лица од земјава и странство. Настанот беше во организација Струмица Ретро Клуб а под покровителство на Општина Струмица кој имаше за цел да прикаже дел од историјата на авто мото индустријата Како што соопшти Ване ...
Штандот на СОУ „Димитар Влахов„ од Струмица како и на Пчеларство „Спасови„ од Кочани се прогалсени за најдобри изложбено продажни штандови на Агросаемот 2024 во Струмица. Тие добија награди од страна на организаторите – здружението Проагро фармери од Струмица благодарение на спознорството на компанијата Риверсофт. На штандот на СОУ Димитар Влахов беа изложени повеќе земјоделски култури но и преработки или конкретно се онаа што го изработуваат ...
„Иницирај дела, инспирирај промени “. Под ова мото младите волонтери на Црвениот крст од Струмица се вклучија во одбележување на неделата на младите на Црвениот крст . Тие денеска во големиот градски парк ја промовираа својата работа и апелриаа на хумани вредности бидејки хуманоста е мост кој спојува луѓе, идеи и можности. ,,Целта на Неделата е промоција на активната улога на младите волонтери на Црвен Крст, кои придонесуваат за ширење на ...
29 годишната Марија Стојанова од Балдовци Струмица го понесе признаниеот Жена фармер за 2024 на годинашното издание на Агросаем Струмица 2024. Таа со семејството се занимаваат со сточарство цели 10 години и постигнуваат одлични резултати. Годишно произведуваат околу 123 тона млеко. Поседуваат околу 80 крави од кои 33 молзиници. Обработуваат 25 декари сопствено и 460 декари под наем со јачмен и луцерка Освен Стојанова, признанието Жена фармер и ...
Жител од Струмичко Костурино го загуби животот во сообрачајката што утрово се случи на патот Струмица-Валандово. Во несреќата учествувале автомобил „фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ”, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино. ,,На местото на настанот починал сопатникот на тракторот Т.Б.(54) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Според официјалните информации од МВР, едно лице го загубило животот. „На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица. фото Струмица Денес Крадењето авторски ...
Утре на струмичкиот плоштад со поддршка на Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов ќе има собир на олдтајмери кој ќе го организира здружението на граѓани Авто клуб – Струмица Ретро Клуб. Според најавите ќе бидат изложени над 50 тина возила од земјава и странство стари над 35 години. ,,Идејата на клубот со овој настан е да ја прикаже авто-мото културата на посетителите но и да покажеме со какви ретро автомобили располага ...
Возрасните од Центарот за активно стареење од Турново ги едуцира младите волонтери од Општинската организација на Црвен крст Струмица како се приготвува храна на традиционален и современ начин. Заедно со младите приготвуваа крофни и палачинки и ги учеа младите како да сукаат, пржат мекици. Настанот беше во рамките на неделата на стари лица при што младите волонтери ги презентираа активностите на Црвениот крст. Крадењето авторски текстови е ...
На 02.10.2024 во 22.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат од село Богородица кон село Стојаково, патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(29) од Гевгелија, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките В.Т.(59) и М.П.(72), двете од Гевгелија, додека со телесни повреди се здобила сопатничката Е.Т.(18) од Гевгелија, констатирани ...
Во организација на здружението Проагро фармери од Струмица утре на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе се реализира четвртата саемска манифестација ,,Агросаем Струмица 2024“. На манифестацијата се очекува да се престават 100 тина изложувачи пред се фармери, градинари, пчелари, производители на репроматријали и земјоделска опрема како од земјава така и од странство. Целта на саемот е да се зајакнат врските меѓу производителите и потрошувачите но и сите ...
Општина Василево преку Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди контејнери за отпад, кои ЈПКД Турија ќе ги вклучи во системот на организирано собирање на смет. Според информацијата од ЈПКД „Турија“, се работи за вкупно 19 контејнери од 1100 литри и ќе бидат поставени на јавните површини на локации за кои се покажало дека има најголема потреба како и во индустриската зона во Василево. Од ЈПКД „Турија“, Василево апелираат ...
Градот Струмица со Хидротермалниот медицински центар Цар Самуил Бања Банско се на прагот за влез во мрежата на EHTTA ( „European route of historical thermal towns ) што ќе придонесе за поголема промоција на Бања Банско и Струмица на европската сцена. Ова го соопшти директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Билјана Стефановска која оставари средба со управата на центарот Цар Самуил Бања Бансо во насока да се инвестира и ...
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов ги потпиша Решенијата за исплата на субвенции на идните млади возачи, за посетување на обука за полагање возачки испит за „Б“ категорија. Вкупно седум лица кои ги исполнуваа условите од Правилникот за субвенционирање на млади лица од општина Василево за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија, на своите сметки ќе добијат по половина од ...
Македонскиот шампиот тимот на ОК Струмица пред настапот во ЦЕВ Купот во своиtе редови ги донесе браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви и Александар Љафтов. Станува збро одбојкари кои својата кариера ја започнаа токму во Струмица и по неколку сезони повторно ќе играат за Струмица. Македонски репрезентативци со огромно интернационално искуство. Одбојкарски „бомби“ во Струмица: Дојдоа браќата Ѓорѓиеви и Љафтов!….Бомба од Струмица: Браќата Ѓорѓиеви и ...
На 01.10.2024 во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.И.(48) од село Мокриево, струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(64) од село Градашорци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, ...
Пензионерите од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, извести Министерството за труд и социјална политика. „Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во Септември и ...
Четириесет и осумгодишен маж е тешко повреден откако паднал од мотор во Гевгелија. „Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија С.Р.(48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија“, информираат од МВР. Извршен ...