(Фото) Семејството од Газа пристигна во Македонија, се очекува евакуација и на брачен пар

Семејството Скаик, после подолго време безбедното евакуирани од Газа, а од денес на сигурно во земјава, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион.

Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел.

Благодарност сакам да изразам и за Меѓународната организација за миграции (IOM) која помогна при нивниот трансфер во Скопје, како и Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организација на сместувањето.

Сите напори сега се фокусирани на извлекување на уште двајца наши државјани, брачен пар, чија евакуација ја очекувам наскоро,“ информира Османи.

Total
0
Shares
Поврзани објави