
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Православните верници денеска го слават празникот Богојавление, а централните манифестации, традиоционално ќе се одржат во Скопје и Охрид со осветување на водите на реката Вардар и Охридското езеро со положување на крстот во нив. Празникот се одбележува од вториот век, а уште се нарекува и Водици поради големиот водосвет што го врши црквата на овој ден. Според христијанското предание, на овој ден се одбележува крштевањето на Исус Христос од ...
Денеска во 12.00 часот пред зградата на Европската комисија во Софија ќе се одржи протест за поддршка на македонскиот државјанин Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид. „Правда за Христијан од Охрид! НЕ за дискриминацијата на Бугарите“, е мотото на протестот. „Настанот е строго неполитички и непартиски. Секој е добредојден како обичен граѓанин“, објавија на Фејсбук организаторите на протестот во знак на сочувство со Христијан и против ...
Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова е најновата жртва на напад од агресивни кучиња. Денеска околу 17ч пред мезе бар БараБар во Струга беше нападната 31 годишна девојка. Ја нападнале 6 кучиња скитници од кои две ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа. Едното куче ја каснало за левата нога нанесувајќи и длабоки, видливи рани со видливо крварење, а второто ја каснало за десната рака, исто ...
Сашо Мијалков осуден на 2 години да случајот Титаник 2, а Мендух Тачи е осуден на 2 годни затвор.Осудени се Влатко Сајковски 2 години, Само Срцев 2години , Бедредин Ибраими 2 години и Анета Стефановска 2 години. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2″, откако Кривичниот суд во 2019 година ги осуди обвинетите, но во декември истата година, Апелациониот суд поради суштествени повреди на постапката ја укина пресудата и случајот го ...
Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена. Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. Додаваат дека интензивно се работи на расчистување на случајот и откривање ...
Во интервјуто за бугарската „БТВ“ министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека истрагата ќе покаже дали Христијан Пендиков во Охрид бил нападнат поради тоа што се чувствувал како Бугарин, а полицијата ќе одговори на деталите околу жалбата на Христијан во СВР Охрид поради наводни закани три дена пред да биде претепан. – Се видов и со мајката на Христијан и и посакав брзо закрепнување на синот, но исто така и жалење за инцидентот. ...
Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ. ИЗЈ додава дека 32 примерока се позитивни на SARS-CoV-2, а селектираните примероци биле од месеците ...
Веќе три години Тефик Абдили од село Боговиње ја бара својата ќерка. Таа излегла од дома на 7 јануари 2020 година кога имала 19 години, земајќи го со себе само пасошот. Еден ден по излегувањето од дома, според зборовите на нејзиниот татко, таа го исклучила телефонот и од тој ден нема никаква трага. Случајот го пријавил и во полиција, но нема резултати. „Случајот го пријавив и во полиција, но немам повратни информации дали е жива или мртва. Затоа ...
Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР. -Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и ...
На 81-годишна возраст почина познатиот американскиот рок кантавтор Дејвид Крозби. Информацијата за неговата смрт, во изјава за американски медиум ја потврдила неговата сопруга. „По долго боледување почина нашиот сакан Дејвид Крозби. Иако тој повеќе не е со нас, неговата хуманост ќе продолжи да не водат и инспирира. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“,изјавила сопругата на Крозби за американски медиум. ...
Во хеликоптерска несреќа денес пред главниот град на Украина загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Официјални лица рекоа дека несреќата се случила во близина на градинка во Бровари, предградие источно од Киев, каде што девет од загинатите биле во хеликоптерот кога се урнал. Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм рече дека ...
На социјалната мрежа Твитер се појави видео снимка од последните моменти во авионот што се урна во Непал, направена со мобилен телефон од патник во авионот. Во падот на патничкиот авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите. Авион ATR72 на Јети ерлајнс падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од патниците ...
Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Прекарот го добил од истоимениот италијански лик од стрипови. Тој се смета за еден од новите водачи на Коза Ностра по апсењето на Бернардо Провенцано на 11 април 2006 година и апсењето на Салваторе Ло Пиколо во ноември 2007 година. ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска е во својата прва посета на Украина во улога на претседавач со ОБСЕ, утринава по пристигнувањето во земјата се упати во градот Бородјанка во Киевската Област кој е силно погоден од воените дејствија. Движејќи се меѓу урнатините и уништените станбени згради, Османи од украинскиот град уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина додавајќи дека не постои оправдување за континуираниот ...
На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во времетраење од осум дена и тој е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Освен него, притвор им е одреден и на двајца од четворицата полицајци. Утринава тие се спроведени во затворот. Кривичниот суд смета дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му помогнале ...
На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза “поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат ...
Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Имено, вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница Усје се пониски од дозволените гранични ...
Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција. Од Јавното ...
Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција. Од Јавното ...
Не престануваат реакциите во јавноста по смртта на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина пред два дена. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, откри дека славната Мара Попара имала исклучително тежок живот пред да замине на оној свет, блиски пријатели на семејството открија дека Крстева умрела во најголеми маки откако пред само неколку месеци ѝ починало единственото чедо-синот ...
Сите летови низ САД беа откажани, откако Федералната управа за авијација соопшти дека има прекин на компјутерскиот систем. Сите летови кон САД беа приземјени по инцидентот, изјави за NBC News извор запознаен со ситуацијата. „Техничарите моментално работат на обновување на системот и во моментов нема проценка за обновување на услугата“, се вели во соопштението. FAA работи на обновување на својот систем и се вршат конечни проверки за валидација. ...
Одбраната на осудениот поранешен прв цариник Драган Даравелски побара повторување на судската постапка по неговото вчерашно апсење на граничниот премин Табановце. Оваа информација ја потврди Основниот суд Скопје 1. Даравелски беше осуден со правосилна пресуда во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, која пресуда е потврдена и правосилна од Апелациониот суд Скопје од март 2008 година. ...
Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но и случајот „Транспортер“ за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, а пропусти има и во случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај ПМФ. Ова се дел од заклучоците донесени на денешната седница на Судскиот совет по направената ревизија во Апелација. Работна група од ...
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески започна со издржување на затворска казна за случајот „Транспортер“. Тој синоќа бил спроведен во затворот во Прилеп. Талески помина три години во домашен притвор, а во меѓувреме земаше плата од Битолскиот народен театар каде е вработен како актер. Случајот за кој е осуден тој и уште 20 лица се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен акт против докторот Жан Митрев, сопственик на истоимената клиника, за кривичното дело измама (член 247, став 4 од Кривичниот законик), а поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација. Обвинителен предлог за измама има и за клиниката како правно лице. За кривичното дело за кое е осомничен Митрев предвидена е затворска казна од 1 до 10 години, додека на клиниката и се ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. ...
Попладне, најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски вели дека Русија зборува за прекин на огнот бидејќи сака да го искористи како фронт за да го запре напредувањето на Украина во источниот регион Донбас и да испорача повеќе луѓе и опрема. „Тие сега сакаат да го искористат Божиќ како покритие, иако накратко, за да го запрат напредувањето на нашите момци во Донбас и да ја доближат опремата, муницијата и мобилизираните трупи до нашите позиции“,рече ...
Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа која денеска се случи на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Повредените се пренесени во Општата болница во Велес каде им се укажува лекарска помош. До несреќата дошло откако на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ се судриле воз на „Македонски железници“ и такси возило – комбе. Комбето кое било управувано од ...
Српскиот новинар Владан Радосављевиќ почина, а неговата сопруга Олга е тешко повредена откако биле нападнати од глутница кучиња во близина на нивната викендица кај Голема Иванча. Радосављевиќ и неговата сопруга Олга се движеле покрај дворот од кој, според полицискиот извештај, низ отворената ограда истрчале три кучиња и ги нападнале. Кучињата се свртеле кон 62-годишниот новинар, кој починал како последица од страшниот напад, додека неговата ...