Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. „Двајцата обвинети преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност ...

Исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година ќе почне во текот на утрешниот ден и в среда. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, велат од Фондот. Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. „Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во ненадејна посета на Киев. Веста за неговото доаѓање беше објавена на социјалните мрежи, а ја потврди и украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко. Ова е прва посета на Бајден на Киев како претседател на САД и во време кога земјата е во војна со соседна Русија. Токму поради оваа причина, не се очекува Бајден да остане во Киев повеќе од неколку часа, но во секој случај оваа ненадејна посета ...

Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој се најде во центарот на скандалот со Драган Павловиќ-Латас кој во неговиот подкаст зборуваше за начинот на кој тој и негови другари на 15 години сексуално злоупотребиле девојка во автомобил, која притоа била и „шамарана“, ја искина партиската книшка од СДСМ. Ова следува откако Форумот на жени на СДСМ јавно ги осуди Лазаров и Латас и го повика Јавното обвинителство да покрене постапка. ...

Европскиот суд за човекови права утре во Стразбур ќе ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Се работи за аболицијата од април 2016 година со која Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство. Аболицијата предизвика реакции и улични протести, кои резултираа со измени во Законот за помилување за да му се отвори ...

Утре истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам. Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба. Министерот Османи разговараше со претставници на македонските Бугари. Ден пред истекување на рокот за промена на имињата на бугарските клубови во земјава, „Иван (Ванчо) Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, претставници на македонските Бугари на ...

Простор за триумфализам на Владата нема, а со решението на Стразбур не се одлучува дали важат или не важат аболициите дадени од претседателот Ѓорѓе Иванов. Вака адвокатот Влатко Илиевски за „Макфакс“ ја објаснува одлуката донесена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тој посочува дека откако Кривичен суд, Апелација, па на крај и Врховен суд ќе донесат пресуди за предметите, со што ќе се исцрпат сите правни лекови, ќе треба Стразбур ...

Хаосот на блокираниот систем на Фондот за здравствено осигурување од ден во ден им создава се поголеми главоболки на вработените во здравството, а згора на се им го загорчува животот на пациентите, матичните лекари, болниците зашто се оставени на цедило. Расте револтот кај вработените во јавното здравство, кои не ја добиле платата за јануари. Матичните имаат уште еден проблем, кој може да стане уште поголем, ако овој прекин потрае. Имено, тие не ...

Првичните информации велат дека камионот нелегално превезувал околу 50 мигранти од Авганистан кои се криеле меѓу дрвениот градежен материјал сместен во возилото. Причината за смртта на мигрантите засега е непозната, но полицијата ја исклучува можноста за сообраќајна несреќа Осумнаесет лица, меѓу кои и едно дете, се пронајдени мртви во напуштен камион во бугарското село Локорско во околината на Софија, информира Министерството за внатрешни работи ...

Се огласи Бојан Јовановски – Боки 13 кој доби 9 години затвор за случајот „Рекет“, се огласи со соопштение во кое информира дека добил фалсификувано судско решение. „Со ова писмено соопштение за јавност, ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакното барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојаба од животно загрозувачки ...

Алејна Олмез (17) е спасена од урнатините во Турција, 248 часа по земјотресот што ги погоди јужна Турција и Сирија, јавува агенцијата Анадолија. Таа e извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас. Екипите додека ги пребаруваа урнатините слушнале глас. После тоа, 17-годишната Алејна била спасена и пренесена во болница. Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето под урнатините. Најмалку ...

Според првите информации од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 5,2 степени. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри на островот Крк во 9 часот и 47 минути. Тресењето на земјата се почувствувало низ целата земја, вклучително и во Загреб, каде се нишаа зградите. Иако според ЕМСЦ земјотресот бил 5,2 хрватските сеизмолози наведуваат дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени. Да потсетиме, во декември 2020 година, разорен земјотрес ...

Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи за недопуштена жалбата во предметот „Талески и другите против Северна Македонија“. Одлуката е конечна, соопштија од судот. Таа се однесува на случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, од април 2016 година со која тој опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство. Аболицијата предизвика ...

Најдоцна за еден месец пациентите со цистична фиброза, чија состојба е најкритична, би го добиле лекот „трикафта“, информираа денеска од Владата преку писмено соопштение додавајќи дека се завршени административните процедури за набавка на лекот. Испораката не лекот за овие пациенти, како што велат оттаму, се очекува да биде направена од добавувачот согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на ...

Средбата е во пресрет на истекувањето за законскиот рок за пререгистрација на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и провокација која што предизвикува тензии меѓу Скопје и Софија. Бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Клубот „Цар Борис Трети“ од Охрид веќе се обратил до Централниот регистар и нивното барање е во процедура. Тоа не е случај и со битолскиот клуб „Иван ...

Охриѓанецот Христијан Пендиков, ексклузивно за БТВ изјави дека сака да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин. Ова е негово прво појавување по нападот во Охрид, по што Софија со владин авион го однесе на лекување во Бугарија. Тој објасни дека во Охрид го тепале затоа што се пишувал дека е Бугарин. Медиумот пренесе дека тој претходно бил македонист, но потоа осознал дека е македонски Бугарин, а денес како што самиот рече дури и мајка му ...

Даравелски веднаш откако ќе ја прими одлуката за ново судење треба да биде пуштен од Идризово на слобода. Соопштението на скопскиот Кривичен суд во продолжение: Заради интерес на медиумите за предметот против обвинетиот Драган Даравелски, осуден со правосилна пресуда К.бр. 809/05, а кој на 10 јануари беше приведен по распишана меѓународна потерница и спроведен на издржување на затворската казна, ја информираме јавноста дека: Кривичниот совет на ...

Земјотрес со јачина од 5.7 степени според Рихтеровата скала го погоди попладнево западниот дел на Романија, кој се почувствувал во делови и на Србија и на Бугарија. Епицентарот на потресот бил идентичен како и вчерашниот – 71 километар североисточно од градот Добрета – Турну Северин, на длабочина од 10 километри. Вчера беа регистрирани три земјотреси во Романија и еден во Хрватска во период од еден час. Разорни земјотреси во минатиот понеделник ...

Турските медиуми јавуваат дека три чуда се случиле 198 часа по земјотресот или деветтиот ден од потресот. Тројца млади момчиња поминале девет дена под урнатините и биле извлечени живи. Станува збор за 17-годишниот Мухамед Енес и неговиот постар брат, кои беа спасени во градот Кахраманмараш и 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, кој беше спасен во градот Адијаман. Сите се пренесени во болница и засега нема нови информации за нивната состојба. Поради ...

Во текот на вчерашниот ден пред зграда во центарот на Скопје пронајдени се починат маж и жена која се бори за живот. На 12.02.2023 во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, се ...

По повеќегодишна војна, жителите на регионите во северозападна Сирија погодени од катастрофалниот земјотрес се соочуваат со нова и влошена реалност. Една недела по разорниот потрес со јачина од 7.8 степени ги погоди Сирија и Турција, Обединетите нации го признаа неуспехот на меѓународната заедница да им помогне на Сиријците- жртви на земјотресот. Во Атареб, град под контрола на сириските бунтовници, преживеаните копаат низ урнатините на нивните ...

Тинејџер рано изутринава неповреден бил извлечен од урнатините на една зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес. Спасувачите го извлекле Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што бил заробен од понеделникот. Седумнаесетгодишникот се насмевнал на толпата пријатели и роднини кои го скандирале неговото име, ракоплескале и плачеле додека спасувачите го носеле и го ставале на носилки. Тинејџерот рекол дека бил ...

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините на урната зграда во северозападна Сирија, по земјотресот во понеделникот. Кога била спасена, бебето Аја (што значи чудо на арапски) сè уште било поврзано со папочна врвца со нејзината мајка. Мајка и’, татко и’ и сите четири нејзини браќа и сестри загинаа по земјотресот што го погоди градот Џиндарис. Аја сега е во болница. „Таа пристигна во понеделникот во толку лоша ...

По вчерашниот претрес во домот на Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“, од скопското обвинителство излегоа со детали за акцијата, потенцирајќи дека е осомничен за неколку кривични дела. -По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против ...

Состојбата во Сирија е катастрофална. Владините податоци велат дека околу 298.000 Сиријци биле принудени да ги напуштат своите домови, објави државната новинска агенција САНА. Во земјата се отворени 180 прифатилишта за итни случаи. Илјадници луѓе сè уште се водат како исчезнати, а оперативните спасувачки тимови и механизација за расчистување на остатоците остануваат итно потребни бидејќи долготрајната граѓанска војна и меѓународните санкции ја ...

Фотографии на татко кој ја држи раката на својата ќерка која загина во земјотресот се проширија од турскиот град Караманкараш. Фоторепортерот на агенцијата АФП, Адем Алтан, направи серија фотографии денеска кои го прикажуваат Месут Ханџер како седи среде уништена зграда. Притоа ја држи раката на 15-годишната ќерка Ирмак, чие тело останува заглавено под урнатините. Караманкараш е еден од најтешко погодените градови во вчерашната катастрофа и во ...

Секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, Христијан Пендиков, кој неодамна беше нападнат, а потоа, пренесен и лекуван во Софија, ќе биде сместен во стан во главниот град на Бугарија кој ќе му го плаќа бугарското МНР. Ова на прес-конференција го соопшти в.д. Министерот за надворешни работи Николај Милков, според кого, МНР му доделило и дневници, со што тој и неговата мајка ќе можат да се издржуваат додека се во Бугарија, бидејќи сметаат дека во ...

33 основни училишта низ Скопје по електронска пошта добија нови закани за поставена експлозивна направа. Според МВР, кај сите училишта дојавите дошле во речиси истиот период во 12.30 часот. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е втора дојава за бомба од стартот на второто полугодие. ...

Во серијата земјотреси во Турција и Сирија загинаа 4.890 луѓе, според новиот биланс на загинати денеска објавени од официјалната турска хуманитарна организација Афад. Во Турција загинаа 3.381 лице, додаде организацијата, која не го прецизираше новиот број на повредени. Во претходниот извештај пред неколку часа, организацијата Афад наведе дека во Турција и соседна Сирија загинале 4.365 лица, додека во Турција имало 15.384 повредени. Турција во ...

Во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди јужна Турција и северна Сирија загинаа најмалку 641 лице, а се очекува бројот да расте. Се верува дека стотици луѓе сè уште се заробени под урнатините додека спасувачите ги „чешлаат“ купиштата во потрага по преживеани. Асошиетед прес објави дека турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека најмалку 284 лица загинале во ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
26%
1010
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1011
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1010
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
31%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.32
36%
1011
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.63
51%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
38%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
44%
1010
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52