
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски и лидер на владеачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на традиционалната Комитска вечер што ја организира ОК на ВМРО ДПМНЕ од РАдовиш. Комитската вечер се одржа синоќа во кругот на манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“, Ораовица во очи на денешниот празник Успение на Пресвета Богородица. На присутните се обрати Христијан Мицкоски но и претседателто на радовишкиот општински комитет Љупче Почивалец ...
Членовите на Дијаспора Петралинци во Швајцарија донираа работна униформа за вработените во ЈПКД Огражден во Босилово. Станува збор за жители од Петралинци кои работат и живеат во Швајцарија и на нивна иницијатива e обезбедена работната облека за вработените во комуналното. Има одделно униформи за работа преку летниот но и преку зимски период. Униформите се пристигнати во Босилово кои ќе бидат поделени на вработените во комуналното во Општина ...
Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираа од УЈП. „Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални ...
Судскиот совет на Македонија донесе одлука да се објави повторно оглас за избор на претседател во Основните судови во Струмица и Радовиш бидејки на претходниот не се јавил ниту еден кандидат. Оглас за избор на претседател ќе има и за Основен суд Гевгелија. Освен во овие градови огласи за избор ќе има и во Делчево, Берово, Крушево и Охрид, одлучи Судскиот совет За избор на претседател на Основните судови во Струмица и Радовиш, оглас беше распишан ...
На 28 август во чест на Денот на македонските рудари во Радовиш ќе се организира незаборавна музичка вечер на која ќе настапат Игор Џамбазов, Гуру Харе бенд и легендарните Црвена јабука. Спектаклот започнува во 21:00 часот со настапато на Џамбазов и ќе трае два часа. Тој на присутните ќе им музичко патување од својата тридецениска музичка работи со хитовите како што се „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу ...
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на социјалните мрежи објави дека во Струмица се отпочнува нов мега проект, односно дека на површина од 42 илјади квадратни метри се гради нов пазар. Веста ја сподели на ФБ. Пазарот ќе се наоѓа на во Урбан блок 9 или во непосредна близина на Агри кор кај Автобуската. ,,Струмица е земјоделски град и земјоделците и граѓаните заслужуваат нов модерен пазар. На површина од 42.000м2 го градиме најголемиот ...
Членовите на ФА „Мегдан“ од Богданци ги освоија симпатиите на жирито на четвриот Интернационален фолклорен фестивал за деца ,,Оро без гранци“ кој од 21 до 25 се одржа во Тиват Црна Гора во организација на тамошното КУД ,,Бока“. Младите на „Мегдан“ со своите кореографии успеаа да го доближат македонскиот фолклор и традиција до присутните во Тиват, каде на фестивалот учествуваа ансамбли и друштва од Црна Гора, Молдавија, Полска и Србија и околу ...
Дел од родителите на децата кои ја преставија Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија и се закитија со бронза во областа на програмирањето реагираат на игнорантскиот однос на државата за македонските таленти. На социјалните мрежи го изразуваат својот револт за тоа што се оставени сами на себе да ја преставуваат Македонија а се враќаат со одлични резултати. ,,До кога ќе бидете неми за овие деца? Дали не е срамота ...
Во рамките на манифестацијата ,,Босилово културно лето 2024“ во пресрет на големиот христијански празник “Голема Богородица“, во населеното место Секирник ќе се одржат традиционалните ,,Русалиски средби“ а годинава ќе има и Богородичен концерт со Елена Андоновска, Сашко Митев и оркестарот ,,Дај една чалгија“. На „Русалиските средби 2024“ ќе земат учество КУД ,,Танец“ од Миравци, ФА,,Бели Мугри“ од Кочани, ФА „Копачка“ Драмче -Делчево, ФА ...
Општина Василево доби возило – цистерна со вакум за чистење на фекалната канализација или оние краци каде е детектирано запушување и слаб проток на фекалиите. Станува збор за возило кое е донација од збратимената општина Согут од Турција. Со ова возило не само што ќе се заштедат средства туку и пофункционално ќе се одржува фекалната канализациона мрежа. Вакво возило беше неопходно бидејки општина Василево планира во наредниот период да продолжи ...
Членовите на здружението „Белев Рид“ од Фрибург Швјацарија покренаа хуманитарна акција за помош на опожарените семјества во Ново Село од јули годинава. Станува збор за Здружение формирано пред три години кое има за цел да организира хумани работи но и да ја јакне врската со Македонија . За таа цел тие на 14 ти септември организираат хуманитарна забава од која собраните средства ќе бидат наменети за опожарените семејства во Ново Село. Забавата ќе ...
На 22.08.2024 во 17.15 часот на регионалниот пат 1109, на место викано „Правото“ кај Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го привеле А.А.(54) од Богданци затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Струмичани повеќе од еден месец бесплатно ќе се возат со новите електрични автобуси. Периодот ќе започне од 11 септември со што и официјално ќе стартува Јавниот градски превоз во Струмица . Вака најави директорот на Струмица транспрот Драги Поп Стојанов на денешната инфо средба во Аутомакедонија во Скопје каде градоначалникот ги доби клучевите на првите автобуси. ,, Сите 10 автобуси се пристигнати како што е договорено. На 11 септември ќе имаме ...
Ученикот Марко Кренков од ООУ ,,Видое Подгорец“ од Струмица кој беше дел од тимот на Македонија освои бронзен медал на Европската јуниорска олимпијада која се одржа од 16 ти до 22 август во Кишињев Молдавија. Марко има 14 години и следната учебна година ќе биде деветоодделенец. Како што соопштија од Здружението на информатичари а Македонија (ЗИМ) станува збор за престижен интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 ...
,,Од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасаат во Струмица, полначите се поставуваат, авто базата се спрема оти овие вредни автобуси не треба да бидат на отворено а на 11 септември ќе повикаме преставници од Минситерството за транспорт и врски, преставници од дипломатскиот кор, да направиме еден официјален дел на отворање на пробен период на возење на автобусите“. Вака кажа директорот на ЈП Струмица Транспрот – Драги Поп ...
Илјадници гости и посетители дојдоа во Моноспитово и ужива во настапите на Ленче и Горан Кукиќ, Горан Алачки, Перо Христов, Елена Велеска и група Јупитер. Никој не остана рамнодушен на традиционалните песни кои ги обедини жителите на Монопитово и Општина Босилово независно дали се во родните огништа или на печалба во странство. Се пееа во глас песни кои се безвременски зајакнувајки ја врската на сите кон сопствените корени, култура и традиција. ...
На 21.08.2024 во 17.30 часот на магистралниот пат А4, кај клучка за с.Ињево, радовишко, , полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода К.Ј.( 31 ) и Д.Т.(22), двајцата од Радовиш. При преглед на патничко возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал К.Ј., а сопатник бил Д.Т., кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен jавен обвинител ...
Гевгелиската фирма ,,Обново инженеринг“ ги доби двата тендери што ги распиша општина Гевгелија и за изградба на пристапен пат но и за изградба на спортско рекреативниот парк “Топлик“, кој гевгеличани го изгласаа како приоритет на Форумот на заедниците. Двете јавни набавки гевгелиската фирма ги доби за околу 6 милиони денари или околу 98 илјади евра со вклучен ДДВ доставувајки на двете јавни набавки најниски цени. За изградба на пристапен пат од ...
На 20.08.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Ристо Шуклев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од малолетник од Гевгелија и патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано од З.К.(42) од с.Богородица, гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен ...
Во среда вечер во центарот на Моноспитово кај Центарот за развој на алтернативниот туризам а во рамките на манифестацијата ,,Босилово културно лето 2024“ ќе има Вечер на македонска народна музика. Ќе настапат Ленче и Горан Кукиќ, Елена Велеска, Перо Христов и група Јупитер. Сите тие ќе ја пренесат магијата на убавата фолк песна. На репертоарот се очекува да бидат стари изворни традиционални но и новосоздадени фолк песни кои и млади и стари ги ...
На 17.08.2024 во 00.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.М.(23) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека на 16.08.2024 околу 21.00 часот, по кратка расправија му упатувал закани и физички ја нападнал неговата мајка, по што оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Пожарот кај месноста ,,Слобода“ во близина на Винарската визба „Струмичко поле“ кој избувна вчера околу 13,30 сеуште е ставен под контрола. Пожарникари од струмичката противпожарна едница постојано интервенираa во текот на ноќта. ,,Благодарение на ефикасното делување на сите надлежни служби на терен, посебно на ТППЕ Струмица, пожарот кај месноста ,,Слобода“ во близина на Винарската визба „Струмичко поле“ е ставен под контрола,, објави ...
Наредниот период се очекува да бидат поставени летниковци со урбана опрема и мултифункционална спортска справа на месноста викана „Честе Јавори“ кај Богданци. Струмичката фирма Пешо инженеринг треба да ја постави откако минатиот месец го склучи договорот со Општина Богданци добивајки го тендерот во висина од околу 22 илјада евра со вклучен ДДВ. Тие беа единствената фирма што се јави на распишаната јавна набавка на општината. Според потпишаниот ...
Несовесни граѓани деновиве демолирале два летниковци. Едниот кај населеното место Дедино а вториот кај месноста викана ,,Осојот“. Станува збор за летниковци кои служеа за одмор и релаксација како за мештаните така и за посетителите. Првиот човек на Општина Конче Златко Ристов кој ги објави фотографиите од демолираните летниковци побара одговорност. ,,Навистина како човек неможам да си дадам објаснување за ваквите девијантни појави…Дали некој ...
Пожарот кај месноста ,,Слобода“ во близина на Винарската визба „Струмичко поле“ кој избувна околу 13,30 сеуште е активен. На терен се пожарникари од струмичката противпожарна едница која постојано интервенираat за да се стави под контрола. Поради ветроt тој се шири во повеќе правци истакна Александар Гудев за Струмица Нет ,,Во моментот не може да се стави под контрола, бидејќи се шири во повеќе правци и кон селата Сушево, Владевци, Добрашинци… ...
Вчера во 08.04 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локалниот пат од село Подареш кон село Смиланци се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт – 539 “ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 52-годишниот В.Т. од село Подареш, радовишко и мопед „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 47-годишниот Г.П. од село Подареш, извести МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.П., ...
На 14.08.2024 околу 09.00 часот на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Е.(25) од Струмица. Тој, управувајќи патничко возило „цитроен“, сопственост на такси компанија, кое претходно го одзел во Струмица, изгубил контрола и со возилото излетал од патот. Подоцна, при проверка во оперативната евиденција, било констатирано дека М.Е. бил баран по потерница за доиздржување затворска ...
Италијанско електронско дуо „Agents Of Time“, хитмејкерите вредни неколку милијарди прегледи италијанско-шведско трио „Meduza“ , њујоршката афро-хаус дива Layla Benitez неприкосновена кралица на балканската трап и поп сцена Senidah како и 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija се артистите кои годинава ќе настапат на Get EXITed настанот во Струмица. Сите тие на сцената во големиот градски парк ќе донесат различни жанрови, ...
Со одлука на градоначалникот Костадин Костадинов, за ВД директор на ЈОУ Детска Градинка „Детска Радост“ е назначена Фроска Хаџи – Тосева. Таа ќе ја замени досегашната директорка Каролина Дончева. Фроска Хаџи – Тосева доаѓа од редот на вработените во установата која од 2005 година работи како воспитувач и по професија е Дипломиран Професор по предучилишно воспитување ( фото: СтрумицаНет ) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање ...
Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.К.(24) од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(49) од с.Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Б.Ш.(45) од Богданци. Во несреќата со ...