Не помина потребата за носење на Законот за амнестија по скратена постапка

Собранието не го изгласа Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога.

Имено, само 15 пратеници гласаа „За“, додека пак 66 беа „против“, а 3-ца беа „воздржани“.

„Констатирам дека предлогот на Владата не е усвоен“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Total
0
Shares
Поврзани објави