
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Младата Ангела Влинтовска од Скопје студентка на музичката академија која ја отпее песната ,,Темјана“ песна на Огнен Неделковски, Ванчо Димитров и Љупчо Соколовски ја понесе првата награда или е победник на 37. издание на фолк фест „Валандово“ . Таа ја понесе и наградата за најдобар дебитант бидејки за првпат настапува на овој реномиран фестивал. Втората награда на Фолк фест Валандово ја однесе песната „Љубовта е оган“ на дуетот Софија Пуровска ...
Потенцијалниот министер за земјоделство а сегашен дополнителен во техничката Влада, Цветан Трипуновски, најави борба против зелената мафија во Струмица. Според него имало неколку откупувачи и трговци кои печалат врз маката на земјоделците и мора да се стави крај на сето тоа. Трипуновски ова го најави на денешниот протест на прозводителите на домати во Струмица. Тие веќе трет дена реагираат барајки повисока откупна цена на стартот од бербите но и ...
По повеќе од две децении во Богданци повторно ќе се игра второлигашки фудбал откако ФК Вардарски во бараж мечот славеше со 3:2 против Кораб од Струга. Адам Стојанов беше двоен стрелец за Вардарски, а еден гол постигна капитенот Славе Танов. За стружани головите ги постигнаа Ујкан Муча и Фатјон Леши. Вардарски заслужено славеше иако играа под притисок оти влогот беше голем – Втора фудбалска лига. Имаа контрола на резултатот и играта а стратегот ...
Младинскиот состав на Брера утре во Струмица може да се промовира како Шампион на Македонија ако слават против младите на Прилепска Победа. Мечот почнува во 13 часот и е последен меч од младинската Супер лига и со победа струмичани ќе може да ја потврдат својата доминација и со титула пред скопски Вардар. На табелата имаат само бод предност пред младите на Вардар. По 21 првенстено коло младите струмичани предводени од стратегот Мартин ...
Производителите на домати во понедeленик ќе ја блокираат Струмица бидејки никој од Владата не ги контактирал да им ги слушне проблемите и да им помогне. Откако вчера го блокираа патот кај Просениководо три населени места, тие денеска три часа протестираа на влезот во Пиперево, кое важи за место како најголем производител на домати. ,, Ако нема Влада не значи дека треба да бидеме ставени на милост и немилост. Ова држава има институции. Нека ...
Нови протести и блокади на земјоделците од струмичко. По производителите на компир од Иловида и Штука, денеска на празникот Св. Кирил и Методиј на протест излегоа производителите на домати. Тие со трактори и земјоделска механизација го блокираа патот кон населените места Просниково, Сарај, Гечерлија оти почетната откупна цена за килограм домати изнесува од 20 до 25 денари за килограм која според нив е катастрофална. Како што кажаа земјоделците ...
По десет години моштите на Свети Кирил повторно ќе бидат изложени во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци, а верниците ќе имаат можност да се поклонат и да ги упатат своите молитви до апостолот на словенските народи, објави порталот католици.мк Како што пренесе порталот со изложувањето на моштите ќе има ссвета Литургија која ќе започне во 10.00 часот со што ќе се прослави патрониот празник на парохиската црква во Богданци Св. Кирил и ...
Гевгелиската болница доби амбулантно возило опремено со најнова медицинска технологија, со што се осигурува дека болницата може да обезбеди најдобра можна грижа за пациентите во итни ситуации. Донацијата е од Новоматик Македонија. Директорот на болницата, доктор Александар Киров во име на болницата истакна возилото значително ќе ја подобри ефикасноста на болницата при одговори на итни случаи и со тоа грижата за здравјето на граѓаните во ...
Земјоделците од населените места Иловица и Штука, ги отстранија блокадите кон населените места откако денеска во соработка со дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски и откупувачите постигнаа договор околу откупната цена. Компирот во наредните 10 дена ќе се откупува по цена од 20 денари при што нема да има одбитоци. После овој период засегнатите страни повторно ќе седнат на маса да ги договорат следните чекори. ...
Гитаристи од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица од класата на м-р Васко Пиличев одлично ја презентираа Македонија на „Guitar Art Festival“ во Белград Србија, каде учествуваа во рекордниот концерт со илјада гитаристи во центарот на Белград. Тие од 15 до 19 мај учествува на 19 тиот конгрес на класични гитаристи на Југоисточна Европа ASEG 2024. Станува збор за еден од најеминентните музички настани во Европа каде се дебатира со стручни ...
Земјоделците од Иловица и Штука го блокираа патот кон овие населени места во знак на револт заради ниската откупна цена на младиот компир. Со трактори и земјоделска механизација излегоа утрово на раскрсницата кон овие села, откако откупната цена на младиот компир падна на 15 денари за килограм. Според нив ова цена не ги покрива ниту производствените трошоци а камоли да имаат надомест за трудот кој што го вложиле или пак заработувачка. ,, Младиот ...
Нема да продаваме по било која цена за било кој и било каде. Внимателно ја разгледуваме секоја понуда оти сакаме нашите деца во кои се инвестирало овде со години да им го понудиме најдоброто во интерес на нивните кариери. Вака вели генералниот директор на Брера Струмица Јован Симиќ во интервјуто за клупскиот сајт во кое ги наведува плановите за клубот за идната сезона. Според него клубови од Европа Азија и Америка покажале интерес и веќе се ...
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори” по член 165-в од Кривичниот законик. ,,Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и ...
Младите од населеното место Колешино, активисти на ,,Ја Штитам Беласица“ реализираа акција со која ги исчистија улиците од отпад но и ги уредија јавните зелени површини. Станува збор за прва еко акција ,,Колешино Без Отпад“ која ќе има свои продолженија се со цел да се направи ова населено место чисто, убаво и пример за останатите. ,,Акцијата помина баш како што испланиравме. Го средивме просторот кој беше предвиден за да се исчисти и уреди. Во ...
Учениците од образовниот профил техничар за производство на хемиски и козметички производи при СОУ ,, Димитар Влахов“ се понудија да прават бесплатни козметички услуги и шминка на идните матуранти. Иницираа акција од учениците за матурантите со која сакаат да помогнат на завршни средношколки од социјално ранливите категории граѓани да имаат пристојна шминка за матурските прослави. ,, Ја подржавме оваа нивна идеја да помогнат на свои сочуенички ...
Викендов во салата Парк во Струмица ќе се одржи првиот турнир од Европската златна лига 2024 на кој Македонија ќе се сретне со Естонија и Чешка. Со естонците играме утревчер додека со чесите во недела со почеток во 20 часот. За овие мечеви билетите чинат 100 денари а во сабота на мечот Чешка Естонија влезот е слободен. „Според моите информации, противниците ќе имаат променет состав, но за мене ова е нова генерација и во македонската ...
Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата, соопштија денеска од Царинската управа. Имено, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес. Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, во која во 9 пакетчиња ...
Ученикот при СОУ ,,Јане Сандански“ од Струмица Никола Назов победи на Државниот натпревар за вокална интерпретација во Прилеп. Станува збор за натпревар за ученици од основни и средни училишта насловено како „Viva la musica“ во организација на Здружението на музички педагози на Македонија. Назов ја отпеа песната „Shape of my heart“ од Стинг и го освои жирито на ова натпреварување во конкуренција на 16 средношколци кои ги презентираа своите ...
Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по седми пат ја доделува наградата за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“. Наградата ја доби Македонка Божиновска од Струмица професор по англиски јазик при средното училиште ,,Никола Карев“ за нејзината песна “КРИЕНКА“. ,,Во својата кратка, но ефектна песна ...
Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) отвора нова студиска програма по Дигитално земјоделство. Програмата има мултидисциплинарен пристап и се реализира во тесна соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и Машинскиот факултет – МФ, сите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Акцентот на студиската програма е ставен ...
На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. ,,При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана“, соопшти МВР За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ...
19 годишниот Димитар Трајков ќе стане нов играч на ФК ,,Полисја“ од Житомир Украинa. Тој во украинскиот суперлигаш ќе му се приклучи на 1 јули за преодниот рок и стартот на подготовките за новата сезона. Клупскиот сајт објави дека Трајков денеска откако успешно ги завршил медицинските прегледи и го потпишал преддоговорот со новиот клуб и за неговото преминување во Полисја, Брера ќе добие рекордно обештетување од постоењето на клубот ,, Му ...
Во организација на КУД Кирил и Методиј од Иловица а во пресрет на празникот Св. Атанасиј во Иловица ќе се одржи шестото издание на Традиционалните фолклорни средби Св. Атанасиј 2024. Се очекува да бидат презенитрани 10 тина кореографии од играорците на КУД Кирил и Методиј како и од Ф.А Китка-Истибања, КУД Конче-Конче,Ф.А Злевски бисери-Злеово,КУД Јане Сандански-Ново Село. Според најавите од Марјан Стоев на годинашниве Фолклорни средби ќе ...
По повод празникот „Св. Атанасиј“, вечерва во населеното место Дедино – Општина Конче, во црковниот двор на истоимениот манастир ќе има општонароден собир на кој ќе настапи Елена Андоновска со групата „Седенка“. Станува збор за традиционален собир во пресрет на утрешниот голем христијански празник на кој може да се видат сите жители на Дедино но и сите кои потекнуваат од ова населено место за зајакнување на врските и корените кон своето огниште. ...
Младинките на Наковски волеј ја освоија Шампионската титула откако денеска во големото финале во ова конкуренција славеа победа со 3:1 во сетови над Газели од Скопје. Избраничките на Александар Митев ја потврдија својата доминација имајки во предвид дека и лани беа на тронот во мак одбојката во младинска конкуренција. Ова е трета титула за оваа генерација на одбојкарки. Тие како едно семејство пред две сезони прво се крунисаа како кадетски ...
По сениорите, младинците, пионерите и кадетскиот состав на ОК Струмица го кренаа ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР. На завршниот турнир во салата Парк кадетите на македонскиот шампион славеше со 3:0 во сетови против Весна Пробиштип кој се сметаше за фаворит за титула. Овие два тима се сретнаа во финалето каде кадетите на Струмица беа подобри од свотие врсници од Пробиштип со максимални 3:0 (25:15, 25:22, 26:24). ,,Момците одиграа борбено мотивирано и тимски. ...
Две генерации на ФК “АП Брера Струмица“ и тоа 2014, 2015 година, обезбедија пласман на завршниот турнир од Детската лига на ФФМ во Скопје откако денеска на регионалниот во Струмица во конкуренција на пет екипи од овој дел на државата беа на тронот како победници На овој тунир кој се играше на теренот со вештачка трева во Струмица, учествуваа надежите на ФК Брера Струмица како децата од младинските погони на ФК Беласица, ФК Азури од Радовиш, ФК ...
Во организација на One Way Dance Studio Струмица утре 12-ти Мај во спортската сала Парк во Струмица ќе се случува „Artist Hub Dance Competition“, на кој учество ќе земаат околу 2000 танчери од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција. Регуларниот дел на натпреварот започнува од 08:30ч. наутро и трае до 21:00ч. а од 21:30ч. ни започнува Гала Вечерта, каде што најдобрите 15 перформанси од целиот ден ќе се натпреваруваат за парични награди. ...
Утре, сабота, 11 мај 2024 година ќе се одржи Традиционалната литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица. Свештената литија ќе тргне веднаш по завршувањето на Светата Божествена Литургија со која ќе началствува Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф во сослужение на Епископот Делчевско – каменички г. Марко и Епископот Стобиски г. Јаков. Светите мошти на Свети Василиј Велики, Свети Стефан Првомаченик и Свети Гаврил ...
ВМРО ДПМНЕ слави победа во Струмица и регионот. Според последните информации од штабот на ова партија, за нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова се изјасниле околу 17 илјади грагани од општина Струмица додека за кандидатот на Стево Пендаровски околу 10 500 струмичани со право на глас. Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ од Струмица нивната изборна листа во 4ИЕ предводена од Александар Николовски во Општина Струмица доби ...