
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Обвинителството ќе бара притвор за осомничените во случајот „Делчевски ниви“, за кој вчера Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава, дознава „Фокус“. Oбвинителството не бара притвор поради опасност од бегство , туку дека можат да ја попречат кривичната постапка со влијание врз сведоци или да уништат докази. Седумината осомничени вчера беа уапсени и однесени во полициска станица, а во текот на денешниот ден ...
Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, околу 120 километри источно од главниот град Дакар. „Болка и шок откако дознав за смртта на 11 новородени бебиња во пожарот што избувна во болницата Мама Абду Азиз Си Дабак во Тивауан“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал во пораката објавена преку „твитер“, кој инаку е во државна посета ...
Ова е најголем масакр во основно училиште во САД по трагедијата во Сенди Хук во Конектикат во 2012 година, во која беа убиени 26 лица, од кои 20 деца на возраст меѓу шест и седум години Најмалку 19 ученици и двајца возрасни се убиени во пукање во основното училиште Роб во Увалда, Тексас, на околу 130 километри од Сан Антонио. Напаѓачот, идентификуван од властите како Салвадор Рамос, е мртов и се верува дека дејствувал сам. Гувернерот на Тексас ...
Се трага по лице кое паднало во канал за наводнување во село Тркање, додека работел на објект. Според информациите од МВР, вчера во 17,10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за ...
Во среда е закажан состанок на Комисијата за заразни болести, за да се разговара за можни мерки коишто може да се преземат за да се спречи пренесување на вирусот во земјава, односно, најмногу што може да се одложи регистрирањето на првиот случај во Македонија. Една држава веќе воведе карантин за заразените со мајмунски сипаници, а епидемиолозите смируваат. Но, подучени од тоа што го донесе Ковид-пандемијата, светот се подготвува за лошо ...
За малку е избегната трагедија вчера во Старата скопска чаршија, а само брзата реакција на противпожарната единица спречила огнот да го проголта хотелот „Буши“ и да се прошири врз околните објекти во Чаршијата. Според Телма, во турканиците, вкупно седумдесетина луѓе се повредени – десетици вдишале чад, дел завршиле во болница, а со повреди се здобиле и тројца пожарникари. Огнот, според информациите од противпожарната служба, ...
Поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, и олигархот Михаил Ходорковски, двајца противници на рускиот претседател Владимир Путин во егзил, денеска се ставени на списокот на „странски агенти” во Русија, соопшти руското Министерство за правда. Терминот „странски агент”, што во превод значи „непријател на народот” од советската ера, нашироко се користи во Русија против опозиционерите, новинарите и ...
Од финскиот државен гигант за гас „Гасум“ соопштија дека добиле известување од руски „Газпром“ оти снабдувањето со природен гас од Русија ќе биде прекинато во сабота наутро. Од компанијата соопштија дека и натаму ќе продолжат да ги снабдуваат со гас своите клиенти од Финска, но од други извори преку балтичкиот конектор на гасоводот Овој потег од Русија следува само неколку дена откако земјата прекина да ја снабдува Финска ...
Ова е четврта пресуда што ја изрекува првостепениот суд за предмет каде што обвинет е експремиерот Груевски, а шеста за поранешниот министер Јанакиески Девет години затвор за експремиерот Никола Груевски, три години за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, четири години за бившиот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Ова се дел од изречените казни во случајот ТНТ кој се однесува на рушењето на објектот ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи се уште е на констатацијата дека „топката“ е во Бугарија и според него таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа што понатаму со процесот меѓу Скопје и Софија. – Ние тоа што го имавме го кажавме на сите средби, дури го формализиравме во различни документи, така што ние не работиме на нешто ново од тоа што досега го разговараме. Очекуваме Република Бугарија да има ...
Независниот синдикат на професионални војници (НСПВМ) најавува дека од недела започнува штрајк пред Владата. На ваков чекор се одлучиле бидејќи, како што велат веќе два години Владата за дел од професионалните војници не презема никакви активности за префрлување во друга институција. -Согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе ...
Над 260 од украинските борци засолнети во челичарницата Азовстал во Мариупол, ја послушаа наредбата на украинската воена команда и синоќа го положија оружјето и се предадоа на руските сили. Со автобуси се евакуирани во области под руска контрола а повредените војници се хоспитализирани соопшти руското минситесртво за одбрана. Киев се надева дека украинските војници и членови на батаљонот Азов ке бидат разменети за руски воени заробеници. Во ...
Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, потпиша апликација за влез на земјата во НАТО. Ова на Твитер го објави претставништвото на земјата во Алијансата. Претходно Норвешка, Данска и Исланд ветија дека ќе им помогнат на Финска и Шведска доколку овие земји бидат нападни за време на пристапувањето во НАТО Алијансата. Владејачката социјалдемократска партија во Шевдска во неделата го поддржа влезот на оваа земја во НАТО, со што е ...
Управниот одбор на Групацијата Рено едногласно го одобри потпишувањето на спогодбата за продажба на сите акции што ги поседува во Рено Русија на градот Москва, додека уделот од 67,69% во инситутот за истражување и развој на автомобили и мотори НАМИ одат на контото на АВТОВАЗ. Овие трансфери со ништо не се условени и набавени се сите согласности. Спогодбата овозможува во текот на следните шест години Рено да го откупи својот удел во АВТОВАЗ. ...
Американските власти открија подземен тунел меѓу Калифорнија и Мексико, долг колку фудбалско игралиште. Тунелот има струја, вентилација, железнички систем, а ѕидовите се зајакнати, пренесува „Гардијан“ Истражителите утврдиле дека тунелот водел до складиштето до индустриската зона на американско тло. Тунелот се наоѓа на 800 метри од граничниот премин Отаи Меса, помеѓу мексиканската Тихуана и американскиот Сан Диего. Откако ...
Двајца полски државјани се уапсени во Србија додека неовластено ја снимале фабриката за оружје „Слобода“ во Чачак, а постојат основани сомнежи дека се работи за шпиони кои собирале разузнавачки информации за овој воен објект. Љубан Каран, пензиониран потполковник на КОС, истакнал дека Полска веќе се однесува како да е во воена зона и дека кон Србија се однесува неправедно како да има врска со оваа војна. – Полска веќе се ...
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а дизелот поевтинува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 94, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 86, а Екстра ...
Минатата недела Северна Кореја за првпат призна присуство на „експлозивна“ епидемија, откако две години тврдеше дека нема заразени лица во земјата. Експертите предупредуваат дека тоа би можело да предизвика бројни проблеми во земјата, ограничена со лекови и без програма за вакцинација. „Лековите кои ги набави државата не стигаа до луѓето на правилен и точен начин“, изјави Ким на итниот состанок одржан во неделата, пред да ...
Утре и во вторник како што веќе најавивме, времето во Македонија ќе биде сончево и многу толп со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. И во Скоспкиот регион во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, како и МНОГУ ТОПЛО со мала локална ...
Украинка се искачи на Монт Еверест и испрати силна порака до светот дека знамето треба да се вее како симбол на непобедливоста. Станува збор за Антонина Самоилова која оваа недела се искачила на Монт Еверест во склоп на експедицијата чија цел била да се покаже „непобедливоста на украинскиот дух“. „Војната ги уништи соништата на милиони луѓе. За некои сонот беше да се искачат на Еверест, но тоа нема да се случи во 2022 ...
Најмалку 10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука. Злосторството се случи во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк. Напаѓачот убиствата ги пренесувал директно на интернет сервисот Твич преку камера што ја поставил на кацигата. Тој бил тешко вооружен, а како што објавуваат тамошните медиуми, имал воена опрема и панцир. Според неофицијалјните информации најголем дел од жртвите се афроамериканци, а ...
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија најави дека ќе дадат се од себе наредна година манифестацијата да се одржи во Мариупол. -Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на ...
Рускиот претседател Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор со финскиот колега Саули Нинисто, истакна дека би било грешка ако Хелсинки се откаже од неутралниот статус и се придружи на НАТО, соопшти Кремљ. „Финска не се соочува со безбедносни закани и потенцијалната промена во нејзината надворешнополитичка позиција може негативно да влијае на билатералните односи помеѓу двете земји“, истакнал Путин. Тој го информирал Нинисто ...
Чешка отвори рекорден долг висечки мост. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјата им овозможува на планинарите кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник. Мостот е вистинска атракција и се протега на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри. „Скајбриџ ...
Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и ...
На биткоинот му се заканува целосно пропаѓање доколу продолжи трендот од последното деноноќие. Најпозната криптовалута падна 12 отсто, а во текот на минатата недела за повеќе од 30 отсто, што е минимални 26.848 долари, најниско од декември 2020 година. Со други зборови избришана е вредност од 200 милијарди долари од пазарот за еден ден. Според аналитичарите 30.000 долари за биткоин е клучната точка под која не смее да се паѓа. Се чини дека ...
Трагедија утринава ја потресе Србија. Српските медиуми јавуваат дека мајка од балкон си го фрлила детето, петгодишната ќерка, па скокнала по неа. Во улицата „Грге Јанкеса“ во Миријево утрово околу 8 часот мајката М.К, и нејзиното дете, паднале од третиот кат од ходникот на зградата, а сосетката, која била сведок на страотната несреќа, кажала дека глетката била шокантна, јавува kurir.rs. – Слушнав дека нешто пукна. Таа прво го ...
Претставничката на Србија, Ана Ѓуриќ Констракта се пласираше во финалето на изборот за песна на Евровизија што ќе се одржи на 14 мај во Торино. Заедно со Србија, во финалето по вечерашното полуфинале се пласираа Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија. Половина од бодовите во гласањето и беа доверени на јавноста, а другата половина од гласовите и припадна на стручното жири. Констракта синоќа настапи ...
По тешка борба, на 41 година почина ликовната уметница Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и тв-водителка Јулија Мациевска. Нејзината мајка Јулија пред неколку дена јавно упати апел на социјалните мрежи со цел луѓето да се помолат за влошената состојба на нејзината ќерка Андријана која храбро се бореше со битката со ракот на онкологија. Андријана Мациевска беше академски сликар, а зад себе ја остави ќерката Стефанија. На ...
Северна Кореја утринава официјално го потврди првиот случај на појава на ковид-19 во земјата, а државните медиуми објавија дека во Пјонгјанг е откриена позаразна подваријанта на вирусот омикрон познат како БА.2. „Најголемата вонредна ситуација во земјата се случи поради пукнатина на нашиот карантински фронт, кој успешно го заштитивме во изминатите две години и три месеци од февруари 2020 година“, објавија државните медиуми. Во ...