На 25.09.2025 во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој се сомничи дека во Струмица одзел патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки. Возилото било пронајдено, а лицето било задржано во Полициската станица Струмица. При преглед кај него бил пронајден и предмет одземен при кражба од возило, пријавена на 24.09.2025. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче при денешните средби со граѓани во Струмица и струмичкиот регион, порача дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Струмица, Марјан Даскаловски е вистинскиот избор за оваа општина. „Имаме одличен кандидат, Маријан Даскаловски, докажан човек со своите активности, било кои функции да ги извршува секогаш достапен, секогаш отворен, секогаш подготвен да помогне ...

„После 19 ти Октомври овде во Струмица ќе имаме нов градоначалник којшто доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Ќе имаме мнозинство во Советот којшто ќе го сочинуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“ Вака кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски при посетата на Струмица ,,Имаме прилично амбициозна агенда за денот потоа да сè се направи проект повеќе, да се реализира проект повеќе, сето она што до сега беше ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со жрепка го утврди редоследот на единствената листа на кандидати за локалните избори 2025. Поделена е во три дела, за парламентарни политички партии и коалиции, од 1 до 9, за партии и коалиции кои не се дел од парламентарниот состав од 10 до 33 и за група избирачки од 34 до 153. Влечењето се одвиваше по азбучен редослед. Листата на првите девет броеви на гласачкото ливче ја пренесуваме во продолжениe: ...

Ристе Николов од Струмица е глувонемо лице кое како бебе на 6-месечна возраст го изгубил слухот и гласот. Денес, како сопруг, татко и претседател на Здружение на глуви и наглуви лица од Струмица, храбро се справува со сите секојдневни предизвици и неподносливи бариери. Најголема поддршка е неговата сопруга Неда — еден од двајцата лиценцирани толкувачи во целиот регион во кој живеат скоро 150.000 жители. „Замислете да влезете во општина, а ...

ПроКредит во Струмица не е само една од многуте банки во градот, туку е многу повеќе. Таа е дел од традицијата, заедницата и дел од градот повеќе од 20 години. Истовремено, е и синоним за нова ера во банкарството. Без шалтери, без чекање во редици, без непотребни документи, без класичен начин на размислување. Разговараме со Ангел Трајков, Директор на експозитурата во Струмица, за постоењето на ПроКредит во регионот повеќе од две декади, за ...

Реставрираното Рено 4 од Стојаково од страна на Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов е прогласено за најсмело возило на годинашниов четврти по ред Фестивал на Рено 4 во Тоскана Италија додека тандемот Шуклев-Николов кој во Италија е засилен со Петар и Трајче за најдобар екипаж. Двајцата авантуристи и вљубеници во стари возила со акцент на Рено 4, го свртеа вниманието на присутните во Тоскана Италија и во конкуренција на 200 возила од Шведска, ...

Во среда на 24 септември 2025 година во фоајето на Центарот за култура ,,Антон Панов“ Струмица , со почеток во 19:00 часот ќе биде промовирана новата книга поезија на Ристо Маџунков насловена ,,Звуци и зраци” во издание на списанието за литература „Современост“. На промоцијата за поезијата на Ристо Маџунков ќе зборуваат рецензентот Трајче Бјадов и промоторот Ацо Гогов, а свое пригодно обраќање кон присутните ќе имаат и фолкористот Иван Котев ...

Вчера во 15:00 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од Василево. Тој се сомничи дека околу 12:00 часот подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и ...

Добро познатите авантуристи од Стојаково Општина Богданци Џоко Шуклев и Ѓорѓи Николов кои пред половина деценија станаа хит во Македонија со своите потфати со возилото Рено 4 сега старо 45 година, викендов ја преставија Македонија на Фестивалот на Рено 4 во Тоскана во Италија. Станува збор за интернационален фестивал на кој се преставуваат возилата ,,Рено 4“ од целиот свет со кои има и натпреварувачки каракатер. ,, Околу 170 возила ,,Рено 4“ ...

Млади струмичани со велосипеди ја одбележаа Европскаата недела на мобилност во сообраќајот и упатија порака да се користат еколошки транспортни средства и безбедно одвивање на сообраќајот. Тие со дефиле апелираа на одржива урбана мобилност односно граѓаните да стекнуваат здрави животни навики да придонесат за чиста животна средина но и безбеден сообраќај како и поддршка на алтернативни фори на мобилност. ,,Секоја година во третата седмица од ...

Манифестацијата ,,Самун ем Татлија“ во Радовиш која редовно се одржува во есенските месеци, годинава нема да се одржи, објави Канал 77. Одлуката била донесена од страна на Советот на Општина Радовиш на предлог на градоначалникот Ацо Ристов. Во изјавата за оваа радио, првиот човек на Радовиш смета дека неорганизирањето на ова манифестација е поради трагедијата во Кочани а во Буџетот биле планирани пари за оваа намена „Оваа година средствата ...

На 17.09.2025 во 21:00 часот на брана „Водоча“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Д.(44) од село Рич, струмичко. При контрола на патничко возило „киа“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Д., констатирано е дека во возилото превезува бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација. Истиот ден во 22:20 часот на брана „Водоча“ од слобода е лишен и С.И.(45) од Струмица, кој во товарно ...

Струмичка Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш се среќаваат во осминафиналето од Фудбалскиот Куп на Македонија. Вака посака ждрепката денес во ФФМ каде беа извлечени паровите за следната фаза од оваа натпреварување. Во игра се десет прволигаши и шест второлигаши. Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 24 и 29 октомври 2025 година. Се игра еден меч, а ако дуелот заврши нерешено, директно се шутираат пенали. МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СТРУГА ...

На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица ...

Во рамки на програмата „Гевгелија – Град на културата 2025“, на 19 и 20 септември годинава ќе се одржи второто издание на АРТ УМ фестивалот, кој има за цел да ја афирмира современата музичка и визуелна уметност, како и да придонесе кон збогатување на културната понуда на градот и регионот. Програмата е распоредена во два дена. На 19 септември, во Домот на култура во Гевгелија, ќе се реализира едукативен дел со работилници за музичка ...

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk, како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста. на возилата, веќе во процедура е њето на возилата со те денеска ја и која е првата скопска општина ...

Во претприемништвото успехот ретко доаѓа по лесен пат. Секој бизнис сопственик се соочува со моменти кога мора да донесе одлука – дали да ризикува со нова идеја, да ја редефинира својата бренд стратегија или да најде најефикасен начин да реши некаков предизвик. Токму затоа, „Уметност на смелите одлуки“ е темата на шестата бесплатна работилница од серијалот „ProBiz Superpowers“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР. На 24 септември, ...

На 15.09.2025 во 07:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Т.М.(46) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03:30 часот во продажен објект на бул.„Маршал Тито“ во Струмица одзел пари од касата и го напуштил местото. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени предмети поврзани со извршеното дело. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, за настанот е ...

Во време кога малите и средни бизниси во аграрниот сектор се соочуваат со бројни предизвици, европските фондови преку ИПАРД програмата стануваат се поважна алатка за развој и модернизација. Еден од успешните примери за искористување на овие средства доаѓа од Радовиш каде семејната млекарница „Ѓоргиеви“ го доживува својот втор подем. Благодарение на поддршката од ИПАРД, млекарницата не само што успеа да ги модернизира производствените ...

Дури 300 примероци мед стасаа за престижниот натпревар за највуксен мед ,,Меден Балкан“ кој се одржува за време на Агросаемот во Струмица. Викендов жири комисијата од искусни пчелари од Македонија, Србија и Бугарија ги оценуваа примероците во повеќе катетории при што фокус дадоа на вкусот, аромата, изгледот, бојата и други параметри важни за еден квалитетен мед. Извршено е оценување а на 4 октомври за време на Агросаемот во Струмица ќе бидат ...

Во општина Валандово Перо Костадинов и Ѓоко Камчев се кандидатурите за градоначалник на оваа општина. Актуелниот градоначалник Костадинов е од редовите на СДСМ и ќе оди на трет мандат додека кандидат на ВМРО ДПМНЕ е Ѓоко Камчев кој е актуелен директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и поранешен пратеник во Собранието. Што се однесува до место во Советот на Општина Валандово кој брои 15 члена конкурираат 5 политички ...

Според информациите на ДИК во општина Богданци доставени се две каднидатури за градоначалник и тоа од коалицијата на СДСМ која повторно ќе ,,трча“ со Блаже Шапов и од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ која го предложи Марјан Пеев. Што се однесува до кандидатските листи за членови во Советот доставени се пет и тоа: Во Општина Дојран за градоначалник се пријавени тројца кандидати во ДИК и тоа од партијата Демократи со кандидатот Милан Мајкиќ, СДСМ со ...

Во Гевгелија на престојните Локални избори, жителите од оваа општина ќе имаат можност да гласаат за еден од четирите кандидати за градоначалник. Иако таму имаше најава за независен кандидат сепак четирите кандидати се од политички партии. Нивните кандидатури и официјално се потврдени од изборните органи и на 19 ти диниот месец гевгеличани ќе може да гласаат за Тони Аврамов од Левица, Љупчо Бучков од Родина Македонија, Миле Атанасов од ...

За ЧЕТВРТОК – 18 септември во периодот од 8 часот и 15 минути до 16 часот планиран е прекини во електромрежата на повеќе локации и населени места во општините Ново Село и Босилово стои на веб страната на Електродистрибуција ДООЕЛ. Станува збор за планиран прекин кој се реализира согласно одапред утврдениот план за реконструкција и модернизирање на мрежата. Можни се отстапувања од предивдените временски рамки во зависност од сложеноста на ...

До Општинската изборна комисија во Радовиш доставени се три кандидатури за градоначалник и седул листи со кандидати за советници. Од страна на комисијата се проверуваат сите потребни документи за и околу кандидатурите на политичките партии и независни кандидатури За градоначалник во Радовиш кандидатури имаат поднесено Страхил Гавритов – независен, Љупче Почивалец од ВМРО ДПМНЕ и Ристо Спасов од СДСМ. Интересна ќе биде битката и за советничко ...

Петар Андреев кој за ФК Беласица има одиграно 555 меча во 22 натпреварувачки сезони и постигнато 50 гола со што е во топ 10 стрелците на клубот, доби признание од управата на ФК Беласица предводена од Славчо Васков Пинда. Пред одигрување на мечот Беласица – Детонит Плачковица, Пинда му додели плакета и врамен дрес со неговото име а публиката го скандирааше името на Перо Андреев кој е една од ретките живи играчки легенди на струмичка Беласица. ...

На претстојните Локални избори во Струмица ќе има независна граѓанска листа за советници предводена од Ѓорги Танушев. Станува збор за активисти кои со години се борат здрава животна средина и преточени преку граѓанската иницијатива ,,Стига е“ беа дел од досегашнито советнички состав. Сега претендираат на повеќе советнички мандати кои ќе носат одлуки во интерес на граѓаните при што најавуваат дека ќе нема никаква коалиција со било кој. Ќе ...

На 13.09.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.И.(55) од с.Ињево, радовишко. Во 13:45 часот на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна несреќа во која се здобил со повреди. При преземање мерки и вршење увид, односно по извршено алкотестирање утврдено e дека го управувал возилото под дејство ...

За престојните Локални избори 2025 во Струмица ќе има четири каднидати за градоначалник и седум листи за советници. Како што објави СтрумицаНет повикувајки се на информација од Општинската изборна комисија кандидати за градоначалници се Марјан Даскаловски од СДСМ, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Цасконоје од Единствена Македонија и Драган Котуровиќ како независен кандидат. Што се однесува за членови во Советот на Општина Струмица листи ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.24
35%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
53%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.36
50%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.35
61%
1021
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.33
45%
1019
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 23ᴼ
1.23
74%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
45%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.89
56%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.61
48%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.89
49%
1019
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.09
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Родиум

249168.29

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Калај

50.56

Злато

131072.82