Турските медиуми јавуваат дека три чуда се случиле 198 часа по земјотресот или деветтиот ден од потресот. Тројца млади момчиња поминале девет дена под урнатините и биле извлечени живи. Станува збор за 17-годишниот Мухамед Енес и неговиот постар брат, кои беа спасени во градот Кахраманмараш и 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, кој беше спасен во градот Адијаман. Сите се пренесени во болница и засега нема нови информации за нивната состојба. Поради ...

Во текот на вчерашниот ден пред зграда во центарот на Скопје пронајдени се починат маж и жена која се бори за живот. На 12.02.2023 во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, се ...

По повеќегодишна војна, жителите на регионите во северозападна Сирија погодени од катастрофалниот земјотрес се соочуваат со нова и влошена реалност. Една недела по разорниот потрес со јачина од 7.8 степени ги погоди Сирија и Турција, Обединетите нации го признаа неуспехот на меѓународната заедница да им помогне на Сиријците- жртви на земјотресот. Во Атареб, град под контрола на сириските бунтовници, преживеаните копаат низ урнатините на нивните ...

Тинејџер рано изутринава неповреден бил извлечен од урнатините на една зграда во турскиот град Газиантеп, четири дена по катастрофалниот земјотрес. Спасувачите го извлекле Аднан Мухамед Коркут од подрумот каде што бил заробен од понеделникот. Седумнаесетгодишникот се насмевнал на толпата пријатели и роднини кои го скандирале неговото име, ракоплескале и плачеле додека спасувачите го носеле и го ставале на носилки. Тинејџерот рекол дека бил ...

Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините на урната зграда во северозападна Сирија, по земјотресот во понеделникот. Кога била спасена, бебето Аја (што значи чудо на арапски) сè уште било поврзано со папочна врвца со нејзината мајка. Мајка и’, татко и’ и сите четири нејзини браќа и сестри загинаа по земјотресот што го погоди градот Џиндарис. Аја сега е во болница. „Таа пристигна во понеделникот во толку лоша ...

По вчерашниот претрес во домот на Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“, од скопското обвинителство излегоа со детали за акцијата, потенцирајќи дека е осомничен за неколку кривични дела. -По барање на Основното јавно обвинителство Скопје, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, синоќа беше извршен претрес во домот каде престојува едно осомничено лице, како и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци. Против ...

Состојбата во Сирија е катастрофална. Владините податоци велат дека околу 298.000 Сиријци биле принудени да ги напуштат своите домови, објави државната новинска агенција САНА. Во земјата се отворени 180 прифатилишта за итни случаи. Илјадници луѓе сè уште се водат како исчезнати, а оперативните спасувачки тимови и механизација за расчистување на остатоците остануваат итно потребни бидејќи долготрајната граѓанска војна и меѓународните санкции ја ...

Фотографии на татко кој ја држи раката на својата ќерка која загина во земјотресот се проширија од турскиот град Караманкараш. Фоторепортерот на агенцијата АФП, Адем Алтан, направи серија фотографии денеска кои го прикажуваат Месут Ханџер како седи среде уништена зграда. Притоа ја држи раката на 15-годишната ќерка Ирмак, чие тело останува заглавено под урнатините. Караманкараш е еден од најтешко погодените градови во вчерашната катастрофа и во ...

Секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, Христијан Пендиков, кој неодамна беше нападнат, а потоа, пренесен и лекуван во Софија, ќе биде сместен во стан во главниот град на Бугарија кој ќе му го плаќа бугарското МНР. Ова на прес-конференција го соопшти в.д. Министерот за надворешни работи Николај Милков, според кого, МНР му доделило и дневници, со што тој и неговата мајка ќе можат да се издржуваат додека се во Бугарија, бидејќи сметаат дека во ...

33 основни училишта низ Скопје по електронска пошта добија нови закани за поставена експлозивна направа. Според МВР, кај сите училишта дојавите дошле во речиси истиот период во 12.30 часот. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Ова е втора дојава за бомба од стартот на второто полугодие. ...

Во серијата земјотреси во Турција и Сирија загинаа 4.890 луѓе, според новиот биланс на загинати денеска објавени од официјалната турска хуманитарна организација Афад. Во Турција загинаа 3.381 лице, додаде организацијата, која не го прецизираше новиот број на повредени. Во претходниот извештај пред неколку часа, организацијата Афад наведе дека во Турција и соседна Сирија загинале 4.365 лица, додека во Турција имало 15.384 повредени. Турција во ...

Во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што утринава ја погоди јужна Турција и северна Сирија загинаа најмалку 641 лице, а се очекува бројот да расте. Се верува дека стотици луѓе сè уште се заробени под урнатините додека спасувачите ги „чешлаат“ купиштата во потрага по преживеани. Асошиетед прес објави дека турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека најмалку 284 лица загинале во ...

Пет лица, меѓу кои и двајца полициски службеници се повредени при сообраќајка што вчеравечер се случила меѓу „туран“ и полициско „шевролет спарк“. – На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, липковско и ...

Силниот студен ветер синоќа донесе и минусни температури. Најладно беше на Попова Шапка каде утрово е измерена температура од – 15 степени, а снежната покривна достигна 61 сантиметар висина. Денеска се очекува да биде променливо облачно и многу студено време. На повеќе места ќе дува силен ветер со можна брзина од над над 70 км/час од северен правец. На планините се очекува денеска да продолжи да врне снег. Максималната температура ќе достигне од ...

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, преку својот Фејсбук профил ги повика своите сонародници достоинствено да го одбележат роденденот на „бугарскиот народен херој Гоце Делчев“ и им предложи тоа да го направат во било кој град, односно да не одат во Скопје. „Другари и сограѓани Бугари, никој, апсолутно никој, ниту родово определените родители на антибугарскиот македонизам од Коминтерната, ниту неговите родово одредени чувари во Брисел, не ...

Системот за контрола на Деве Баир не е во функција речиси час и половина и на преминот има застој за влегување во земјава. Проблемот е за влез во Македонија па затоа дел од бугарските државјани кои утрово сакаат да влезат чекаат во колона. Екипата на „А1он“ која е на граничниот премин забележа десетици возила кои веќе се пропуштени од бугарска страна чекаат на македонскиот дел од гранциата за да бидат пропуштени во земјава. Околу 150 Бугари ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 81 седница донесе одлука да достави иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и членовите на централната комисија поради основани сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер системот на финансирање фондации и спортски клубови. ДКСК до Владата ќе достави и иницијатива за утврдување ...

Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза. Министрите за здравство Беким Сали и за финансии Фатмир Бесими денеска одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот. Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти ...

Во тек е посебна седница на Собранието на Србија, на чиј дневен ред е извештајот за преговорите со Приштина од 1 септември до 15 јануари, кој се одржува денеска. На седницата присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Но, речиси од самиот почеток седницата беше тензично, бидејќи претставниците на опозицијата постојано упатуваа навреди кон Вучиќ при неговиот воведен говор, за што претседателот на Собранието Владимир Орлиќ неколку ...

Условна казна доби гинекологот Мухамед Асани, кој во нелегална ординација во неговата куќа во Струга давал здравствени услуги. Меѓу пациентките беше и родилката Јилдиз Веапоска, која подоцна остана без органи, доби условна казна. Основниот суд во Струга го осуди со првостепена одлука откако против него претходно беше поднесен Обвинителен предлог за Тешки дела против здравјето на луѓето. Според пресудата гинекологот не смее да направи ново ...

Собранието на Бугарија ја осуди антибугарската кампања во Северна Македонија и тепањето на, како што се вели во резоулцијата, Бугаринот Христијан Пендиков. Пратениците усвоија декларација со која се спротивставуваат на актите на насилство врз бугарските Македонци. Успеаа да се обединат и да го усвојат текстот без контроверзии, без расправа и едногласно со 184 гласа „за“ и само еден воздржан. „Категорично ги осудуваме манифестациите и повиците на ...

Украинскиот премиер Денис Шмихал најави дека на 3 февруари во Киев ќе се одржи самит со Европската унија, кој ќе испрати „моќен сигнал“ до Москва и светот. Шмихал на состанокот на владата рече дека настанот ќе биде „исклучително важен“ за обидот на Киев да се приклучи на европскиот блок. „Фактот дека овој самит ќе се одржи во Киев е моќен сигнал и за партнерите и за непријателите. Не беа дадени детали за тоа кој ќе присуствува на страната на ...

Бугарски државјанин го тепал Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Тоа не е лицето кое е во притвор за тепачката, туку лице кое е се уште во бегство по инцидентот. Телма доби потврда за ова откако вчера пратеникот и поранешен министер, Даниел Лорел, од партијата „Продолжуваме со промените“ на поранешнот бугарски премиерот, Кирил Петков, го изјави тоа во телевизиско интервју при што откри и дека Пендиков е ...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, изјави дека денеска за првпат ќе зборуваат за преговори со мнозинството во Владата. -Ќе разговараме за синхронизација на нашата програма со нивната. Ако можеме ова да го синхронизираме ќе продолжиме во следна фаза на преговори, евентуално можеби и кадровски, изјави Таравари пред средбата со Ковачевски. Според него, првата и најбитна ...

При поправка на канализацијата под парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херкул, која најверојатно датира од времето на Римската Империја (27 г. п.н.е. – 476 г. н.е.). „Ова место ни приреди големо изненадување – мермерна статуа во природна големина. Поради тојагата и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за отелотворение на Херкул (Херкулес)“, објави Археолошкиот парк „Апија антика“ на својот Фејсбук-профил. ...

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е разрешена од претседателската функција во Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена со 14 гласови „за“, од вкупно 17 членови на Управниот одбор. На нејзино место е назначен градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. Разрешувањето на Арсовска е по иницијатива на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, со прекинот на коалицијата со Арсовска – тие немаат претставник ...

Премиерот Димитар Ковачевски утре, најверојатно во Владата, ќе има средба со лидерот на Алијансата а Албанците (АА), Арбен Таравари, на која ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владината коалиција, дознава МИА од избори во АА. Претседателството на Алијанса за Албанците во петокот на седница во Тетово формира тим составен од лидерот Таравари и петмина негово најблиски соработници со задача да преговараат дали нивната партија ќе ...

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин упатил директна закана кон него лани. Путин му се заканил на Џонсон со ракетен напад кога телефонски разговарале пред почетокот на војната во Украина. Сепак, екс британскиот премиер смета дека Путин само си поигрувал со него. „Путин ми кажа дека за тоа би била потребна само една минута. Ми го кажа ова откако го предупредив дека војната би била крајна ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на синоќешната трибина во Тетово, истакна дека Христијан Мицкоски не треба да зборува за војна, бидејќи тој не бил дел од неа, туку само ја гледал на телевизија. Овој одговор следи откако Мицкоски пред два дена побара од Ахмети да каже колку милиони евра добило неговото семејство на сметка на жртвите од воениот конфликт во 2001. Ахмети воедно истакна дека тој досега молчел бидејќи тишината е лек и кажа дека 20 ...

Граѓани на социјалните мрежи организираат блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4 февруари за одбележување на годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Освен најави за „ноќна стража“ од 3 февруари пред црквата Свети Спас, каде што се наоѓа гробот на Делчев, во повик кој се шири на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата. Кумановци повикуваат на блокада на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
82%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 13ᴼ
2.68
83%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 10ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
82%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.81
91%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.51
91%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
58%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
77%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
0.45
69%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
73%
1012
Currency

61.54

Currency

52.6656

Currency

71.3284

Currency

34.2016

Currency

38.162

Currency

65.2485

Currency

7.33004

Currency

0.65425

Currency

0.35625

Currency

0.5243

Currency

1.2883

Currency

0.60315